лимузина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 10:01:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лимузина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден беше единствен кој дојде со „блиндиран ѕвер“ на погребот на кралицата, дали сте се запрашале како лимузината пристигнала во Лондон? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bajden-beshe-edinstven-koj-dojde-so-blindiran-dzver-na-pogrebot-na-kralicata-dali-ste-se-zaprashale-kako-limuzinata-pristignala-vo-london-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bajden-beshe-edinstven-koj-dojde-so-blindiran-dzver-na-pogrebot-na-kralicata-dali-ste-se-zaprashale-kako-limuzinata-pristignala-vo-london-video/#respond Mon, 26 Sep 2022 10:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=737472

Минатиот понеделник се одржа погребот на кралицата Елизабета втора, а главна тема во светските медиуми беше веста за доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден со неговата блиндирана лимузина. На момент неговиот автомобил заглави во толпата, па тој и првата дама на САД мавтаа насмеано на насобраните луѓе. Повеќе од 500 шефови на држави и достоинственици пред седум дена дојдоа во Вестминстерската опатија за да ѝ одадат почит на кралицата, а многумина од нив отпатуваа до црквата со специјални автобуси за да го избегнат сообраќајниот метеж, но американскиот претседател доби специјална дозвола од Стејт департментот да присуствува на погребот со неговата лимузина отпорна на куршуми. Инаку доколку некој се прашувал како таа цела „колона“ на возила и „армија“ на луѓе пристигнува некаде каде што е претседателот, во случајот во Лондон на погребот на кралицата Елизабета, сега ќе ви стане јасно. На Јутјуб се појави видео како се превезува целиот тој конвој, технички апарати, луѓе и автомобили – а сето тоа се превезува со авион, уживајте во нешто што никогаш нема да ви падне на памет дека можело да се прави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bajden-beshe-edinstven-koj-dojde-so-blindiran-dzver-na-pogrebot-na-kralicata-dali-ste-se-zaprashale-kako-limuzinata-pristignala-vo-london-video/feed/ 0
Мицкоски: Народот додека се моли за денар или два за килограм јаболка, Заев се вози во лимузина која чини колку 3 милиони килограми јаболка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-narodot-dodeka-se-moli-za-denar-ili-dva-za-kilogram-jabolka-zaev-se-vozi-vo-limuzina-koja-chini-kolku-3-milioni-kilogrami-jabolka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-narodot-dodeka-se-moli-za-denar-ili-dva-za-kilogram-jabolka-zaev-se-vozi-vo-limuzina-koja-chini-kolku-3-milioni-kilogrami-jabolka/#respond Tue, 28 Sep 2021 19:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=569688

Нема да кажувам дека во Ресен првпат сум се заљубил, сум имал девојка првпат тука, тоа ќе ви го каже еден друг. Тој кој што вчера овде се паркираше со најнова марка на патничко возило БМВ, од прилика пресметавме е еднакво колку 3 милиони килограми јаболка од прилика толку чини тоа возило, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ресен. Мицкоски додаде дека поради таква ситуација тој сака да говори за реалноста, нема да говори дека е најдобро туку ќе зборува онака како што сите граѓани ја доживуваат денешната тешка, мачна и сурова реалност во Ресен, во Македонија. „Луѓето се демотивирани, деморализирани, полни со апатија за тоа што гледаат дека на власт е политичка елита која што не само што не знае каде тера туку никогаш ниту пак имала амбиција да го покаже вистинскиот пат кон иднината. Единствената нивна амбиција е што повеќе тендери да си доделат ним, на нивните пајташи, што повеќе пари од народот да украдат, што повеќе злоба и пакост да нанесат, што повеќе срам и понижување да му причинат на овој народ. На секој еден граѓанин, тука нема нација, тука нема ниту вера, ќе зборувам за тоа колку е во суштина се најлошо, а не се најдобро. И ќе ве потсетам дека Македонија е најкорумпираната држава во Европа, дека Македонија е држава која што ја водат најкорумпираните политичари во Европа, најкорумпираните обвинители, кои што сетете се на она Луј Витон куферче каде што се разделуваа милиони евра за да може да се влијае на судски одлуки. Со толку многу корупција и толку многу корумпирани луѓе во власта ние не можеме да мрднеме ниту милиметар напред“, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека додека народот се моли за денар или два за килограм јаболко, власта се вози во скапи лимузини кои што чинат ни повеќе ни помалку околу 2-3 милиони килограми јаболка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-narodot-dodeka-se-moli-za-denar-ili-dva-za-kilogram-jabolka-zaev-se-vozi-vo-limuzina-koja-chini-kolku-3-milioni-kilogrami-jabolka/feed/ 0
Светот во шок: Лимузина налета врз минувачи, најмалку 20 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-shok-limuzina-naleta-vrz-minuvachi-najmalku-20-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-shok-limuzina-naleta-vrz-minuvachi-najmalku-20-zaginati/#respond Sun, 07 Oct 2018 16:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=111988

