ликвидација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 10:13:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ликвидација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Камери го снимиле убистовото во Грција: Од четворица присутни, мета биле Оки и другарот, две жени сведочеле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kameri-go-snimile-ubistovoto-vo-grtsija-od-chetvoritsa-prisutni-meta-bile-oki-i-drugarot-dve-zheni-svedochele/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kameri-go-snimile-ubistovoto-vo-grtsija-od-chetvoritsa-prisutni-meta-bile-oki-i-drugarot-dve-zheni-svedochele/#respond Mon, 17 Jul 2023 10:13:18 +0000 https://kurir.mk/?p=857349

Начинот на кој бил убиен македонскиот државјанин Орхан Бајрами – Оки, покажува дека се работи за нарачано убиство, велат грчките медиуми. Сепак, останува истрагата да го докаже тоа. Според грчкиот портал „Ин.гр“, убиството е снимено. Тие објавија снимки од вилата во која биле сместени убиениот, неговиот другар и двете жени. Како што се додава, во моментот на убиството Оки бил со своето друштво во дворот од апартманот на Халкидики, каде се криел. Тој заедно со уште еден пријател и две женски лица, седеле во дворот кога се појавиле 2 лица на мотор и отвориле оган врз него. Со 19 куршуми било пукано во Оки, кој починал веднаш, неговиот пријател бил тешко ранет, а во женските лица не било пукано. Во овој контекст, се поврзува мафијашката егзекуција на 39-годишниот со уште едно убиство пред околу три месеци во Скопје. Според тврдењата, Оки бил познато име во подземјето и организираниот криминал на Македонија. Тој бил еден од водечките членови на подземната група во Скопје, наречена Дуканџик (Пазарџии). Информациите говорат дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Оки е цел на ривалска мафијашка група. Како што тврдат, 39-годишниот всушност се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел. Според информациите, се работи за бизнисмен, кој бил сопственик на казина во Македонија и фабрика за алкохол во Скопје. Истрагата е во тек и треба да покаже дали навистина се работи за нарачано убиство и од кого. Се претпоставува дека веднаш по нападот, осомничените ја преминале границата кон Македонија каде се информирани македонските власти, пишуваат грчките медиуми. Видеото и текстот на грчкиот портал, погледнете го тука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-kameri-go-snimile-ubistovoto-vo-grtsija-od-chetvoritsa-prisutni-meta-bile-oki-i-drugarot-dve-zheni-svedochele/feed/ 0
ФОТО: Ќе има нова ликвидација? Следен на листата е пријател на Оки и Жила, нова закана кој се појави на Тик Ток?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ke-ima-nova-likvidatsija-sleden-na-listata-e-prijatel-na-oki-i-zhila-nova-zakana-koj-se-pojavi-na-tik-tok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ke-ima-nova-likvidatsija-sleden-na-listata-e-prijatel-na-oki-i-zhila-nova-zakana-koj-se-pojavi-na-tik-tok/#respond Mon, 17 Jul 2023 09:28:20 +0000 https://kurir.mk/?p=857327

Убиството на Орхан Бајрами Оки (39), кој беше убиен во Ханиоти, Грција било најавено со видео на Тик-Ток од страна на профил со име „tmeriii0101“. Профилот е веќе избришан, а според порталот во објавеното видео завчера на фотографија пишува дека Оки е следен на листата за ликвидација. Во ново видео објавено вчера е соопштено дека Оки е ликвидиран, а има најава за ликвидација на уште две лица. Имено на фотографијата може да се приметат две лица кои седат од десно, а на нив е напишано, дека тие се следните. 4NEWS.mk пишува дека профилот не бил нов и дека најавувал и други убиства, а на истиот имало и содржина поврзана со убиство во Косово, но и тоа во Шиша бар во Старата скопска чаршија. За кои лица од подземјето се работи останува службите да проверат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ke-ima-nova-likvidatsija-sleden-na-listata-e-prijatel-na-oki-i-zhila-nova-zakana-koj-se-pojavi-na-tik-tok/feed/ 0
Нови детали за убиството на Орхан Бајрами – Оки во Ханиоти, убиен пред очите на партнерката, убијците побегнале со автомобил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-ubistvoto-na-orhan-bajrami-oki-vo-hanioti-ubien-pred-ochite-na-partnerkata-ubijtsite-pobegnale-so-avtomobil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-ubistvoto-na-orhan-bajrami-oki-vo-hanioti-ubien-pred-ochite-na-partnerkata-ubijtsite-pobegnale-so-avtomobil/#respond Mon, 17 Jul 2023 08:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=857314

