Литванија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 12:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Литванија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Литванија привремено затвора два гранични премини со Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-privremeno-zatvora-dva-granichni-premini-so-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-privremeno-zatvora-dva-granichni-premini-so-belorusija/#respond Wed, 16 Aug 2023 12:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=867451

Владата на Литванија денеска соопшти дека одлучила да затвори два од шесте гранични премини кон Белорусија поради зголемените тензии во односите со соседот. Два селски премини, кои не ги користеа комерцијалните возила, од петок ќе бидат затворени. Литванската влада информира дека ќе бидат затворени премините Тверециус и Сумскас, а сообраќајот ќе биде пренасочен кон граничниот премин Медининкаи, кој е најголем од шесте контролни пунктови во Литванија. Одлуката е донесена бидејќи Литванците се повеќе се загрижени за присуството на платеници од групата Вагнер, поврзани со Русија во Белорусија. Соседна Полска годинава ги затвори сите гранични премини со Белорусија освен еден, откако во таа земја беше затворен полски новинар и протерани полски дипломати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-privremeno-zatvora-dva-granichni-premini-so-belorusija/feed/ 0
Литванија, цел на кибернапади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-tsel-na-kibernapadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-tsel-na-kibernapadi/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=855036

Литванија, еден ден пред Самитот на НАТО во Вилнус, е цел на кибернапади, соопштија властите на балтичката држава. Кибернападите беа насочени кон веб-страниците на градот Вилнус, вклучувајќи туристички информации и апликација за јавен превоз. Литванскиот Национален центар за кибербезбедност соопшти дека соработува со разузнавачките агенции и полицијата, како и со странски партнери. Центарот објави дека вчера добил извештај за два кибер инциденти, вклучително и хакерски напад врз регионална радиостаница. Работата на таа станица беше прекината со дистрибуција на дезинформации за НАТО и Украина. И литванскиот телекомуникациски оператор Телија денеска извести дека имало хакерски напади врз литвански институции и јавни претпријатија преку мрежата Телеграм. Литванија утре и во среда ќе биде домаќин на Самитот на НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-tsel-na-kibernapadi/feed/ 0
Премиерот Ковачевски предводи владина делегација на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-kovachevski-predvodi-vladina-delegatsija-na-samitot-na-nato-vo-vilnus-litvanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-kovachevski-predvodi-vladina-delegatsija-na-samitot-na-nato-vo-vilnus-litvanija/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=855027

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, на 11 и 12 јули 2023 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Вилнус, Литванија. Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. На 11 и 12 јули претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе учествува на состаноците на шефови на држави и Влади членки на Северноатлантскиот совет, и поканетите шефови на држави и Влади на партнерски земји Австралија, Грузија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд како и претседателите на Европскиот совет и Европската комисија. На Самитот е предвидено да учествува и претседателот на Украина Володимир Зеленски. На Самитот на НАТО во престолнината на Литванија, Вилнус ќе се говори за ургентните безбедносни предизвици. Во фокус на состаноците на лидерите на Северноатлантскиот совет предвидено е да биде зајакнувањето на поддршката за Украина и зајакнувањето на врската на НАТО со Украина преку формирање на Советот НАТО-Украина. Лидерите ќе говорат за унапредување на одбранбените капацитети, споделување на обврските за снабдување со ресурси, како и нови одбранбени регионални планови и зајакнување на партнерствата. Во рамки на учеството на Самитот на НАТО, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерални средби со премиерката на Естонија Каја Калас и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. Во програмата се предвидени и неформални состаноци на министрите за одбрана и надворешни работи на кои ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска. На Самитот на НАТО премиерот Ковачевски ќе биде придружуван од сопругата Елена Ковачевска, која ќе има свои активности во рамки на програмата за сопружници во организација на Првата дама на Литванија, Дијана Науседа. Сопругата на претседателот на Владата, Елена Ковачевска ќе го посети Центарот за деца и жени бегалци од војната во Украина, каде ќе се сретне со Првата дама на Украина, Олена Зеленска. Во рамки на посетата, Ковачевска ќе присуствува и на настани посветени на литванската култура и уметност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-kovachevski-predvodi-vladina-delegatsija-na-samitot-na-nato-vo-vilnus-litvanija/feed/ 0
Летонија и Литванија побараа зајакнување на источното крило на НАТО од „Вагнеровците“ во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-i-litvanija-pobaraa-zajaknuvane-na-istochnoto-krilo-na-nato-od-vagnerovtsite-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-i-litvanija-pobaraa-zajaknuvane-na-istochnoto-krilo-na-nato-od-vagnerovtsite-vo-belorusija/#respond Tue, 27 Jun 2023 18:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=850238

