литиум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Dec 2022 13:55:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png литиум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демостат: Условот на Србија за ископ на литиум – изградба на фабрика за батерии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demostat-uslovot-na-srbija-za-iskop-na-litium-izgradba-na-fabrika-za-baterii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demostat-uslovot-na-srbija-za-iskop-na-litium-izgradba-na-fabrika-za-baterii/#respond Sun, 04 Dec 2022 13:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=770827

Доколку во Србија се експлоатира литиум, Владата на Србија ќе треба да изградби фабрика за производство на батерии и фабрика за електрични автомобили, јави дописникот на МИА од Белград. – Србија нема да дозволи експлоатација на литиум само за да го извезе во други земји. Нема гаранции дека ќе се прекине соработката со Рио Тинто, но постои отворена можност државата да најде нов партнер, чиј углед нема да биде нарушен, како во случајот со британско-австралиската корпорација, која се соочи со неколку обвинувања за уништување животната средина на глобално ниво, пишува истражувачко-издавачкиот центар Демостат, повикувајќи се на свои извори. Пред да заживее проектот, според Демостат, компанијата што ќе работи на него ќе треба да поднесе Студија за оцена на влијанието врз животната средина, која треба да ги покаже релевантните податоци собрани од кредибилни институции за оцена на влијанието врз животната средина во долината Јадар (Лозница) и пошироко. – Државата никогаш не се откажа од ископувањето на литиум, туку го стопира проектот поради изборите во април. Сега јавноста полека се подготвува за заживување на проектот за ископ на руда во плодниот регион на западна Србија, против кој на крајот на минатата година се кренаа голем број граѓани, се додава во текстот. Од почетокот на војната во Украина, постои интерес од американски компании кои произведуваат батерии и електрични автомобили да инвестираат во Србија, а една од нив е и Ривиан, производител на електрични авантуристички возила, која во септември најави отворање на центар за истражување и развој во Белград. Извори на Демостат посочуваат дека тоа е главниот услов на државата да влезе во проектот за експлоатација на литиум и како што наведуваат, државата нема да се согласи на договор кој би подразбирал литиумот да се ископува во Србија, а потоа да се извезува за дополнително да се преработува во друга земја. – Србија ќе побара отворање на фабрики за производство на батерии и електрични автомобили, пишува Демостат. Како што се истакнува во текстот, доколку тоа не е Рио Тинто, има заинтересирани компании од Кина и Германија, кои би можеле да понудат затворање на целиот производствен круг. – Тоа значи дека и едните и другите имаат можност покрај рудникот да инвестираат во фабрика за литиумски батерии и фабрика за производство на електрични автомобили кои користат такви батерии, додава Демостат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demostat-uslovot-na-srbija-za-iskop-na-litium-izgradba-na-fabrika-za-baterii/feed/ 0
Литиумот може да го намали ризикот од деменција: Новото истражување дава надеж https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/litiumot-moze-da-go-namali-rizikot-od-demencija-novoto-istrazuvanje-dava-nadez/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/litiumot-moze-da-go-namali-rizikot-od-demencija-novoto-istrazuvanje-dava-nadez/#respond Tue, 22 Mar 2022 12:00:02 +0000 https://kurir.mk/?p=651327

Литумот е важен лек кој се користи во терапијата на биполарното пореметување и депресија. Според новaта научна студија која ја спровеле британски истражувачи, таа би можела да го смали ризикот од деменција. Истражувачите од Оделението за психијатрија при Универзитетот во Кембриџ ги анализирале податоците на скоро 30.000 пациенти постари од 50 години, од кои 548 на просечна старот од 74 години се лечени со литиум. На почетокот на студијата на никој не му била дијагностицирана деменција. Оние за кои било откриено дека земале литиум во минатото имале помала веројатност да развијат деменција подоцна. Во групата од 53 пациенти кои земале литиум, кај 9,7 отсто од нив е дијагностицирана деменција, додека кај многу поголема група на оние кои не земале литиум, кај 3.244 испитаници била дијагностицирана деменција. Зимајќи ги во предвид факторите како што се физичкото и менталното здравје, како и конзумирањето на цигари дошло до заклучок дека употребата на литиум е поврзана со помал ризик од деменција кај оние кои го користат подолго време. Научниците веруваат дека ова сугерира дека литиумот може да биде превентивен третман против ризикот од деменција, но тоа допрва треба да биде потврдено со идните поголеми рандомизирани и контролирани клинички испитувања. Литиумот порано бил предлаган на луѓе кои веќе имаа дијагностицирана деменција или рано конгнитивно оштетување, а новата студија е фокусирана на превентивна употреба на литиумот која го стабилизира расположението. - Прерано е да се каже за сигурно, но можно е литиумот да може да го смали ризикот од деменција кај луѓе со биполарно пореметување, вели водечкиот научник Др. Санкуан Чен. Пет проценти од населението над 65 години страда од деменција, а во возрасната група од 85 до 89 години процентот на оние со деменција достигнува 22. Симптомите се намалена интелектуална способност, ментална инерција, заборавеност, збунетост, анксиозност... Во завршната фаза, пациентите се поврзани со креветот, не можат нормално да комуницираат со околината и не можат да ги контролираат физиолошките потреби. Лековите кои моментално се користат може да го забават развојот на деменција, но, за жал, не влијаат на подобрување на постоечката состојба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/litiumot-moze-da-go-namali-rizikot-od-demencija-novoto-istrazuvanje-dava-nadez/feed/ 0