љубица јанчева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Mar 2022 17:29:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубица јанчева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаневски до Јанчева: Имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/janevski-do-jancheva-imate-najmnogu-izedeni-bifteci-po-glava-na-sovetnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/janevski-do-jancheva-imate-najmnogu-izedeni-bifteci-po-glava-na-sovetnik/#respond Thu, 10 Mar 2022 17:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=645016

Советникот Филип Јаневски, на денешната шеста седница на Советот на Град Скопје, од говорницата изнесе остри критики за работењето на мнозинството во градскиот совет во претходниот состав. - Сакам да се осврнам на вашето фалење, како сте се грижеле за животната средина, колку паркови биле направени, колку садници биле засадени. Тоа го видовме и на претходните седници кога дискутиравме за извршување на Буџетот – Дигитализација на парк-шума Водно – 0 денари реализирани, изработка на план за управување со заштитен предел Водно – 0 денари, заштита на локалитет Кањон Матка, изработка на план – 0 денари, рековте сте засадиле 11.000 садници за заштита од ерозија, Изработка на техничка документација за определување ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија за скопски регион со специфицирање на мерки за заштита – реализација 0 денари. Не знам на што сте горди и како се грижите за животната средина кога таму каде што најмногу сте требале да обрнете внимание не сте обрнале внимание – категоричен беше Јаневски. Тој се осврна и на Извештајот за реализација на капиталните инвестиции во Град Скопје. - Цела година вашите капитални инвестиции ги собира на половина страна, 13 на број. Едната од нив е набавка на садници и подигнување на јавното зеленило на магистрални улици и паркови за што се потрошени три милиони евра. Ова не се случило, нигде нема резултати од вашиве инвестиции. Ја спомнавте и Универзална сала, која била почната од вас, патем, три години ја почнувате. Од минатата година за реконструкција на Универзална сала сте успеале да потрошите 42 милиони денари како капитална инвестиција во Град Скопје и уште не е завршена. Бидете убедени дека ние ќе ја завршиме побезбедна и подобра од тоа што вие било кога би можеле да ја направите. Јас не знам со кој образ излегувате овде и кажувате што сте постигнале, а ние не сме сакале да слушаме. Да, ние не сакаме да слушаме затоа што ги видовме резултатите од вашето работење, односно неработење. Дел од овие 13 големи капитални проекти се Изградба, реконструкција и одржување на партерно уредување на кеј на реката Вардар, за што се потрошени фантастични 107 милиони денари; набавка на урбана опрема; фазна реализација на булевар АСНОМ – 262 милиони денари; изградба и реконструкција на булевар Босна и Херцеговина – 179 милиони денари. Значи, само за овие две улици вие имате потрошено над 400 милиони денари. Овде сте заборавиле да напоменете, сте требале да побарате од службите да се стави во овој извештај, дека имате најмногу изедени бифтеци по глава на советник во било кој од претходните мандати. За тоа има пари, а не сте успеале да ја завршите Универзална сала која што ви беше толку важна, потенцираше Јаневски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/janevski-do-jancheva-imate-najmnogu-izedeni-bifteci-po-glava-na-sovetnik/feed/ 0
Град Скопје: Ја повикуваме госпоѓата Јанчева да ги врати сите пари што ги потрошила од сметката на град Скопје за кафеани https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-ja-povikuvame-gospogjata-jancheva-da-gi-vrati-site-pari-shto-gi-potroshila-od-smetkata-na-grad-skopje-za-kafeani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-ja-povikuvame-gospogjata-jancheva-da-gi-vrati-site-pari-shto-gi-potroshila-od-smetkata-na-grad-skopje-za-kafeani/#respond Wed, 09 Mar 2022 12:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=644024

