љубе бошковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 08:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубе бошковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски пред неговиот дом, се огласија од МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukano-vo-tatkoto-na-ischeznatiot-samoil-kostadinovski-pred-negoviot-dom-se-oglasija-od-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukano-vo-tatkoto-na-ischeznatiot-samoil-kostadinovski-pred-negoviot-dom-se-oglasija-od-mvr/#respond Fri, 07 Jul 2023 08:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=853942

Рано утринава е пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски. Кон него пукало, засега непознато лице, кое неофицијално се движело со мотор. -Денеска во 08:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ.К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Курир. Од исчезнатио Самоил веќе неколку месеци нема ни трага, ни глас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukano-vo-tatkoto-na-ischeznatiot-samoil-kostadinovski-pred-negoviot-dom-se-oglasija-od-mvr/feed/ 0
Таткото на киднапираниот Самоил: Нудиме парична награда за било каква информација, не изгубив точак, туку синот! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-kidnapiraniot-samoil-nudime-parichna-nagrada-za-bilo-kakva-informatsija-ne-izgubiv-tochak-tuku-sinot-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-kidnapiraniot-samoil-nudime-parichna-nagrada-za-bilo-kakva-informatsija-ne-izgubiv-tochak-tuku-sinot-video/#respond Wed, 22 Mar 2023 08:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=814810

Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошковски, нуди парична награда за информација во врска со исчезнувањето на неговиот син. Вели немаат буквално никаква вест ниту од Обвинителството, ниту пак од неговите пријатели. „Не изгубив точак, туку дете, и по 20 дена не знаеме каде е, што се случило со него, зошто?“, изјавил за А1он, таткото на исчезнатиот Самоил, Љупчо Костадиновски. Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски. Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето, но иако поминаа 20 дена се уште нема никаква информација каде е Самоил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-kidnapiraniot-samoil-nudime-parichna-nagrada-za-bilo-kakva-informatsija-ne-izgubiv-tochak-tuku-sinot-video/feed/ 0
Киднаперите го запалиле возилото со кое го возеле Самоил, „Опелот“ е најден во Драчево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kidnaperite-go-zapalile-voziloto-so-koe-go-vozele-samoil-opelot-e-najden-vo-drachevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kidnaperite-go-zapalile-voziloto-so-koe-go-vozele-samoil-opelot-e-najden-vo-drachevo/#respond Tue, 14 Mar 2023 20:26:15 +0000 https://kurir.mk/?p=811951

Киднаперите го запалиле „опелот“, со кој што го возеле внукот на Љубе Бошкоски, Самоил. Ова во изјава за Канал 5 го истакна сопругата на Самоил, Орхидеја. Таа вели дека имаат сознанија оти возилото со кое бил грабнат, по три дена било пронајдено запалено во Драчево, но очекуваат институциите да им објаснат што точно се случило. „Не загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг. Меѓудругото колата со која е извршено киднапирањето после три дена е пронајдена запалена во атарот на селото Драчево. Се што беше направено досега не доведе до пронаоѓање на Самоил. Шпекулирање имаше дека имал проблем, но дома ништо не кажал… Молам да ни се помогне да се пронајде, се молиме дека е жив, кој и да го видел, секоја информација ни е добредојдена, изјави Орхидеја Костадиновски за Канал 5.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kidnaperite-go-zapalile-voziloto-so-koe-go-vozele-samoil-opelot-e-najden-vo-drachevo/feed/ 0
Четири дена го нема внукот на Љубе Бошкоски, блиските се сомневаат дека е киднапиран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-dena-go-nema-vnukot-na-lube-boshkoski-bliskite-se-somnevaat-deka-e-kidnapiran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-dena-go-nema-vnukot-na-lube-boshkoski-bliskite-se-somnevaat-deka-e-kidnapiran/#respond Mon, 06 Mar 2023 10:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=808568

На социјалните мрежи вчера беше објавен апел за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошкоски. На 26-годишниот Самоил, според сведочењата пред три дена му се губи трага кај Амбасадата на Чешка Република во Скопје, а полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот, пренесува Слободен печат. Сопругата на Бошкоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат. -Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, каде што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката Амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен, изјави Бошкоска. Таа додаде дека семејството сè уште не ја знае причината за неговото киднапирање и оти Самоил не зборувал дома дали има проблеми. Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. „На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26)“, се вели во полициското соопштение. Од МВР велат дека преземаат мерки за да се пронајде момчето.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-dena-go-nema-vnukot-na-lube-boshkoski-bliskite-se-somnevaat-deka-e-kidnapiran/feed/ 0
Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски во „Кампања“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-lube-boshkoski-vo-kampana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-lube-boshkoski-vo-kampana/#respond Wed, 22 Feb 2023 11:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=803625