Летонија и Литванија денеска апелираа до НАТО да ги зајакне нивните источни граници. Повикот доаѓа како одговор на стравувањата дека руската приватна воена компанија „Вагнер“, позната по војната во Украина и неуспешниот бунт во Русија, наскоро ќе основа нова база во Белорусија. Евгениј Пригожин, шеф на „Вагнер“, пристигна во Белорусија. Пристигнувањето беше договорено со посредство на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, со кој беше ставен крај на бунтот на платениците на „Вагнер“ во Русија минатата сабота. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на борците на „Вагнер“ ќе им се понуди можност да се преселат во Белорусија. -Мораме да го погледнеме овој потег од нов безбедносен агол. Запознаени сме со можностите на тие платеници, рече летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс за време на посетата на Париз со неговите колеги од Балтикот. Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, ја истакна брзината со која „Вагнер“ напредуваше кон Москва, возејќи стотици километри во еднодневната трка до главниот град. Според него, овој индикатор укажува дека одбраната на балтичките држави мора дополнително да се зајакне. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/letonija-i-litvanija-pobaraa-zajaknuvane-na-istochnoto-krilo-na-nato-od-vagnerovtsite-vo-belorusija/feed/ 0
Литванија донесе закон со кој на граничарите им се дозволува да ги враќаат мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-donese-zakon-so-koj-na-granicharite-im-se-dozvoluva-da-gi-vrakaat-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-donese-zakon-so-koj-na-granicharite-im-se-dozvoluva-da-gi-vrakaat-migrantite/#respond Tue, 25 Apr 2023 13:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=827456

Литванскиот парламент усвои закон со кој на граничарите им се дозволува да ги враќаат мигрантите кои илегално ја преминале границата. Нормативниот акт е донесен и покрај загриженоста на организациите за човекови права. „Во сегашниот геополитички контекст, немаме друга алтернатива: треба да се браниме и треба да ги имаме потребните средства за да го сториме тоа“, рече литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите во Парламентот. Она што е ново во законот е што предвидува можност мигрантите фатени како илегално ја минуваат границата да бидат вратени назад по проценка на граничарите. Според меѓународното право, мигрантите имаат право да аплицираат за азил и забрането е да бидат вратени на места каде што нивниот живот и здравје може да бидат загрозени. Од 2021 година, Литванија, Латвија и Полска имаат нагло зголемување на миграциските текови од земји како Ирак и Авганистан, влегувајќи преку Белорусија. Според трите земји, зголемениот миграциски проток се должи на хибридната војна во Минск, чија цел е да се изврши притисок врз ЕУ да го олесни режимот на санкции против Белорусија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-donese-zakon-so-koj-na-granicharite-im-se-dozvoluva-da-gi-vrakaat-migrantite/feed/ 0
Бикнијус: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biknijus-nema-neposredni-dokazi-deka-eksplozijata-na-gasovodot-shto-gi-povrzuva-litvanija-i-letonija-e-rezultat-na-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biknijus-nema-neposredni-dokazi-deka-eksplozijata-na-gasovodot-shto-gi-povrzuva-litvanija-i-letonija-e-rezultat-na-napad/#respond Fri, 13 Jan 2023 20:24:24 +0000 https://kurir.mk/?p=787092

Извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денеска соопшти дека нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад. – Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, рече Бикнеус на прес-конференција. Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија. На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во северна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/biknijus-nema-neposredni-dokazi-deka-eksplozijata-na-gasovodot-shto-gi-povrzuva-litvanija-i-letonija-e-rezultat-na-napad/feed/ 0
Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-im-zabranuva-na-rusite-i-na-belorusite-da-poseduvaat-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-im-zabranuva-na-rusite-i-na-belorusite-da-poseduvaat-oruzje/#respond Thu, 22 Dec 2022 19:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=779314

