лиз трас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Dec 2022 16:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лиз трас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гардијан: Траги од кокаин откриени во домот на поранешната британска премиерка Лиз Трас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-tragi-od-kokain-otkrieni-vo-domot-na-poraneshnata-britanska-premierka-liz-tras/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-tragi-od-kokain-otkrieni-vo-domot-na-poraneshnata-britanska-premierka-liz-tras/#respond Sat, 17 Dec 2022 16:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=777041

Траги од дрога биле пронајдени во домот на британската политичарка Лиз Трас по забавите на кои присуствувале нејзините политички сојузници, објави Гардијан. Според изворите, белиот прав бил откриен на имотот минатото лето во деновите пред Трас да победи во трката за лидер на Ториевците и да стане премиерка на Велика Британија. Еден член на персоналот тврдел дека го тестирал прашокот со помош на брис што ја менува бојата кога е во контакт со кокаин, а тоа укажувало на присуство на дрога. Поседувањето кокаин е кривично дело кое може да доведе до затвор до седум години или неограничена парична казна, посочува Гардијан. Одделни извори опишуваат дека биле пронајдени слични траги во канцелариите на Даунинг стрит бр. 10 по две забави одржани кога Борис Џонсон беше премиер. Лицата кои работеле на имотот на Трас рекоа дека двапати пронашле траги од бел прав на страничната маса во собата за билијард, каде што е познато дека Трас ги забавувала гостите во домот во Кент. Трас, тогашна министерка за надворешни работи, беше домаќин на собир во домот од 17 век за време на викендот од 19 до 21 август, кога нејзината лидерска кампања беше во полн ек. Во текот на викендот од 2 до 4 септември се одржа уште еден собир. На двата викенда присуствуваа голем број политички сојузници, додава Гардијан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-tragi-od-kokain-otkrieni-vo-domot-na-poraneshnata-britanska-premierka-liz-tras/feed/ 0
Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tras-beshe-na-vlast-45-dena-do-krajot-na-zivotot-kje-dobiva-115-000-funti-godishno-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tras-beshe-na-vlast-45-dena-do-krajot-na-zivotot-kje-dobiva-115-000-funti-godishno-od-drzavata/#respond Fri, 21 Oct 2022 07:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=748755

По само 45 дена на функцијата како премиерка на Велика Британија, Лиз Трас ги исполнува условите за годишен надомест од 115.000 фунти до крајот на својот живот. Според владата, на сите поранешни премиери им е обезбеден годишен надоместок од наведениот износ. За да ги исполнувате условите за надоместокот, само треба да се биде поранешен премиер, што значи дека Трас ги исполнува условите, и покрај тоа што е премиер со најкраток стаж во историјата на земјата. Таа вчера поднесе оставка од функцијата британски премиер по само 45 дена. Трас имаше најкраток мандат – втор најкраток мандат го имал Џорџ Канинг, чија премиерска функција траела 118 дена пред да почине ненадејно во 1827 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tras-beshe-na-vlast-45-dena-do-krajot-na-zivotot-kje-dobiva-115-000-funti-godishno-od-drzavata/feed/ 0
Се огласи Бајден по оставката на Лиз Трас: „САД и Британија се долгорочни сојузници и пријатели“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-bajden-po-ostavkata-na-liz-tras-sad-i-britanija-se-dolgorochni-sojuznici-i-prijateli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-bajden-po-ostavkata-na-liz-tras-sad-i-britanija-se-dolgorochni-sojuznici-i-prijateli/#respond Thu, 20 Oct 2022 16:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=748574

САД и Велика Британија се долгогодишни сојузници и нивните силни односи ќе траат, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден, откако британската премиерка Лиз Трус објави дека поднесува оставка. - САД и Велика Британија се силни сојузници и трајни пријатели и тој факт никогаш нема да се промени, рече Бајден во изјавата, пренесе Ројтерс. Тој ѝ се заблагодари на британската премиерка Лиз Трус за нејзиното партнерство за низа прашања, вклучително и сметањето на Русија одговорна за војната против Украина.
- Ќе продолжиме тесно да соработуваме со владата на ОК додека работиме заедно за да се соочиме со глобалните предизвици, рече Бајден во изјавата. Да потсетиме, британската премиерка Лиз Трус денеска поднесе оставка, по 45 дена на функцијата премиер на Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-bajden-po-ostavkata-na-liz-tras-sad-i-britanija-se-dolgorochni-sojuznici-i-prijateli/feed/ 0
Макрон очекува брзо да биде вратена стабилноста во Велика Британија по оставката на Трас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ochekuva-brzo-da-bide-vratena-stabilnosta-vo-velika-britanija-po-ostavkata-na-tras/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ochekuva-brzo-da-bide-vratena-stabilnosta-vo-velika-britanija-po-ostavkata-na-tras/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=748529

