литература – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Aug 2020 10:39:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png литература – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Пендаровски се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/#respond Mon, 17 Aug 2020 10:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=391582

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео порака се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што оваа година поради пандемијата со КОВИД-19 се одржува дигитално. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски: Оваа летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ја организираме во несекојдневни услови. Поради пандемијата од ковид-19 не можеме да бидеме заедно на брегот на Охридското езеро што било инспирација за словенските просветители Св. Климент и Наум Охридски и македонските преродбеници Миладиновци, Прличев и Шапкарев. Меѓутоа, ме радува што ниту пандемијата не не спречува барем виртуелно да ја продолжиме традицијата на Меѓународниот семинар. А да продолжиме е особено важно, и тоа најмалку од неколку причини. Прво, одбележуваме значајни јубилеи, меѓу кои и 75-годишнината од објавувањето на македонската азбука и правопис. Во 1945-та го заокруживме процесот на кодификација на македонскиот стандарден јазик. Со тоа македонскиот стана јазик на образованието, науката и уметноста не само во Република Северна Македонија, туку и на универзитетските катедри и лекторати во Европа и светот. Иако поради неповолната општествено-историска и политичка ситуација, македонскиот јазик е релативно доцна стандардизиран, неговиот историски континуитет е неспорен. Неговата долга усмена и писмена традиција и богатството од дијалекти е одамна апсолвирано прашање во светската лингвистичка наука. Сепак, повторно сведочиме на една анахрона реторика на оспорување на засебноста и историскиот континуитет на македонскиот јазик. Затоа ни е потребен соодветен научен и аргументиран одговор кој се разбира дека го поседуваме. Токму во таа насока се и четирите тома за македонскиот јазик што неодамна ги објавија Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. И луѓето и настаните што ги чествуваме годинава се потврда на континуитетот на македонскиот јазик. Во 1920 година почина народниот раскажувач Марко Цепенков. Истата година е роден еден друг раскажувач - писателот Славко Јаневски кој се смета за автор на првиот објавен роман на стандарден македонски јазик. Годинава одбележуваме и еден век од раѓањето на основоположникот на македонската дијалектологија Божидар Видоески. Тој го втемели овој меѓународен семинар како креативна заедница во која до сега учествувале над 5000 учесници од над 60 земји кои имале прилика одблиску да се запознаат со македонскиот јазик и неговите специфики. Оваа исклучително важна меѓународна манифестација имаше и има голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет. Затоа почитувани, вашето учество на овој дигитален семинар и желбата да научите повеќе за македонскиот јазик и култура го разбираме не само како ваша посветеност кон научната вистина, туку и како чин на солидарност со македонските слависти и македонисти. И за тоа сум Ви навистина благодарен. Ви посакувам плодна работа, инспиративни дискусии, продлабочена соработка и пријателства. И искрено се надевам и посакувам наредната година да се видиме во Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/feed/ 0
Објавена антологиска едиција „Најдобрата кинеска литература за деца“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-antologiska-edicija-najdobrata-kineska-literatura-za-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-antologiska-edicija-najdobrata-kineska-literatura-za-deca/#respond Tue, 22 Jan 2019 09:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=155149

Најпознатите и најчитаните современи кинески писатели за деца и за млади се застапени во антологиски избор од десет кинески книги, која деновиве излезе од печат како прв дел од едицијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Станува збор за копродукциски проект на Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје со издавачката куќа „Делфин букс“ од Пекинг, прв подготвен од заеднички редакциски оддел за издавање кинески книги во Македонија. За наредниот период се превидени нови изданија, но и проширување на оваа едиција. Како што наведуваат од издвачката куќа, во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите автори. Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Како прилог, во книгите се објавени и текстови на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво. Првите десет наслови се: „Тајната на слатките јагоди“ од Танг Сулан, „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо, „Легенда за мечето Панда“ од Сун Јоуѓун, „Магичниот папагал“ од Ге Бинг, „Персискиот мачор Пек“ од Гао Хонгбо, „Малиот ној рицар“ од Лиу Сианпинг, „Божјиот фенер на морето“ од Донг Хонгјоу, „Приказни големи колку дланка“ од Џанг Ќуишенг, „Братучед ми доаѓа“ од Ќин Венѓун и „Вкусот на сонцето“ од Џанг Џилу. Последните две книги првенствено се наменети за тинејџери, а другите за читатели на возраст од седум до 12 години. -Беа вложени херкуловски напори за да се гарантира дека делата што се вклучени во едицијата го претставуваат највисокото ниво и достигнување во естетската и умет­ничката креација во литературата за деца во современа Кина, дека можат да бидат напишани на „заеднички јазик“ заснован на детската невиност, глобалните перспективи и етничките карактеристики, дека целосно го изразуваат духот на времето, веродостојно ја одразуваат позитивната претстава и величината на Кина, како и животниот статус на децата на Кина денес, да бидат блиску до детскиот живот и психолошката реалност, како и да се одликуваат со универзалност, вистина, доблест и убавина, држејќи се до филозофијата на вредноста на литературата за деца и поста­вувајќи здрав темел за идните генерации на човештвото, велат во заедничкиот предговор за едицијата Гао Хонгбо, писател за деца, и Ванг Ќуанген, професор по литература. Инаку, денес, во Кина, бројот на објавени примероци на книги за деца изнесува 600 милиони годишно, или повеќе од 80.000 кате­гории во малопродажбата со годишна продажба во износ од над осум милијарди јуани. „Делфин книги“ е единствената професионална детска издавачка куќа во Кина која е специјализирана за објавување детски и хуманистички едукативни книги. Таа е ориентирана на меѓународниот пазар на книги, објавувајќи разновидни и големи проекти на други јазици – пред сè на поголемите јазици: на англиски, француски, германски, јапонски, арапски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-antologiska-edicija-najdobrata-kineska-literatura-za-deca/feed/ 0