лимак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 11:44:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лимак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворен „Дајмонд мол“, новиот трговски центар во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-dajmond-mol-noviot-trgovski-tsentar-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-dajmond-mol-noviot-trgovski-tsentar-vo-skopje/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:44:05 +0000 https://kurir.mk/?p=891221

Во Скопје денеска официјално беше отворен „Дајмонд мол“, новиот трговски центар на турската компанија „Лимак“ во состав на проектот „Дајмонд оф Скопје“, инвестиција од 350 милиони евра со 1.000 нови вработени. Во молот, кој се простира на 48 илјади квадратни метри, има над 150 продавници, гурманска авенија со продавници за храна и зона на соништата наменета за децата и младите. -„Дајмонд мол“ го сметам за инвестиција која ќе ја живне економијата и ќе придонесе за отворање нови работни места не само за Скопје, туку севкупно ќе даде импулс и на економијата на земјата и на Балканот, рече почесниот претседател на групацијата „Лимак“ Нихат Оздемир во поздравниот говор на отворањето. Нагласи дека во молот има продавници на над 150 меѓународни брендови, гурманската авенија која, како што кажа, на гостите ќе им нуди разни кулинарски вкусови, како и прва зона на соништата на Балканот наменета за деца и млади која се простира на 3.500 квадратни метри и која ќе ги спои учењето и имагинацијата на едно место. -„Дајмонд мол“ со овој уникатен концепт ќе биде многу повеќе од трговски центар, ќе биде еден лајф центар. Трговскиот центар за чија инаугурација сме денес собрани е последната алка од проектот „Дајмонд оф Скопје“ чија проектна вредност достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори, рече Оздемир и додаде дека станува збор за еден од највозбудливите чекори од проектот „Дајмонд оф Скопје“, составен од згради, хотел, канцеларии и трговски центар. Потсети дека во рамки на „Дајмонд оф Скопје“ во април 2022 година е отворен хотелот „Лимак“ кој има капацитет од 142 соби и апартмани, веќе се готови и двете кули со 772 резиденции и 24 хоум офиси, а целиот проект, како што кажа, ќе биде завршен кон крајот на 2024 година. урскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок посочи дека Скопје добива нов трговски центар во чија изградба се применети највисоките и најсовремените стандарди за градба на ваков вид објекти. Нагласи дека урбанистите во иднина ќе може да учат од овој проект за модерниот дизајн и неговата функционалност. На свеченото отворање на „Дајмонд мол“ присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски, повеќе министри, претставници на турски банки и компании во земјава и домашни бизнисмени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-dajmond-mol-noviot-trgovski-tsentar-vo-skopje/feed/ 0
Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-brojat-denovite-do-golemoto-otvorane-na-diamond-mall-novoto-unikatno-dozhivuvane-vo-strogiot-tsentar-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-brojat-denovite-do-golemoto-otvorane-na-diamond-mall-novoto-unikatno-dozhivuvane-vo-strogiot-tsentar-na-skopje/#respond Fri, 22 Sep 2023 11:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=880695

Подготовките во новиот трговски центар Diamond Mall, за големото отворање што треба да се случи на 20 октомври 2023 година, се во тек. Diamond Mall е еден од главните делови на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ на компанијата „Лимак“, лоциран во строгиот центар на главниот град. Diamond Mall ќе биде многу повеќе од обичен трговски центар. Нашата цел е тој да прерасне во новата популарна дестинација за сите жители и посетители на главниот град. Нудејќи врвно искуство и уникатно доживување за сите, Diamond Mall ќе даде нова димензија на шопинг искуството, на гастрономските доживувања и на забавата. Diamond Mall е спој на урбана архитектура, на природата и на оригинални содржини кои се прилагодени на потребите на современиот животен стил. Подготвени сме да ги восхитиме посетителите. Затоа, Diamond Mall припаѓа во сосема нова категорија на објекти наречени ‘Лајф центри’ (Life Centar)“, вели Селин Октај, генерална менаџерка на Diamond Mall. Diamond Mall е составен од три меѓусебно поврзани целини. Првата целина ја сочинуваат 150 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², кои на купувачите ќе им понудат голем избор на популарни