Љубомир Јовески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 16:29:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Љубомир Јовески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собранска седница на 2-ри ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelatsijata-na-lubomir-joveski-na-sobranska-sednitsa-na-2-ri-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelatsijata-na-lubomir-joveski-na-sobranska-sednitsa-na-2-ri-noemvri/#respond Fri, 20 Oct 2023 16:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=891405

На собраниската седница закажана за 2 ноември ќе се расправа по Предлогот за интерпелација на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата. Интерпелацијата е ставена како 13 точка на дневен ред на пленарната седница. Пратениците ќе расправаат и за Предлог одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија, чиј мандат истекува во февруари. На истата седница како 15 точка е ставена и Предлог одлуката за огласување избор на член на Државната изборна комисија. По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelatsijata-na-lubomir-joveski-na-sobranska-sednitsa-na-2-ri-noemvri/feed/ 0
Јовески: Можно е вештачење за „Онкологија“ да се врши во една од соседните земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-mozhno-e-veshtachene-za-onkologija-da-se-vrshi-vo-edna-od-sosednite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-mozhno-e-veshtachene-za-onkologija-da-se-vrshi-vo-edna-od-sosednite-zemji/#respond Fri, 13 Oct 2023 19:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=888666

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека е можно во некоја од соседните земји да има вештачење за случајот „Онкологија“. Тој потврди дека соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации, но што ќе покаже таа соработка, засега е отворено прашање. Според Јовески, неблагодарно е да се прогнозира кога ќе има конкретен обвинителен акт. Многу поважно е, нагласи, да се дојде до вистината, односно до релевантни податоци - кој што направил во конретното дело. -Неблагодарно е да се прогнозира времето, побитно е да дојдеме до вистината, до докази, до обвинети лица и до сигурни, релевантни податоци кој што направил во конретното дело. Сложеноста на предметот налага дека ќе има повеќе вештачења. Се уште нема одлука, има идеја тоа да се врши во една од соседните земји и воопшто Обвинителството никогаш тоа прашање не го поставувало, имавме вештачење и од германски експерти. Соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации. Ако Обвинителството презема такви дејства, јасна е неговата намера да го истражи случајот до крај - дали евентуално одредени лекови или медицински материјали завршувале надвор, како завршувале и на кој начин, да прибави соодветни докази од тие земји и во тој дел сега се остварува таа соработка. Што ќе покаже соработката е отворено прашање, но ве уверувам дека ЈО максимално се посветува на расчистување на сите овие прашања за кои денеска зборувавме со пратениците. Сите сме свесни за тежината на случајот и сите сакаме да се дојде вистината, тој што сторил да сноси одговорност, а најголема сатисфакција ќе биде да се врати довербата на луѓето што се борат за живот, рече Јовески. Според него, Во однос на тоа кој се и дали ќе биде сослушан министерот за здравство, како и кога тоа ќе се случи, ќе проценат обвинителите кои го водат случајот. -Сите граѓани пред Уставот се еднакви. За нас не е битно и одлучувачки кој каква функција извршува, туку колку може да ни помогне во обезбедување докази, подвлече обвинителот. Тој напомена и дека ревизорскиот извештај, што е тема на седницата на Комисијата, е само еден од доказите за „Онкологија“. Комисијата ќе ја продолжи седницата во понеделник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-mozhno-e-veshtachene-za-onkologija-da-se-vrshi-vo-edna-od-sosednite-zemji/feed/ 0
Јовески: Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти случајот со Клиниката за онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-obvinitelstvoto-ke-gi-vlozhi-i-poslednite-napori-da-go-raschisti-sluchajot-so-klinikata-za-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-obvinitelstvoto-ke-gi-vlozhi-i-poslednite-napori-da-go-raschisti-sluchajot-so-klinikata-za-onkologija/#respond Fri, 13 Oct 2023 16:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=888627

