љубе бошкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 14:38:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубе бошкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсените за грабнувањето на внукот на Бошкоски остануваат во притвор, еве што велат од обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsenite-za-grabnuvaneto-na-vnukot-na-boshkoski-ostanuvaat-vo-pritvor-eve-shto-velat-od-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsenite-za-grabnuvaneto-na-vnukot-na-boshkoski-ostanuvaat-vo-pritvor-eve-shto-velat-od-obvinitelstvo/#respond Mon, 13 Mar 2023 14:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=811426

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​ Станува збор за случајот со грабнување на Самоил Костадиновски, кој за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Тој е внук на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uapsenite-za-grabnuvaneto-na-vnukot-na-boshkoski-ostanuvaat-vo-pritvor-eve-shto-velat-od-obvinitelstvo/feed/ 0
Два дена притвор за осомничените за грабнувањето на внукот на Бошкоски, однесени се во затворот во Шутка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-dena-pritvor-za-osomnichenite-za-grabnuvaneto-na-boshkoski-odneseni-se-vo-zatvorot-vo-shutka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-dena-pritvor-za-osomnichenite-za-grabnuvaneto-na-boshkoski-odneseni-se-vo-zatvorot-vo-shutka/#respond Thu, 09 Mar 2023 20:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=810174

Притвор добија двете лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Судија од Кривичен суд го прифатил предлогот даден од скопското Обвинителство, па лицата со иницијали В.М. и С.Ч. ќе останат два дена во затворот „Скопје“ во Шутка. Двете лица се осомничени за кривично дело грабнување. Повеќе детали од институциите не се споделуваат, а со оглед дека истрагата е во тек. Засега непознато е и дали МВР успеа да го лоцира Костадиновски, кој пет дена се води како исчезнат. Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето беше пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Гласините и информациите допреа до Обвинителството, со што се потврдува дека грабнување имало. Изминатите денови се појавија и информации дека Костадиновски е грабнат од криминална група од Албанија и Турција – но ова остана непотврдено од институциите. Шпекулациите беа дека се работи за нерасчистени односи кои тој ги имал со тие лица. Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Потоа, беа земени снимки од безбедносни камери, информации од очевидци, а беа сослушани и лица од кои беше можно да се добијат повеќе информации. 26-годишното момче, Самоил Костадинов е внук од брат на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски. Таа за неколку медиуми веќе има изјавено дека е потресена од целото случување. Ниту таа, ниту семејството, немаат детали информации што се случило со скопјанецот, освен раскажувањата од негови пријатели.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-dena-pritvor-za-osomnichenite-za-grabnuvaneto-na-boshkoski-odneseni-se-vo-zatvorot-vo-shutka/feed/ 0
СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО – овие две лица знаат многу повеќе од сите нас за киднапирањето на внукот на Бошкоски, се бара веднаш да бидат притворени! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odmotuva-klopcheto-ovie-dve-litsa-znaat-mnogu-poveke-od-site-nas-za-kidnapiraneto-na-vnukot-na-boshkoski-se-bara-vednash-da-bidat-pritvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odmotuva-klopcheto-ovie-dve-litsa-znaat-mnogu-poveke-od-site-nas-za-kidnapiraneto-na-vnukot-na-boshkoski-se-bara-vednash-da-bidat-pritvoreni/#respond Thu, 09 Mar 2023 18:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=810140

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава „Макфакс“. Извори од Кривичен суд, додаваат дека осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот. Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето беше пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Гласините и информациите допреа до Обвинителството, со што се потврдува дека грабнување имало. Изминатите денови се појавија и информации дека Костадиновски е грабнат од криминална група од Албанија и Турција – но ова остана непотврдено од институциите. Шпекулациите беа дека се работи за нерасчистени односи кои тој ги имал со тие лица. Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Потоа, беа земени снимки од безбедносни камери, информации од очевидци, а беа сослушани и лица од кои беше можно да се добијат повеќе информации. 26-годишното момче, Самоил Костадинов е внук од брат на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски. Таа за неколку медиуми веќе има изјавено дека е потресена од целото случување. Ниту таа, ниту семејството, немаат детали информации што се случило со скопјанецот, освен раскажувањата од негови пријатели.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odmotuva-klopcheto-ovie-dve-litsa-znaat-mnogu-poveke-od-site-nas-za-kidnapiraneto-na-vnukot-na-boshkoski-se-bara-vednash-da-bidat-pritvoreni/feed/ 0
НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ: Нови детали за исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neochekuvan-presvrt-novi-detali-za-ischeznatiot-vnuk-na-lube-boshkoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neochekuvan-presvrt-novi-detali-za-ischeznatiot-vnuk-na-lube-boshkoski/#respond Mon, 06 Mar 2023 17:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=808753