и атрактивни брендови. Втората целина е „Зоната на соништата“ (Dream Zone) каде на едно место се среќаваат забавата и едукацијата, со површина од 7.000m², која ќе понуди едукативни и забавни содржини наменети за различни возрасни групи, од деца од најмала возраст до млади. Со својата величина и концепт што постојано се менува, оваа зона за забава и едукација е поголема од кој било друг ваков простор во земјата и поширокиот регион. Третата целина е специјалниот автентичен простор, именуван како „Гурманска авенија“ (Gourmet Avenue), кој ќе нуди широк гастрономски избор и ќе биде идеално место во кое гастрономските авантуристи ќе можат да го задоволат својот апетит со избор на нови ресторани, кафулиња и барови. Гурманската авенија на своите посетители ќе им овозможи да бидат дел од разновидни случувања од областа на културата и уметноста, додека во пријатна атмосфера уживаат во вкусовите на локалната, интернационалната и современата кујна. Diamond Mall е изграден според најсовремените архитектонски трендови, градежни техники и стандарди, кои истовремено овозможуваат одлични работни услови за вработените во молот, највисок степен на удобност на посетителите, како и висок степен на енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Дизајнот на Diamond Mall е компактен и овозможува лесна навигација на посетителите низ целиот објект и голема прегледност. Молот располага со голем број различни влезови кои овозможуваат лесна пристапност на сите посетители, од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали тие доаѓаат со возило, со јавен превоз или пешки. Вкупната инвестиција во проектот „Diamond of Skopje“ достигна 350 милион евра. Покрај останатите придобивки кои ќе ги донесе Diamond Mall со својата работа е и отворањето на повеќе од 1.000 нови работни места кои ќе овозможат вработување на кадар од најразлични профили поврзани со функционирањето на молот, како и оние што ќе обезбедуваат најразновидни услуги за посетителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-brojat-denovite-do-golemoto-otvorane-na-diamond-mall-novoto-unikatno-dozhivuvane-vo-strogiot-tsentar-na-skopje/feed/ 0
„Шпанска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – мистична страст и гастрономска сензација за сите сетила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-vo-limak-skopje-luxury-hotel-mistichna-strast-i-gastronomska-senzatsija-za-site-setila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-vo-limak-skopje-luxury-hotel-mistichna-strast-i-gastronomska-senzatsija-za-site-setila/#respond Wed, 30 Aug 2023 09:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=872412

Нова гастрономска и забавна атракција во Скопје! На 15 септември 2023 година во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се одржи настанот „Шпанска вечер“ на кој посетителите ќе имаат ексклузивна можност да го почувствуваат шпанскиот огнен дух, богата култура и спектакуларна кулинарска традиција. Искусниот главен готвач на хотелот и неговиот тим ќе подготват шпанско мени преполно со вибрантните бои на прекрасната медитеранска земја – тапаси со атрактивните вкусови на оригиналните шпански специјалитети, гаспачо супа, паеља од морски плодови и маринирани јагнешки котлети на жар, гарнирани со палента со суво грозје и сончоглед, а за финиш – крема Каталонија. Во ова автентично шпанско мени приготвено според традиционални рецептури присутните ќе уживаат со популарната Сангриа, подготвена на оригинален начин. Како своевиден спој со домашната хедонистичка култура, впечатокот ќе биде надополнет со врвните вина на нашата најголема и најуспешна винарница „Тиквеш“. Шпанскиот дух на вечерта ќе биде збогатен со шпанска традиционална музика надалеку позната по својата мистична страст и огнена енергија, за која се задолжени уметниците од  „Кармен Бенд“. Атрактивната шпанска вечер ќе се одржи на 15 септември со почеток во 20.30 часот во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-vo-limak-skopje-luxury-hotel-mistichna-strast-i-gastronomska-senzatsija-za-site-setila/feed/ 0
Љубителите на кулинарските специјалитети имаа можност да уживаат во прекрасниот избор на јадења од српската национална кујна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lubitelite-na-kulinarskite-spetsijaliteti-imaa-mozhnost-da-uzhivaat-vo-prekrasniot-izbor-na-jadena-od-srpskata-natsionalna-kujna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lubitelite-na-kulinarskite-spetsijaliteti-imaa-mozhnost-da-uzhivaat-vo-prekrasniot-izbor-na-jadena-od-srpskata-natsionalna-kujna/#respond Mon, 12 Jun 2023 11:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=844843

