љубиша георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Dec 2021 07:18:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубиша георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕЌАВАЊЕ: Три години од смртта на Љубиша Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-tri-godini-od-smrtta-na-ljubisha-georgievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-tri-godini-od-smrtta-na-ljubisha-georgievski/#respond Mon, 06 Dec 2021 07:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=604538

Денеска се одбележуваат три години од смртта на театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра, Љубиша Георгиевски. Георгиевски почина на 6 декември на 84 годишна возраст. Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година. На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Србија и во Бугарија и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974. Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена. Има објавено десеттина книги, а како филмски режисер има режирано четири филма. Добитник е на повеќе од дваесеттина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-tri-godini-od-smrtta-na-ljubisha-georgievski/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Љубиша Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-roden-e-ljubisha-georgievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-roden-e-ljubisha-georgievski/#respond Sun, 30 May 2021 07:34:22 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516724

Во 1937 година на 30 мај е роден Љубиша Георгиевски – театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Како театарски режисер има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Досега има објавено десеттина книги. Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија и во Р. Македонија. Од богатиот филмски опус најпозната е неговата режија на филмот „Републиката во пламен“. На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Бил претседател на македонскиот Парламент и амбасадор на Р. Македонија во Бугарија и Србија. Георгиевски почина во декември 2018 година во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-roden-e-ljubisha-georgievski/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ со комеморативна седница во чест на Георгиевски: Аналитичкиот центар на партијата ќе го носи негово име https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-komemorativna-sednica-vo-chest-na-georgievski-analitichkiot-centar-na-partijata-kje-go-nosi-negovo-ime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-komemorativna-sednica-vo-chest-na-georgievski-analitichkiot-centar-na-partijata-kje-go-nosi-negovo-ime/#respond Sat, 08 Dec 2018 13:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=137490