Продолжи и денеска расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, за конечните извештаи на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. Јавниот обвинител Љубомир Јовески на почетокот на седницата реагира во врска со неговото отсуство од вчерашната седница на Комисијата. Потенцира дека според Деловникот и според законските прописи, тој не би требало да учествува на оваа седница, затоа што, како што рече, ниту се разгледува материјал на Јавното обвинителство, ниту тој материјал е од соодветно значење за Собранието во рамките на кривично-правната област. -Ќе реагирам во врска со вчерашната седница на Комисијата затоа што мислам дека непотребно неколку пати како што сум информиран беше прозвано отсуството на јавниот обвинител. Јас можам да ви покажам дека поканата ја добив во 10:30 часот за седницата и покрај тоа што обвинителската администрација штрајкува успеав Собранието навремено да го известам дека спреченоста на присуство на вчерашната седница. Тоа е едниот аспект. Вториот аспект, со оглед на сериозноста на прашањето јавниот обвинител нема никаква намера да се затскрива или да бега од соодветна расправа во Собранието. Јас очекувам претседателот на денешната седница да се издигне на ниво на задачата на сериозноста на прашањето за кое денеска се разговара и денеска навистина ќе се отвори или ќе се дискутира за извештајот на Државниот завод за ревизија. Јас прифатив да учествувам на оваа седница со оглед на тежината, сложеноста, важноста на оваа прашање кое денеска разговара на оваа Комисија. Инаку, според Деловникот и според законските прописи, јас не би требало да учествувам на оваа седница, затоа што ниту се разгледува материјал на Јавното обвинителство, ниту тој материјал е од соодветно значење за Собранието во рамките на кривично-правната област, рече тој. Според Јовески разгледувањето на овој извештај значи директно мешање на законодавната власт во рамките на Јавното обвинителство. -Обвинителот и Обвинителството е дефинирано како самостоен државен орган и обвинителот не е монета за поткосурување и јас ве молам во иднина Собранието да посвети соодветно внимание на тоа и да ги разгледува овие прашања од аспект на надлежностите на обвинителот. Ако овој извештај на Државниот завод за ревизија ви е познато дека е составен дел на доказите. Неговото разгледување од кривично-правен аспект значи директно мешање на законодавната власт во рамките на Јавното обвинителство. И на тоа, ве молам, во вашите дискусии, а посебно и во водењето на седницата претседателот на Комисијата да посвети сериозно внимание. Станува збор за навистина еден тежок случај. Станува збор за еден финансиски извештај , впрочем како и сите финансиски извештаи. Не знам колку Собранието досега имало можности, не ја следам таа работа. Таа ги разгледува финансиските извештаи. Тие се високо професионални, високо стручни извештаи и во нив се наведени околностите што се од релевантно значење за ревизискиот дел, но тие не се прават за потребите на Јавното обвинителство. Сите финансиски извештаи , Јавното обвинителство ги разгледува , меѓутоа ги разгледува од аспект на кривичен прогон, од аспект на детектирање на одредени дејствија кои значат елементи на кривично дело и откривање на евентуално сторителите кои ги презеле овие дејствија, рече тој. Јавниот обвинител информира дека после објавувањето на Извештајот на Државниот завод за ревизија, Обвинителството го проучил, презел одредени дејствија по овој извештај од рамките на неговата надлежност. -Сакам да ве информирам дека Обвинителството и пред тоа во врска со определени извештаи во определени случувања во Клиниката за онкологија водело соодветни постапки. Ние имаме кривична пријава анонимна во 2017 година за несовесно работење во службата, по кое Обвинителството постапува, го проверило околностите и на 26.2.2018 година пријавата е отфрлена бидејќи се утврдило дека во конкретниот случај нема кривично дело што се гони по службена должност. Исто така, во 2016 година е отворен соодветен предмет во Обвинителството, а потоа во 2012 година имало предмет за злоупотреба на службената положба и овластување по членот 353 од Кривичниот законик на тогашниот директор на Клиниката, кое што резултирала исто така со решени за откажување на гонење и запирање на истрагата. Во 2016 година повторно е отворен еден предмет во Јавното обвинителство и има и други предмети во рамките на Обвинителството кои се во тек, но дел се во судска постапка и затоа јавноста е информирана со оглед дека судењата се јавни, рече тој. Јовески информира дека во конкретниот случај, Обвинителство води предистрага за последните случувања во Онкологија. Тоа е еден опсежен предмет во кој се вклучени двајца обвинители, во кој е вклучен целиот истражен центар на ОЈО Скопје, кој што е функционален и конституиран во време во кое јас раководам со јавното обвинителство. Обезбедени се доказите, со намера да се одбегне