По организацијата на „Денови на турската кујна“ и „Аргентинска вечер“, Limak Skopje Luxury Hotel овој пат ги претстави традиционалните вкусови на српската кујна. За автентичноста на специјалитетите задолжени беа главниот готвач на хотелот и неговиот тим, кои на гостите им приредија автентично гастрономска задоволство. Специјалитетите беа сервирани со познатата српска ракија, како и српски вина. Гостите имаа можност да уживаат во гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење беше резервирано за печено прасечко и уштипци. Десертот беше вистинско уживање со Васина торта во комбинација со српски ликер од орев. Автентичната атмосфера за време на оваа „Српска вечер“ беше комплетирана со музика во живо и забавен дел во изведба на КУД Кочо Рацин, а вистинско изненадување беше комичарот Далибор Голубовиќ, познат како Двојникот на Вучиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lubitelite-na-kulinarskite-spetsijaliteti-imaa-mozhnost-da-uzhivaat-vo-prekrasniot-izbor-na-jadena-od-srpskata-natsionalna-kujna/feed/ 0
„ЛИМАК“ ја започнува иницијативата GLOBAL ENGINEER GIRLS за поддршка на студентките на ИНЖЕНЕРСКИТЕ ФАКУЛТЕТИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/limak-ja-zapochnuva-inicijativata-global-engineer-girls-za-poddrshka-na-studentkite-na-inzenerskite-fakulteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/limak-ja-zapochnuva-inicijativata-global-engineer-girls-za-poddrshka-na-studentkite-na-inzenerskite-fakulteti/#respond Fri, 09 Dec 2022 15:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=773259

Групацијата Лимак започнува да ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Северна Македонија, заедно со стратешките партнери - Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Основна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област. За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава (https://northmacedonia.globalengineergirls.com/about). Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени - инженери. Процесот на аплицирање ќе започне на 19 декември 2022 и ќе трае до 8 јануари 2023 година. Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика се проценува дека Северна Македонија годишно губи 16 % од БДП како резултат на родовиот јаз. Целта на GEG е да ја унапреди свесноста за родовота еднаквост во општеството и да ги охрабри компаниите да го променат нивниот однос кон родовиот јаз во нивните организациски структури. „Со голема гордост можам да го најавам почетокот на GEG North Macedonia. За Групацијата Лимак е од големо значење да придонесе во земјата во која сме добре дојдени. Драго ни е што ќе имаме можност да им помогнеме на многу млади жени да ги развијат своите таленти и целосно да го искористат својот потенцијал во СТЕМ областа. Се надевам дека GEG ќе обезбеди придонес за понатамошен одржлив развој на економијата и општеството во Северна Македонија“, изјави Ебру Оздемир, претседателка на Групацијата Лимак и основачка на Global Engineer Girls и додаде: „Искуството во Турција ни покажа дека оваа програма придонесува за професионалниот и личен развој на младите кандидатки во областа на инженерството. Сега е време ова искуство да се сподели со младите во Северна Македонија“. „Една од стратешките определби во работата на Програмата за развој на Обединетите нации е партнерството со приватниот сектор. Особено сме горди на регионалното партнерство со Групацијата Лимак кое се реализира во правец на поактивно вклучување на студентките во СТЕМ областите и нивна поддршка во текот на образовниот процес. Оваа иницијатива е од особено значење за јакнењето на родовата еднаквност, како едно од начелата на целите на одржливиот развој и економското зајакнување на жената на пазарот на трудот“, велат од канцеларијата на УНДП во земјава. За исполнување на овие цели GEG North Macedonia развива партнерства со меѓународни организации, со државни и образовни институции и организации од граѓанскиот сектор. Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се реализира во 2015 година во Турција. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата, Ебру Оздемир, за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/limak-ja-zapochnuva-inicijativata-global-engineer-girls-za-poddrshka-na-studentkite-na-inzenerskite-fakulteti/feed/ 0