Денес во седиштето ВМРО-ДПМНЕ се одржа комеморативна седница во чест на Неговата екселенција, професорот, Љубиша Георгиевски. При самата комеморативна седница се обрати Роберт Вељаноски, кој посочи дека да се биде современик на безвремениот Љубиша Георгиевски е привилегија со која човекот Љубиша Георгиевски не почести сите нас. -Неговата татковска трпеливост и бескрајна духовитост, ја чинеше секоја средба празник за умот и душата. Беше ласерски прецизен во мислата и зборот, умерен кога нудеше и бескрајно дарежлив кога даваше совет. Љубиша Георгиевски беше човек доследен на својот професионална определба. Беше човек сега и овде. А, беше присутен секаде каде што требаше и секогаш кога требаше. Љубиша Георгиевски достоинствено и ненаметливо, беше активен учесник, поддржувач и еден од креаторите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој несебично се вложуваше себеси во идеологијата во која безрезервно веруваше, идеологија која тој длабоко ја чувствуваше во своите дамари и која ја препознаваше во сопствениот ген. Би требало да се истакне дека е непроценлив неговиот придонес во политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на македонската култура, каде на располагање го стави сиот свој раскошен интелектуален и човечки потенцијал и капацитет. По завршување на обраќањето на Роберт Вељаноски, свое обраќање  имаше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во продолжение го пренесуваме неговиот говор: „Што туку дознав од госпоѓата Георгиевска дека сакал да ми каже да имаме конвенција за избор на претседател. Епа драг професоре, ќе имаме таква конвенција во Струга во февруари месец. И тоа беше одлука на последниот Извршен Комитет на партијата. Мартин Лутер Кинг велеше можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж. А луѓето не умираат кога престануваат нивните животи, туку живеат се додека се паметат нивните дела. Професорот Љубиша Георгиевски беше еден од ретките интелектуални и  плодоносни синови на оваа земја кој остави зад себе неизбришлива трага која ќе се памети низ годините и децениите што следат. Луѓе растеа, живееја и остаруваа со неговото творештво. Неговите сестрани дела се додадена вредност во културната, театарската, филмската и научната сфера на нашата мила татковина. Неговиот бистар ум и течна мисла ги доловуваше најсуштествените аспекти на човечкиот живот. Неговите филмови остануваат историско благо за нашата татковина. Синовите на една нација не се забораваат, тие продолжуваат да живеат, да се споделуваат, да се сеќава нацијата на нив. Ниче велеше најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот. Таков беше професорот, тивок, иако ненаметлив, но доминантен, и впечатлив човек кој умееше со неговата ненаметливост да стане предводник на процесите, да биде вистински предводник на една генерација која со себе носеше мудрост, знаење но и визија. Тој воедно беше и исклучителен патриот, непоправлив оптимист, но и сведок на сите историски премежја низ кои што поминала неговата татковина Република Македонија. Неговата грамадна големина во битисувањето на македонската држава, неговата исклучителна љубов кон нашата земја и нашиот народ ќе биде запаметена. Секогаш се ставаше над ситуацијата и ја гледаше големата слика. Тоа го чинеше неговото животно и професионално искуство. Јас можам да кажам дека ја имав приликата во последниот период да поминам повеќе часови во разговори во кој најчеста тема беше токму состојбата во Република Македонија, за нашата татковина. Загрижен ќе му речев, државата ни ја разграбуваат, ја уништуваат. Со секој поминат ден, се помалку ја има. Ќе се насмееше и ќе одговореше Македонија е претседателе, поголема од сите неправди, прогони и наказувања, и таа сепак ќе воскресне и победи, бидејќи таа е идеја, емоција и наша судбина. Ми велеше Бог секогаш има план. Македонија не постои за да биде уништена, туку да им пркоси на оние кои сакаат да ја уништат. Особена чест ми беше кога присуствуваше во МНТ при одбележувањето на празникот 23-ти октомври, денот на Внатрешната револуционерна организација. Иако во поодминати години тој сепак дојде, беше дел од манифестацијата. За мене тоа беше чест, а за него исто така беше одавање на почит кон светите букви ВМРО, но и кон партијата ВМРО-ДПМНЕ за која посвети значаен дел од својот живот. „Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев“, беа негови зборови, но тој 23-ти, и секогаш порано постојано блескаше со својот карактер и големина. И ми пренесе еден негов претходен цитат, велеше – „Христијан, знам дека има многу невистини, многу напади врз тебе, но знај дека сите оние кои низ животот ми ги вадеа очите, ми ги цртаа веѓите после тоа“. Тоа е големиот професор, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го паметиме и негуваме неговото дело. Во негова чест ќе предложам пред органите на партијата, партиско истражувачкиот аналитички центар да го носи токму името на професорот Љубиша Георгиевски, како скромен допринос за неговото големо дело и посветеност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ. Македонија го почитува безвременското дело неговото. Таа  94-та година ги започнав моите политички активности во ВМРО-ДПМНЕ за време на тие претседателски и парламентарни избори, како претседател професорот Љубиша Георгиевски го напушти современиот живот но ќе остане безвремен помеѓу нас. И затоа наместо едноминутно молчење, мислам дека е соодветно да станеме сите и да му дадеме почит со огромен аплауз. Почивај во мир професоре“-заврши Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-komemorativna-sednica-vo-chest-na-georgievski-analitichkiot-centar-na-partijata-kje-go-nosi-negovo-ime/feed/ 0
Собранието одржа комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, погребот ќе биде во недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-pogrebot-kje-bide-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-pogrebot-kje-bide-vo-nedela/#respond Fri, 07 Dec 2018 13:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=137008