нивното евентуално исчезнување. -Во овој момент, можам да кажам дека е обезбедена обемна компјутерска и друга документација во делот на здравствената состојба на пациентите кои неколку години наназад биле на третман на оваа Клиника и се лекувале. И цела оваа документација подлежи на соодветни проверки, соодветно укрстување и уточнување на овие податоци и секако дека станува збор за илјадници вакви случаи на Обвинителството и на службите кои се компетенти за решавање на вакви случаи им треба значително повеќе време. Сите сили на Обвинителството се концентрирани за забрзување на овие постапки, изјави Јовески. Потенцира дека извршени се повеќе распити на пациенти кои биле на лекување во оваа болница. -Оваа анализа на медицинските досиеја и нивното лекување ќе потрае, бидејќи таа е интердисциплинарна, почнувајќи од тоа како се требувани лековите, како се давани и во кој обем се даван и дали се давани лековите. Од страна на Обвинителството ангажирани се и технички советници. Еден дел од медицинската документација е издвоена со сомненија за лекарска грешка и за нив вештачењето ќе го врши независна институција. Преземена е анализа на целокупното материјалното и финансиско работење на Клиниката во што се вклучени експерти на Државниот завод за ревизија и Фондот за здравствено осигурување, рече тој. Тој истакна дека имаат поддршка од МВР – Единицата за финансиски истраги каде што се вклучени повеќе лица од страна на Министертсвото. Посочи дека веќе е остварена комуникација од страна на тројца јавни обвинители со јавни обвинители на Обвинителството во Косово. Обвинителството врши подготовка за да се оствари ваква комуникација и со надлежни обвинители во Обвинителството во Република Албанија. Информира дека паралелно се водат и финансиски истраги во определени лица. Јовески порача дека Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти овој случај и да се врати довербата во Клиниката за онкологија. -Сакам да ја уверам јавноста дека Обвинителството, ќе се пушти и се пушта во целосно расчистување на овој случај . Апсоутно нема ниту еден факт или околност што е релевантна за кривична одговорност ниту да прикрие, ниту да ја толкува на друг начин, освен ако заслужува соодветното лице кривична одговорност. Обвинителството ќе ги вложи и последните напори да го расчисти овој случај, да се врати довербата во Клиниката за онкологија за да можат најтешките болни во иднина бидат сигурни дека добиваат терапија согласно потребите на нивното здравје. За првпат за да нема сомнеж ниту во работата на Обвинителството, ниту во работата на обвинителите, ние вклучивме тројца пациенти кои се претставници на лицата кои се лекувале во Клиниката за онкологија , во кои и покрај тоа што согласно законот за одредени информации има забрана јавно да се објавуваат, нив во тој обем во кој може им се соопштуваат овие податоци и со нив и јас сум информиран дека имаме добра соработка , дека луѓето веруваат во работата на Обвинителството, дека тие се свесни за предизвикот во кој се наоѓа и Обвинителството и здравствениот систем и на било кој начин подготвени се на Обвинителството да му помогнат во делот на расчистување на овој случај, рече тој. Скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија се обелодени иако за него долго време наназад се шпекулираше на втори септември годинава. Ние на новата прва пленарна седница на петти септември предложивме дополна на дневниот ред со две точки на оваа тема. Истите беа изгласани иако со различни ставови и произнесувања, но сепак добија зелено светло, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Таа рече дека точката за разгледување на Извештајот на ДЗР за Клиниката за онкологија се отвори вчера, Анкетната комисија започна со работа на петти октомври, точно по 33 дена од изгласувањето истата да биде дел од дневниот ред на 125-тата пленарна седница. -Во меѓувреме власта се обиде да ја спласне темава со многу други скандали и настани, а сето тоа време порачувајќи и на опозицијата да не се обидува настанот да го политизира. Прво, згрозена сум како може ваков скандал и афера да се релативизира со терминот настан. А, второ да имаше свест и совест од оваа власт уште истиот ден на втори септември Владата ќе си поднесеше оставка. Овде не се работи ниту за настан, ниту за несреќа. Овде се работи за злосторство, за убиства и тоа со намера. И ова не е политизирање на овој грозоморен скандал туку ова е реалност која се должи на невниманието, на непрофесионалноста и на неодговорноста на власта, нагласи Стојаноска. Пратеникот на СДСМ, Диме Велковски порача од овој случај да не се ствари атмосфера дека некој сака да ја попречеува истрагата. -Не