љубомир фрчковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Mar 2022 07:51:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубомир фрчковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Фрчковски кој порачуваше дека Албанците ќе завршат во Јадранско Море, Пендаровски скандалозно го именуваше за амбасадор во ООН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-frchkovski-koj-porachuvashe-deka-albancite-kje-zavrshat-vo-jadransko-more-pendarovski-skandalozno-go-imenuvashe-za-ambasador-vo-oon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-frchkovski-koj-porachuvashe-deka-albancite-kje-zavrshat-vo-jadransko-more-pendarovski-skandalozno-go-imenuvashe-za-ambasador-vo-oon/#respond Thu, 03 Mar 2022 07:51:16 +0000 https://kurir.mk/?p=639847

Фрчковски е контроверзен лик кој во 2001 година заговараше бугарски и грчки војски да интервенираат против македонските Албанци, или како што рече „можеби ние ќе зборуваме бугарски, ама Албанците ќе пливаат кон Италија“. Човекот кој им порачуваше на Албанците дека ќе завршат во Јадранско море, а Македонците дека ќе зборуваат бугарски, Пендаровски со указ го назначи за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединети Нации. Фрчковски кој ги тепаше граѓаните во Тетово, во чиј мандат се случи атентатот на Глигоров, кој издаваше наредби за прислушкување, кој дозволуваше кршење на ембаргото кон Србија и шверц, кого го одбија како предлог за амбасадор во САД, сега Пендаровски го испраќа во Обединети нации. Ова е срам за Македонија. Колку што е срам за Фрчковски уште поголем срам е за Ковачевски и Пендаровски кои ова го овозможуваат. После се чудат зошто никој не ја есапи сериозно Македонија. Епа заради нивните авантури со именување контроверзни ликови на најзначајни позиции во дипломатијата сме на ова дереџе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-frchkovski-koj-porachuvashe-deka-albancite-kje-zavrshat-vo-jadransko-more-pendarovski-skandalozno-go-imenuvashe-za-ambasador-vo-oon/feed/ 0
Пендаровски со указ го назначи Фрчковски за амбасадор во ОН во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-ukaz-go-naznachi-frchkovski-za-ambasador-vo-on-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-ukaz-go-naznachi-frchkovski-za-ambasador-vo-on-vo-njujork/#respond Wed, 02 Mar 2022 18:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=639670

Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк. Уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побара од надлежната комисија во Собранието на Република Северна Македонија да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса. Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети. Имено, постапката за именување амбасадор завршува со одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на Министерството за надворешни работи, а тоа Фрчкоски го има направено уште минатата година. Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-ukaz-go-naznachi-frchkovski-za-ambasador-vo-on-vo-njujork/feed/ 0
Заев упорен да ја резили државата со Фрчкоски како амбасадор, за кој и САД потврди дека е неподобен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-uporen-da-ja-rezili-drzavata-so-frchkoski-kako-ambasador-za-koj-i-sad-potvrdi-deka-e-nepodoben/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-uporen-da-ja-rezili-drzavata-so-frchkoski-kako-ambasador-za-koj-i-sad-potvrdi-deka-e-nepodoben/#respond Wed, 31 Mar 2021 14:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=490369

