литија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 08:51:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png литија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Литија во Струмица со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/litija-vo-strumitsa-so-ikonata-na-presveta-bogoroditsa-brzoposlushnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/litija-vo-strumitsa-so-ikonata-na-presveta-bogoroditsa-brzoposlushnitsa/#respond Sat, 22 Apr 2023 08:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=826323

Во Струмица денеска ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница. По отслужувањето на Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, синоќа иконата беше пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде е поставена за поклонение на верниците. Свечената литија денеска ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/litija-vo-strumitsa-so-ikonata-na-presveta-bogoroditsa-brzoposlushnitsa/feed/ 0
Одржана богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odrzana-bogosluzba-i-litija-vo-crkvata-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odrzana-bogosluzba-i-litija-vo-crkvata-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-vo-skopje/#respond Tue, 20 Sep 2022 16:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=735344

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17 се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. Вечерната молитва беше проследена со литија околу централното градско подрачје. Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Овој празник се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odrzana-bogosluzba-i-litija-vo-crkvata-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-vo-skopje/feed/ 0
Вечерна Богослужба и Литија утре во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherna-bogosluzba-i-litija-utre-vo-crkvata-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherna-bogosluzba-i-litija-utre-vo-crkvata-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-vo-skopje/#respond Mon, 19 Sep 2022 06:39:49 +0000 https://kurir.mk/?p=734619

Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, утре (20 септемри) со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје. Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата. На 21 септември православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecherna-bogosluzba-i-litija-utre-vo-crkvata-rozdestvo-na-presveta-bogorodica-vo-skopje/feed/ 0
Во Струга се одржа Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-struga-se-odrza-litijata-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-struga-se-odrza-litijata-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosec/#respond Sat, 07 May 2022 17:56:59 +0000 https://kurir.mk/?p=673431

Со отслужување на ктиторската вечерна богослужба во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга и молитвена поворка низ градот, попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј. Сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица истакна дека како и секоја година стружани најгостољубиво и најдостоинствено ги пречекуваат моштите на Св. Георгиј Победоносец и крминската икона на Богородица кои многу силно го излеваат својот благослов кон сеопштата и сенародна радост. -Велам сеопшта и сенародна, бидејќи околу оваа литија е обединета и целата наша земја и соседните простори, нагласува сестра Ефимија. Верничка, учесничка на литијата забележува дека секоја година се поголем и поголем број на луѓе се собираат и дека годинава таа стана не само балканска, туку и дека доаѓаат луѓе кои се иселени од Америка, Австралија за да присуствуваат на оваа литија. -Се радува великомаченикот Георгиј гледајќи не собрани во толку голем број секоја година се повеќе и повеќе. Да бидеме истрајни во верата како Св. Георгиј и да бидеме радосни во духот. Благодарност до Владиката Партениј и Бигорскиот манастир што ни овозможија да присуствуваме на највеличествениот и најубавиот ден. Литијата ни е позната ширум Балканот и сите сме сведоци на тоа. Среќна, радосна и исполнета сум, достоинствено горда што сум дел од сето ова и ќе го искористам моментот да ги цитирам зборовите на владиката Партениј: „Сакајте, почитувајте и проштавајте, по тоа ќе ве познаат, по љубовта“, порачува верничката Весна. Музичарот Ламбе Алабаковски, кој учествуваше на литијата, вели дека ова му е тре пат и според него, овој настан е нешто што ги сплотува сите стружани, но и луѓе од околните места. Навистина преубаво е чувството, порача тој, испраќајќи љубов и благодат кон сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-struga-se-odrza-litijata-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosec/feed/ 0
Во Скопје вечерна молитва и литија во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-vecherna-molitva-i-litija-vo-presret-na-praznikot-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-vecherna-molitva-i-litija-vo-presret-na-praznikot-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/#respond Mon, 20 Sep 2021 16:21:47 +0000 https://kurir.mk/?p=565972

Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, вечерва во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје беше отслужена празнична вечерна богослужба. Вечерната молитва е проследена со литија околу централното градско подрачје. Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост. Свештенството од храмот Рождество на Пресвета Богородица, ги повикаа сите верници учесници на овој торжествен молитвен собор, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот ковид – 19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-vecherna-molitva-i-litija-vo-presret-na-praznikot-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/feed/ 0
Под строги протоколи и без верници во толпата ќе се одржи традиционалната струшка Литија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-strogi-protokoli-i-bez-vernici-vo-tolpata-kje-se-odrzi-tradicionalnata-strushka-litija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-strogi-protokoli-i-bez-vernici-vo-tolpata-kje-se-odrzi-tradicionalnata-strushka-litija/#respond Wed, 05 May 2021 13:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=506032

Под строги здравствени протоколи за заштита на населнеито од ширење на коронавирусот, без традиционалните торжества и толпата верници в петок низ струшките улици ќе се одржи познатата Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот. Организаторите апелираат до верниците, доколку сакаат се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите или тротоарите со почитување на здравствените протоколи. -Поради актуелната состојба со пандемијата од Ковид 19 годинашната Литија ќе се одржи под строги здравствени протоколи. Низ улиците ќе поминат моштите од Свети Георгиј Победоносец и чудотворната икона со братството и сестринството од Бигорскиот и манастирот во Рајчица, без оркестарот и традиционалните торжества. Апелираме до верниците да не се движат во толпата. Доколку сакаат да се поклонат пред моштите тоа да го направат од балконите и тротоарите со почитување на мерките за заштита, држење растојание и носење заштитна маска, посочи организаторот во изјава за МИА. Според првичните информации, Литијата ќе се одржи под силно полициско обезбедување и строго почитување на протоколите. Традиционално на вториот ден Ѓурѓовден, 7 мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. Годинава, во услови на пандемија, моштите од светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф и по отслужување на вечерната богослужба, Литијата ќе почне да се движи низ Струшките улици околу 17 часот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-strogi-protokoli-i-bez-vernici-vo-tolpata-kje-se-odrzi-tradicionalnata-strushka-litija/feed/ 0
Се поднесуваат пријави за учесниците во литијата во Струга, постапката уште не е комплетирана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podnesuvaat-prijavi-za-uchesnicite-vo-litijata-vo-struga-postapkata-ushte-ne-e-kompletirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podnesuvaat-prijavi-za-uchesnicite-vo-litijata-vo-struga-postapkata-ushte-ne-e-kompletirana/#respond Thu, 28 May 2020 12:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=351053

Лицата учесници во литијата во Струга се повикуваат на информативен разговор и им се поднесуваат соодветни поднесоци од јавното обвинителство, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. -Секторот за внатрешни работи во Охрид работи во координација со јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството. Се вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга и Охрид, со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата, вклучително и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана цела постапка, штом биде комплетирана постапката ќе ја информирам јавноста, вели Чулев. Тој додаде дека штом биде комплетирана постапката ќе ја информира јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-podnesuvaat-prijavi-za-uchesnicite-vo-litijata-vo-struga-postapkata-ushte-ne-e-kompletirana/feed/ 0
Ниту еден од новозаболените не присуствувал на литијата во Струга, Манчевски експресно демантиран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-eden-od-novozabolenite-ne-prisustvuval-na-litijata-vo-struga-manchevski-ekspresno-demantiran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-eden-od-novozabolenite-ne-prisustvuval-na-litijata-vo-struga-manchevski-ekspresno-demantiran/#respond Fri, 22 May 2020 17:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=349167