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека Велика Британија што поскоро ќе ја врати стабилноста, како негова прва реакција по денешната оставка на Лиз Трас на премиерската функција. Таквата стабилност е „добра за нас и добра за Европа,” рече францускиот претседател при неговото пристигнување на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел. Макрон истакна дека меѓу Франција и Британија изминатите седмици биле изградени „добри работни односи“, како и дека тукушто имал разговор со Трас. Францускиот претседател сепак одби да дад е конкретен коментар за нејзината оставка. Односите меѓу Франција и Велиа Британија беа обременети последните неколку години, поради несогласувања по прашања околу миграцијата, рибиловот, како и Брегзит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-ochekuva-brzo-da-bide-vratena-stabilnosta-vo-velika-britanija-po-ostavkata-na-tras/feed/ 0
Неколку кандидати за наследник на Трас – Сунак, Мордоунт, Хант, но и Борис Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-kandidati-za-naslednik-na-tras-sunak-mordount-hant-no-i-boris-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-kandidati-za-naslednik-na-tras-sunak-mordount-hant-no-i-boris-dzonson/#respond Thu, 20 Oct 2022 14:02:51 +0000 https://kurir.mk/?p=748498

Оставката на британската премиерка и лидерка на Конзервативната партија, Лиз Трас, е голем удар за партијата која под водство на нејзиниот претходник Борис Џонсон, извојува убедлива победа на изборите во декември 2019 година. Нови партиски избори меѓу ториевците ќе се оддржат многу брзо, а Трас при соопштувањето на оставката, денеска, најави дека конзервативците веќе следната недела ќе имаат нов лидер.
Меѓу луѓето кои би можеле да се кандидираат се Риши Сунак и Пени Мордоунт, противници кои загубија токму од Трас на последните внатрепартиски избори, како и Џереми Хант, актуелниот министер за финансии кој на функцијата дојде минатиот петок. Не и исклучено ниту потенцијалното враќање на Борис Џонсон во политиката, а некои од неговите сојузници во партијата во последните недели тврдеа дека неговата смена била грешка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-kandidati-za-naslednik-na-tras-sunak-mordount-hant-no-i-boris-dzonson/feed/ 0
Заминувањето на Лиз Трас ја турка Британија во подлабок хаос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaminuvanjeto-na-liz-tras-ja-turka-britanija-vo-podlabok-haos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaminuvanjeto-na-liz-tras-ja-turka-britanija-vo-podlabok-haos/#respond Thu, 20 Oct 2022 13:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=748472

Заминувањето на Лиз Трас како премиер обезбедува нова борба за моќ во владејачката Конзервативна партија, која ја загуби поддршката од јавноста во текот на изминатата година и сега ги симна од власт Борис Џонсон и Лиз Трас за само неколку месеци. Голем број пратеници од конзервативците ја повикаа да си замине, а Трас конечно денеска се поклони на притисокот. Обединетото Кралство сега се соочува со перспектива трет, различен лидер да ја преземе функцијата од последните општи избори, сценарио без преседан во современото мирно време, кое ќе покрене сериозни прашања за мандатот на владата и ќе ја зголеми се поголемата врева за ново гласање. Тоа е спектакуларен „пад од благодатта“ за партијата која извојува убедлива победа под водство на Џонсон на изборите во декември 2019 година, кои беа освоени со ветувањето на тогашниот лидер дека ќе го исполни Брегзит.
Наскоро ќе се одржи нов натпревар за лидерство по забрзан распоред, а Трас рече дека нов лидер ќе биде избран во рок од една недела. Меѓу оние кои би можеле да бидат во трката се Риши Сунак, поранешната канцеларка која загуби од Лиз Трус во летната трка; Пени Мордант, лидерот на Комонс, кој беше втор во лидерската трка зад Сунак додека Трас не ги престигна и двајцата во последниот круг на гласање, и Џереми Хант, актуелниот министер за финансии на кого Трас му се обрати откако ја разреши Квартенг во петокот. И потенцијалното враќање во политиката на првата линија на Борис Џонсон не е исклучено, при што некои од сојузниците на Џонсон во Заедницата тврдеа во последните недели дека потегот за негово отстранување е грешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaminuvanjeto-na-liz-tras-ja-turka-britanija-vo-podlabok-haos/feed/ 0
Британската премиерка Трас поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-premierka-tras-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-premierka-tras-podnese-ostavka/#respond Thu, 20 Oct 2022 12:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=748446