Што ли му должи и што треба да заврши за СДСМ, Љубомир Фрчковски што се решени по секоја цена да го испратат како амбасадор на територијата на САД. Откако пропадна идејата да биде амбасадор во Вашингтон, сега нова вест проструи во јавноста дека Фрчковски ќе биде македонски амбасадор во Обединетите Нации во Њујорк. Оваа вест доаѓа на помалку од месец дена откако тој беше одбиен од САД како неподобен да го пополни амбасадорското место во Вашингтон. Како причина тогаш беше наведено дека Фрчковски не може да добие безбедносен сертификат, што е предуслов за размена на безбедносни информации. Тогаш веста за јавноста ја потврди и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски. Власта се разбира во тој момент не сакаше да го признае срамот, па измислуваа разни изговори. Но, сега веста за амбасадорското место во Њујорк не доаѓа од било кој, туку од медиуми кои важат за блиски до СДСМ и Владата. Тоа значи дека сепак постои таков обид и дека можеби и не се работи за шпекулација. Но изненадувачки за сите е зошто СДСМ толку упорно го носи Фрчкоски токму во САД и на толку важни амбасадорски места, знаејќи го неговото минато кое не е соодветно за никаква функција, а особено не во САД или ОН. Откако им пропадна обидот да го направат претседател на Македонија, сега се обидуваат за да го наградат како амбасадор. Фрчкоски беше министер за внатрешни работи од 1992 година се до 1996 година, во најмрачниот и најкриминален период, време на транзиција и матни зделки и прогони кои никогаш не добија разрешница. Во тој период се случи и обидот за атентат врз поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, кој тогашното МВР предводено до Љубомир Фрчкоски не успеа да го расчисти, а тогашните шпекулации кои кружат до ден денешен се дека самиот тој имал врска со настанот. Потоа неделникот Фокус во 2008 пишуваше како Фрчковски ја тепал својата сопруга пред децата, објавувајќи нејзино писмо, а дека не запре тука со малтретирањето на жени доказ е и уште еден настан потоа нападна жена среде бел ден за паркинг место. Сепак, скандалите со Фрчкоски не запреа тука. Тој беше лустриран во 2013 година, при што беше обелоденето дека лично потпишувал наредби за следење, прислушкување и нарушување на човековите слободи и права. Поради неговите постапки им биле нарушени човековите права и слободи на бројни писатели, новинари, професори и политичари , од единствена причина што не се согласувале со неговите идеи. Оттука навистина е зачудувачки зошто СДСМ сака да ја изрезили државата испраќајќи таков човек како амбасадор во Обединетите нации, институција која пред се се занимава со човековите слободи и права, што е спротивно на она што е Фрчкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-uporen-da-ja-rezili-drzavata-so-frchkoski-kako-ambasador-za-koj-i-sad-potvrdi-deka-e-nepodoben/feed/ 0
Милошоски: Безбедносните афери и корупцијата му пресудија на Фрчковски да не стане амбасадор во САД, тоа е шамар за македонската дипломатија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-bezbednosnite-aferi-i-korupcijata-mu-presudija-na-frchkovski-da-ne-stane-ambasador-vo-sad-toa-e-shamar-za-makedonskata-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-bezbednosnite-aferi-i-korupcijata-mu-presudija-na-frchkovski-da-ne-stane-ambasador-vo-sad-toa-e-shamar-za-makedonskata-diplomatija/#respond Fri, 12 Mar 2021 08:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=481170