Повеќе од две недели по одржувањето на Ѓурѓовденска литија,во Струга нема заразени од коронавирус и покрај изјавата на министерот Манчевски дека дел од новозаразените се токму од таму. Во охридскиот Центар за јавно здравје не е регистриран нити еден заболен кој бил дел од свечената процесија. Во периодот од одржувањето на црковниот настан на 7-ми мај, до денес во Струга и струшко се регистрирани 4 заболени лица: две од селото Подгорци кај кои болеста се пренела од веќе заболено лице во кругот на семејството кој е фармацефт.Останатите две дијагностицирани лица се од градот Струга,тие букванлно не ги напуштале своите домови,бидејќи боледувале од други сериозни болести.Едниот бил асамтичар и тој почина од коронавирус на 18-ти мај, а другото е лице со хендикеп кое не може да се движи без придружба. Неблагодарно е да се каже каде овие изнемоштени лица се заразиле, но извесно е дека не биле дел од литијата, нити тие,нити членовите на нивните семејства кои сега се во карантин – вели Отец Васко Голабоски -Старешина на Свети Ѓорѓи Струга. Од Центарот за јавно здравје информираат дека нити последните 4 новозаболени во Охрид дијаностицирани во период од 16-ти до 18-ти мај,не биле на литијата. Ситуацијата со коронавирусот, будно се следела и во Дебарско-кичевската епархија,имаме право да бидеме информирани, велат свештените лица кои податоците го добиле од прва рака.Не е време велат, да се шират лажни вести, заразата не бира по политичка или верска определба,затоа недозволиво е да шпекулираат поготово носителите на власта. Ова доаѓа како реакција на министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски кој вчера изјави дека дел од новозаболените потекнуваат од литијата во Струга. Зошто да се шират лажни вести кога се спротивни на она што се изјавува од надлежниот министер.Сите тие статистики и бројки воопшто не се софпаќаат со одредени изјави на одредени политички лица.Значи во Струга нема заболени поминаа толку денови во Струга нема заболени, има во Подгорци,едни лице Враништа и толку – вели Отец Васко Голабоски -Старешина на Свети Ѓорѓи Струга. Отец Васко потрди дека тој како старешина на црквата Свети Ѓорѓи и уште неколкумина друго, биле повикани на информативен разговор во полиција. -Немам замерка на полицијата и обвинителството,прописите и начелата кои важат во вонредни услови како овие, мора да се почитуваат,но според мене во оваа ситуација неможе да се одреди виновник.Тврдам дека процесијата беше добро организирана и контролирана од страна и ан полицијата, бидејќи на литијата на која вообичлаено има и по 10.000 луѓе, годинава имапе околу 300, тоа впрочем и стои и во извештајот од полицијата-вели отец Васко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nitu-eden-od-novozabolenite-ne-prisustvuval-na-litijata-vo-struga-manchevski-ekspresno-demantiran/feed/ 0
Јаневски: Филипче, знаеш зошто излегоа луѓето од Струга на литија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-filipche-znaesh-zoshto-izlegoa-lugjeto-od-struga-na-litija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-filipche-znaesh-zoshto-izlegoa-lugjeto-od-struga-na-litija/#respond Fri, 08 May 2020 17:45:58 +0000 https://kurir.mk/?p=343706