На руските и на белоруските граѓани во Литванија ќе им биде забрането да поседуваат огнено оружје, според новиот Закон усвоен денеска од литванскиот Парламент. Новата легислатива што ќе стапи на сила од 1 април следната година, има за цел да спречи формирање оружени групи, што би се спротивставиле на властите во случај на немири во земјата. Според информациите презентирани во Парламентот, 294 руски и 46 белоруски државјани во моментов поседуваат дозволи за оружје. Откако ќе стапи во сила законот, тие ќе имаат рок од една година да го продадат оружјето или да го предадат на полицијата. Дозволите за поседување ќе им бидат укинати. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-im-zabranuva-na-rusite-i-na-belorusite-da-poseduvaat-oruzje/feed/ 0
За Хрватска и Литванија важно е да се продолжи со силната поддршка за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-hrvatska-i-litvanija-vazno-e-da-se-prodolzi-so-silnata-poddrshka-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-hrvatska-i-litvanija-vazno-e-da-se-prodolzi-so-silnata-poddrshka-za-ukraina/#respond Fri, 07 Oct 2022 18:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=742628

Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис и шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Вилнус истакнаа дека е важно да се продолжи со силната поддршка за Украина, јавија дел од хрватските медиуми. Двајцата ги осудија „незаконските референдуми во окупираните подрачја на Украина и одлуката на Русија незаконски да ги припои“, наведуваат медиумите. Според нив, важно е да се одржат единството и солидарноста при решавањето на енергетските прашања и зголемувањето на целосната стратешка отпорност на Европската унија. Пред својот колега, Грлиќ Радман ги изнесе хрватските ставови за неодамнешните избори во Босна и Херцеговина. Се зборуваше и за ситуацијата на Западен Балкан, а Грлиќ Радман изјави дека е важно западно балканските земји да покажат резултати во развојот на добрососедските односи и усогласувањето на нивните политики со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-hrvatska-i-litvanija-vazno-e-da-se-prodolzi-so-silnata-poddrshka-za-ukraina/feed/ 0
Литванија елиминирана од Евробаскет,Шпанија во четвртфиналето https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/litvanija-eliminirana-od-evrobasket-shpanija-vo-chetvrtfinaleto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/litvanija-eliminirana-od-evrobasket-shpanija-vo-chetvrtfinaleto/#respond Sun, 11 Sep 2022 07:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=731206

Кошаркарите на Шпанија вечерва во Берлин победија по голема драма и продолженија против селекцијата на Литванија со резултат 102:94 и се пласираа во четвртфиналето на Евробаскетот. Првиот дел носи прилично изедначена кошарка. Репрезентациите имаа свои периоди на игра во кои играа подобро, а по 10 минути игра Литванија имаше бод предност 20:19. Браун натпреварот го заврши со 28 поени и осум асистенции, Вили Ернангомез додаде 21 поен и 8 скока, а Хуанчо Ернангомез и Руди Фернандез постигнаа по 13 поени.

Кај Литванија се истакнаа Миндаугас Кузминскас со 18 поени, Браздеикис со 17, а по 15 дадоа Сабонис и Лекавичиус.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/litvanija-eliminirana-od-evrobasket-shpanija-vo-chetvrtfinaleto/feed/ 0
ЕВРОБАСКЕТ: Словенија ја совлада Литванија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evrobasket-slovenija-ja-sovlada-litvanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evrobasket-slovenija-ja-sovlada-litvanija/#respond Thu, 01 Sep 2022 20:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=727461

Кошаркарската селекција на Словенија со победа од 92:85 во дуелот од Групата Б на Европското првенство во Келн, ја започнаа одбраната на титулата освоена пред пет години. Предводени од моментално најдобриот европски кошаркар Лука Дончич, Словенците поголемиот дел од мечот го минаа во тесно водство, којашто на неколкупати во првото полувреме дојде до највисоките седум поени, но литванските играчи во завршниците од четвртините наоѓаа начини да израмнат или да му се приближат на противникот. На почетокот од последната четвртина Литванија ја искористи лошата серија на Словенците во нападот и во 34 минута дојде до пет поени предност 78:73. Но, благодарејќи на НБА ѕвездите Лука Дончич и Горан Драгич и натурализираниот Американец Мајк Тобеј, Словенија во следните пет минути постигна 15 поени а прими само три, во што им помогнаа и самите Литванци кои направија неколку грешки во нападот. Тобеј со 24 коша и осум скокови беше најдобар кај Словенија, Драгич постигна 19 коша, а Дончич и покрај лошиот шутерски ден – четири од 11 обид од поле и една од осумте обиди за „тројка“, дојде 14 поени, 10 асистенции и шест скокови. Кај Литванија најдобри беа Мингауггас Кисминскас со 19 кошеви и Мариус Григонис со 18 коша. Во првиот натпревар од оваа група Босна и Херцеговина со 95:85 беше подобра од Унгарија, а од 20,30 часот играат Германија и Франција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/evrobasket-slovenija-ja-sovlada-litvanija/feed/ 0