Основниот кривичен суд Скопје во повторената постапка врз основа на пресуда на Европскиот суд за човекови права, денеска донесе ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, во врска со случајот „Кампања“. Лидерот на Обединети за Македонија и советник во Владата беше уапсен на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор, а во 2016 година излезе од затворот во Идризово каде ја отслужуваше казната. Европскиот суд за човекови права во 2020 година пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци. Во 2021 година, по барање на одбраната, судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ беше вратено на повторно судење. – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно, соопшти Кривичниот суд своевремено. Од страна на Специјалното обвинителство во 2017 година беше поднесено обвинение за тортура и нечовечно постапување при апсењето на Бошкоски во „Кампања“, против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков и седуммина припадници на „алфите“ во МВР. Судењето започна на 28.02.2018 година, а пред самиот крај, судењето се врати од почеток поради промена на член-поротник во Судечкиот совет. Во јули 2021, Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Сашо Мијалков во предметот „Тортура“. Според Судот, обвинителството не докажало надвор од основано сомнение дека обвинетите се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-lube-boshkoski-vo-kampana/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт и пари коалицираат со Тачи и Бошкоски кои се на црната листа на САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-za-vlast-i-pari-koaliciraat-so-tachi-i-boshkoski-koi-se-na-crnata-lista-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-za-vlast-i-pari-koaliciraat-so-tachi-i-boshkoski-koi-se-na-crnata-lista-na-sad/#respond Tue, 12 Apr 2022 09:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=661767

Колку е лицемерието големо кај СДСМ покажува фактот што коалицираат со политичари кои се на црната листа на САД, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не престануваат со лагите и криминалот. За да владеат и крадат коалицираат со лица кои се на црната листа на САД. Љубе Бошкоски и Мендух Тачи се коалициски партнери на СДСМ кои се на црната листа на САД, а со кои Ковачевски и Заев се во коалиција. Кога станува збор за власт, тие коалицираат и со политичари кои се на црната листа на САД, а за пари прават бизнис и со фирми кои се анти НАТО. СДСМ за власт и пари прават се, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-za-vlast-i-pari-koaliciraat-so-tachi-i-boshkoski-koi-se-na-crnata-lista-na-sad/feed/ 0
Љубе Бошкоски итно примен на инфективната клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljube-boshkoski-itno-primen-na-infektivnata-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljube-boshkoski-itno-primen-na-infektivnata-klinika/#respond Wed, 23 Sep 2020 09:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=407206

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19. Бошкоски пред неколку дена потврди дека е позитивен на вирусот, и се наоѓа во самоизолација во Челопек, и дека нема симптоми. Меѓутоа ситуацијата се влошила, и тој итно синоќа бил примен на Инфективна. Засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljube-boshkoski-itno-primen-na-infektivnata-klinika/feed/ 0
Во споредба со 11 години, што се 10 дена карантин- Бошкоски заразен со корона, во Челопек прави ајвар и лутеница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sporedba-so-11-godini-shto-se-10-dena-karantin-boshkoski-zarazen-so-korona-vo-chelopek-pravi-ajvar-i-lutenica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sporedba-so-11-godini-shto-se-10-dena-karantin-boshkoski-zarazen-so-korona-vo-chelopek-pravi-ajvar-i-lutenica/#respond Wed, 16 Sep 2020 09:40:12 +0000 https://kurir.mk/?p=403929