Без разлика дали станува збор за амбасадор или слично треба да се одбере најквалитетниот кадар во моментов. Тука би се осврнал и на дипломатијата, во изминатиов период, би го искоментирал и тој актуелен случај кој што не е врзан со квоти, повеќе би рекол дека е врзан со политика, но не дава добар пример за Македонија, а тоа беше примерот со номинацијата на Фрчковски за амбасадор во Вашингтон, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување за „Радио Лидер“ говорејќи за не доделувањето на парична помош од Брисел. Милошоски додаде дека МНР и Владата доживеаја прво да нема три години амбасадор во Вашингтон што само по себе е голем пропуст за Македонија во најважното дипломатско место да немаш амбасадор. И второ номинираат за амбасадор човек кој што после кратко време после номинацијата стигнува вербална порака по дипломатски канали од Вашингтон дека истиот го сметаат за неподобен за амбасадор во Вашингтон. - Информацијата јас ја добив од дипломатски извори кои што се ангажирани во македонската дипломатија, кои што споделија едно такво сознание, добронамерна сугестија стигнала од високи дипломатски кругови во Вашингтон кои сметаат дека г. Љубомир Фрчковски не е соодветен, не е подобен да биде амбасадор во САД. И сметам дека е тоа голем сигнал, за жал и голема бламажа за Владата и македонската дипломатија. И мислам дека Владата не смеела да си дозволи да оди со таква номинација, пред истата да ја провери, рече Милошоски. Милошоски посочи дека има разлика помеѓу зборовите и делата на секој кандидат за амбасадор или дипломат. Посериозни држави како Америка имаат подолга архивска меморија што се случуваше кога беа санкциите против Србија, што се случуваше со шверцови на нафта, фрее шопови и сл. Што се случуваше по однос на загрозување на правата на луѓето со следење и прислушкување, потпишување на лични наредби за такви случаи, се тоа знае и памети Америка. - Најчесто државите кои што треба да бидат домаќини на некој кандидат за амбасадор пред да дадат агреман проверуваат две клучни работи, а тоа е дали зад кандидатот за амбасадор постојат некакви безбедносни афери условно кажано, соработка со служби кои што се пријателски кон нив, вакви некои безбедносни афери кои што се однесувале на оваа споменатата со атентатот на покојниот Киро Глигоров и сл. И ги истражуваат исто така и можните коруптивни афери, нагласи Милошоски. Милошоски кажа дека семејството на Фрчковски беше многу ангажирано во одбрана на Катрица Јанева за коруптивен скандал кој што ја потресе Македонија. - Фрчковски не би бил ниту подобен за ОН. Зошто? Затоа што во ОН имате пет постојани земји членки на Советот за безбедност. А, тоа се Америка, Кина, Русија, Франција и Велика Британија. И ако САД кажале „НЕ“ за Фрчковски, дека тој за нив е неподобен, тогаш и во ОН, таков амбасадор не би бил употреблив, истакна Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-bezbednosnite-aferi-i-korupcijata-mu-presudija-na-frchkovski-da-ne-stane-ambasador-vo-sad-toa-e-shamar-za-makedonskata-diplomatija/feed/ 0
Милошоски: На штета на имиџот на државата, Владата го предложи несоодветниот Фрчковски и доби непотребна дипломатска бламажа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-shteta-na-imidzot-na-drzavata-vladata-go-predlozi-nesoodvetniot-frchkovski-i-dobi-nepotrebna-diplomatska-blamaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-shteta-na-imidzot-na-drzavata-vladata-go-predlozi-nesoodvetniot-frchkovski-i-dobi-nepotrebna-diplomatska-blamaza/#respond Sat, 06 Mar 2021 15:39:04 +0000 https://kurir.mk/?p=478242

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на новинарско прашање во врска со предлогот од Владата за амбасадор во САД за Љубомир Фрчковски којшто беше одбиен, Милошоски одговори дека истото е непотребна дипломатска бламажа на Владата која е на штета на имиџот на државата. -Нашата констатација е дека ваква непотребна дипломатска бламажа каква што беше таа со Фрчковски на државата и нанесува штета на имиџот. Прво, три години власта нема кандидат за амбасадор за Вашингтон, а потоа носи одлука на 8-ми февруари Фрчковски да биде кандидат и гледаме дека земјата домаќин, најважната наша земја партнер во НАТО, го оценува предлогот како несоодветен и неподобен. Сега гледаме дека Заев оди на таа варијанта за Њујорк, Обединети Нации или нешто слично, веројатно сака да го прати Фрчковски некаде каде што не е потребен агреман. Во земјите кои што имаат на билатерална основа амбасадори потребен е агреман, за секоја личност кандидат за амбасадор, во меѓународните организации не е потребен агреман. Милошоски исто така појасни дека веројатно Фрчковски му е должен нешто на Заев, или Заев му е должен на Фрчковски, па гледаат дипломатијата да ја искористат како алатка за меѓусебно подмирување на тие долгови. -Од наша гледна точка сметаме дека господинот Фрчковски не е личност која што може да ги претставува на соодветен начин интересите на Македонија ниту во Вашингтон, ниту во било која друга меѓународна организација, вели Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-na-shteta-na-imidzot-na-drzavata-vladata-go-predlozi-nesoodvetniot-frchkovski-i-dobi-nepotrebna-diplomatska-blamaza/feed/ 0
Дипломатски скандал е што Заев мислеше дека тепач на жени и лустриран кодош на службите како Фрчковски може да биде амбасадор на земјава во САД, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diplomatski-skandal-e-shto-zaev-misleshe-deka-tepach-na-zeni-i-lustriran-kodosh-na-sluzbite-kako-frchkovski-moze-da-bide-ambasador-na-zemjava-vo-sad-reagiraat-od-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diplomatski-skandal-e-shto-zaev-misleshe-deka-tepach-na-zeni-i-lustriran-kodosh-na-sluzbite-kako-frchkovski-moze-da-bide-ambasador-na-zemjava-vo-sad-reagiraat-od-vmro-dpmne/#respond Thu, 04 Mar 2021 20:26:06 +0000 https://kurir.mk/?p=477488

