Ликуд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Dec 2019 08:18:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ликуд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Џерузалем Пост“: Нетанјаху постигна огромна победа на внатрепартиските избори во Ликуд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeruzalem-post-netanjahu-postigna-ogromna-pobeda-na-vnatrepartiskite-izbori-vo-likud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeruzalem-post-netanjahu-postigna-ogromna-pobeda-na-vnatrepartiskite-izbori-vo-likud/#respond Fri, 27 Dec 2019 08:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=282840

Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе оддржи говор по својата беспрекорна победа на внатрепартиските избори во Ликуд против својот колега, пратеникот Гидеон Саар, пишува весникот „Џерусалем Пост“ . Нетанјаху освои вкупно 41.792 гласа, или 72,5 отсто од гласовите, додека за Саар гласаа само околу 15.885 лица или 27,5 отсто од членовите на Ликуд, кои се изјаснија. „Огромна победа!“, напиша премиерот на Твитер веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето. „ Им благодарам на сите членови на Ликуд за довербата, поддршката и симпатиите. Јас ќе го поведам Ликуд кон голема победа на идните избори и ние ќе продолжиме да го предводиме Израел кон неверојатни постигнувања“, додаде тој на Твитер. Саар, од своја страна, го прифати поразот и вети дека тој и неговите приврзаници, кои го поддржаа во изборите, ќе застанат зад премиерот пред новите парламентарни избори закажани за 2 март 2020 година. Но, по двете недели, во кои приврзаниците на Нетанјаху го напаѓаа, Саар изјави дека нема да му се извини на премиерот за својата предизборна кампања. -Овој натпревар беше исклучително важен за Ликуд и демократските процеси, рече тој. „Јас не сум незадоволен од својата одлука да се кандидирам (за претседател на партијата). Тоа беше правилна одлука. Оние кои не сакаат да преземат ризици за тоа во што веруваат никогаш нема да успеат“, додаде тој. Пратеникот од Ликуд, Мики Зохар, изјави дека овие избори докажуваат дека нацијата застанува зад Нетанјаху, и покрај тоа што медиумите се против него и тој треба да побара имунитет за кривичните дела за корупција што се водат против него, за да може да продолжи да работи како премиер. Но, опозицијата е на спротивното мислење. Израелските лабуристи изјавија дека овие избори докажуваат дека премиерот се оддалечил од нацијата. Според најголемата опозициска партија „Сино и бело“, Ликуд официјално се претворил во партијата на Нетанјаху и секој кој не е негов приврзаник очигедно не припаѓа таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeruzalem-post-netanjahu-postigna-ogromna-pobeda-na-vnatrepartiskite-izbori-vo-likud/feed/ 0
Ликуд бира претседател, во игра Нетанјаху и Саар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/likud-bira-pretsedatel-vo-igra-netanjahu-i-saar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/likud-bira-pretsedatel-vo-igra-netanjahu-i-saar/#respond Thu, 26 Dec 2019 08:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=282407

Израелската владејачка партија Ликуд денеска одржува примарни внатрепартиски избори, а ветеранот Гедеон Саар се надева дека ќе го смени премиерот Бенјамин Нетанјаху од претседателската функција. Саар тврди дека ќе биде во подобра позиција да формира влада по парламентарните избори во март. Нетанјаху останува популарен кај членовите на Ликуд, кои имаат само четворица лидери од основањето во 1970-тите. Актуелниот премиер се очекува да оствари лесна победа над Саар, со што би се засилила неговата позиција пред претстојните избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/likud-bira-pretsedatel-vo-igra-netanjahu-i-saar/feed/ 0