Limak Skopje Luxury Hotel ја носи автентичната храна и музика од Босфорот во центарот на Скопје https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/limak-skopje-luxury-hotel-ja-nosi-avtentichnata-hrana-i-muzika-od-bosforot-vo-centarot-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/limak-skopje-luxury-hotel-ja-nosi-avtentichnata-hrana-i-muzika-od-bosforot-vo-centarot-na-skopje/#respond Thu, 24 Nov 2022 11:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=765847

Од 30. ноември до 3. декември 2022 година, Limak Skopje Luxury Hotel ќе биде домаќин на исклучително интересен настан наречен „Автентичниот вкус на турската кујна“, чија амбиција е преку спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика, да се пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот овде, во центарот на Скопје. За автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи кои за оваа прилика специјално ќе допатуваат од Турција. Тие ќе подготвуваат разновидни турски специјалитети по традиционални рецепти и состојки кои потекнуваат директно од Анадолија, Кападокија и централна Турција. Гостите на настанот ќе можат да пробаат различни традиционални предјадења, како што се мезиња, ќофтиња, хумус, имам бајалди и салати, како што е познатата хајдари крем салата со традиционално сирење и шакшука – салата од модар патлиџан, пиперка и домат. Од главните јадења ќе бидат понудени: зачинето јагнешко (кавурма), пилав, булгур, мантии со јагнешко месо, супа од леќа, пиде, лахмаџун, печено јагнешко и телешко месо, пилешко на скара, полнети модри патлиџани со телешко месо (карнијарик) и други специјалитети, а трпезата ќе биде збогатена и со голем број традиционални десерти како што се: баклава, кадаиф, шеќерпаре, сутлијач и други. За да се долови вистинската атмосфера на Босфорот, храната ќе се послужува во автентични садови, со традиционални декорации и изглед, а настанот ќе биде збогатен со турски чалгии во живо. Во периодот од 30.11.2022 до 3.12.2022, настанот „Автентичниот вкус на турската кујна“ ќе се одржува секој ден од 19 до 22 часот. Повеќе информации и резервации може да се добијат во хотелот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/limak-skopje-luxury-hotel-ja-nosi-avtentichnata-hrana-i-muzika-od-bosforot-vo-centarot-na-skopje/feed/ 0
Почна продажбата и на становите во третата кула во комплексот „Diamond of Skopje“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochna-prodazbata-i-na-stanovite-vo-tretata-kula-vo-kompleksot-diamond-of-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochna-prodazbata-i-na-stanovite-vo-tretata-kula-vo-kompleksot-diamond-of-skopje/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=755767

Расте интересот за високо квалитетно урбано живеење во мултифункционални комплекси во Скопје, кои нудат различни содржини. На самиот старт од изградбата на третата од вкупно четири кули од комплексот „Diamond of Skopje“ што го гради „Лимак Скопје“, купувачите покажуваат голем интерес за становите, кои се со различна површина, почнувајќи од 42, па сѐ до 105 квадратни метри. „Лимак Скопје“ нуди можност за плаќање на 24 рати без камата, а во оваа почетна фаза на продажба на станови во третата кула, достапни се и други поволности и истите ќе важат до крајот на годината. За сите детали заинтересираните можат да се информираат во Салонот за продажба, сместен во комплексот „Diamond of Skopje“. Во текот на градбата се користат високо квалитетни еколошки и одржливи градежни материјали, водејќи сметка за енергетската ефикасност и еколошките аспекти на целиот објект. Становите имаат висока топлинска и УВ изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, со што се постигнува и заштеда на енергија. За да се обезбеди звучна изолација, за сите внатрешни ѕидови се користат лесни бетонски блокови. Во изработката на надворешната фасада се користи камена волна и стаклена фасада само во аглите на фасадата, со што се овозможува топлинска изолација и заштеда на електрична енергија. Становите се опремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија. Дополнителна вредност на комплексот „Diamond of Skopje“ е атрактивниот Д - плус концепт. Имено сопствениците на станови во комплексот, покрај другите содржини ќе имаат и пристап до содржините на Д - плус концептот, кој го сочинуваат соодветно опремени простории за видео игри, за караоке, за забави и музика, приватно кино, како и простории за пилатес. „Големиот интерес за купување на станови во Diamond of Skopje е само дополнителен поттик да продолжиме