Уште еден пораз на земјава донесен од Заев. Љубомир Фрчковски не може да биде амбасадор на земјава во САД особено што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби. На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат дипломатијата на Заев - Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата. Заев е магнет за неспособни кадри. Љубомир Фрчковски беше министер за внатрешни работи кога се случи нерасветлен атентат на претседателот Киро Глигоров и кога на големо се случуваше шверц на цигари и нафта. Со неговото име се врзуваат сите скандали од транзицијата од чие време потекнува и кариерата на аболираниот криминалец Зоран Заев. Со ова се покажува несериозниот однос на земјава кон најсериозните дипломатски прашања“, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diplomatski-skandal-e-shto-zaev-misleshe-deka-tepach-na-zeni-i-lustriran-kodosh-na-sluzbite-kako-frchkovski-moze-da-bide-ambasador-na-zemjava-vo-sad-reagiraat-od-vmro-dpmne/feed/ 0
Фрчкоски избор на Владата за амбасадор на Македонија во САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoski-izbor-na-vladata-za-ambasador-na-makedonija-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoski-izbor-na-vladata-za-ambasador-na-makedonija-vo-sad/#respond Wed, 10 Feb 2021 14:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=466844

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчковски е новиот избор на Владата за амбасадор на Македонија во Вашингтон. Сега се чека одговор од САД, објави „Независен“. Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkoski-izbor-na-vladata-za-ambasador-na-makedonija-vo-sad/feed/ 0
Фрчковски хоспитализиран на Инфективна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkovski-hospitaliziran-na-infektivna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkovski-hospitaliziran-na-infektivna/#respond Wed, 23 Dec 2020 19:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=447407

Универзитетскиот професор Љубомир Данаилов Фрчковски е хоспитализаран на Клиниката за инфективни болести откако му бил дијагностициран вирусот Ковид-19. Како што јавуваат дел од медиумите, тој има потешка клиничка слика, но ситуацијата во моментов е под контрола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkovski-hospitaliziran-na-infektivna/feed/ 0
Студентите до Фрчковски: Колку пари му понуди на Глигоров за промена на името? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-do-frchkovski-kolku-pari-mu-ponudi-na-gligorov-za-promena-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-do-frchkovski-kolku-pari-mu-ponudi-na-gligorov-za-promena-na-imeto/#respond Fri, 30 Nov 2018 11:53:35 +0000 https://kurir.mk/?p=134119

Студентите на Правниот факултет денес преку транспарент го поздравија професорот Љубомир Фрчковски прашувајќи го „Колку пари му понудил на Глигоров за промена на името?“ Ваквиот транспарент доаѓа по најавите дека денес со почеток во 13 часот во аулата на Правниот факултет ќе биде одржана дискусија на тема Преспанскиот договор, а на која гостин е токму Фрчковски. Поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров во својата книга „Македонија е се што имаме“, мемоарски записи, напишани во 2000 година, а објавени во 2001 година за прв пат се осврнува на случајот на обид да биде корумпиран, со милион долари за промена на името во Славомакедонија Во неа за случајот напишал: „Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извонредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија.... Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари. Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате – шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа воопшто некој си го замислил, тогаш јас не сум за ова место.“ Од мене избиваше голема лутина. Тие се згрчија, беше видливо дека им е непријатно, се гледаа меѓу себе: „Е нам ни рекоа, да ви пренесеме“. Им реков:„Да ви кажам – од тоа нема ништо. Одете си. Му кажав јас и на вашиот министер,“ (завршен цитат, според книгата во издание на „Издавачки центар Три“ 2000-2001, стр. 365 и 366).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studentite-do-frchkovski-kolku-pari-mu-ponudi-na-gligorov-za-promena-na-imeto/feed/ 0
Фрчковски за заменик министерот на СДСМ: Со изгубен тип што се смее и глупира нема реформи во судството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkovski-za-zamenik-ministerot-na-sdsm-so-izguben-tip-shto-se-smee-i-glupira-nema-reformi-vo-sudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkovski-za-zamenik-ministerot-na-sdsm-so-izguben-tip-shto-se-smee-i-glupira-nema-reformi-vo-sudstvoto/#respond Fri, 09 Mar 2018 08:16:12 +0000 http://kurir.mk/?p=28540