Како град Скопје сакаме да реагираме на изјавата на госпоѓата Љубица Јанчева од СДСМ за празната каса на град Скопје. Госпоѓата Јанчева најдобро знае зошто е испразнета буџетската каса на Град Скопје. Ја повикуваме Јанчева ако навистина се грижи за градскиот буџет да ги врати сите средства потрошени на име угостителски услуги што таа лично ги потрошила на сметка на град Скопје. Од градот веќе е поднесена една кривична пријава за Јанчева за злоупотреба на градскиот буџет за оваа намена и очекуваме државните органи соодветно да постапат по истата, велат од Град Скопје. -Град Скопје и оваа градска администрација работат исклучиво за потребите и барањата на граѓаните, а дополнително се кратат сите непродуктивни трошења со цел обезбедување на што е можно повеќе средства за нови проекти за Скопје и скопјани, се додава во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-ja-povikuvame-gospogjata-jancheva-da-gi-vrati-site-pari-shto-gi-potroshila-od-smetkata-na-grad-skopje-za-kafeani/feed/ 0
„Приватни ручеци со државни пари заштитен знак за СДСМ, народот плаќал специјално мени за Шилегов и вечера за Јанчева вредна 92 илјади денари“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatni-rucheci-so-drzavni-pari-zashtiten-znak-za-sdsm-narodot-plakjal-specijalno-meni-za-shilegov-i-vechera-za-jancheva-vredna-92-iljadi-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatni-rucheci-so-drzavni-pari-zashtiten-znak-za-sdsm-narodot-plakjal-specijalno-meni-za-shilegov-i-vechera-za-jancheva-vredna-92-iljadi-denari/#respond Sun, 30 Jan 2022 08:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=624556

Забавите и гоштевањата на Шилегов и Јанчева граѓаните ги чинат над илјадници евра. Наместо пари за проекти за скопјани, Шилегов се расфрлал пари за гоштевање и скапи пијалоци. Стари пијалоци, скапи вискија биле на менито на забавата на Шилегов и Јанчева. Целосна злоупотреба на парите на граѓаните, пари прибрани во градската каса од даноци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека на оваа прослава, како и што „личи“ Шилегов си имал свое посебно мени, како главно јадење било бифтек на путер. - Луксузирања и трошење на пари на граѓаните за гоштевање се заштитен знак за СДСМ и нивните функционери. Од документите јасно се гледа дека и покрај луксузирањето Шилегов и Јанчева не ги почитуваат и законите и владеењето на правото во државата. И покрај забелешките од секторот за финансии на Град Скопје до поранешниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ дека фактурата за скапата прослава се однесувала за услуги за кои нема склучено договор во 2019 година, при што јасно се укажува дека сето тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година, се додава во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека и покрај забелешките, тогашната претседателка на Совет на Град Скопје ја потпишала фактурата од 91.560 денари. - Ниедно бледо соопштение на СДСМ нема да ја сокрие вистината за тоа како се трошеле парите на скопјани. За секој потрошен денар на граѓаните на скапи пијалоци, гоштевања, забави и криминал ќе има одговорност, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privatni-rucheci-so-drzavni-pari-zashtiten-znak-za-sdsm-narodot-plakjal-specijalno-meni-za-shilegov-i-vechera-za-jancheva-vredna-92-iljadi-denari/feed/ 0
Митева: Шилегов и Јанчева да и одговорат на јавноста дали начинот на работење бил преку прослави на сметка на скопјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-shilegov-i-jancheva-da-i-odgovorat-na-javnosta-dali-nachinot-na-rabotenje-bil-preku-proslavi-na-smetka-na-skopjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-shilegov-i-jancheva-da-i-odgovorat-na-javnosta-dali-nachinot-na-rabotenje-bil-preku-proslavi-na-smetka-na-skopjani/#respond Sat, 29 Jan 2022 11:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=624317

