литургија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 06:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png литургија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поглаварите на МПЦ – ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј ќе одржат заедничка литургија во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=842061

По повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ - ОА г.г. Стефан и на СПЦ г.г. Порфириј придружувани од неколку епископи од двете цркви. Пред неколку дена МПЦ-ОА соопшти дека денеска во црквата Света Софија во Охрид ќе се одржи света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух. -Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид. Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Со денешното заедничко сослужување треба да се означи и заокружувањето на процесот на интеграција и формалното згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната охридска архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната охридска архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Ставањето крај на 55 годишниот меѓуцрковен спор, формално почна лани на 16 мај минатата година кога СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА, откако претходно на 9 мај со одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија, возглавен патријархот г. г. Вартоломеј, беше отстранета долгогодишната шизма наложена врз древнатa Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Соборот на Српската православна црква одобри канонско единство со МПЦ – Охридска архиепископија, прифаќајќи го „општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ доделен во 1959 година“, по што следуваше заедничка архијерејска литургија за воспоставување литургиско и канонско општење на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која сослужуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан. Архиепископот Стефан тогаш оцени дека овој настан „е правда за Охрид - словенскиот Ерусалим“. На втората заедничка литургија на двајцата поглавари, овој пат во Соборниот храм во Скопје на 24 мај, патријархот Порфириј упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, по што архиепископот Стефан кажа дека „дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест“. По ова на, 6 јуни патријархот Порфириј на архиепископот Стефан во Белград му врачи акт со кој се потврдува одлуката на СПЦ да ја одобри и да упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, најавувајќи дека документот ќе биде доставен и до другите православни црква. Во документот се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Архиепископот Стефан изрази надеж дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. -По благодатта Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 6 јуни, минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-mpts-oa-g-g-stefan-i-na-spts-g-g-porfirij-ke-odrzhat-zaednichka-liturgija-vo-ohrid/feed/ 0
СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград одржуваат литургија на помирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-i-mpc-oa-vo-soborniot-hram-sveti-sava-vo-belgrad-odrzuvaat-liturgija-na-pomiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-i-mpc-oa-vo-soborniot-hram-sveti-sava-vo-belgrad-odrzuvaat-liturgija-na-pomiruvanje/#respond Thu, 19 May 2022 05:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=678680

Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград денеска српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан ќе служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, однсно литургија на помирувањето, јави дописникот на МИА од Белград. Вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување. – Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави вчера портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј. Литургијата ќе почне денеска во девет часот, а ќе ја одржат српскиот патријархот Порфириј со владиците од СПЦ и архиепископот охридски и македонски Стефан и тројца митрополити во ранг на најстарите, во придружба на неколку нивни соработници. Во врска со денешното одржување на заедничката литургија, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј по седницата на Соборот на МПЦ-ОА вчера изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, што, според него, е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ. Тој потенцираше дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство со МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх. – Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, изјави митрополитот Тимотеј, додавајќи дека дека архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан му испратил писмо на вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое му се заблагодарува за неговиот чекор и ја потврдува поканата дека на Педесетница ќе патува во Цариград. Српскиот патријарх Порфириј вчера по средбата на епископите на СПЦ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за одлуката на Соборот на СПЦ за односите со МПЦ-ОА, изјави дека „со браќата од Македонија имавме раскол, тие се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо“. – Ние како СПЦ имавме 50 години раскол со браќата од Македонија, со браќата за кои можеме да кажеме дека ни се најблиски. Даде Господ, пред се со молитви, па и со жртвата која ја поднесе архиепископот Јован (Вранишковски) и другите во Охридската архиепископија, со молитвите и на оние кои се членови на Македонската православна црква, да дојдеме до она што е желба и на едните и на другите и да воспоставиме единство. Да се вратат браќата од Македонија во единство со нас, па и со сите други православни цркви, рече српскиот патријарх. На одржување на денешната литургија на двете цркви и претходеше завчерашната одлука на Соборот на СПЦ во која се наведува дека се „поздравува прифаќањето на општо признатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ, доделен во 1959 година“. Со ова, според српски извори е „решен спорот што датира од 1967 година кога Македонска православна црква се одвои од СПЦ“. Како што соопштија српските медиуми, со чинот на заедничка литургија ќе се воспостави литургиско и канонско единство на двете цркви, што симболично ќе означи заживување на одлуката на Светиот архиерејски синод на СПЦ, донесена во понеделник на 16 мај. Српските медиуми нагласуваат дека според „црковните кругови, иако Соборот на СПЦ ја донесе најважната одлука, нејзиното конкретизирање ќе продолжи во директни разговори меѓу Белград и Скопје за многу правни и црковни административни прашања важни за функционирањето на идната автономија на МПЦ и Охридската архиепископија, но дека првиот чекор е направен и сите останати ќе продолжат по одржување на Соборот на СПЦ“. Со ваквата одлука, МПЦ-ОА повеќе не е „расколничка црква“, но всушност и се признава само статусот на „автономна црква на СПЦ“, без гаранции дека некогаш ќе добие автокефалност, имајќи предвид дека за тоа, според Соборот на СПЦ, ќе биде потребен „општ православен консензус“, предупредуваат експертите во македонските медиуми. Вчера претседателот Стево Пендаровски упати писмо до неговата светост Вартоломеј, архиепископ на Цариград – Нов Рим и вселенски патријарх, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија. Во писмото претседателот Пендаровски оценува дека со примањето на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење е исправена историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници. Претседателот Пендаровски изрази надеж и очекување за скорешно конечно решавање на административниот статус на нашата Црква преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, истакнувајќи дека целосното заокружување на автокефалноста на нашата Црква е од врвен национален интерес, бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество. – Оттука, не е сеедно дали нашето единство со православниот свет ќе се темели врз живата реалност на нашата Црква или врз анахрони решенија, наметнати од надвор кои се спротивни на волјата на бројните верници. Имајќи го предвид историското и канонско право на Вселенската патријаршија, заедно со моите сограѓани од православна вероисповед искрено се надевам и го очекувам скорото конечно решавање на административниот статус на нашата Црква преку доделување на Томос за автокефалност од Ваша страна. Целосното заокружување на автокефалноста на нашата Црква е од врвен национален интерес за нас бидејќи отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија и напредок и помирување во македонското општество. На крај, Ваша Сесветост, ја користам оваа прилика Вам и на Светиот и Севишен Синод на Вселенската патријаршија да ви ги пренесам изразите на моето највисоко почитување, нагласува претседателот Стево Пендаровски. Светиот синод на Вселенската патријаршија на 9 мај донесе одлука за отстранување на повеќедецениската шизма наложена врз нашата црква, што подразбира дека Вселенската патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. – Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата божествена сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата Северна Македонија, го одлучи следново: Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален акт, се наведува во одлуката. Се додава дека се остава „на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“. Во одлуката се посочува и дека Вселенската патријаршија „како име на оваа Црква го признава Охридска, имајќи ја на ум како област на нејзина јурисдикција владението во границите на државата Северна Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-i-mpc-oa-vo-soborniot-hram-sveti-sava-vo-belgrad-odrzuvaat-liturgija-na-pomiruvanje/feed/ 0
Поглаварите на СПЦ и МПЦ во четврток во Белград ќе одржат заедничка литургија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-spc-i-mpc-vo-chetvrtok-vo-belgrad-kje-odrzat-zaednichka-liturgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-spc-i-mpc-vo-chetvrtok-vo-belgrad-kje-odrzat-zaednichka-liturgija/#respond Tue, 17 May 2022 12:06:13 +0000 https://kurir.mk/?p=677818

