љубе здравков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Oct 2020 14:34:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубе здравков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравков: Бочварски ќе остане запаметен по бројните ветувања кои не ги оствари пред штипјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-bochvarski-kje-ostane-zapameten-po-brojnite-vetuvanja-koi-ne-gi-ostvari-pred-shtipjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-bochvarski-kje-ostane-zapameten-po-brojnite-vetuvanja-koi-ne-gi-ostvari-pred-shtipjani/#respond Wed, 28 Oct 2020 14:34:59 +0000 https://kurir.mk/?p=421727

Мандатот на оваа локална власт која до неодамна беше предводена од градоначалникот Благој Бочварски сегашен министерот за транспорт и врски ќе ја паметиме по бројните ветувања кои за жал не се остварија, обвинува Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ. -Едно од тие ветувања кое пред штипјани беше презентирано како проблем што мора по итна постапка да се реши беше изградбата на главен колектор и пречистителна станица на реката Брегалница. Бочварски велеше: „Фекалните отпадни води од населбата Балканска исто така се излеваат во реката Брегалница и претставуваат потенцијален извор на зарази, особено за најмладите“, истакна тој. Затоа, вели Здравков, редно е локалната самоуправа предводена од СДСМ да им одговори на граѓаните: -До каде е ветената реконструкција на главниот градски колектор во должина од 2,5 километри на потег од АРМ до 8ми Ноември? -Дали со превземањето на власта од СДСМ престанаа да се излеваат фекални отпадни и отровни води во река Брегалница? -Дали кога СДСМ е на власт фекалните и еколошките проблеми во Штип, магично исчезнуваат? -До кога штипјани ќе ги манипулирате со вашите изборни програми? -Кој ќе ја преземе одговорност за нереализирањето на ветувањето од изборната програма на СДСМ која за жал има само 25% ниво на реализација и после 3 години од превземањето на локалната власт? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-bochvarski-kje-ostane-zapameten-po-brojnite-vetuvanja-koi-ne-gi-ostvari-pred-shtipjani/feed/ 0
Здравков: Кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-koj-kje-ponese-odgovornost-za-ovaa-neserioznost-vo-obrazovanieto-vo-uchebnata-2020-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-koj-kje-ponese-odgovornost-za-ovaa-neserioznost-vo-obrazovanieto-vo-uchebnata-2020-2021-godina/#respond Fri, 16 Oct 2020 13:03:49 +0000 https://kurir.mk/?p=417238

Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот. Вака изгледа нашето образование три недели после почетокот на школската година. Образовниот процес започна,а учениците и наставниците се‘ уште се соочуваат со проблеми, за кои очигледно Владата не може да најде решение. Скапата платформа се‘ уште не е потполно функционална,а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат онлајн наставата, изјави денес Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ. -Затоа, ја прашуваме локалната самоуправа, како одговорна за образованието во Штип: Дали секое дете располага со електронски уред за следење на онлајн наставата, или „ги пушта низ вода“ социјално необезбедените граѓани, па ќе бара физичко присуство на тие деца? Зошто скапата платформа, се‘ уште не е комплетно во функција? Колку наставниците се подготвени соодветно да реагираат на високото ниво на информатичка писменост на учениците? Дали наставниците знаат што се случува позади празните прозорчиња со иницијали на учениците, или се‘ е оставено на одговорност на поединецот?, прашува тој. -Проблемите со текот на времето се наталожуваат,а истите ќе ескалираат при првото оценување и проверка на знаењето кај учениците. Кој ќе понесе одговорност за оваа несериозност во образованието во учебната 2020/2021 година?, посочува Здравков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-koj-kje-ponese-odgovornost-za-ovaa-neserioznost-vo-obrazovanieto-vo-uchebnata-2020-2021-godina/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ Штип: Се намалија расходите за капитални инвестиции, а најголем удар беше зададен на здравството https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-shtip-se-namalija-rashodite-za-kapitalni-investicii-a-najgolem-udar-beshe-zadaden-na-zdravstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-shtip-se-namalija-rashodite-za-kapitalni-investicii-a-najgolem-udar-beshe-zadaden-na-zdravstvoto/#respond Thu, 25 Oct 2018 14:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=119455