сакам да се направи атмосфера, бидејќи не верувам дека некој сака да направи атмосфера дека некој на попречува истрагата. Напротив, лично и од име на позицијата инсистираме ова да се истражи до крај. Ниту некој крие, ниту некој брани. Не самак некој да кажува дека да не се чувствуваме виновни виновни или како дел од учесници. Ниту сме виновни, ниту сме соучесници, а ниту опозицијата се виновни и соучесници во делот како пратеници. Да не се направи атмосфера дека некој сака да крие, а некои а некои сакаат побрзо да излезат резултатите. Напротив, како позиција дадовме поддршка за формирање на Анкетната комисија каде што по Деловник се знаат прописите кој, како и што прави Анкетната Комисија. Ова е Комисија за финансирање и буџет каде што дадовме придонес и гласавме дека треба да разгледуваме поединечен извештај кој години наназад не е направено. Го поддржуваме во целост Извештајот на Државниот завод за ревизија, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-obvinitelstvoto-ke-gi-vlozhi-i-poslednite-napori-da-go-raschisti-sluchajot-so-klinikata-za-onkologija/feed/ 0
Ристески до Јовески: Требаше да си ја завршите работата на време и досега да има разрешница, за скандалот на Онкологија мора да има политичка морална и кривична одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-do-joveski-trebashe-da-si-ja-zavrshite-rabotata-na-vreme-i-dosega-da-ima-razreshnitsa-za-skandalot-na-onkologija-mora-da-ima-politichka-moralna-i-krivichna-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-do-joveski-trebashe-da-si-ja-zavrshite-rabotata-na-vreme-i-dosega-da-ima-razreshnitsa-za-skandalot-na-onkologija-mora-da-ima-politichka-moralna-i-krivichna-odgovornost/#respond Fri, 13 Oct 2023 13:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=888581

„Добро е што сите овде пратеници и од власта и од опозицијата се сложуваме дека најважно е да се утврди одговорност. Бидејќи верувам ќе се сложите сите во оваа држава лошите работи ни се случуваат поради немањето, не утврдувањето и не преземањето на одговорност. Овде се спомнаа неколку случаи, неколку несреќи кои верувам немало да се случат доколку некој си ја работел работата како што треба, и доколку се преземало одговорност и навреме се реагирало некој случаи немало да ни се повторуваат“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет. „Јавен обвинител во вашето обраќање кажавте дека ова мора да се заврши и дека ќе го завршите во интерес на граѓаните. Да и заради нив, но обвинителе ова вие требаше многу порано да го завршите и досега требаше да има разрешница, не заради граѓаните само туку и поради тоа што тоа вас ви е работа. Вие требаше да си ја завршите својата работа бидејќи вие сте платен за тоа“, нагласи Ристески. Ристески додаде и дека во однос на скандалот на Онкологија мора да има политичка морална и кривична одговорност. „Поминаа месеци гледаме дека вие не реагирате. Во несреќата кај Ласкарци имавме 14 загинати, Во модуларната болница во Тетово исто така, потоа ни се случи „Беса Травел“ 45 жртви, значи 75 луѓе ги изгубија своите животи. Но не се утврди одговорност. Немаше да ни се повторуваат лошите работи како на лента ако некој си го вршел својот дел од работата. И на крај дојде ова со онкологија поради некое злосторничко здружување внатре во клиниката каде што се обвинуваат лекари вработени сестри дека наместо терапија се давало физиолошки раствор, овде мора да има утврдување на морална политичка и кривична одговорност“, истакна Ристески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-do-joveski-trebashe-da-si-ja-zavrshite-rabotata-na-vreme-i-dosega-da-ima-razreshnitsa-za-skandalot-na-onkologija-mora-da-ima-politichka-moralna-i-krivichna-odgovornost/feed/ 0
Јовески: Обвинителството не беше консултирано за измените во КЗ, ќе се обидеме да спасиме од застарување дел од предметите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-obvinitelstvoto-ne-beshe-konsultirano-za-izmenite-vo-kz-ke-se-obideme-da-spasime-od-zastaruvane-del-od-predmetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-obvinitelstvoto-ne-beshe-konsultirano-za-izmenite-vo-kz-ke-se-obideme-da-spasime-od-zastaruvane-del-od-predmetite/#respond Wed, 27 Sep 2023 17:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=882440

