лилјаци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 11:20:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лилјаци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ветеринарите земаат примероци од крв од лилјаци – вака се прават подготовките за следната пандемија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/veterinarite-zemaat-primerotsi-od-krv-od-liljatsi-vaka-se-pravat-podgotovkite-za-slednata-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/veterinarite-zemaat-primerotsi-od-krv-od-liljatsi-vaka-se-pravat-podgotovkite-za-slednata-pandemija/#respond Wed, 19 Apr 2023 11:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=825456

Откако ќе падне ноќта во мексиканската џунгла во Јукатан, ветеринарите земаат примероци од крв од лилјаци во најсовремена лабораторија, како дел од истражувањето насочено кон спречување на следната потенцијална пандемија. Целта на овој француско-мексикански проект е откривање зооноза, т.е. болести коишто се пренесуваат од животни на луѓе во тропските предели. - Истражувањето цели да се открие како различните вируси што циркулираат меѓу животните, како што се цицачи, птици и глодари, може да се пренесат на луѓето, објасни Одри Арнал, експерт за заразни болести во францускиот Институт за истражување и развој (ИРД). - Од клучно значење е да се разбере кои се можните последици од човечки контакт со диви животни и, следствено, да се открие каква можна епидемија би можела да се случи во иднина, додаде таа Меѓународната научна заедница ги има лилјаците под посебен надзор, бидејќи се претпоставува дека тие, меѓу другото, беа потенцијален извор на коронавирусот. Според истражувачите, лилјаците „доста мирно“ соработуваат при земањето крв, по што биваат ослободени во својата природна средина. Научниците од ИРД и Националниот автономен универзитет во Мексико (УНАМ) работат на ова истражување, користејќи современа лабораторија во Мерида, главниот град на мексиканската сојузна држава Јукатан. Лабораторијата е поврзана со лаборатории повеќе други земји во Африка и Латинска Америка како дел од иницијативата наречена „Спречување на појава на зоонозни болести“. Иницијативата е почната во Франција, 2022 година. Во проектот веќе се вклучени 200 организации од 22 земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/veterinarite-zemaat-primerotsi-od-krv-od-liljatsi-vaka-se-pravat-podgotovkite-za-slednata-pandemija/feed/ 0
Научници чипираат лилјаци во Виена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-chipiraat-liljaci-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-chipiraat-liljaci-vo-viena/#respond Tue, 03 Aug 2021 11:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=545633

Тим научници ќе чипираат 22 постојни видови лилјаци во Виена, Австрија, за научно-истражувачки цели. Целта на истражувањето е да се испитаат живеалиштата и местата на движење на овие животни во градот. Посебно внимание се посветува на оние што живеат на тавани и во пукнатините од куќите. -Кога ќе бидат фатени во мрежа, ние врз нив лепиме мал предавател со тежина од само неколку грама, кој паѓа по некое време, објаснува Маркус Милхрам од австрискиот оддел на Канцеларијата за заштита и истражување лилјаци – КФФО. Научниците претежно ќе ги набљудуваат женките кои токму периодов се размножуваат. Особеност на лилјаците е дека, како и одредени видови птици, тие се многу приврзани за нивните живеалишта, што значи дека тие би живееле на исти места со децении, ако не и со векови генерации. Ако се изгуби трага од живеалиштето со младите единки, тоа е како загуба за целиот вид. Речиси сите видови лилјаци во Австрија се чисти инсектојади. Во светот, покрај овие ловци на инсекти, постојат и видови кои се хранат исклучиво со месо или исклучиво со растенија. Лилјаци „крвопијци“ не постојат во Средна Европа. Единствените три познати вида, кои се хранат со крвта на домашните животни, се наоѓаат во Средна и Јужна Америка.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnici-chipiraat-liljaci-vo-viena/feed/ 0
СЗО: Вирусот најверојатно потекнува од лилјаците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-virusot-najverojatno-poteknuva-od-liljacite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-virusot-najverojatno-poteknuva-od-liljacite/#respond Tue, 04 Aug 2020 13:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=386060

Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник. – Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, исјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер. Тој додаде дека имало и видео-разговори со виролозите и научниците од Вухан. Претставникот на СЗО, Мајк Рајан вчера истакна дека се можни изненадувања. – Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-virusot-najverojatno-poteknuva-od-liljacite/feed/ 0
Ново откритие: Лилјаците се отпорни на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-otkritie-liljacite-se-otporni-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-otkritie-liljacite-se-otporni-na-koronavirusot/#respond Fri, 24 Jul 2020 12:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=380840

Со изолирање на генот на лилјакот, научниците дошле до заклучок дека ова животно има уникатен имунолошки систем и е отпорно на коронавирусот, изјави Ема Тилинг, професор на Универзитетот во Даблин. Според неа, доколку научниците би можеле да најдат начин да го имитираат имунолошкиот систем на лилјакот, можеби во природата ќе може да се најде лек за коронавирусот. – Се тоа би можело да им укаже на научниците на чекорите кои треба да ги преземат за да дојдат до лек против коронавирусот, нагласи Тилинг. Таа го започна научниот проект Bat1K, со цел да се декодираат гените на секој од 1.421 познат вид на лилјаци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-otkritie-liljacite-se-otporni-na-koronavirusot/feed/ 0
Мистеријата конечно откриена: Коронавирусот не потекнува од лабораторија, туку од ова животно кое го јаделе луѓето во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-konechno-otkriena-koronavirusot-ne-poteknuva-od-laboratorija-tuku-od-ova-zivotno-koe-go-jadele-lugjeto-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-konechno-otkriena-koronavirusot-ne-poteknuva-od-laboratorija-tuku-od-ova-zivotno-koe-go-jadele-lugjeto-vo-kina/#respond Tue, 21 Apr 2020 11:51:49 +0000 https://kurir.mk/?p=335023

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите докази укажуваат дека новиот коронавирус го пренеле лилјаци на луѓе во Кина кон крајот на минатата година и не потекнува од лабораторија. – Сите расположиви докази укажуваат дека вирусот потекнува од животни и не бил направен, или манипулиран од научници, рече портпаролката на СЗО, Федела Чаиб, на конференција во Женева. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека владата се обидува да утврди дали вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, Кина. Се уште не е јасно како вирусот се пренесувал од животни на луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-konechno-otkriena-koronavirusot-ne-poteknuva-od-laboratorija-tuku-od-ova-zivotno-koe-go-jadele-lugjeto-vo-kina/feed/ 0
Индиски научници открија нов вид коронавирус кај лилјаците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiski-nauchnici-otkrija-nov-vid-koronavirus-kaj-liljacite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiski-nauchnici-otkrija-nov-vid-koronavirus-kaj-liljacite/#respond Wed, 15 Apr 2020 18:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=332849

Во студија на Индискиот совет за медицински истражувања (ИЦРМ) се наведува дека е откриен друг вид на коронавирус кај лилјаците во Индија. Околу 25 така наречени овошни лилјаци биле позитивни на тестот за коронавирус наречен БтКоВ. Овошните лилјаци се населени во јужниот дел на Индија и во западниот дел на Хималаи. – Овие лилјаци не се поврзан со САРС-КоВ2, што е причина за пандемијата со Ковид-19, изјави Прагиа Јадав од Националниот институ за вирусологија (НИВ) во Пуне и една од авторките на студијата. Таа додаде дека се уште нема докази дека новооткриениот коронавирус може да предизвика болест кај луѓето. – Лилјаците се сметаат за природен резервоар на голeм број вируси, од кои некои се потенцијално патогени за човекот… Потребна е континуирано активно набљудување за да се откријат нови вируси, што потенцијално би предизвикале епидемија, посочи Јадав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indiski-nauchnici-otkrija-nov-vid-koronavirus-kaj-liljacite/feed/ 0