литии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Aug 2020 08:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png литии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Забрана за литии во Грција до крајот на август, вонредни мерки во Лариса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabrana-za-litii-vo-grcija-do-krajot-na-avgust-vonredni-merki-vo-larisa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabrana-za-litii-vo-grcija-do-krajot-na-avgust-vonredni-merki-vo-larisa/#respond Mon, 10 Aug 2020 08:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=388674

До крајот на август, во Грција е забрането одржување литии и било какви други верски манифестации со поворки надвор од црквите, согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е веќе во сила, важи до 31 август, а за физичките лица што ќе ја прекршат, предвидена е и казна од 150 евра. Од Светиот синод на Грчката православна црква, во петокот соопштија дека литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците и доколку е можно, ќе траат кратко. Поради зголемиот број позитивни случаи на Ковид-19 во општина Абелона во градот Лариса од рано утрово се воведени дополнителни рестриктивни мерки, идентични на оние на островот Порос. Односно, за да се спречи дополнително ширење на коронавирусот одлучено е угостителските објекти, кафулињата и слично да работат од седум до 23 часот, на маса да седат најмногу четири лица, да се откажат сите настани како што се забави со жива музика, црковни настани, пазари и слично, се забрануваат јавни и приватни собири на над девет лица, а маската е задолжителна и надвор и во затворените објекти. Во Грција од ден на ден се зголемува бројот на заразени лица, само во текот на викендот беа регистрирани вкупно 353 нови случаи на Ковид-19, починаа две лица, а се зголеми и бројот на хоспитализирани пациенти приклучени на апарати. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево ќе го одржи редовниот состанок за Ковид-19 со надлежните епидемиолози и министри, состанок што се одржува три пати седмично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabrana-za-litii-vo-grcija-do-krajot-na-avgust-vonredni-merki-vo-larisa/feed/ 0
Се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-odlozuvaat-molitvite-litiite-i-drugite-sobiri-na-spc-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-odlozuvaat-molitvite-litiite-i-drugite-sobiri-na-spc-vo-crna-gora/#respond Sat, 04 Jul 2020 15:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=368958

Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора денеска ја информира јавноста дека поради епидемиолошката состојба во земјата се одложуваат сите молитви, литии и слични собири низ цела Црна Гора. Во соопштението на Епископскиот совет се наведува дека Српската православна црква, иако имала можност молитвите да ги оддржува пред храмовите, како и намера да ги почитува наредбите од здравствените установи, околностите биле такви што „покрај усогласеноста со прописите, треба да се покаже и пример за воздржаност и трпеливост “. „Формално-правно го прогласивме крајот на епидемијата и правната основа да ги продолжиме нашите оправдани протести, сепак, болеста се врати кај нас и во моментов напредува“, се наведува во соопштението. Епископскиот совет ги повика верниците во парохиите од северот на Црна Гора, во кои повторно се забранети богослужби со присуство на верници, во договор со нивниот свештеник да бидат во врска за изведување на молитвите. Во соопштението се додава дека редовните црковни служби во другите градови ќе се одвиваат во согласност со утврдениот ред, во согласност со здравствените регулативи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-odlozuvaat-molitvite-litiite-i-drugite-sobiri-na-spc-vo-crna-gora/feed/ 0
Црногорската Влада синоќа ги забрани литиите и политичките собири на отворен простор заради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskata-vlada-sinokja-gi-zabrani-litiite-i-politichkite-sobiri-na-otvoren-prostor-zaradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskata-vlada-sinokja-gi-zabrani-litiite-i-politichkite-sobiri-na-otvoren-prostor-zaradi-koronavirusot/#respond Fri, 26 Jun 2020 06:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=363172

Владата на Црна Гора синоќа донесе нови мерки заради зголемувањето на бројот на активни случаи на коронавирус, меѓу кои ја вклучи и забраната за црковни литии. На владиниот налог на Твитер синоќа беше соопштено дека верските собири се забранети на отворени  места, освен во деловите што им припаѓаат на верските објекти. Меѓу мерките воведени заради зголемувањето на бројот на активни случаи на коронавирус, кои, наводно биле увезувани од странство, а потоа се прошириле низ Црна Гора, е и забраната за политички митинзи на отворено место. Владата, исто така, забрани присуство на гледачи на спортските настани, а погребите се дозволени само во близок круг на семејството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crnogorskata-vlada-sinokja-gi-zabrani-litiite-i-politichkite-sobiri-na-otvoren-prostor-zaradi-koronavirusot/feed/ 0
Амфилохие: Отсега литиите ќе ги пријавувам за мене да ме апсат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amfilohie-otsega-litiite-kje-gi-prijavuvam-za-mene-da-me-apsat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amfilohie-otsega-litiite-kje-gi-prijavuvam-za-mene-da-me-apsat/#respond Tue, 16 Jun 2020 06:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=358412

Митрополитот црногорски-приморски Амфилохие изјави дека во иднина ќе ја пријавува секоја литија во црногорската полиција, така што полицајците би го апселе него, а не свештениците како досега. – Ако некој треба да биде процесуиран тоа е митрополитот … затоа што сè што се случува овде во Митрополијата зависи од него, а не од свештениците и верниците. Јас веќе потпишав, јас ќе потпишам за литургија во Подгорица, затоа што ми е непријатно кога моите свештеници се судени и осудувани, а јас сум главниот актер, рече Амфилохие. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека постапките на полицијата биле заплашување на луѓето, пренесува подгорички „Вијести“. Црногорското обвинителство вчера нареди 72-часовен притвор за двајца свештеници на Српска православна црква (СПЦ) во Црна Гора затоа што на вечерните литии во Подгорица и во Даниловград имало повеќе од 200 граѓани, колку е максималниот број на луѓе дозволено да се соберат на едно место. Свештениците Мирчета Шљивичанин и Жељко Ќалиќ се товарат за кривично дело неисполнување здравствени регулативи за сузбивање на заразна болест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amfilohie-otsega-litiite-kje-gi-prijavuvam-za-mene-da-me-apsat/feed/ 0