Филипче, знаеш зошто излегоа стружани? -Затоа што не ја видовте епидемијата уште во јануари или почетокот на февруари па да направите план и стратегија! -Затоа што тие месеци бевте на ниво на било кој лаик по медицина од Македонија! И останатите два милиони Македонци не ја видоа епидемијата! -Затоа што првите сомнителни најави дека ќе ги праќаш во Ниш! -Затоа што не сте виделе дека имате 37 000 заболени од грип наспроти 20 000 лани, пред да почне епидемијата и затоа што поим немате на тоа се должи тоа! -Затоа што ги мафтосувавте луѓето со жената и синот од Велес, па час починале во јануари, час во март! -Затоа што првата мерка ви е дури од 26 февруари, со прогласување на само четири региони од Италија за високо ризични! -Затоа што на аеродром правевте контрола со мерење температура (со апарати кои еднаш покажуваат, еднаш не), а сега се гледа дека во тој момент поим сте немале за вирусов и дека таа мерка или т.н. мерка со мерење температура не е никаква брана! -Затоа што додека меревте темература на аеродроми, а на останатите гранични премини минуваше кој како сака! -Затоа што Цаца ти го внесе вирусот без проблем во земјава на 2 март на Табановце! -Затоа што Цаца одела на работа и никому ништо! -Затоа што госпожата влезе од регион кој е соседен на четирите кои ги прогласивте за ризични, како да не постои можност да тркнала на шопинг или кафе наоколу! -Затоа што правеше на удрен кога се дозна дека госпожата е заразена! -Затоа што тркалезно па на ќоше“ испадна“ наводната истрага за тоа кого заразила! -Затоа што ти не побара од истрага за неа како сега за Струга или како оној од Кардиологија, се сеќаваш каков беше на едната, а каков на другата прес конференција! -Затоа што ние самите ги повлековме децата од училишта, прво од ОУ Владо Тасевски и ОУ Кочо Рацин, откако се дозна дека родители биле на симпозиумот на твојата Цаца за да и го слушаат велелепното предавање на експертката позната како твој човек, па затоа мора да бидат видени таму, истата таа за која ти пелтечеше јазикот на прес конференции. Е, па откако ги повлековме децата на своја рака, еј оставивте можност да букне зараза меѓу децата БЕ, не ти е срам бруко една, дури после тоа донесовте мерка за прекин на наставата! Инаку, кој ве знае до кога ќе теравте! И уште ти си барал истрага за Струга или било каде! -Е, излегоа стружани и затоа што Фатиме Фетаи – Гучи ти дојде во земјава од Дубровник на 14 март, а на 11 март Хрватска веќе имаше прогласено епидемија. За тебе, нормално, Хрватска и тогаш, беше земја со низок ризик! -Затоа што жената од Куманово што умре имаше два негативни теста додека беше жива, а видовте дека е позитивна откако умре. Ама ти поим немаше зошто од три теста два биле грешни! -Затоа што после тоа тргна епидемјата во Куманово со незаштитени лекари! -Затоа што жената од Горно Тепеше, струшко, таа што умре нели, сте ја оставиле дома со хронична белодброна болест и со срцева мана. -Затоа што болницата од Охрид одби да ја прими! -Затоа што потоа директорката ти пиша дека не ја примиле зашто немале опрема и апарати за болни од Ковид 19! Свесен си дека за тоа се сноси одговорност!? Не политичка, не морална, туку поинаква, ама ти терај си со Жути таму, ете и Мијалков ти даде 50 000 евра во тестови. И крсти се дека и ВМРО веројатно нема да те гони за се ова ако дојде на власт! -Затоа што ги оставивте лекарите без опрема, што е кривично дело. Ти кажал некој дека имаш обврска со директорите да ги снабдиш вработените со заштитна опрема, а ако не го сториш тоа сносиш кривична одговорност ако поради тоа има последици или ги доведеш во ситауција да имаат последица? Ја знаеш заразената лекарка од Куманово? Сакаш други сведоштва дека лекарите сами си купуваа опрема? Знаеш дека тебе и директорите ве спасува само фактот што Љубомир Јовески е во некое од оние округлите топчиња лево и десно од џебовите на панталоните на твојот шеф Заев? -Затоа што многу, ама баш многу те интересираше твојот пи-ар, па певаљки ти нарачуваа аплаузи. Пази ја подлоста – ај ќе им аплаудираме на лекарите, што никој нема да одбие, ама попат и на Филипче. Бедно, мизерно, нели? Не се срамиш од тоа? Ама терај си, глеј си рејтингот, а тоа што после два месеци само еден пациент се врати од респиратор, тоа што имаш најмногу мртви по глава на жител во споредба со цела околина… тоа ќе му ја мислиме друг пат. Нели? -Затоа што ти печатеа стикери со Супермен Филипче, после се ова горе набројано. Што мислиш, народот будала е на таков министер да му верува? Или си велиш, имам голем рејтинг па ќе терам: Знаешдека и Конте во Италија во овој омент има поголем рејтинг иако му умреа 30 000 луѓе, земјата му е катастрофа и хаос? И знаеш дека тоа спласнува за само еден ден и дека тогаш ни ботовите по ФБ ни певаљките, ни шутраците нема да ти помогнат? -Затоа што ти печатеа насловна во бившиот весник на меко Бабуле новопечениот вмровец, демек само свети Филипче може да ја убие и да не спаси од короната. А во меѓувреме, се билдаше бројот на умрените! Мислиш луѓето не ј гледаат таквата мизерија? -Затоа што шутраци ти пееја некаква песна за корона, а после види чудо, таа се најде во автомобилот на другар ви Бојко! -Затоа што го намаливте полицискиот час после Велигден, а заради Рамазан (ене ти Бујарчо кај признава на 5 мај) го продлживте! -Затоа што твојот градоначалник од Гази Баба трчаше да ги вади оние од Ченто од полициска станица! -Затоа што, после тоа ќерката на Бугарската црква организира литија во Струга! И луѓето излегоа на литија, вклучително и твоите комуњари од Струга зашто одеднаш почна да ти го снемува вирусот кога шеф ти Заев процени дека треба да има избори! Браво Супермен! Ја уби короната! -Затоа што ортак ти е министерот Смрт, оној плачкото! -И знаеш уште зошто излегоа? Затоа што немате „такво“, туку ги мафтосувате луѓето и со ова во Струга за да ќарите некој поен. Ене ти го обвинителот сега, ваш е, нека тера кривична постапка. Допрва ќе гледаме циркус, знаеш нели? -И знаеш што? Ако луѓето не ти веруваат, тоа е твој пораз, зашто ти и кенгурот сте, односно бевте задолжени за нивното здравје. Пишува Дарко ЈАНЕВСКИ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-filipche-znaesh-zoshto-izlegoa-lugjeto-od-struga-na-litija/feed/ 0
МВР со детали за литијата во Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-litijata-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-litijata-vo-struga/#respond Fri, 08 May 2020 15:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=343622