Во споредба со 11 години изолација, што е оваа од 10 дена, во негов шеговит стил вели Љубе Бошковски, поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија. А причина за изолација е што е заразен со корона и деновите што задолжително мора да биде во карантин, ги поминува во Челопек, тетовско. Тој за mms.mk рече дека нема простор за паника, за среќа, има лесни симптоми, но заради задравјето на неговите блиски, а најмногу за внучето, ќе биде изолиран се додека не добие негативен тест. -Короната ја добив од близок пријател, а во овааа ситуација веќе не е ни важно од кој. И не знав, но бидејќи требаше да се вратам во Хрватска, сакав да се тестирам и заради себе а најмногу заради внучето Филип. Самоиницијативно заминав да се тестирам. Тестот покажа дека сум позитивен. Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран, на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница. Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова. Нема потреба од паника, нели на 100 степени умираат бактериите, значи стерилизирано е. Морам со нешто да се занимавам инаку досадно е. Самотијата утепува. „100 години самотија “ од Маркес. Не сакам да цртам, бидејќи цртањето ќе ме потсети на затвор, вели во свој стил Бошковски. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sporedba-so-11-godini-shto-se-10-dena-karantin-boshkoski-zarazen-so-korona-vo-chelopek-pravi-ajvar-i-lutenica/feed/ 0
Случајот со Љубе Бошковски е доказ дека политички бегства не се можни без знаење на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchajot-so-ljube-boshkovski-e-dokaz-deka-politichki-begstva-ne-se-mozni-bez-znaenje-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchajot-so-ljube-boshkovski-e-dokaz-deka-politichki-begstva-ne-se-mozni-bez-znaenje-na-drzavata/#respond Tue, 13 Nov 2018 18:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=127459

Случајот со екс премиерот Никола Груевски кој ја напушти државата и објави дека се наоѓа во Будимпешта каде и бара политички азил во Унгарија не е единствен во поновата македонска историја. Таков случај беше тој од 2004 година кога поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски ја напушти државата и отиде во Хрватска иако Собранието му го одзеде имунитетот и требаше да биде уапсен. Тогаш Бошковски под „мистериозни“ услови успеа да пребегне во Хрватска. Никој од македонската влада тогаш предводена од СДСМ не излезе со информација каде се наоѓа  се до оној момент кога Љубе Бошковски се појави на хрватската телевизија, па дури тогаш министерот за внатрешни работи Хари Костов, потврди дека тој побегнал. Костов велеше дека не знае како Бошковски ја поминал границата. „Љубе Бошковски ја напуштил Македонија илегално“, тврдеше тогаш министерот за внатрешни работи Хари Костов. Адвокатот на Бошковски, пак го тврдеше спротивното, дека поранешниот министер најлегално ја поминал македонско - српската граница. Во Хрватска не постои никакво барање од македонските власти за некаков прогон. „Границата ја помина потполно легално, дури се поздрави со македонската полиција. Тој ќе остане во Хрватска се додека македонските власти не покажат желба да му пружат правична судска постапка“, изјави тогаш Невен Цирквени, адвокат на Љубе Бошковски. За тогашниот прв полицаец, МВР не беше виновна што Бошковски побегнал, Костов тогаш тврдеше дека полицијата знаела дека тој побегнал во сабота, кога до МВР немало налог за негово приведување. „Околу тоа што Бошковски не е во Македонија МВР нема никаква вина“, велеше Костов. Експертите тогаш тврдеа дека Бошковски не би можел да ја напушти државата освен ако не било дозволено од некого од тогашната власт предводена од СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchajot-so-ljube-boshkovski-e-dokaz-deka-politichki-begstva-ne-se-mozni-bez-znaenje-na-drzavata/feed/ 0
Бошкоски ќе сведочи за „Тортура“ на СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshkoski-kje-svedochi-za-tortura-na-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshkoski-kje-svedochi-za-tortura-na-sjo/#respond Mon, 03 Sep 2018 05:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=95437

Со сведочење на Љубе Бошкоски денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Бошкоски. Обвинителот Љубомир Лапе во воведните зборови на претходното рочиште рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки за време на изборна кампања. Според Лапе, полицајците спротивно на уредбата за средства за присилба, употребиле прекумерна сила. Полицајците, како што рече тој, ја послушале наредбата и ги пренеле заканите од Мијалков, а еден од обвинетите му ставил пиштол на глава и му рекол „бел ден нема да видиш“. Како докази, обвинителот Лапе рече дека ќе бидат приложени снимки од неколку телевизии и видео снимки од МВР од денот на апсењето, како и писмените докази поткрепени од т.н. бомби. - Последицата од апсењето односно душевното страдање ќе се докаже со медицинска документација, рече Лапе. Според адвокатот Љупчо Шврговски меѓу другото истакна дека ќе докаже дека Бошкоски давал отпор во апсењето и од тие причини обвинетите постапиле како што треба. Сите обинети пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Бошкоски во изјава за медиумите прашан колкава материјална штета ќе побара, рече дека тој не е тука за материјална штета, туку за штетата која му била нанесена наму, на неговото семејство и на неговата политичка партија од, како што го нарече, полициско-политичкиот монтиран процес. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boshkoski-kje-svedochi-za-tortura-na-sjo/feed/ 0