липа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Dec 2021 13:50:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png липа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чајот од липа ќе ви помогне кога сте настинати или нервозни https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chajot-od-lipa-kje-vi-pomogne-koga-ste-nastinati-ili-nervozni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chajot-od-lipa-kje-vi-pomogne-koga-ste-nastinati-ili-nervozni/#respond Wed, 01 Dec 2021 13:50:34 +0000 https://kurir.mk/?p=602495

Чајот од цвет од липа се користи традиционално како помош при вознемиреност, респираторни инфекции и дигестивни проблеми. И навистина, чајот од липа ќе ви помогне да се опуштите на самиот крај на денот. Овој пијалок делува смирувачки на нервниот систем и благодарение на благото седативно дејство се препорачува за ублажување на симптомите на анксиозност и стрес. Помага да се релаксираат мускулите така што може да ја намали и главоболката. Овој чај, исто така ја подобрува циркулацијата и го стимулира потењето така што се користи и за намалување на покачена температура кај настинки и грип. Помага при лекување на бронхитис и го смирува иритираното грло и кашлицата која може да се појави поради алергии или сув и ладен воздух. Чајот од липа делува и како деуретик и ја стимулира елиминацијата на акумулираната течност од телото. Друга причина зошто секогаш би требало да имате чај од липа дома е нејзиниот корисен ефект врз дигестивниот тракт. Овој чај помага при болки во стомакот заради надуеност, гас, грчеви и дијареја. Самиот чај се прави така што супена лажица цвет од липа ќе го прелиете со 200 милилитри врела вода. Садот затворете го и оставете го да отстои 10 минути. Чајот потоа треба да се процеди и по желба да се заслади. Се препорачува да се пие 2 до 3 чаши чај на ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/chajot-od-lipa-kje-vi-pomogne-koga-ste-nastinati-ili-nervozni/feed/ 0
Многумина ја имате во двор: Ова се благодетите на липата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ja-imate-vo-dvor-ova-se-blagodetite-na-lipata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ja-imate-vo-dvor-ova-se-blagodetite-na-lipata/#respond Thu, 14 May 2020 10:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=345751

Липата има изразено благотворно дејство врз нашето здравје. Цветот од липата содржи минерали железо, калциум, маган како и флавоноиди, а во мали количини содржи и етерично масло. Дрвото од липата се користи како најголем апосрбирач на најразлични труења кај желудникот и цревата. Чајот од липа го зголемува потењето, затоа се препорачува да се пие кога имате температура, потењето ќе ја намали температурата. Чајот од липа исто така го намалува кашлањето и ја намалува напнатоста. Липата е големо дрво чие стебло достигнува околу 25 до 30 метри височина, и старост од неколку стотини години. Крошната на липата е густо затворена, а листовите и се потемно зелени, накосо срцевидни, зашилени и пиласти, а од „лицето“ се влакнести. Цветовите се наоѓаат на долго стапче кое од прилика до половина е сраснато со листот на кој се наоѓаат цветчињата. Тие се долги, со бледозелена боја, и мрежесто испреплетени со жилички. Плодовите на липата се како мали оревчиња. Цветот има многу пријатен мирис. Расте по целата Европа. Сака питома, плодна и длабока земја. Липата треба да се бере штом почне да цвета, кога двете третини од цветовите во целост расцветале. Прецветаната липа нема никаква вредност. Цветот треба да се бере заедно со ливчето кое ги држи сите цветови заедно. Се бере на суво и убаво време. Цветот од липа има благ и пријатен мирис, а вкусот и’ е слузав, сладникав и по малку силен. Во исушениот цвет има многу малку етерично масло. Танин најмногу има во стапчето, и тој го дава најголемиот дел од аромата и нутритивната вредност на чајот. Липовиот лист исто така содржи танин, слуз и останати вредни материи, па при потреба може да се користи за истите намени како и цветот. И липовата кора има многу слуз. Во цветот и во листот има многу витамин Ц. Потполно младиот, штотуку отворен лист може да користи и како зеленчук за салата. Од липовото дрво се произведува активен јаглен со големи абсорпциона моќ. Во липовото семе има масло слично на маслиновото. Липите можете да ги пронајдете на различни локации: поединечно растат по планините, а луѓето често ја садат крај патиштата и на плоштадите. Лековити делови на билката: липовите цветови се користат за лечење на настинка и болести на дишните органи. Го подобрува мокрењето и потењето. Цветот од липа се употребува најчесто во облик на чај, инфузија, како облога за потење, против грчеви и за намалување на болките како многу благо средство. Липата не се препорачува кај луѓето кои се премногу чувствителни на поленов прав поради силниот мирис, и затоа луѓето кои се алергични на полен би требало да ја одбегнуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mnogumina-ja-imate-vo-dvor-ova-se-blagodetite-na-lipata/feed/ 0