Љубомир Бранѓолица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 09:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Љубомир Бранѓолица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Почина легендарниот македонски композитор https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor/#respond Mon, 24 Jul 2023 09:44:38 +0000 https://kurir.mk/?p=859400

Легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица почина вчера на 90 годишна возраст. Информацијата ја потврди Сојузот на композитори на Македонија. Бранѓолица е роден на 19 август 1932 во Херцег Нови, а во 1946 се запишува во Военото музичко училиште во Загреб. Своето средно музичко образование го завршува во Риека. Од 1950 до 1954 година работи во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Македонија доаѓа во 1954 и работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Од 1957 е корепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар, а потоа добива статус на слободен уметник до 1966, кога се вработува во Македонската радиотелевизија како продуцент музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија. Во меѓувреме дејствува како пијанист и како балетски критичар. Како автор на филмска музика, дебитира во 1964, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови. На 18 март 2006 ја доби и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/foto-pochina-legendarniot-makedonski-kompozitor/feed/ 0
Дигитализирани дела од композиторот Љубомир Бранѓолица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/digitalizirani-dela-od-kompozitorot-ljubomir-brangjolica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/digitalizirani-dela-od-kompozitorot-ljubomir-brangjolica/#respond Tue, 16 Nov 2021 06:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=595917

„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот што содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само еден дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори. Ова е првиот чекор кој следува во понатамошната дигитализација на останатите дела на овој композитор чија бројка е близу 400 дела од областа на балетската музика, симфониски дела, камерни дела, оперска музика, мјузикли, солистички дела, камерни дела, дела од популарната музика, музика за деца, музика за филм, музика за театар и тн. Авторот на овој проект е Андреј Блажевски кој потенцира дека ова претставува значаен потфат за трајно зачувување  на  делата на Љубомир Бранѓолица, со што ќе се намали ризикот  од нивното евентуално губење и уништување доколку останат само во хартиена форма. Точниот број на дела се уште не е познат, бидејќи некои дела не се воопшто изведени. Преку  дигитализација на  овој богат опус на музички дела, ќе се постигне нивното трајно зачувување, односно префрлање од хартиена првична форма во дигитална форма. Дигитализираниот материјал е даден на Сојузот на композитори на Македонија, на Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ и  на Архивот на МАНУ. Поголем дел од творештвото ќе биде и прикачено онлајн и може да се најде на интернет платформата ISSUU или директно на следниот линк: (https://issuu.com/andrejblazevski1). Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/digitalizirani-dela-od-kompozitorot-ljubomir-brangjolica/feed/ 0