лимак скопје хотел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 11:50:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лимак скопје хотел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Луксузниот хотел Лимак ја одбележува двегодишнината од отворањето со највисоки оценки за квалитетот на услугата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/luksuzniot-hotel-limak-ja-odbelezhuva-dvegodishninata-od-otvoraneto-so-najvisoki-otsenki-za-kvalitetot-na-uslugata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/luksuzniot-hotel-limak-ja-odbelezhuva-dvegodishninata-od-otvoraneto-so-najvisoki-otsenki-za-kvalitetot-na-uslugata/#respond Tue, 25 Apr 2023 11:50:05 +0000 https://kurir.mk/?p=827395

Со добивањето на највисоки оценки и признание за квалитет на услугите и задоволство на гостите од најголемиот глобален сервис за онлајн резервации Booking.com, луксузниот хотел со пет ѕвездички – Лимак Скопје ја одбележува двегодишнината од отворањето. Корисниците на порталот Booking.com на Limak Skopje Luxury Hotel му доделиле средна оценка поголема од девет, од максимални 10. Највисоко се оценети удобноста, луксузноста и оригиналните содржини што ги нуди хотелот, а нагласени се и нивото на хигиена, квалитетната услуга и односот на персоналот. „Задоволните лица, насмевките и комплиментите што ги добиваме од гостите се најдобриот подарок што можеме да го посакаме за вториот роденден на нашиот хотел. Среќни сме што нашата понуда и ниво на услуги се оценети како извонредни. Во комбинација со одличната локација во центарот на градот, прекрасниот ентериер и професионалниот, висококвалификуван персонал, правиме сè што е потребно за секој поединечен гостин да го почувствува луксузот што го ветуваме. Со задоволство можам да кажам дека и покрај сите ограничувања и предизвици со кои се соочувавме во изминатите две години, благодарение на напорната и посветена работа на целиот тим, високите стандарди и големата поддршка од нашата групација, успеавме да ги постигнеме и да ги надминеме поставените цели, што сите нас нѐ прави особено задоволни“, изјави генералниот директор на Limak Skopje Luxury Hotel, Ѓокан Рамазаноглу. Благодарение на добро познатиот бренд Лимак, кој е гаранција за луксузниот амбиент и квалитет на услугата, само за првите осум месеци од отворањето, и покрај тогашните мерки наметнати од ситуацијата со Ковид-19, хотелот во Скопје го посетиле гости од 73 различни националности, а нивниот број во текот на 2022 година се искачил на 110. Профилот на гостите е разновиден, од туристи и деловни посетители, па сѐ до посетители кои сакаат да го поминат своето слободно време во луксузен амбиент, уживајќи во уникатните содржини што ги нуди хотелот. Истовремено, во овој период хотелот воспоставил деловна соработка со повеќе од 340 компании кои ги користеле неговите услуги. Заради одличните можности и капацитети што ги нуди, досега во хотелот се организирани голем број конференции, конгреси и друг вид корпоративни настани и свечености. Хотелот вработува и вложува значителни средства, знаење и експертиза во развојот на своите вработени, кои во најголем дел се од земјава. За нив е креирана и специјална програма за професионален развој, која преку соодветни протоколи овозможува целкупниот персонал на хотелот да стекне и да ги надгради своите знаења и вештини кои овозможуваат супериорна услуга за гостите, а истовремено овозможува и соодветно вреднување и наградување за нивната работа и достигнувања. Како дел од мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje, за хотелот Лимак допрва следува исклучително возбудлив период. Имено, довршувањето на резиденцијалниот дел од комплексот и почетокот на работата на трговски центар Diamond Mall што се очекува наскоро, ќе создадат дополнителни можности, содржини и придобивки за гостите во хотелот и додатно ќе ја зголемат неговата атрактивност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/luksuzniot-hotel-limak-ja-odbelezhuva-dvegodishninata-od-otvoraneto-so-najvisoki-otsenki-za-kvalitetot-na-uslugata/feed/ 0
„Лимак Хотел Скопје“ – почеток на нова хедонистичка приказна во центарот на градот https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/limak-hotel-skopje-pochetok-na-nova-hedonistichka-prikazna-vo-centarot-na-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/limak-hotel-skopje-pochetok-na-nova-hedonistichka-prikazna-vo-centarot-na-gradot/#respond Thu, 01 Jul 2021 14:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=530626

Ресторан со поглед на Водно, модерен скај бар и спа центар со голема турска бања се само дел од содржините на новиот „Лимак Хотел Скопје“, со пет ѕвездички, кој и покрај пандемијата од неодамна ги отвори вратите за своите гости. „Лимак Хотелот Скопје“ со својот луксузен и уникатен внатрешен ентериер уште при самиот влез најавува вистински хотелски комфор и содржини од најразличен тип за своите гости. Хотелот располага со 142 соби, од кои 21 апартмани и  претседателски апартман од 163 квадратни метри со уникатен ентериер. Покрај одличниот ентериер кои нуди чувство на топлина и комфор, во „Лимак Хотел Скопје“ е сместен уникатен Спа центар од бреднот Шива, сопствен бренд на хотелите на Групацијата Лимак Туризам. Спа центарот е вистинско место за уживање и релаксација. Тука е сместена и една од најголемите турски бањи за чија изградба е донесен специјален мермер од Турција, кои традиционално се користи при изградба на турските бањи. Во автентичниот амбиент може да добиете различни третмани за лице и тело, или да уживате во турската бања и сауните. Врв на релаксацијата е автентичната масажа и грижа за гостите од стручно обучените масерки од Бали. Спојот на далечниот исток и турското гостопримство, зачинето со локалниот персонал е вистинска гаранција за уживање во срцето на Скопје. На петтиот кат во „Лимак Хотел Скопје“ се наоѓа ресторанот со атрактивна отворена кујна. Специјалитетите што ги нуди ресторанот се вистинско уживање, а уникатниот пристап во готвењето на шефот Бобан Симоновски е вистинско гастрономска приказна која мора да се вкуси. „Лимак Скопје Хотел“ е дел од „Diamond of Skopje“. Покрај хотелот во рамките на комплексот ќе има и четири повеќекатници со 772 станови и луксузни апартмани за живеење, а предвиден е и голем трговски центар. Според најавите целиот комплекс треба да биде готов до крајот на следната година.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/limak-hotel-skopje-pochetok-na-nova-hedonistichka-prikazna-vo-centarot-na-gradot/feed/ 0