со реализација на нашата мисија, а тоа е создавање на препознатлив комплекс кој ќе стане симбол на модерното урбано живеење во Скопје. Остануваме и понатаму целосно посветени на оваа идеја, согласно планираната динамика и со доследно почитување на најдобрите градежни практики и високите стандарди при работа, кои се дел од високата професионална етика и големото искуство на Лимак“, изјави главниот извршен директор на „Лимак Скопје“ Куртхан Апајдин. „Diamond of Skopje“ се протега на површина од 325.000 метри квадратни, има четири станбени кули со вкупно 772 станбени единици. Покрај тоа, комплексот има деловен простор, трговски центар со површина од 48.000 квадратни метри, чија изградба влегува во завршна фаза, хотел со пет ѕвездички - „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој работи повеќе од една година, како и 3.200 паркинг места. Вкупната инвестиција во комплексот изнесува 250 милиони евра. Комплексот ќе има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење.  Дел од проектот е и подземната сообраќајница што ќе се протега под комплексот „Diamond of Skopje“, која ќе биде долга 800 метри и широка 37 метри, со по две сообраќајни ленти во двата правци и простор за евентуална трамвајска линија во средината. „Лимак Скопје“ е дел од Групацијата „Лимак“, која со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Градежната компанија „Лимак“ која е дел од оваа Групацијата,  оваа година повторно напредуваше на листата најдобри градежни компании во светот, што традиционално ја прави „Engineering News Records“, заземајќи го 50-то место од вкупно 250 глобални градежни компании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochna-prodazbata-i-na-stanovite-vo-tretata-kula-vo-kompleksot-diamond-of-skopje/feed/ 0
Лимак рангиран меѓу 50-те компании од светската градежна елита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/limak-rangiran-megju-50-te-kompanii-od-svetskata-gradezna-elita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/limak-rangiran-megju-50-te-kompanii-od-svetskata-gradezna-elita/#respond Wed, 31 Aug 2022 12:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=726645

Компанијата Лимак, која го гради модерниот мултифункционален комплекс „Diamond of Skopje“ во центарот на главниот град, годинава повторно напредуваше на листата најдобри градежни компании во светот што традиционално ја прави „Engineering News Records“. Според оваа престижна листа на вкупно 250 најдобри во светското градежништво, Лимак годинава го зазеде 50-то место според присуството на интернационалните пазари. Со тоа Лимак напредуваше за шест места во однос на минатата година, а дури 17 места споредено со 2019, кога на истата листа беше 67-ма. Во моментов, Лимак има активни градежни проекти во Азија, Африка и во Европа, меѓу кои е и комплексот во Скопје. Куртхан Апајдин, главниот извршен директор на Лимак Скопје, искажувајќи ја гордоста за новото напредување на Лимак, истакна: „Ова е признание за деловниот успех и деловната култура на Лимак насекаде каде што сме присутни, но и потврда за бескомпромисната примена на највисоките стандарди, безбедноста и квалитетот на објектите што ги градиме. Посебно сме среќни што овие предности на Лимак се препознаени и од граѓаните на Скопје и што тие наскоро ќе можат да ги користат предностите на квалитетното модерно живеење, работа, престој и забава во комплексот `Diamond of Skopje`“. Мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ е сместен во строгиот центар на главниот град. На површина од 325.000 квадратни метри се градат четири резиденцијални објекти со дополнителен деловен простор и 3.200 места  за паркирање, современ трговски центар и голема подземна сообраќајница која ќе го спојува источниот со западниот дел од градот. Комплексот ќе има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење. Дел од комплексот е и хотелот со пет ѕвездички „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој успешно работи повеќе од една година. Вкупната инвестиција во комплексот е во висина од 250 милиони евра. Групацијата „Лимак“ со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанак кале) 1915, кој е најдолгиот висечки мост во светот, меѓународниот аеродром во Кувајт, браната на хидроцентралата Јусуфели, која откако ќе биде завршена ќе биде трета по големина во светот, како и многу други градежни потфати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/limak-rangiran-megju-50-te-kompanii-od-svetskata-gradezna-elita/feed/ 0