Воопшто не е случајно тоа што ребалансот на буџетот помина далеку од очите на јавноста, во екот на предавничката промена на името. На вечерна седница на Владата на Република Македонија се намалија расходите за капитални инвестиции, а најголем удар беше зададен на здравството, вели Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ Штип. -Во првата половина од годината, реализацијата на капиталните инвестиции беше само 11%, Владата ветуваше раст во втората половина, но тој процент не се зголемува и кон крајот на 2018 година. Секојдневно се уверуваме во неспособноста на моменталната власт и нејзиниот мал капацитет за завршување на почнатите капитални инвестиции во нашиот град. Иако неколкупати и’ посочувавме на власта да го зголеми интензитетот на градба на Клиничката болница во Штип, сепак ниту наидовме на слух, ниту имаше интерес да се забрза работата. Најголемиот апсурд настана минатата недела кога се намалија средствата за изградба на болницата. И колку и да звучи неверојатно, и како наизуст повторувано обвинување на опозицијата, за жал е вистинито, рече тој. Здравков потенцира дека негрижата на пациентите од Источниот регион се отсликува во прекроениот Буџет на Владата. -На почетокот од годината имаше средства за доградба на Клиничката болница, но на крајот истите средства беа насочени кон педесетина партиски вработувања. Замислете, СДСМ за граѓаните од Источниот регион вака ја крои политиката - пари за болница нема, но пари за партиски вработувања секогаш има! И додека болните од истокот лежат на дотрајани кревети, во несоодветни болнички услови и се судираат со недостаток на медицински материјал, кој пречесто го набавуваат и самите, Владата реши да скрати дури 600.000 евра за изградба на нова и современа болница. Во моментов, работата на болницата е стопирана и никој од власта не се осудува да се соочи со граѓаните и да даде одговор зошто е тоа така и кога се очекува рестартирање на градежните активности.  Затоа, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и будна опозиција, ги повикува Државниот секретар во Министерството за здравство и самиот Министер за здравство да им образложат на граѓаните: Како е можно да се обезбедат 1,5 милиони евра за набавка на лубриканти и пари за 50 партиски вработувања, а парите предвидени за градбата на новата болница во Штип да исчезнат со ребалансот на буџетот за 2018 година, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Штип. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-shtip-se-namalija-rashodite-za-kapitalni-investicii-a-najgolem-udar-beshe-zadaden-na-zdravstvoto/feed/ 0
Здравков: Општина Штип доделува средства за невладини организации на лица поврзани со СДСМ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkov-opshtina-shtip-dodeluva-sredstva-za-nevladini-organizacii-na-lica-povrzani-so-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkov-opshtina-shtip-dodeluva-sredstva-za-nevladini-organizacii-na-lica-povrzani-so-sdsm/#respond Fri, 31 Aug 2018 12:25:41 +0000 https://kurir.mk/?p=94705

Политиката која СДСМ ја води на централно ниво, пропорционално се отсликува и на локално ниво. Случувањата со доделување на финансиски средства од Фондот за иновации, сега ги имаме и во Општина Штип, само преку доделување на средства  на Невладини организации, истакна Љубе Здравков, советник во Совет на општина Штип. -Имено, на повикот кој уште на почетокот на годината општината го објави за доделување на финансиски средства на локални Здруженија на граѓани, имаат добиено неколку организации. Меѓутоа, спорно е тоа што некои од нив активно имаат работено за СДСМ во изминатиов период. Затоа, ги прашуваме СДСМ: Дали е во ред да се доделуваат средства на лице кое беше на советничката листа на СДСМ, лице кое веќе неколку пати во текот на годината има добиено средства од Општина Штип за настани кои се слабо посетени, а Советот на Општина Штип нема увид во начинот на трошење на тие средства и лице кое преку група на граѓани остварува свои лични интереси?, праша Здравков и додаде: „Дали при доделување на средства на две организации, нема судир на интереси на едно лице, кое во едната организација е Претседател, а во другата организација, заедно со целата своја фамилија е во Основачко Собрание? Зарем овие случаи не претставуваат отплата на долговите кои СДСМ ги има кон овие луѓе, затоа што верно одработувале за оваа партија? Дали е ова Општина за сите граѓани, или општина во која добиваат само оние кои се на иста линија со партијата СДСМ? Ова се прашања на кои очекуваме СДСМ да одговори и да ја запознае јавноста за начинот на трошење на народните пари. Од голем интерес е да се образложат овие скандалозни одлуки и СДСМ да објасни пред јавноста и на самите организации зошто поголемиот дел од проектите се одбиени, а средства добиваат само оние организации кои активно ги застапуваат нивните интереси“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdravkov-opshtina-shtip-dodeluva-sredstva-za-nevladini-organizacii-na-lica-povrzani-so-sdsm/feed/ 0
Здравков: Несериозниот однос на менаџментот ја остави штипската болница без греење во најстудените денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-neseriozniot-odnos-na-menadzmentot-ja-ostavi-shtipskata-bolnica-bez-greenje-vo-najstudenite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-neseriozniot-odnos-na-menadzmentot-ja-ostavi-shtipskata-bolnica-bez-greenje-vo-najstudenite-denovi/#respond Wed, 28 Feb 2018 14:22:27 +0000 http://kurir.mk/?p=25769

Срамно и недостоинствено е здравството во нашиот град, истакна на денешната прес-конференција Љубе Здравков, советник во Совет на Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ. -Замислете, во 21 век, наместо од Клиничката болница да добиваме информации колку човечки животи се спасени, колку болести се навреме дијагностицирани, ние го добиваме спротивното. Во 21 век, добиваме информации дека Клиничката болница НЕ обезбедила греење за своите вработени и за пациентите од цела Источна Македонија, вели Здравков. Советникот посочува дека несериозниот однос на менаџментот на болницата, ја остави оваа исклучително важна институција без греење и тоа во најстудените денови од годината. -Тоа значи дека, пациентите кои ја посетуваат болницата со веќе нарушено здравје, имаат ризик од истата таа болница да излезат уште поболни. Ова е единствената здравствена институција во регионот на која и‘ е доверено здравјето на сите граѓани, и која за жал, не води сметка за основните права на пациентите. Време е штипските функционери во областа на здравството да ги напуштат своите топли канцеларии и да прошетат низ собите на Клиничката болница. Така ќе сфатат дека животот во болницата не дошол. Во болницата има само студ, ледени радијатори и пациенти кои барале здравје, а добиле болест, нагласува Здравков. Тој додава дека затоа на најголемите гласноговорници против здравствените услови кои ги обезбедуваше претходната власт, а сега на највисоки функции во здравството, им предлагаат да преземат мерки и итно го да решат проблемот со греењето! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkov-neseriozniot-odnos-na-menadzmentot-ja-ostavi-shtipskata-bolnica-bez-greenje-vo-najstudenite-denovi/feed/ 0