Лиз Трас вчера објави дека се повлекува од премиерската функција зашто „не била во можност да ги спроведе политиките од владината програма“ Таа објави дека го информирала кралот Чарлс Трети дека се повлекува од челото на Конзервативната партија, отворајќи пат да биде избран нејзин наследник и во партијата и во владата. Трас објави дека ќе остане премиерка до изборот на нејзиниот наследник, што очекува да се случи „во следната недела“. – Разбирам дека во ваква ситуација не можам да го испорачам мандатот за кој бев избрана од Конзервативната партија – изјави Трас во кусо обраќање пред резиденцијата на Даунинг 10.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-premierka-tras-podnese-ostavka/feed/ 0
Лиз Трас- од триуф до дебакл за шест недели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-tras-od-triuf-do-debakl-za-shest-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-tras-od-triuf-do-debakl-za-shest-nedeli/#respond Mon, 17 Oct 2022 06:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=746208

Откако нејзината либертаријанска економска политика предизвика финансиска криза и итна интервенција на централната банка, британската премиерка Лиз Трас сега се соочува со бунт во сопствената партија што може да ја чини функцијата. Кога Лиз Трас се кандидираше за премиер на Велика Британија ова лето, еден сојузник предвиде дека нејзините први недели на функцијата ќе бидат турбулентни. Сепак, малкумина беа подготвени за волку врева и бес – најмалку Лиз Трас. За само шест недели, либертаријанската економска политика на премиерката предизвика финансиска криза, итна интервенција на централната банка, бројни пресврти и разрешување на нејзиниот министер за финансии, посочува агенцијата Асошиетед прес, пренесува Вијести Сега Трас се соочува со бунт во владејачката Конзервативна партија што сериозно го загрозува нејзиното останување на функцијата. Конзервативниот пратеник Роберт Халфон вчера налутено рече дека во изминатите неколку недели „следат хорор приказни една по друга“. „Владата изгледа како либертаријански џихадисти и ја третира целата земја како некој вид лабораториски глушец врз кој може да спроведе експерименти на ултра, ултра слободниот пазар, изјави тој за Скај Њуз. Сепак, не може да се каже дека конзервативците не биле предупредени, посочува АП и додава дека летово, пред гласањето за лидер на партијата, Трас себеси се нарече „нарушувач“ која ќе ја доведе во прашање „ортодоксната“ економија. Таа вети дека ќе ги намали даноците и бирократијата и ќе го поттикне растот на забавената британска економија. Нејзиниот ривал, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, тврдеше дека би било несовесно веднаш да се намалат даноците поради економските шокови предизвикани од пандемијата и војната во Украина. Сепак, 172.000 членови на Конзервативната партија – кои се главно постари и побогати – ја претпочитаа визијата за раст презентирана од Лиз Трас. Таа освои 57 отсто од гласовите и на 5 септември стана лидер на владејачката партија. Следниот ден, таа беше назначена за премиер од страна на кралицата Елизабета Втора, во една од нејзините последни должности пред да почине на 8 септември. Првите денови на Лиз Трас како премиерка беа засенети од националната жалост поради смртта на кралицата. Потоа, на 23 септември, министерот за финансии Кваси Квартенг го објави економскиот план што тој и Трас го подготвија. Вклучуваше 45 милијарди фунти даночни намалувања – вклучително и даночни намалувања за оние кои заработуваат најмногу – без придружна проценка за тоа како владата ќе плати за тоа. Трас всушност го направи она што таа и нејзините сојузници го најавија. Шефот на Либертаријанскиот истражувачки центар, Марк Литлвуд, предвиде дека летово ќе има „искра“ бидејќи новиот премиер инсистира на економски реформи со „апсолутно вроглава брзина“. Сепак, обемот на објавата ги изненади финансиските пазари и политичките експерти. – Многумина од нас погрешно очекуваа таа да забави по победата, како што прават многу претседатели, изјави за АП Тим Бејл, професор по политички науки во Лондон. – Сепак, таа не го направи тоа. Таа навистина мислеше сè што зборуваше“. Фунтата падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, а трошоците за задолжување на државата се зголемија. Банката на Англија беше принудена да се вклучи за да купи државни обврзници и да спречи финансиската криза да се прелее во пошироката економија. Централната банка, исто така, предупреди дека каматните стапки ќе треба да се зголемат уште побрзо од очекуваното за да се запре инфлацијата, која се движи на околу 10 проценти, оставајќи милиони сопственици на имоти да се соочат со зголемен хипотекарен долг. Џил Ратер од Институтот за влада рече дека Трас и Квартенг направиле серија „неиспровоцирани грешки“ во нивниот економски пакет. „Тие не требаше толку јасно да го покажат својот презир кон финансиските институции“, рече таа. „Мислам дека можеа да ги следат советите. Мислам и дека една од работите каде што згрешија е што најавија еден дел од пакетот, намалување на данокот – без трошење, што би било другата страна на равенката“. Како што реакцијата стануваше посилна, Трас почна да исфрла делови од пакетот во обид да ги смири партијата и пазарите. Даночните намалувања за оние кои заработуваат најмногу беа напуштени за време на годишната конференција на Конзервативната партија кога партијата се побуни. Тоа не беше доволно. Во петокот, Трас го разреши Квартенг, нејзиниот долгогодишен пријател и сојузник, и го назначи Џереми Хант, кој беше секретар за здравство и министер за надворешни работи во конзервативните влади на Дејвид Камерон и Тереза ​​Меј. Премиерката на кратката прес-конференција призна дека дејствијата на „нашиот мини-буџет отишле подалеку и побрзо отколку што очекуваа пазарите“. Таа го промени планираното намалување на корпоративниот данок, со цел да ги „воведе пазарите во нашата фискална дисциплина“. Трас останува премиер по функција, но владината моќ се префрли на Хант, кој навести дека планира да укине голем дел од нејзиниот преостанат економски план кога ќе го достави својот буџетски извештај на 31 октомври. Тој рече дека зголемувањето на даноците и намалувањето на јавната потрошувачка ќе бидат неопходни за да се врати фискалниот кредибилитет на владата. Сепак, Хант вчера инсистираше: „Премиерката и натаму е главна“. – Таа слуша. Таа се смени. Таа е подготвена да го направи најтешкото нешто во политиката, а тоа е да го промени правецот, изјави Хант за Би-Би-Си. Конзервативната партија има големо мнозинство во парламентот и теоретски има две години до парламентарните избори. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека конзервативците ќе бидат „збришани“ на изборите и дека Лабуристичката партија ќе освои големо мнозинство. Конзервативните пратеници се обидуваат да одлучат дали ќе се обидат да го сменат лидерот по втор пат во една година. Во јули, партијата го разреши премиерот Борис Џонсон, кој ги доведе до изборна победа во 2019 година. Сега многумина од нив жалат за изборот на неговата замена. Агенцијата АП потсетува дека според партиските правила, Трас е безбедна од смена од партијата една година, но некои конзервативни пратеници сметаат дека таа може да биде принудена да поднесе оставка доколку партијата се договори за наследник, пренесува Вијести. Поразениот ривал Сунак, лидерот на Долниот дом Пени Мордант и популарниот секретар за одбрана Бен Валас се меѓу кандидатите споменати како потенцијални замени. И Џонсон, кој остана пратеник, има свои поддржувачи. Заменик-министерот за финансии Ендрју Грифит вчера изјави дека на Трас треба да и се даде шанса да се обиде да го врати редот. – Ова е време кога ни треба стабилност, изјави тој за Скај Њуз. – Луѓето дома си ја корнат косата поради неизвесноста. Сакаат компетентна влада која си ја врши работата, заклучи Грифит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liz-tras-od-triuf-do-debakl-za-shest-nedeli/feed/ 0
Разрешениот Квартенг предвидува краток мандат на премиерката Трас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheniot-kvarteng-predviduva-kratok-mandat-na-premierkata-tras/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheniot-kvarteng-predviduva-kratok-mandat-na-premierkata-tras/#respond Sat, 15 Oct 2022 10:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=745663