Српскиот патријарх Профирије и македонскиот архиепископ Стефан во петок (19 мај) ќе одржат заедничка литургија во храмот Сети Сава во Белград, објави српската новинска агенција Танјуг. Литургијата треба да поче во 9 часот, а ќе сослужуваат сите архиреји од двете цркви. Да потсетиме, Соборот на Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека за македонската црква го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, што ѝ бил доделен уште во 1959 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarite-na-spc-i-mpc-vo-chetvrtok-vo-belgrad-kje-odrzat-zaednichka-liturgija/feed/ 0
Мицкоски на божествена литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-bozestvena-liturgija-vo-soborniot-hram-sveti-kliment-ohridski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-bozestvena-liturgija-vo-soborniot-hram-sveti-kliment-ohridski/#respond Fri, 07 Jan 2022 08:35:10 +0000 https://kurir.mk/?p=616670

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје. Како што е најавено, по завршувањето на свечена божествена литургија по повод на Христовото раѓање – Божиќ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во 10 часот ќе даде изјава за медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-bozestvena-liturgija-vo-soborniot-hram-sveti-kliment-ohridski/feed/ 0
Владиките Петар и Агантел ја победија битката со коронавирусот – за Цветници одржале литургија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/#respond Tue, 27 Apr 2021 07:29:41 +0000 https://kurir.mk/?p=502611

Владиките г. Петар и г.Агатангел ја победија борбата со коронавирусот и за празникот Цветници служеле литургија, објави Религија.мк Владиката Петар се причестил и земал учество на Светата Божествена Литургија во која говорел и за неговото искуство со Ковид-19. -Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град, нашата Татковина и сиот свет. Од се срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за вашите Свети молитви за мене недостојниот.Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за Милистовиот Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение! Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!, посочил г. Петар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/feed/ 0
Во Грција за Велигден сепак ќе има литургија: Поради мерките наместо на полноќ ќе се одржи во 21 часот – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-za-veligden-sepak-kje-ima-liturgija-poradi-merkite-namesto-na-polnokj-kje-se-odrzi-vo-21-chasot-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-za-veligden-sepak-kje-ima-liturgija-poradi-merkite-namesto-na-polnokj-kje-se-odrzi-vo-21-chasot-eve-gi-detalite/#respond Tue, 20 Apr 2021 13:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=499837

Велигденската свечена литургија, оваа година во Грција, поради рестрикциите ќе се поместат и наместо на полноќ, ќе се одржат во 21 часот, согласно одлуките на Светиот синод на Грчката православна црква, јави дописничката на МИА од Атина. Светиот синод на ГПЦ денеска одржа состанок преку видеоконференција за работата на соборните храмови и црквите за време на велигденските празници и соопштуваат дека биле земени предвид постоечките рестрикции и ограничувањето на движењето на граѓаните, со оглед на тоа дека во Грција има полициски час од 21 часот, а велат дека со желба да им излезат во пресрет на верниците „на кои во никој случај не треба да им биде одземено учеството во радоста на Воскресението“, едногласно донеле одлуки. Воскресението на Велика сабота ќе биде во 21 часот, свечената манифестација ќе се одржи во дворовите на Соборните храмови и црквите и ќе следи Воскресена божествена литургија во самите храмови. Паралелно, литургиите во пресрет на Велигден се поместени за еден час порано. На денешниот состанок, исто така, било изразено задоволство што Соборните храмови и црквите, оваа година ќе бидат отворени за верниците. Со оглед на тоа што Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин, а полицискиот час започнува во 21 часот, веројатно е дека за Велигден, однсоно на Велика сабота, ќе биде скратен и ќе почне покасно. Начинот на кој ќе работат црквите за Велигден, вчера беше темата за која дискутираа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и поглаварот на ГПЦ, архиепископот Јеронимос, за време на нивниот разговор на свеченото отворање на изложба во Парламентот. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-za-veligden-sepak-kje-ima-liturgija-poradi-merkite-namesto-na-polnokj-kje-se-odrzi-vo-21-chasot-eve-gi-detalite/feed/ 0
Христос се роди – Храмовите за Божик полни со луѓе и покрај пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-se-rodi-hramovite-za-bozik-polni-so-lugje-i-pokraj-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-se-rodi-hramovite-za-bozik-polni-so-lugje-i-pokraj-pandemijata/#respond Thu, 07 Jan 2021 19:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=452727