Во врска со верската манифестација ЕРОДИЈА-ЛИТИЈА, што вчера од 15 до 18.30 часот се одржа во Струга а во чест на празникот Свети Ѓорѓија Победоносец“, ОВР Струга согласно предвидените безбедносни протоколи ги презеде сите неопходни безбедносни мерки и постапуваше во согласност со Владините мерки и протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19, информираат од МВР. -Во пресрет на верската манифестација, ОВР Струга презеде превентивни мерки кои имаа за цел доследно почитување на пропишаните мерки за превенција од ризикот по здравјето на граѓаните на општина Струга. На 04.05.2020 година, началникот на ОВР Струга, заедно со други претставници од полициската станица, одржа работен состанок со старешината на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, на која на старешината му беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со Корона вирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење прописно растојание. Старешината на црквата, ги запозна полициските претставници дека, навремено ќе информира за сите планирани активности пред и за време на одржувањето на Литијата и нагласи дека бил во постојан контакт со МПЦ-ОА. Исто така, старешината информира дека, во согласност со превентивните мерки, Литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на луѓе во текот на движењето. Со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан, ОВР Струга изготви оперативен план и во согласност со истиот, на 07.05.2020 година, изврши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св.Ѓорѓи“, во чиј двор беше забележана помала група верници кои имаа заштитни маски и беа на соодветно меѓусебно растојание. При движење на Литијата кон кејот и на шеталиштето, од споредните улици и од дворовите на приватните куќи, околу 17.30 часот, полициските службеници забележаа движење и приклучување на групи верници, додаваат од МВР. Од Министерството информираат дека иако, имаше обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката на што наидоа од вербална реакција и негодување од граѓаните, таа појава не беше возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на ситуацијата. Напоменуваме дека за разлика од минатогодишната литија каде имаше околу 10.000 верници, годинава регистрирано е присуство од околу 300 лица. ОВР Струга, натамошните мерки за целосна реализација на случајот ги води во координација со надлежното ОЈО а една од првите задачи е повторно средба со надлежните во црквата „Св.Ѓорѓија“ со цел идентификување на евентуални организатори на непредвиденото и ненајавеното приклучување на групите верници по што ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во расветлувањето на настанот, целосно е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-litijata-vo-struga/feed/ 0