Георгиевски успеа на свој начин да ги спои театарот и политиката и се залагаше за поголема одговорност на законодавниот дом преку изработка на нов деловник за работа, а во политиката на прво место го ставаше човекот и неговите права и слободи, порача спикерот Талат Џафери на комеморативната седница во Парламентот по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија. -Мислата на Георгиевски „граѓаните ја имаат одговорноста за својата судбина“ треба да ја запомниме сите кои сме дел од политичкиот живот. Да ја запомниме, бидејќи многу јасно укажува какво општество ќе имаме ако не бидеме свесни за моќта на нашиот глас без разлика дали сме дел од политичката структура, невладиниот сектор или експертската и културна јавност, рече претседателот на Собранието Џафери. Љубиша Георгиевски, потенцира, заминува од овој свет, но зад него останува неговото дело, неговите театарски претстави, драми, филмови, книги и неговиот политички ангажман, а со тоа останува со нас, но и за идните генерации како дел од нашето културно и политичко наследство. -Георгиевски секогаш барал нови, неконвенционални начини на борба против стереотипите и предрасудите и во тие негови битки не секогаш бил  подеднакво и на ист начин сфатен и прифатен од сите. Во политиката влегува со сиот свој интелектуален капацитет, но и со сиот свој немир и страст што го  носи театарот и драмската уметност, дури некој би рекол дека успеваше да направи креативна симбиоза на овие два на прв поглед неспоиви сегменти на човековото дејствување. Во политиката тој на прво место го ставаше човекот и неговите права и слободи, посочи Џафери. Тој нагласи дека во мандатот на Георгиевски како претседател на Собранието започнаа размислувањата и идеите за промена на собранискиот деловник во правец на поголема ефикасност на законодавната власт и нејзина вистинска независност во однос на другите гранки на власта. -Таа негова иницијатива не резултираше со успех, но треба да се има на ум дека секоја идеја и размислување има потреба од период на растење, развивање и зреење. Денеска сме во фаза кога  се во тек консултации и конструктивни разговори, усогласувања и дебати на сите нивоа со една единствена цел – да имаме  деловник за работа на Собранието кој ќе биде донесен со консензус и ќе се спроведува и почитува од сите кои се дел од законодавниот дом и ќе одговара на современите предизвици на парламентарната демократија, рече Џафери. Потсети дека за време на мандатот на Георгиевски започна и процесот на реконструкција и доградба на собраниската зграда и додаде дека денеска имаме здание кое ги задоволува условите за нормално работење на пратениците и службите. Љубиша Георгиевски е роден во Битола во 1937 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1974 година. Беше театарски и филмски режисер, драмски писател, есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како политичар во 1994 година беше кандидат за претседател на Република Македонија предложен од ВМРО-ДПМНЕ, амбасадор во Бугарија и Србија, а од 2006 до 2008 година беше претседател на Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Погребот на Георгиевски ќе биде в недела од 11:00 до 13:00 на Градските гробишта Бутел во Скопје. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-pogrebot-kje-bide-vo-nedela/feed/ 0
Илиевски се прости од Георгиевски: Тоа е Македонија чие чедо е Љубиша, тоа е Љубиша чие чедо е Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-se-prosti-od-georgievski-toa-e-makedonija-chie-chedo-e-ljubisha-toa-e-ljubisha-chie-chedo-e-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-se-prosti-od-georgievski-toa-e-makedonija-chie-chedo-e-ljubisha-toa-e-ljubisha-chie-chedo-e-makedonija/#respond Fri, 07 Dec 2018 11:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=136923

Богдан Илиевски се прости од Љубиша Георгиевски, неговиот соборец во неколкумесечните протести пред Собранието. „Смирете се ако сакате да ме чуете, и чујте ме за да можете да се смирите…“ – Љубиша Георгиевски. Почивај во мир пријателе, искрен и велик патриоту, грандиозен Македонецу. Слава ти! Широкото небо сега ти е вечен дом. Биди и понатаму со нас. И ние ќе сме со тебе. Како што рече: „…и сега го препуштам микрофонот на другите говорници“. Тоа е Македонија, тоа е дефиницијата на македонизмот. Одиме понатаму се додека има некој да го преземе „микрофонот“. Секој со својот крст, секој со своето Дело. „Вие раснете како цвеќе од асфалтот кој го газите“. Тоа е Македонија чие чедо е Љубиша, тоа е Љубиша чие чедо е Македонија. Нека ти е вечна слава, пишува Илиевски. Tри години некој сака да ни подметне војна, изјави на ова обраќање поранешниот претседател на Собранието. -Браќа и сестри, земјаци, дојдов овде со сиот багаж од 80 добри години, дојдов овде за да ве видам од близу и во живо, затоа што вие растете како цвеќе од асфалтот што го газите секој ден, еве веќе еден месец. Од истиот оној асфалт, кои некои варвари, хулигани го гадеа, тоа им беше малку и сакаат уште да го испогадат. Дојдов со една порака што прилега на моето грамадно искуство, ние сме сега на крстосница, три години некој сака да ни подметне војна, три години игра на картата дека ние сме патриоти и ќе загриземе на војна. Нема, затоа што ние многу добро знаеме која е разликата меѓу мирот и војната, мирот е кога децата ги погребуваат своите татковци и дедовци, а војната е кога татковците ги погребуваат децата. Затоа нема да нè наведат на војна, сепак мора да сме тука, како што кажа мојот другар Борис, нашето присуство е војна. Знам дека животните се тераат со стап или со грбач, но луѓето се тераат со присуство, изјави Георгиевски Тој побара од граѓаните да се направи петиција со која ќе се побара од ЕУ да се огради од тиранската платформа. -Ве молам да имате трпение и затоа сакам сега да ви ставам нешто на душа, сакам нешто конкретно на душа, дали сте за тоа да се состави една петиција до ЕУ, во која ќе ги кажеме нашите барање, затоа што овде не нè слушаат, една петиција од 150 до 200 илјади луѓе ќе направи разлика. Овие што си ја сликаат платформата се влезени во историјата на бесчестието, но ние ако направиме петиција во која ќе побараме од ЕУ да се огради од тиранската платформа, сакале тие или не сакале мора да нè евидентираат, така ние ако не влеземе во ЕУ, ќе влеземе во европската историја – рече во неговиот говор Георгиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-se-prosti-od-georgievski-toa-e-makedonija-chie-chedo-e-ljubisha-toa-e-ljubisha-chie-chedo-e-makedonija/feed/ 0
Комеморативна седница во македонското Собрание по повод смртта на Љубиша Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-2/#respond Fri, 07 Dec 2018 06:41:06 +0000 https://kurir.mk/?p=136720

Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Парламентот.  Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од  1 август 2006 година до 21 јуни 2008 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-2/feed/ 0
Владо Јовановски со емотивен статус: Љубиша, уживај во рајот зашто во ова трло живите им завидуваат на мртвите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlado-jovanovski-so-emotiven-status-ljubisha-uzivaj-vo-rajot-zashto-vo-ova-trlo-zivite-im-zaviduvaat-na-mrtvite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlado-jovanovski-so-emotiven-status-ljubisha-uzivaj-vo-rajot-zashto-vo-ova-trlo-zivite-im-zaviduvaat-na-mrtvite/#respond Thu, 06 Dec 2018 21:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=136695

Актерот Владо Јовановски со емотивен статус на Фејсбук се збогува од театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски, кој утрово почина. -Драг професоре Љубиша Георгиевски, прости ми што дури сега ти пишувам а утринава разбрав за Твоето оправдано физичко отсуство од овој свет. Сигурен сум дека ќе ме разбереш, зашто имав објективни причини... Поточно имав "Снимање", кое некои го нарекуваат судење. Професоре, чест ми е што Те запознав во животов, што можев да учам од Тебе и како треба и како не треба и што имав чест да соработуваме во повеќе проекти. Особено ми е драго што учествував во Твојата последна претстава (а можеби и моја последна), "Папагалот историко", која ете некако успеавме да ја одиграме двапати или трипати, ако ја вклучиме и генералната проба. Претстава која меѓудругото зборуваше и за настаните од 27. април 2017. година. Нејсе... Знам дека си веќе кај Бога, пред кого сите еден ден ќе се претставиме. Те замолувам да му пренесеш нему, на Створителот (иако знам дека ОН се знае), едно мое чувство за Македонија и за нејзината иднина. Речи му... Владо ми рече да Ти го кажам ова... ДРЖАВА КОЈА ИМАЛА И ИМА ТАКВИ И ВАКВИ ТАЈНИ СЛУЖБИ, И ТАКВО И ВАКВО ГАНГРЕНОСАНО ОПШТЕСТВО ВО СИТЕ ПОРИ, НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА! ЗАТОА ШТО ТОА НЕ БИЛО ДРЖАВА И ТАКВОТО И ВАКВО ОПШТЕСТВО НЕМА ИДНИНА! Ако Ти не му го кажеш ова... Јас секако еден ден ќе му го кажам, кога ќе стасам... Сега за сега, нека ми го продолжи престојот во ОВАА НАША ЧУДЕСНА ЗЕМЈА, зашто сум љубопитен како ќе заврши мојот живот.. ЉУБИША... СМЕЈ СЕ ТАМУ И УЖИВАЈ ВО РАЈОТ, ЗАШТО ОВДЕ ВО ОВА ТРЛО ЗА СТРИЖЕЊЕ ОВЦИ, ЖИВИТЕ ИМ ЗАВИДУВААТ НА МРТВИТЕ!, пишува Јовановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlado-jovanovski-so-emotiven-status-ljubisha-uzivaj-vo-rajot-zashto-vo-ova-trlo-zivite-im-zaviduvaat-na-mrtvite/feed/ 0
Комеморативна седница во македонското Собрание по повод смртта на Љубиша Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/#respond Thu, 06 Dec 2018 17:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=136651