39-годишниор Орхан Бајрами – Оки кој беше убиен во раните утрински часови во елитна вила во Ханиоти, е познато име во подземјето и организираниот криминал во Северна Македонија, дошол на Халкидики заедно со уште двајца мажи и две жени, пишуваат грчките медиуми додавајќи дека бил убиениот македонски државјанин бил сопственик на казино и имал бизнис со алкохол. Во инцидентот е повреден еден од неговите пријатели, Сеад Слезовиќ (45), исто така бизнисмен. Вориа пишува дека убиството се случило пред очите на двете жени во тој момент, рано утрото околу 3 часот и 30 минути во саботата почнале да викаат помош и потоа заедно со третото лице ги однеле двајцата застрелани во Здравствениот дом Касандра. Петте лица биле на возраст од 19 до 45 години, сите од Северна Македонија, Грчката полиција била известена со повик на 112 дека во тој момент се слушнале гласови кои повикуваат помош. Истрели не слушнале пријавителите на настанот. Кога пристигнале првите полицајци, жртвите веќе биле пренесени во Здравствениот дом. Медиумите во Грција објавија дека истрагата за откривање на сторителите е во тек. Сепак, се претпоставува дека веднаш по убиствениот напад ја преминале границата кон Северна Македонија каде се информирани локалните власти, објави Вориа. Соработката со грчките власти ја потврди вчера и македонското МНР кое од МВР добило потврда дека во делот на оперативната соработка веднаш по убиството службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот. Се трага по двајца сторители, дошле со автомобил пред вилата Се трага по две маскирани лица, облечени во црно кои кобното утро се појавиле во изнајмената вилата во Ханиоти и отвориле оган врз Оки и неговата придружба. Користеле пиштол калибар 32 со пригушувач. Неговата смрт била моментална, додека полицијата од местото на убиството собрала вкупно 19 чаури. 45-годишниот пријател на убиениот е повреден од шрапнелите и е хоспитализиран во Општата болница Полигирос и е надвор од животна опасност. Телото на убиениот Орхан Бајрами веднаш е испратено во Солун на обдукција. -Иако првично се тврдеше дека убијците дошле со мотоцикл, според новите сознанија кои ги објави грчки ЕРТ, безбедносните камери снимиле патнички автомобил со странски регистарски таблички пред и по вооружениот напад, во близина на вилата во која престојувал 39-годишниот. Според полициските извори и од текот на истрагата, се чини дека двајцата сторители биле токму во овој автомобил, објави Ин.гр. Возилото не поминало низ ниту една гранична станица, па се вршат опсежни претреси за негово лоцирање во Грција, велат истите грчки полициски извори, но не е исклучена можноста сторителите да побегнале надвор од границите на Грција користејќи друг начин. Како и да е, грчката полиција смета дека конкретното возило останува во границите на земјата и по него интензивно се трага, како важен елемент во истрагата за мафијашката егзекуција. Според последните информации, двајцата сторители откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, дошле пред големиот стаклен прозорец и од надвор пукале кон куќата. Убиството најавено на ТикТок Најава дека се спрема убиство на Бајрами била објавена на ТикТок минатиот петок. Поточно, објавена е фотографија со 39-годишникот на која пишува „наскоро доаѓа“, додека луѓето од десно и лево имаат црвен х. Вчера од истиот профил е објавена истата фотографија на која на 39-годишникот му е додаден црвен х, пишува Вориа. Од начинот на кое е извршено убиството, грчките власти од почетокот претпоставувале дека се работи за договорена егзекуција. Во овој контекст, тие ја поврзуваат мафијашката егзекуција на 39-годишниот Орхан Бајрами со уште едно убиство пред околу три месеци во Скопје, во „Шиша бар“. -Неговиот близок пријател, кој наводно припаѓал на лидерската група на групата на Оки, тогаш бил егзекутиран во кафуле со речиси 40 куршуми. Во истиот контекст се испитува дали убиството е поврзано и со уште еден убиствен напад што се случи минатиот месец во Приштина на Косово при што жртвата е уште едно лице близок до 39-годишникот, објави Вориа. Станува збор за убиството на Бљерим Даци од Чаир кој бил изрешетан со калашников, а безживотното тело е пронајдено во автомобил со македонски регистерски таблици, додека на километар подолу е косовската полиција пронајде запален автомобил со германски регистерски таблици. Даци бил осомничен за убиството во скопскиот „Шиша бар“ што се случи на 6 март годинава кога со 40 куршуми од калашников се убиени Јетон Кривањева-Жила и Есен Исеинов-Љаци, главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“ Од друга страна, косовските медиуми пишуваа дека Даци бил припадник на криминалната група „Барон“ и како и припадник на Исламистичката држава војувал во Авганистан. Порталот повикувајќи се на информации од Македонија пишува дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Оки, Дуѓанџик е цел на ривалска мафијашка група. Всушност, како што тврдат, 39-годишниот се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел, но требало да се вратат во Македонија во следните 24 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-ubistvoto-na-orhan-bajrami-oki-vo-hanioti-ubien-pred-ochite-na-partnerkata-ubijtsite-pobegnale-so-avtomobil/feed/ 0
ВИДЕО: Ликвидација во Солун – се обидел да го удри возачот на бензинска пумпа, овој го застрела од автомобил и побегна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-likvidatsija-vo-solun-se-obidel-da-go-udri-vozachot-na-benzinska-pumpa-ovoj-go-zastrela-od-avtomobil-i-pobegna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-likvidatsija-vo-solun-se-obidel-da-go-udri-vozachot-na-benzinska-pumpa-ovoj-go-zastrela-od-avtomobil-i-pobegna/#respond Fri, 14 Jul 2023 08:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=856595

