Љубомир Гајдов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 19:18:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Љубомир Гајдов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гајдов: Младите Македонци во Бугарија не дојдоа на отворањето на клубот оти ќе ги избркаа од работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-mladite-makedonci-vo-bugarija-ne-dojdoa-na-otvoranjeto-na-klubot-oti-kje-gi-izbrkaa-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-mladite-makedonci-vo-bugarija-ne-dojdoa-na-otvoranjeto-na-klubot-oti-kje-gi-izbrkaa-od-rabota/#respond Mon, 31 Oct 2022 19:18:16 +0000 https://kurir.mk/?p=753438

Прашањето е едноставно – младите работат или приватно или државно и ако се појават таму, ќе ги избркаат од работа. Многу просто. Овие старите што беа таму кои се пензионери или бивши затвореници од комунистичкиот режим на Тодор Живков и многу нормално дека се тие хероите. Добро е што сите национални телевизии имаа специјални известувачи вчера од Благоевград. Народот овде го виде срамот на Бугарите, вели политичкиот коментарот Љубомир Гајдов за вчерашното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Според него, „имало зрелост кај младите, кои ако дојдат на отворањето и се декларираат како Македонци, утредента ќе ги избркаат од работа“. -Во прашање е да преживеаат, имаат фамилии луѓето. Утрово на бугарската национална телевизија беше објавено дека Европа го призна македонскиот јазик. Знаете ли тоа кој е удар на нивната лага? Таму се загрижени, смета Гајдов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-mladite-makedonci-vo-bugarija-ne-dojdoa-na-otvoranjeto-na-klubot-oti-kje-gi-izbrkaa-od-rabota/feed/ 0
Гајдов тврди дека Фрчкоски е вмешан во атентатот на Глигоров, Малески порачува дека работата е пресериозна за да се прави естрадно шоу https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-tvrdi-deka-frchkoski-e-vmeshan-vo-atentatot-na-gligorov-maleski-porachuva-deka-rabotata-e-preseriozna-za-da-se-pravi-estradno-shou/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-tvrdi-deka-frchkoski-e-vmeshan-vo-atentatot-na-gligorov-maleski-porachuva-deka-rabotata-e-preseriozna-za-da-se-pravi-estradno-shou/#respond Tue, 04 Dec 2018 10:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=135513

„Истрагата за откривање на нарачателите и извршителите на атентатот врз поранешниот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, е отворена од моментот на случување на настанот. Во рамките на тој предмет се прибираат и анализираат сите информации, кои би можеле да доведат до нови сознанија. Доколку има нови моменти во истрагата, јавноста ќе биде известена“. Ваквиот одговор на јавното обвинителство е од денеска, иако неговата содржина е речиси идентична повеќе од 20 години. Пресинг Тв го доби за поставеното прашање дали обвинителството по допрен глас ќе поведе предистрага, откако новинарот Љубомир Гајдов го посочи професорот Љубомир Фрчкоски дека е замешан во атентатот на покојниот претседател Киро Глигоров. Атентатот беше извршен на 3 октомври 1995 година во центарот на Скопје, пред хотелот „Бристол“. Новинарот Гајдов беше еден од промоторите на најновата книга на поранешниот претседател на Собранието на РМ, Стојан Андов, насловена како „До атентатот и по него“, што беше промовирана во петокот. Неговиот настап, како и дел од промовираната содржина на книгата предизвикаа бура од реакции во јавноста, а посебно внимание привлече колумната на професорот Фрчкоски адресирана директно до авторот. Гајдов за Пресинг Тв денеска изјави: „Не знам зошто толку врева кога тоа што го кажав не го кажувам прв пат. Објавено е во 2002 и уште еднаш повторено во 2007 година“. Во својот промотивен говор Гајдов спомена повеќе личности, а меѓу нив и поранешниот министер за надворешни работи, проф.Денко Малески, кој за време на атентатот беше македонски амбасадор во ООН. Од оваа временска дистанца, во телефонскиот разговор проф.Малески се потсетува дека веднаш по атентатот му ѕвонеле од РТС за изјава и вели дека би било добро, ако има записи, да се потсети на неа. Добро се сеќава дека за настанот го информирал и Генералното собрание на ОН. Но, барајќи потврда на изјавата на Гајдов забележува дека таа е малку нејасна во смисла на тоа дали станува збор за една заедничка средба или за посебна поединечна, доверлива средба на Гајдов со претставник на ФБИ. „Да, Гајдов доаѓаше во амбасадата како дописник и имаше свои контакти. Лично, не сум присуствувал, ниту сум бил запознат со тоа дека постоела таква средба со претставник на ФБИ и првпат го слушам тоа. Добро е што се споменуваат и други луѓе, кои исто така треба да се слушнат“, вели проф.Малески. Воскреснувањето на прашањето за атентатот и, што е уште поважно, покажувањето со прст на конкретни личности, проф.Малески го толкува како можност општеството веќе да се чувствува слободно за да прими такви информации, да ги провери и максимално внимателно да ги испита за да се открие вистинскиот виновник за чинот, што предизвика национална траума. „Работата е пресериозна за од неа да се прави некакво естрадно шоу“, дециден е проф.Малески. Извор: ПресингТВ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-tvrdi-deka-frchkoski-e-vmeshan-vo-atentatot-na-gligorov-maleski-porachuva-deka-rabotata-e-preseriozna-za-da-se-pravi-estradno-shou/feed/ 0
Гајдов со сериозни обвинувања за Фрчкоски, се повикува на цврсти извори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-so-seriozni-obvinuvanja-za-frchkoski-se-povikuva-na-cvrsti-izvori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-so-seriozni-obvinuvanja-za-frchkoski-se-povikuva-na-cvrsti-izvori/#respond Fri, 30 Nov 2018 20:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=134385

Вечерва се одржа промоција на избрани дела на Стојан . Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“. За мемоарско-публицистичките и литературни дела говореше надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов. Меѓу другото, Гајдов говореше за атентатот на екс-претседателот на Република Македонија, покојниот Киро Глигоров. Откри шокантни детали за начинот на кој тогаш постапувал Љубомир Фрчкоски, како министер за внатрешни работи. Раскажа што тогаш дознал од моќни луѓе со богати сознанија. -Одма по атентатот, три истоветни телеграми дојдоа од Вашингтон од ЦИА, од Лондон и од Минхен.  Пишуваше „Ништо не пипајте, доаѓаат нашите експерти“. Ама вашиот министер на полиција го однесе Мерцедесот во непознат правец, после 120 минути. Зошто, прашав јас наивно. Тој е мозок на атентатот, ми вели, обелодени Гајдов. На Црвенковски, вели Гајдов, му барале да го смени Фрчкоски од министерското место. Многу повеќе, слушнете во неговиот говор: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-so-seriozni-obvinuvanja-za-frchkoski-se-povikuva-na-cvrsti-izvori/feed/ 0