Полицијата во американската држава Њујорк соопшти денеска дека 20 луѓе загинале откако во градот Скохери лимузина удрила во минувачи. Возилото според локалните власти со голема брзина се спуштило низ едно возвишение и налетела на минувачи во област од градот што е туристичка атракција. Инцидентот се случил синоќа во градот Скохери на околу 270 км од Њујорк. Властите денеска не ги соопштија имињата на загинатите ниту детали за инцидентот. Истрагата на Националнииот одбор за безбедност во сообраќајот е во тек, а за денеска е планирана прес конференција, јавуваат американски медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-shok-limuzina-naleta-vrz-minuvachi-najmalku-20-zaginati/feed/ 0
Новиот „ѕвер“ на Трамп чини 1,5 милиони долари, а кога ќе дознаете со што се е опремен ќе останете со подзинати усти (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/noviot-dzver-na-tramp-chini-1-5-milioni-dolari-a-koga-kje-doznaete-so-shto-se-e-opremen-kje-ostanete-so-podzinati-usti-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/noviot-dzver-na-tramp-chini-1-5-milioni-dolari-a-koga-kje-doznaete-so-shto-se-e-opremen-kje-ostanete-so-podzinati-usti-video/#respond Wed, 26 Sep 2018 14:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=106459

Во Њујорк во неделата американскиот претседател Доналд Трамп стигна со новата машина Кадилак базиран на моделот CT6. Среде улиците на Њујорк беа забележани два исти автомобили кои ги користи тајните служби за безбедносни мерки на претседателот. Тајната служба деталите за возилото ги чува далеку од очите на јавноста поради безбедносни причини, а се претпоставува дека новиот модел е направен од комбинација на челик, алуминиум и керамика. Кадилакот е направен со заштитен систем и се проценува дека е тежок од 7 до 9 тони. Се шпекулира дека поседува противпожарен систем, ноќна камера, вентилација и посебен систем за одбрана од ракетен напад. Во случај претседателот да е повреден, лимузината е опремена со залихи крв од неговата крвна група, се со цел да му се пружи веднаш прва помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/noviot-dzver-na-tramp-chini-1-5-milioni-dolari-a-koga-kje-doznaete-so-shto-se-e-opremen-kje-ostanete-so-podzinati-usti-video/feed/ 0
Новата лимузина на Трамп отпорна на секаков напад: Еве што се Тајната служба побарала да содржи автомобилот на претседателот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novata-limuzina-na-tramp-otporna-na-sekakov-napad-eve-shto-se-tajnata-sluzba-pobarala-da-sodrzi-avtomobilot-na-pretsedatelot-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novata-limuzina-na-tramp-otporna-na-sekakov-napad-eve-shto-se-tajnata-sluzba-pobarala-da-sodrzi-avtomobilot-na-pretsedatelot-video/#respond Fri, 20 Apr 2018 14:38:13 +0000 https://kurir.mk/?p=40222

Претседателот на САД Доналд Трамп наскоро ќе се вози во претседателско од потполно нова генерација, кое е конструирано во програмата, која чини скоро 16 милиони долари. Прототипот на овој специјално изработен „Кадилак“ е виден на јавните патишта во пробно возење, замотано во црно-бел дезен. Како што пренесува Фокс Њуз, станува збор за еден од неколкуте државни возила кои Џенерал Моторс ги прави на основ на договорот од неверојатни 15,8 милиони долари со американската Тајна служба. Ја исполнивме задачата и сега го предадовме возилото на клиентот, кажа претседателот на Кадилак, Јохан де Нишчен. И портпаролот на Тајната служба потврди дека „програмата за конструкцијата на новата генерација претседателски лимузини оди по план, вклучувајќи и вградување на сите додатни опреми кои тајната служба ги барала“. -Јавноста ќе биде во можност да ги види новите лимузини во употреба до крајот на летото, изјави тој. Деталите врзани за новото возило се чуваат во тајност, но некои извештаи наведуваат дека повеќе личи на оклопно возило отколку на луксузна лимузина. Возилото ќе биде отпорно на напади од балистички ракети, експлозивно и хемиско оружје. Се наведува дека ќе биде опремено со најнапреден комуникациски систем, залихи на медицинска опрема за итни случаи, наводно вклучувајќи и залиха крв од крвната група на Трамп. Кадилак ги има изработено сите претседателски лимузини од 1993 година па навака.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/novata-limuzina-na-tramp-otporna-na-sekakov-napad-eve-shto-se-tajnata-sluzba-pobarala-da-sodrzi-avtomobilot-na-pretsedatelot-video/feed/ 0