Грчката полиција започна интензивна потрага за лоцирање и апсење на сторителот кој во четвртокот попладне застрела и смртно рани 50-годишен маж со албанско потекло во областа Аналипси, во источен Солун. Крвавиот инцидент се случил во 12:35 часот пред бензинската пумпа на улицата Солонос бр. 51 и пред очите на случајни минувачи. Според исказите, сторителот и жртвата наводно се познавале и кратко време пред убиството заедно седеле во ресторан во околината. Како што може да се види на видеото, 50-годишниот маж се расправа со возачот од автомобил паркиран на пумпата, а потоа се обидува да го удри возачот преку совозачкиот прозорец, по што возачот пука во него со огнено оружје. Жртвата добила најмалку три куршуми во пределот на рамото и градниот кош, а малку подоцна тој починал. Се уште не се знае каква е позадината на овој страшен инцидент, а увидот на полицијата е во тек и интензивно се работи на откривање на сторителот на делото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-likvidatsija-vo-solun-se-obidel-da-go-udri-vozachot-na-benzinska-pumpa-ovoj-go-zastrela-od-avtomobil-i-pobegna/feed/ 0
Делото застарело: На Кежаровски нема да му се суди за „Ликвидација“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deloto-zastarelo-na-kezarovski-nema-da-mu-se-sudi-za-likvidacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deloto-zastarelo-na-kezarovski-nema-da-mu-se-sudi-za-likvidacija/#respond Tue, 03 Sep 2019 13:12:41 +0000 https://kurir.mk/?p=236546

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело. Судењето запира и за поранешниот истражен судија Валентин Зафиров, за адвокатот Сашко Лазаров и за Јане Павловски – Тица. Јавниот обвинител на денешното рочиште побара од судот да констатира дека кривичните дела кои ги сториле треба да се прогласат за застарени дела. Случајот „Ликвидација“ се однесува за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше, во кој вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела. Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, а новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008 година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во овој судски предмет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deloto-zastarelo-na-kezarovski-nema-da-mu-se-sudi-za-likvidacija/feed/ 0
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-dobiv-soznanie-deka-mi-se-podgotvuva-likvidacija-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-dobiv-soznanie-deka-mi-se-podgotvuva-likvidacija-vo-zatvor/#respond Tue, 20 Nov 2018 15:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=130060

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, денес преку социјалните мрежи ги потврди пишувањата на медиумите дека од страна на властите во Унгарија му е одобрено барањето за политички азил. Во својата објава на Фејсбук, Груевски вели дека одлучил да не ја исполни желбата на СДСМ кој судот и обвинителството ги користи како политичка алатка заради остварување на своите политички цели и уцени. -Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво. Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам. Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација, пишува Груевски. Тој додава дека одлучил да ја продолжи борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле. -И како што кажав во претходната објава, јас никогаш нема да се откажам од таа кауза. Јас не избегав од правдата,туку користејки други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија. Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор, а потоа и да ме ликвидира., се вели во објавата на Груевски која во целост може да ја прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-dobiv-soznanie-deka-mi-se-podgotvuva-likvidacija-vo-zatvor/feed/ 0