ликовна изложба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jul 2020 14:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ликовна изложба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Прилеп ќе се отвори првата ликовна изложба од почетокот на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-kje-se-otvori-prvata-likovna-izlozba-od-pochetokot-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-kje-se-otvori-prvata-likovna-izlozba-od-pochetokot-na-pandemijata/#respond Thu, 16 Jul 2020 14:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=377187

Утревечер од 19:30 часот во ликовната галерија од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ликовната изложба на слики насловена како „Визии од детството“ од уметникот Горан Боев. Ова е прва ликовна изложба и прв културен настан од почетокот на пандемијата. Изложбата ќе биде отворена со запазување на сите препораки и заштини мерки од корона вирусот. Боев ќе се претстави со над 25 слики на кои се појавуваат различни фигури – мачка, куче, прозорец, цвеќе, дете. Според авторот, тоа е портрет на едно минато време, на неговото детство. Боев е уметник од Кавадарци. Завршил ДЛУ и магистерски студии во Скопје. Извеснов време работи како наставник по ликовно образование во основното и во средното образование. Се занимава и со црковен живопис и со иконографија. Досега има десеттина изложби во земјава и има учествувано на многу групни изложби во земјаваа и во странство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-kje-se-otvori-prvata-likovna-izlozba-od-pochetokot-na-pandemijata/feed/ 0
Ликовна изложба ,,Парижанка во Делчево” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/likovna-izlozba-parizanka-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/likovna-izlozba-parizanka-vo-delchevo/#respond Fri, 07 Dec 2018 07:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=136759

 „Парижанка во Делчево“ е насловот на ликовната изложба од авторката Лена Ѓуриќ чии дела денеска ќе бидат изложени во фоајето на Спомен-домот АСНОМ во Делчево.
Изложбата е во рамки на одбележувањето на празникот посветен на свети Климент Охридски, а во организација на Општина Делчево, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и делчевското основно училиште „Св. Климент Охридски“ кое со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на патронот на училиштето.
-Во фоајето ќе бидат изложени 30-ина дела од авторката Ѓуриќ, кои се богати со емоции, колоритни, со богат наратив и лесно воочлива симболика со што се привлекува вниманието на публиката, велат од НУЦК Н.Ј.Вапцаров.
Авторката Лена Ѓуриќ  е родена во Свети Николе, а трисетина години од својот живот ги поминува во градот на светлината Париз, каде ги впива креативните енергии на најголемите светски репрезенти на уметноста. Париз е и местото, каде нејзиниот талент за уметност се развива и станува реалност. Последниве години, Лена живее и твори во Штип. На сликарското платно, таа овековечува портрети, жива и мртва природа.
Досега, богата колекција од ликовни дела на Ѓуриќ се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Скопје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/likovna-izlozba-parizanka-vo-delchevo/feed/ 0