Полицијата и најблиските веќе четири дена го бараат Самоил Костадиновски, внук на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Последен пат бил виден пред чешката амбасада во Скопје, по што му се губи секоја трага. Сопругата на Бошскоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат. „Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале троица луѓе. Потоа кажале дека тоа се случоло кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен“, вели Бошкоска за ММС. Извор близок до истрагата открива дека неговото исчезнување го пријавил брат му. Официјално, никој од семејството во полиција не споделил информации дека се сомнева во киднапирање, ниту пак детали за негово евентуално внесување во автомобил, како што денес се објавува на социјалните мрежи, пишува „Фокус“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neochekuvan-presvrt-novi-detali-za-ischeznatiot-vnuk-na-lube-boshkoski/feed/ 0
Полицијата презема мерки за пронаѓање на исчезнатиот 26-годишен скопјанец кој се поврзува со Љубе Бошкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politsijata-prezema-merki-za-pronagane-na-ischeznatiot-26-godishen-skopjanets-koj-se-povrzuva-so-lube-boshkoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politsijata-prezema-merki-za-pronagane-na-ischeznatiot-26-godishen-skopjanets-koj-se-povrzuva-so-lube-boshkoski/#respond Mon, 06 Mar 2023 12:34:33 +0000 https://kurir.mk/?p=808626

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“ Љубе Бошкоски. Од вчера се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето кое се води како исчезнато, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“, што ја организираше Министерството за труд и социјална политика. Според апелот на социјалните мрежи за пронаоѓање на 26-годишното момче, трагата му се губи кај Амбасадата на Чешка во Скопје. Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен. -На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26), се наведува во полицискиот билтен.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politsijata-prezema-merki-za-pronagane-na-ischeznatiot-26-godishen-skopjanets-koj-se-povrzuva-so-lube-boshkoski/feed/ 0
Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-ljube-boshkoski-za-sluchajot-rover/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-ljube-boshkoski-za-sluchajot-rover/#respond Fri, 04 Oct 2019 11:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=247925

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослбодителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“. Судот реши дека покрај Бошкоски и Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Тројца обвинети српски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, кои беа осудени на доживотен затвор, добија осудителна пресуда, а ослободителна пресуда доби четвртиот српски државјанин Вук Вукичевиќ.. Во врска со овој случај досега беа донесени две првостепени пресуди, но Апелацискиот суд ги укина и по трет пат судењето почна во октомври 2015 година. Бошкоски во претходното судење доби казна затвор во траење од 10 години и шест месеци, инспекторот Трајковски заработи осум години и шест месеци, а по седум години затвор добија Јовановски и Ристиќ. Митревски и Негриевски добија затворски казни од по пет години и шест месеци. Обвинетите Чубрило, Илиќ и Ковачевиќ како директни извршители на убиството на Тушевски и Јанев на второто судење добија казна доживотен затвор, а Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор. Бошкоски во случајот „Ровер“ се товареше затоа што знаел дека Орце Коруновски, кој подоцна исто така е ликвидиран во криминална пресметка, нарачал убиство за Марјан Тушевски. Марјан Тушевски и Кире Јанев во 2001 година беа убиени на излегување од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми бил убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-ljube-boshkoski-za-sluchajot-rover/feed/ 0
Предметот „Тортура“ на СЈО продолжува на 20-ти ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-tortura-na-sjo-prodolzuva-na-20-ti-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-tortura-na-sjo-prodolzuva-na-20-ti-noemvri/#respond Thu, 01 Nov 2018 15:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=122403