Љубомир Фрчковски во емисијата Топ Тема го изрази своето незадоволство од кадровските решенија на СДСМ кои треба да ги прават реформите во судството и како што тој вели „девмроизација“ на државата.  Тој за пример го зема заменик министерот за правда од редовите на СДСМ, Оливер Ристовски, кој според него е третокласно кадровско решение. -Тоа не можете да го направите со третокласни решенија во правда. Не смеете тоа е скандал. Зборувам за сдсмовските решенија. Тие ме интересираат. Затоа што тие решенија можат да ја изведат реформата. Независно од овие проблеми кои оправдано ги лоцираме кај ДУИ и во инсталацијата на ДПМНЕ. Они мораат да бидат екипа која е доволно силна и спремна да влезе во таа операција. И вие го имате од еднаш оној изгубен тип на заменик министер во правда, се смее , се глупира и незнае уствари што се дешава уопште во областа. Најважната работа на реформите во правосудството. Ајде оставете го министерот на ДУИ, сосема тргнете го на страна министерот за правда на ДУИ. Проблемот на СДСМ е тоа што тој (заменик министерот за правда) мора да направи мотор кој што е одговорен за целата реформа кој може да ја менаџира, кој што разбира што се случува. Тој појма нема со што се бави. Тој влегува во филмот и од моето искуство, тој уствари разбрал дека треба да биде војник на меѓународната заедница и дека тоа нешто треба да спроведува што ќе му кажат. Он сега нема појма што работи. И практично еден дел од реформите се упропастени од лошиот менаџмент на СДСМ во правда. На крај Бејли ќе му рече „те молам не ме брани ти, нека ме брани некој друг“. Ако може пософистицирано да ги преведе тие мисли. Начинот на кој целата реформа е изведена е фактот дека тие не знаат што треба да направат, истакна Фрчковски. Тој исто така го разби митот со кој владеачката партија изминатите месеци се правдаше дека опозицијата со блокадата на парламентот го блокира реформскиот процес. Фрчковски забележа дека има голем број на законски решенија за кои не е потребно двотретинско мнозинство, а кои можат да се донесат и да ја подобрат состојбата во судството. -Гледате сега споменуваат судството е проблем, обвинителството. Судството и обвинителството е огромен механизам. Они може да издвојат дека таму една централна точка која треба да ја притиснат и сменат. Не им треба се во судството, не им требаат двотретинските закони ниеден сега на пример. И тоа не може ниту еден од нив да го каже, не го знаат, не го расправаат, додаде тој. Професорот Љубомир Фрчковски го критикуваше и новото тело за надзор на судството чиј претседател ќе биде премиерот Заев. Во однос на ова прашање тој истакна: „Што прават сега со комисијата за посматрање од грмушка на реформиве. Знаете имате посматрачи од грмушка и оние кои ги прават реформите. Идеата се оние кои ги прават реформите. Кои се тие. Оние што гледаат, оваа сега комисија за посматрање од грмушка тие кажуваат добро е, побрзо, поспоро. Треба некој да ги направи реформите. Нас ни се битни тие што ги прават реформите дали знаат. Тоа не можеме да видиме. Овој состав е катастрофа во правда на чело со заменикот“. Фрчковски е само последен во низата познавачи на политичките состојби во Македонија, а близок до власта, кој излезе со суштински критики на владеачката СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frchkovski-za-zamenik-ministerot-na-sdsm-so-izguben-tip-shto-se-smee-i-glupira-nema-reformi-vo-sudstvoto/feed/ 0