љубљанска банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Dec 2020 16:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубљанска банка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватска ја доби Словенија во спорот околу Љубљанска банка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-dobi-slovenija-vo-sporot-okolu-ljubljanska-banka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-dobi-slovenija-vo-sporot-okolu-ljubljanska-banka/#respond Wed, 16 Dec 2020 16:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=444205

Европскиот суд за човекови права соопшти дека Словенија не може да ја тужи Хрватска во име на Љубљанска банка за повреда на човековите права и се прогласи ненадлежен во врска со тужбата, чија вредност изнесува речиси 430 милиони евра. Меѓународниот суд ги прифати хрватските аргументи и зазеде став дека Љубљанска банка не е невладина организација, туку е тесно поврзана со државата, па затоа Словенија не може во нејзино име да тужи за повреда на човековите права загарантирани со Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи. Словенија го започна спорот во 2016 година, повикувајќи се на повреда на неколку права од Конвенцијата поради начинот на кој хрватските судски и извршни власти постапиле во врска со побарувањата на Љубљанска банка кон хрватските трговски друштва. Хрватска тврдеше дека Европскиот суд за човекови права не е надлежен за одлучување по тоа барање, бидејќи Љубљанска банка е владина организација во сопственост на Република Словенија и под управа на словенечкиот Фонд за сукцесија. Љубљанска банка поради остварување наплата на неплатени и доспеани побарувања од кредити и гаранции пред хрватските судови од 1991 година, покрена повеќе парнични постапки против хрватски трговски друштва кои повеќето работеле во земјоделскиот и прехранбениот сектор. Наплата на побарувањата на Љубљанска банка во повеќето случаи била невозможна, бидејќи должниците банкротирале или веќе не постојат. Одлуката на Европскиот суд за човекови права е конечна и Словенија веќе не може да покренува нови постапки пред овој суд врз основа на истите факти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-ja-dobi-slovenija-vo-sporot-okolu-ljubljanska-banka/feed/ 0