Христос се роди навистина се роди. Овој празничен поздрав утринава ги исполни црквите во земјава. Граѓаните во солиден број дојдоа на божиќната служба и причест...Оваа година поради пандемијата, со заштитни маски на лицата и почитување на мерките колку што дозволуваат условите. Божикната литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Стефан се оддржа во Соборниот храм Св. Климент Охридиски. Тој порача во годината која е пред нас да го победиме злото и непријателството. Граѓаните кој и покрај пандемијата дојдоа да ги испочитуваат обичаите, посакаа следната година да има многу повеќе здравје за сите. Дел од нив велат и дека само со верба во бог може да се надмине ковидот. На литургијата присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоси кој повика на обединување.. Во сенка на пандемијата, без бадникови поворки и огнови се празнуваше и Бадник... Ова е прв да изостанат традиционалните прослави за Божиќ каде секоја година има голем број верници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-se-rodi-hramovite-za-bozik-polni-so-lugje-i-pokraj-pandemijata/feed/ 0
Спасовски и Мицкоски на литургија по повод Божик во Соборниот храм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-i-mickoski-na-liturgija-po-povod-bozik-vo-soborniot-hram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-i-mickoski-na-liturgija-po-povod-bozik-vo-soborniot-hram/#respond Tue, 07 Jan 2020 11:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=286424

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централната свечена божествена литургија по повод празникот Раѓањето Христово – Божик на која присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Премиерот Спасовски по завршувањето на литургијата во изјава за медиумите на сите граѓани кои денеска го слават Рождеството Христово им го честиташе празникот. Посочи дека ова е празник на чесноста, на храбри одлуки и активности на дело. – Токму преку овој празник можеме сите заедно да се препознаеме што е тоа што можеме да го направиме за себе, за нашата држава, за општото добро и за заедничкиот напредок. Токму христијанските празници се тие кои ја испраќаат силната порака, меѓутоа тоа се пораки и за сите граѓани на оваа наша држава. Тоа се пораки, пред се мотивирачки кои ќе придонесат секој самиот себеси да се спознае што е тоа што може да направи за колективното добро заради тоа што само на таков начин можеме да имаме колективна и заедничка среќа, рече Спасовски. Овие празници, нагласи премиерот, придонесуваат сите заедно во единство, сплотеност, слога, во солидарност да си посакаме здравје, среќа во семејствата, напредок во општеството и сето она што секој за себе го посакува во своето семејство, да биде на безбедно, да има мир, спокој, среќа, да посакаме да имаме на сите нас заедно. – Преку овие пораки кои денес се испраќаат токму на Рождеството Христово сите заедно да го дадеме својот придонес за колективното добро, заради тоа што тука заедно ќе ја пронајдеме нашата среќа. Христос се роди, за многу години. Честит празник на сите и добар празничен ден, додаде Спасовски. Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека првпат после многу години бадниковата паричка паднала кај него. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски на сите верници од православна вероисповед им ги честиташе новогодишните и божиќните празници и им посака многу здравје, бериќет, успеси во нивните семејства и да бидат среќни. Се разбира, посочи, човек кога е среќен е најзадоволен. – Позади нас е година на порази, следува година на победи. Тоа кое јас како божиќна порака сакам да го упатам до христијанските верници, но и сите останати граѓани на Република Македонија е да се почитуваат, да се разбираат меѓу себе, бидејќи самопочитувањето е она кое нас не прави побогати. Сето останато ќе си дојде. Почитувајте се, сакајте се, има надеж за оваа наша Македонија, а надежта допрва доаѓа, рече Мицкоски. Бадниковата паричка, додаде, паднала кај неговата сопруга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-i-mickoski-na-liturgija-po-povod-bozik-vo-soborniot-hram/feed/ 0
Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/litija-vo-skopje-vo-presret-na-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/litija-vo-skopje-vo-presret-na-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/#respond Thu, 20 Sep 2018 06:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=103399

Литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје. Прославувањето на празникот почнува вечер со богослужба во 17 часот, по што ќе продолжи со литија по улиците на Скопје. Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7.30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот. Рождество на Богородица Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја –  заштитничката на градот Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/litija-vo-skopje-vo-presret-na-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/feed/ 0