Владата во постапката за донесување закони, а исто така и Собранието не ги достави измените на Кривичниот закон до надлежните институции. Веројатно сметале на итноста на донесувањето на законот, тоа што тој е донесен во скратена постапка и со европско знаменце, изјави државниот обвинител Љубомир Јовески. Според него, некој во политиката проценил дека е потребно итно донесување на тој закон, а во однос на прашањето колку предмети ќе застарат, Јовески рече дека обвинителството ќе се обиде да спаси дел од предметите. - Обвинителството кон овие предмети ќе се однесува така што она што ќе може да се спасува, да се спаси, ако има основи, и ако има докази за изрекување на конфискација, бидете уверени дека тој дел обвинителите ќе бараат имотот да биде конфискуван, рече тој. Во изјави за медиуми по денешната седница на Советот на јавните обвинители Јовески рече дека нема да застарат многу предмети, а кај определени предмети, како што рече, веројатно ќе се појави проблемот на преквалификација на кривичното дело од еден став во друг. Тој посочи дека за обвинителите не е сеедно што предметите за кој вложиле огромен труд се исправени пред застарување. - Се разбира, како обвинител непријатно е чувството вие да работите повеќе години во еден предмет бидејќи определени предмети се навистина сложени и за нив се обезбедувани докази и со меѓународна правна помош, во определени предмети е вложена голема енергија од страна на обвинителите и сега тие предмети и тие дејствија треба да се преквалифкуваат како полесни кривични дела, рече Јовески. Во однос на самите измени, Јовески рече дека биле донесени во Собранието во законита процедура и дека должност на Обвинителството и другите правосудни институции е да ги почитуваат. Државниот обвинител рече дека не може да се прави проценка како измените на КЗ ќе влијаат на сите предмети бидејќи, како што посочи, секој предмет е посебен. Но, нагласи дека нивната примена најмногу е изразена во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Основното јавно обвинителство Скопје. - Не може да се групираат предметите. Секој предмет е посебен и оние предмети што се во работа и уште во почетна фаза јавните обвинители ги проучуваат и доколку за одредени прашања во делот на примената на овие законски одредби наидат на тешкотии за тоа го информираат раководителот на Обвинителството. Доколку не може да се изнајде соодветно решение во рамките на Обвинителството, се известува повисокото Јавно обвинителство. И примената на Законот кај овие предмети е најизразена е во Основното јавно обвинителство за гонење организирана криминал и корупција (ОЈО ГОКК)  и Основното јавно обвинителство во Скопје, изјави тој. Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка на почетокот на месецов ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-obvinitelstvoto-ne-beshe-konsultirano-za-izmenite-vo-kz-ke-se-obideme-da-spasime-od-zastaruvane-del-od-predmetite/feed/ 0
Јовески да поднесе оставка, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-da-podnese-ostavka-pobara-platformata-na-graganski-organizatsii-za-borba-protiv-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-da-podnese-ostavka-pobara-platformata-na-graganski-organizatsii-za-borba-protiv-koruptsija/#respond Fri, 18 Aug 2023 17:11:44 +0000 https://kurir.mk/?p=868534

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара оставка од Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, поради постапувањето на јавното обвинителство во врска со пожарот во тетовската модуларна болница каде 14 лица го загубија својот живот. „Од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово“, истрагата на јавното обвинителство за случајот не е целосна и не е ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти, како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за непрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица“, велат од Платформата за антикорупција. Од таму додаваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од членот 301 од ЗКП, а притоа во јавноста не се понудени никакви образложенија ниту за тоа зошто е продолжуван рокот согласно ставовите 2 и 3 од истиот член, ниту зошто и покрај ова продолжување истрагата не резултира со завршница. Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање за оставка на Јовески до Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-da-podnese-ostavka-pobara-platformata-na-graganski-organizatsii-za-borba-protiv-koruptsija/feed/ 0
Јовески нема да поднесе оставка заради Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-nema-da-podnese-ostavka-zaradi-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-nema-da-podnese-ostavka-zaradi-grubi/#respond Thu, 27 Jul 2023 14:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=860779