Собранието на Република Македонија утре напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Парламентот. Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од 1 август 2006 година до 21 јуни 2008 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/feed/ 0
Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Љубиша Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-pretsedatelot-ivanov-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-pretsedatelot-ivanov-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/#respond Thu, 06 Dec 2018 16:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=136629

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати сочувство по повод смртта на Љубиша Георгиевски. –Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот режисер, писател и професор Љубиша Георгиевски. Иако немам соодветни зборови кои можат да ја опишат големината на загубата, дозволете во овие тажни мигови да изразам најискрено и најдлабоко сочувство на неговото семејство и на целата македонска јавност. Со смртта на Љубиша Георгиевски загубивме голем интелектуалец, уметник и патриот. Со своето уметничко дело остави неизбришлива трага во македонскиот театар и филм инаугурирајќи се во креативен и мислечки бард на македонската уметност и култура. Зад него останаа повеќе од 160 театарски претстави и неколку играни филмови кои ја издржаа критиката на времето. Љубиша Георгиевски со својата луцидност, творечка храброст и човечка доблест беше наша гордост и инспирација, се наведува во телеграмата со сочувство. Воедно се додава, дека во текот на исклучително богатата политичка и дипломатска кариера мошне одговорно и креативно ги одигра своите улоги на претседател на Собранието и амбасадор во Софија и во Белград каде ревносно ги бранеше државните интереси на Република Македонија, а како член на неговиот Совет за меѓународни односи, се наведува, тој даваше мудри совети и промислувања за клучните прашања за Република Македонија. -И преку својот уметнички и преку општествениот ангажман до крајот на својот живот, Георгиевски се бореше за македонската кауза останувајќи верен на своите вредности, ставови и убедувања.Вечно ќе сме благодарни за сè што направи за Република Македонија и за наследството кое ни го остави и кое ќе остане патоказ и светлина за идните генерации. Вечна му слава и нека почива во мир, стои во изарзите на сочувство од претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-pretsedatelot-ivanov-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/feed/ 0
Мицкоски по смртта за Георгиевски: Неговата грамадна големина во битисувањето на Македонската држава ќе биде запаметена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-smrtta-za-georgievski-negovata-gramadna-golemina-vo-bitisuvanjeto-na-makedonskata-drzava-kje-bide-zapametena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-smrtta-za-georgievski-negovata-gramadna-golemina-vo-bitisuvanjeto-na-makedonskata-drzava-kje-bide-zapametena/#respond Thu, 06 Dec 2018 10:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=136462

Со длабоко жалење утрово ја примив веста за смртта на Проф. д-р Љубиша Георгиевски. Тој со својот плоден животен век остави неизбришлива трага во драматургијата, македонскиот филм, општествената дејност, но и во креирање на темели и изградбата на нашата држава Република Македонија, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил. „Тој со својот мирен и мудар хабитус беше вистинска додадена вредност и за ВМРО-ДПМНЕ каде се вгради во нејзиното растење и партиско живеење. Имав ретка можност и чест за почести средби и комуникации во последниот период, неговата чиста мисла, драматурска прецизност и пред се мудрост беше исклучително корисна и плодотворна. Неговата грамадна големина во битисувањето на Македонската држава, неговата исклучителна љубов кон нашата земја и нашиот народ ќе биде запаметена. И тоа остава неизбришлива длабока трага за нашата земја Македонија, трага која ќе се памети денес, утре и многу години потоа.  Искуствено надраснат, но и емотивно загрижен во однос на последните случувања во нашата земја ќе кажеше, Македонија е поголема од сите неправди, прогони и наказувања, и таа сепак ќе воскресне и победи, бидејќи таа е идеја, емоција и наша судбина. Благодарам за се што направи за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.  Почивај во мир ПРОФЕСОРЕ!“-напиша Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-po-smrtta-za-georgievski-negovata-gramadna-golemina-vo-bitisuvanjeto-na-makedonskata-drzava-kje-bide-zapametena/feed/ 0