СДСМ нема граница во нивните лаги, а нема граница ни во злоупотребата на јавните функции. Денес уште еднаш ќе ја објавиме вистината која Шилегов и Јанчева се обидуваат да ја премолчат пред јавноста. Во предновогодишна забава организирана од Јанчева и Шилегов се потрошиле 91.560 денари. Таа фактура е потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани. И додека СДСМ се обидуваат да ја сокријат вистината преку несоодветни соопштенија, ова се документи, кои ја потврдуваат веродостојноста на тоа што го говорам, изјави на денешната прес конференција, Марија Митева - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. - Прво, во овој документ, тоа е службена белешка испратена од секторот за финансии на Град Скопје на 03.02.2020 година до тогашниот градоначалник Шилегов и тогашниот секретар на градот,Викторија Аврамовска Мандиќ и јасно е наведено дека доставената фактура со број 76/19 се однесува за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Притоа, секторот на финансии укажува дека тоа е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола, да се доставува фактура со архивска дата од претходна година, посочи Митева. Таа истакна дека ова е начинот на кои работеле СДСМ, без почитување на Законите кое претставува основа за непочитување на владеењето на правото. - Второ, во овој документ, тоа е Образец за реализирани средства за репрезентација од 31.01.2020 година и јасно се гледа дека Љубица Јанчева,како претседател на Советот на Град Скопје искористила средства за репрезентација по повод предновогодишна забава во вкупен износ од 91.560 денари. И трето, почитувани граѓани, ова е фискалната сметка од каде се гледа со што се частело друштвото кое било присутно и за да биде уште посрамно, се гледа дека Шилегов тогаш имал посебна сметка на која пишува, цитирам – „специјална нарачка за градоначалник г-дин Шилегов”. Скапи јадења, бифтеци на путер и алкохолни пијалоци барикирани 12 години, појасни портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека од ова јасно се гледа на што се трошеле градските пари. - Залудно се труди СДСМ преку бледи соопштенија да ја сокрие вистината и да ја одбегне одговорноста. ВМРО-ДПМНЕ транспарентно ги објави документите кои се доказ за ова, па ги повикуваме СДСМ, Шилегов и Јанчева да ѝ објаснат на јавноста дали ова бил нивниот начин на работење, прослави и забави на сметка на скопјани, децидена е Митева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-shilegov-i-jancheva-da-i-odgovorat-na-javnosta-dali-nachinot-na-rabotenje-bil-preku-proslavi-na-smetka-na-skopjani/feed/ 0
Митева: Скапи јадења, специјални нарачки и алкохолни пијалоци барикирано 12 години плаќале Јанчева и Шилегов преку сметката на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/miteva-skapi-jadenja-specijalni-narachki-i-alkoholni-pijaloci-barikirano-12-godini-plakjale-jancheva-i-shilegov-preku-smetkata-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/miteva-skapi-jadenja-specijalni-narachki-i-alkoholni-pijaloci-barikirano-12-godini-plakjale-jancheva-i-shilegov-preku-smetkata-na-grad-skopje/#respond Fri, 28 Jan 2022 12:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=623901

Љубица Јанчева и Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалоци стари 12 години, обелодени на денешната прес конференција Марија Митева, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст со видео и докумнети од прес-конференцијата на Митева: Во предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани. Дополнително, одговорната администрација во Град Скопје при секторот за Финансии за оваа фактура се обидела да се спротивстави и да укаже дека е спротивно на Закон да се доставува фактура за извршени услуги за кои нема склучен договор во 2019 година. Односно, во повеќе наврати на надлежните сектори им било посочено дека доставата на фактура со дата и архивски број, а без склучен договор од претходната година е спротивно на Законот за внатрешна финансиска контрола. За таа намена, Секторот за финансиски прашања доставил службена белешка за ова до Шилегов и секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мандиќ. Ова е брутално кршење на законите од страна на функционерите на СДСМ кои спротивно на укажувањата на стручните лица, сепак одлучиле да потпишуваат сметки за реализирани средства за репрезентација. Од документот со потписот на Јанчева oд кој се гледа дека на два дена пред Нова Година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафана потрошиле 6 минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот. Од фискалната сметка се гледа што нарачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски Џони Вокер барикирано 12 години, виски Џејмисон и Џeк Дениелс, но и Чивас Ригал. Ова специјално друштво имало и специјална нарачка од кујна во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа нарачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој нарачувал бифтек на путер од 2.400 денари една порција. Внимавајте само за една порција Шилегов потрошил 1/5 од минималната плата на голем број работници низ државата. Тоа се пари со кои голем број на граѓани треба да живеат неколку дена, а Шилегов од градскиот буџет ги троши за едно јадење. Почитувани, Ова се причините за нервозата во СДСМ, кај Љубица Јанчева, Петре Шилегов, и другите поранешни градоначалници и локални функционери кои не можат повеќе да ги злоупотребуваат привилегиите на нивната функција. СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што им е нарушен комодитетот и луксузот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/miteva-skapi-jadenja-specijalni-narachki-i-alkoholni-pijaloci-barikirano-12-godini-plakjale-jancheva-i-shilegov-preku-smetkata-na-grad-skopje/feed/ 0
Шилегов со улични навреди кон советниците на опозицијата, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, интерпелација за Јанчева https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-so-ulichni-navredi-kon-sovetnicite-na-opozicijata-koalicijata-na-vmro-dpmne-ja-napushti-sednicata-interpelacija-za-jancheva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-so-ulichni-navredi-kon-sovetnicite-na-opozicijata-koalicijata-na-vmro-dpmne-ja-napushti-sednicata-interpelacija-za-jancheva/#respond Thu, 28 Jun 2018 13:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=70832