Случајот „Тортура” на СЈО за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година продолжува на 20 ноември, откако на денешното рочиште беа прегледани неколку видео снимки од МВР. На денешното рочиште беа прегледани неколку снимки од просториите на МВР, како се врши пребројување и внесување во компјутер на сериските броеви од банкноти во апоени од 100 евра. Пред крајот беше пуштена и друга снимка, на која се гледа како Љубе Бошковски е повторно донесен на паркинг на ресторанот Воденица од ЕБР Тигар, заедно со адвокат. Од нив се бара да потпишат записници, по што се врши преглед на автомобил „Ланчиа“ со метално сива боја. Од багажниот простор на возилото се вадат документи, облека, неколку чанти и повеќе други работи што се документираат. Доказниот материјал се пакува во присуство на инспектори, адвокатот и Љубе Бошковски, по што Бошковски потпишува извештај. На сниката се гледа како Бошковски е однесен во насока кон ресторан Воденица, а дел од инспекторите остануваат и го запечатуваат возилото, кое со шлеп служба се носи од паркингот кај ресторан Воденица. Потоа се гледа возилото како се остава на паркинг на МВР. Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и за следните рочишта остануваат уште едно ЦД од МВР и снимки од дневниците на телевизиите. Специјалното јавно обвинителство ги гони поранешен директор на УБК Сашо Мијалков и екс првиот човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки и петтмината припадници на „Алфите“ за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-tortura-na-sjo-prodolzuva-na-20-ti-noemvri/feed/ 0
Љубе Бошкоски и Кратовалиев од СДСМ исвиркани од народот на Мечкин Камен https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/ljube-boshkoski-i-kratovaliev-od-sdsm-isvirkani-od-narodot-na-mechkin-kamen/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/ljube-boshkoski-i-kratovaliev-od-sdsm-isvirkani-od-narodot-na-mechkin-kamen/#respond Thu, 02 Aug 2018 15:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=83922

Брат Љубе, свечено дочекан во Крушево, стои во објавата на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/ljube-boshkoski-i-kratovaliev-od-sdsm-isvirkani-od-narodot-na-mechkin-kamen/feed/ 0
ВИДЕО: Љубе Бошковски исвиркан од народот, му порачаа дека е непожелен гостин на Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ljube-boshkovski-isvirkan-od-narodot-mu-porachaa-deka-e-nepozelen-gostin-na-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ljube-boshkovski-isvirkan-od-narodot-mu-porachaa-deka-e-nepozelen-gostin-na-ilinden/#respond Thu, 02 Aug 2018 11:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=83818

Љубе Бошкоски, посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев, денеска беше исвиркан на прославата по повод големиот празник Илинден. На одбележувањети на годишнината од Илинденското востание, Бошкоски кој со кренати раце сакаше да го поздрави народот, беше дочекан со извици на негодување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ljube-boshkovski-isvirkan-od-narodot-mu-porachaa-deka-e-nepozelen-gostin-na-ilinden/feed/ 0
Мијалков за Прес24: Поздравувањето со Бошкоски беше бон-тон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-za-pres24-pozdravuvanjeto-so-boshkoski-beshe-bon-ton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-za-pres24-pozdravuvanjeto-so-boshkoski-beshe-bon-ton/#respond Mon, 07 May 2018 12:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=51017

Екс-директорор на УБК, Сашо Мијалков за Прес24 вели дека дека со Љубе Бошкоски се поздравиле од култура, а не како знак на извинување. -Прашање на култура и на бон-тон е поздравување кога ќе поминете покрај некого што го познавате. Доколку некој ги прескокнал овие фази од воспитувањето, тоа е негов личен хендикеп. Не сум му се извинил на Љубе Бошкоски ниту има причина за извинување. Институциите си постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што следам, тој процес е затворен со докази. Демохристијанските вредности налагаат да се извини тој што лажел и клеветел заради некаква корист. Во духот на овие вредности јас го прифатив извинувањето што Љубе Бошкоски ми го упати пред повеќе од шест години и се надевам дека во иднина ќе внимава и нема да изнесува лаги во јавноста, вели Мијалков за Прес24. Инаку во 2011-та година, Бошковски му е извини на Мијалков за тогашните клевети и навреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mijalkov-za-pres24-pozdravuvanjeto-so-boshkoski-beshe-bon-ton/feed/ 0