Во петокот разрешениот британски министер за финансии Кваси Квартенг, кој се смета за автор на контроверзниот план за спас на економијата на Обединетото Кралство, верува дека премиерката Лиз Трас ќе биде сменета од нејзината функција за неколку седмици, речиси два месеца од добивањето на мандатот, пишува The Times. „Квартенг верува дека спротивните буџетски одлуки на Трас и неговото разрешување од должноста веројатно нема да бидат доволни за да ја спасат (премиерката Трас) од оставка“, пишува весникот цитирајќи неименувани извори. Во написот на The Times, исто така, се забележува дека на такво мислење не е само Квартенг, туку и други владини претставници од Даунинг стрит, според коишто смената на Трас од функцијата е „само прашање на време“. Квартенг беше именуван за министер за финансии на почетокот од септември, откако Трас победи за изборот на нов челник на владејачката Конзервативна партија, следствено и за нов шеф на британската влада. Две ипол седмици подоцна министерот во парламентот го претстави планот за поддршка на економијата, кој предвидуваше големи даночни намалувања, особено кај оние со најголеми приходи. Тоа предизвика превирања на пазарите, а владата на Трас се соочи со бројни критики поради стравувањата дела таквата политика ќе доведе до зголемување на јавниот долг. По објавувањето на планот на Квартенг, приносите на петгодишните државни обврзници на Велика Британија се искачија на нивото од 2008 година на 4,6 отсто, што значи намалување на нивната побарувачка. Фунтата притоа остро падна и го достигна историски најниското ниво од 1,054 долари за фунта. За да ги примири пазарите и инвеститорите, Трас во петокот го именуваше поранешниот министер за надворешни работи Џереми Хант за нов министер за финансии, откако во драматичен расплет го смени Кваси Квартенг, што во медиумите се коментира како знак за промена во политиката. Изборот на Хант, кој беше приврзаник на нејзиниот ривал Риши Сунак во борбата за челник на владејачката Конзервативна партија и следствено за заменик на Борис Џонсон на чело на владата, се смета за обид за обновување на стабилноста по повеќенеделните превирања поради мини-буџетот кој сега му се припишува на Квартенг што ги преплаши финансиските пазари со планираното големи намалувања на даноците кои ги плаќаат оние со најголеми приходи. Покрај тоа, именувањето на Хант се смета и обид на Трас да ги придобие своите критичари меѓу Ториевците кои се чувствуваат исклучени откако владата ја пополни со своите приврзаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheniot-kvarteng-predviduva-kratok-mandat-na-premierkata-tras/feed/ 0
На чуден начин ја поздрави премиерката на Британија, па стана хит во целата земја – кралот Чарлс буквално ја остави со отворена уста Трас (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-chuden-nachin-ja-pozdravi-premierkata-na-britanija-pa-stana-hit-vo-celata-zemja-kralot-charls-bukvalno-ja-ostavi-so-otvorena-usta-tras-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-chuden-nachin-ja-pozdravi-premierkata-na-britanija-pa-stana-hit-vo-celata-zemja-kralot-charls-bukvalno-ja-ostavi-so-otvorena-usta-tras-video/#respond Fri, 14 Oct 2022 13:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=745379

Во средата вечерта, Чарлс Трети се сретнал со премиерката Лиз Трас, а кралот набрзо стана главна тема на коментарите на социјалните мрежи поради начинот на кој ја поздравил премиерката. Трас му се поклонила на Чарлс со зборовите: „Ваше височество“, а Чарлс ѝ рекол: „Повторно сте тука. „Тоа е големо задоволство“, рекла Трус. „Драга, ох драга. Како и да е“, продолжил Чарлс. Видеото од оваа средба брзо стана вирално, а оние кои го видоа видеото меѓу другото коментираа дека премиерката Трас сигурно се запрашала што се случува кога Чарлс вака ѝ се обратил. Иако како што може да се заклучи од видеото, да се работело за некој друг немаше да се дигне толку голема врева околу пречекот што ѝ го приредил Чарсл на премиерката, сепак оваа средба привлече толкаво внимание бидејќи сепак станува збор за официјална средба , а секоја постапка на кралот Чарлс е под лупата на јавноста. Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната година во лондонската Вестминстерска опатија. Новиот монарх најави помалку раскошна монархија под неговата палка, а крунисувањето ќе биде првиот показател за тоа. Тој најави дека неговото крунисување ќе биде поскромно од крунисувањето на Елизабета Втора, кое траеше три часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-chuden-nachin-ja-pozdravi-premierkata-na-britanija-pa-stana-hit-vo-celata-zemja-kralot-charls-bukvalno-ja-ostavi-so-otvorena-usta-tras-video/feed/ 0