Поставувањето на советничките прашања заврши пред време откако градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во еден момент од расправата нагласи дека прашањата на советниците од опозицијата не му се по мерка и почна да ги навредува советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, што тие го дефинираа како уличен и срамен речник на Шилегов. Тој на прашањето на советникот Михајло Маневски, кој побара од Шилегов да одговори зошто Градот е бавен во реакцијата за справување со паднатите дрва и зошто не презема мерки да се обештетат граѓаните на Скопје, зачудено праша зошто му поставуваат нему такви прашања и оти тоа било работа на осигурителните компании. Шилегов влезе во клич и со опозициските медиуми, незадоволен од начинот на кој известувале за неговата работа. -Вие не сте достојни и не сте луѓе, јас сум човек, а што сте вие? Ништо..., рече Шилегов кој претходно спомена дека дрвосечач на градот бил Коце Трајановски. На ова жестоко реагираа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои демонстративно ја напуштија седницата. Тие најавуваат дека ќе поднесат интерпелација за работата на претседателот на Советот, Љубица Јанчева, која остана нема на говорот на омраза и навредите на градоначалникот Шилегов. -Ова може да се опише како обид на двоецот Шилегов-Јанчева да ја замолкне опозицијата и различното мислење, преку навреди и лични дисквалификации недостојни на еден градоначаник, да ни го оневозможат нашето право на збор, истакнаа советниците од опозицијата. Тие посочија дека Јанчева демонстрира врвна нестручност во одењето на седниците и на извесен начин се става во подредена улога на Шилегов кој на овој начин сака да ја дефокусира јавноста од сопствената неработа и неспособност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-so-ulichni-navredi-kon-sovetnicite-na-opozicijata-koalicijata-na-vmro-dpmne-ja-napushti-sednicata-interpelacija-za-jancheva/feed/ 0
Јанчева со недоличен однос: Наместо претседател на совет-партиски војник на Шилегов, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jancheva-so-nedolichen-odnos-namesto-pretsedatel-na-sovet-partiski-vojnik-na-shilegov-sovetnicite-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-ja-napushtija-sednicata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jancheva-so-nedolichen-odnos-namesto-pretsedatel-na-sovet-partiski-vojnik-na-shilegov-sovetnicite-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-ja-napushtija-sednicata/#respond Fri, 01 Jun 2018 11:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=60975

Постојани навреди, дофрлувања, недолични политички квлификации, некултурно однесување, повреда на процедурите е сликата за работата на Љубица Јанчева која е претседател на советот на град Скопје. Советниците на опозицијата велат дека Јанчева прави грубо узурпирање на функцијата претседател на совет, но и на правата на советниците, одземајќи им го правото дадено со Деловникот на демократско изјаснување. -Имаме позиција каде се приватизира функцијата претседател на советот и се гуши правото на опозицијата да критикува. Не изостануваат и навреди на лична основа. Петре Шилегов несака да го чуе различното мислење, ниту пак критика за неговата неработа и нефункционалност. Шилегов како градоначалник нема исполнето ништо, нема ниту еден капитален проект, додека започнатите од минатото се закочени во целост. Неговата работа се сведуваа на козметички зафати, без суштина и решавање на проблемите, ако по утрото денот се познава Шилегов ќе биде најкатастрофалниот градоначалник на Скопје, изјавуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Велат секоја дискусија и критика кон работата на градоначалникот Шилегов е пропратена со прекини од Јанчева која дофрла политички квалификации, полемизирајќи со советниците и одземајќи им го правото на збор, нешто што е недопусливо за еден универзитетски професор, а не пак за претседател на Совет кој треба да биде непристрасен и професионален во својата работа, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ. -Некои прашања не заслужуваат одговор, е само една од репликите и честите упади кои ги прави Јанчева во обраќањата на советниците од опозицијата. Нејзиното однесување наликува на маалски разговор на клупа и приземна демонстрација на сила, што говори за слабост на карактерот и непознавање на процедурите, како и недораснатост на позицијата која ја има, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Поради ваквото однесување и грубата повреда на Деловникот советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја напуштија работата на последната седница на Советот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jancheva-so-nedolichen-odnos-namesto-pretsedatel-na-sovet-partiski-vojnik-na-shilegov-sovetnicite-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-ja-napushtija-sednicata/feed/ 0