Лилјана Ивановска-Кочковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jan 2020 13:49:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лилјана Ивановска-Кочковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кога ти гори под нозе: Поротничката се повлече поради истечен мандат, но брзајќи да се осудат Јанакиески и Трајковски, Судот не ја констатира оставката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porotnichkata-izbrana-vo-2015-ta-se-povleche-poradi-istechen-mandat-brzajkji-da-se-osudat-janakieski-i-trajkovski-sudot-ne-ja-konstatira-ostavkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porotnichkata-izbrana-vo-2015-ta-se-povleche-poradi-istechen-mandat-brzajkji-da-se-osudat-janakieski-i-trajkovski-sudot-ne-ja-konstatira-ostavkata/#respond Fri, 10 Jan 2020 11:57:47 +0000 https://kurir.mk/?p=287894

Судскиот совет веднаш да го констатира престанокот на функцијата на поротничката Лилјана Ивановска-Кочковска, бараат поголем број на правници. Поротничката чиј мандат е истечен, не смее да остане на тоа работно место бидејќи со тоа се прави незаконско дело. Познавачите на состојбите велат дека ако со судија-поротник со истечен мандат Кривичен би донел пресуда, истата ќе падне на Апелација. Адвокатот Јовица Страшевски во соопштението за медиуми посочува дека Ивановска-Кочковска поднела неотповиклива оставка од позицијата судија-поротник поради истек на мандат. -Во оставката го информирала Претседателот на Основниот Кривичен суд дека повеќе не сака да присуствува на било кое рочиште. Според информациите и покрај тоа што поранешната судија-поротник Лилјана Ивановска Кочковска оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на Претседателот на судот истата не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани особено за предметот ТНТ. Итно го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да постапат по оваа информација и на целокупната македонска јавност и ја соопштат вистината околу случувањата во Основниот Кривичен суд поврзани со овој настан, вели адвокатот Страшевски. Адвокатот Мерџан Даути исто така бара да се прифати оваа оставка. -Апелирам до Вас и сите меѓународни иституции, за Ваше добро и за доброто на државата, дека владење на правото и почитување на законите е услов нашата земја побрзо да влезе во НАТО и ЕУ, затоа прифаќате оставка на судија – поротник Лилјана Ивановска Кочковска, па и кривичниот предмет нека продолжи без влијание на Претседателот на судот, и судењето нека се води судечкиот совет. Не се плашете Претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не разбирам на Вашето инсистирање спротивно на сите позитивни закони, да предметот познат за јавноста „ТНТ“ да заврши пред изборите или во најкусен можен рок, те. текот на овој месец. Со непочитување на законските одредби и недозволување на употреба на албанскиот јазик се праваат суштествени повреди на ЗКП, што значи повисоките судови, те. Апелационен или Врховен суд, овие факти немаат да ги премолчат и предметот наместо да започне да се суди од ново во јануари, ќе почне да се суди јуни или јули 2020 година, кога ќе биде вратен од повисоките судови, вели тој. Со одлука која влегува во сила на 24.12.2015-та година, а објавена е во Службен весник, Лилјана Ивановска-Кочковска и Славица Шандовска, меѓу другите, стануваат судии поротници на Основен суд Скопје 1. Нивниот мандат, законски трае четири години. Согласно  Законот за судови, мандатот на  Ивановска-Кочковска официјално завршил. Судскиот совет нема обврска да констатира престанок на мандат поради истек на мандатот, туку јасно е назначено дека истиот истекува по 4 години.   Рочиштата за случајот „ТНТ“ ќе почнат на 13-ти јануари и до 27-ми јануари, следните две недели, ќе се одржуваат секој ден. Ако се појави на рочиштето на 13-ти јануари, поротничката Лилјана Кочкова-Ивановска ќе направи кривично дело за лажно претставување, за што казната е затвор од минимум 5 години. Иако правниците ова го знаат, велат дека е очигледно зошто не се прифаќа нејзината оставка. Единствена цел е до пресуда да дојде побрзо, макар и по незаконски пат. Одбраната испрати писмо до претседателот на државата, Врховниот суд и амбасадорите на ЕУ, САД, Франција, Германија, со кое ги информираа за начинот на водење на предметот. Во него адвокатите пишуваат дека ефикасноста на постапката подразбира носење одлука на судечкиот совет кој е правилно составен и има мандат за донесување одлуки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/porotnichkata-izbrana-vo-2015-ta-se-povleche-poradi-istechen-mandat-brzajkji-da-se-osudat-janakieski-i-trajkovski-sudot-ne-ja-konstatira-ostavkata/feed/ 0