Истрага, одговорност и оставка! Ова се барањата на ВМРО-ДПМНЕ, откако јавноста дозна дека вицепремиерот Артан Груби користи возило со флешери кое не го пријавил како негова сопственост. Јавниот обвинител Љубомир Јовески објаснува дека истрага ќе биде отворена доколку се утврдат елементи на кривично дело од конкретно лице. Такви возила возат многу партиски мангупи, посочи министерот Оливер Спасовски. Еве дел од седницата за пратенички прашања. Драган Ковачки, ВМРО ДПМНЕ -Јас би се засрамил. Имам дополнително прашање: Кога ќе поднесете оставка? Љубомир Јовески, Републички јавен обвинител -Тоа задоволство нема да ви го овозможам. Вака изгледаше финишот на дуелот Ковачки-Јовески. Пратеникот побара одговор дали е отворена истрага за вицепремиерот Груби, чие дело може да се казни со затвор од 6 месеци до 5 години, како и за пријателот што му подарил возило од 80.000 евра. Обвинителството прибира податоци за целиот случај и за сите околности, сè до купувањето на хотелот, одговори Јовески, но Ковачки изрази сомневање дека тој го штити криминалот. Министерот Спасовски потврди дека возилото бесправно користело флешери и дека вакви злоупотреби имало кај многу партиски функционери. Пред пет дена на улица во Чаир, среде ноќ, беше запалено луксузното возило што го користи Груби. Во неговиот анкетен лист пријавено е само возило старо 22 години во вредност од илјада евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-nema-da-podnese-ostavka-zaradi-grubi/feed/ 0
Јовески: Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-tragediite-so-koi-se-soochuva-srpskoto-opshtestvo-se-alarm-i-za-nas-kako-organ-na-krivichniot-progon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-tragediite-so-koi-se-soochuva-srpskoto-opshtestvo-se-alarm-i-za-nas-kako-organ-na-krivichniot-progon/#respond Mon, 08 May 2023 10:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=831767

Трагедиите со кои се соочува српското општество се аларм и за нас како орган на кривичниот прогон и не принудуваат како институции да се мобилизираме за што поефикасна контрола на оружјето и во нашата земја, смета јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој денеска упати порака до јавните обвинители да делуваат за зајакнување на казнената политика за недозволено држење оружје и муниција. - Барам од сите јавни обвинители во државава, при постапувањето, да инсистираат на построги кривични санкции за кривичното дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Заострувањето на казнената политика мора да се одразува во постапувањето најпрвин на основните јавни обвинителства, кои треба да внимаваат висината на санкцијата за вакви кривични дела да се движи во рамките на законски определниот распон без можност за алтернативна мерка. Покрај ова, вишите јавни обвинителства, во случаите на определена блага санкција со првостепените пресуди, мора да се обидуваат преку постапките во втор степен да издејствуваат повисоки казни, стои во пораката на Јовески до јавните обвинители. Ако се имаат предвид огромните штетни последици коишто можат да бидат предизвикани од недозволеното држење на оружје, вели Јовески, за сторителите на ваквите кривични дела не треба да има ублажување на санкциите. - Оружјето е средство за извршување и на многу други кривични дела и неговата употреба надвор од законските рамки не смее да се толерира, порачува Јовески. Трендот на намалување на возрасната граница на сторители на тешки кривични дела, како што посочува, се забележуваме и во постапувањето во нашата земја. Тоа, како што вели, е нешто што загрижува и за што во најскоро време треба да бидат преземени конкретни превентивни активности од сите надлежни институции. Јовески изрази подготвеност Јавното обвинителство активно да се вклучи со свој придонес во секоја евентуално иницирана јавна расправа со цел измена на законските одредби во таа насока.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/joveski-tragediite-so-koi-se-soochuva-srpskoto-opshtestvo-se-alarm-i-za-nas-kako-organ-na-krivichniot-progon/feed/ 0
Јавниот обвинител Јовески на дискусија за подобрување на процедурите за спогодување организирана од Здружението на јавните обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-joveski-na-diskusija-za-podobruvane-na-protsedurite-za-spogoduvane-organizirana-od-zdruzhenieto-na-javnite-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-joveski-na-diskusija-za-podobruvane-na-protsedurite-za-spogoduvane-organizirana-od-zdruzhenieto-na-javnite-obviniteli/#respond Tue, 25 Apr 2023 12:20:00 +0000 https://kurir.mk/?p=827414

Здружението на јавните обвинители, во соработка и со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и на Канцеларијата за развој, помош и обука на обвинителствата во странски држави – ОПДАТ при американското Министерство за правда, организираше дискусија за воедначување на праксата и за усогласување на интерните процедури на Јавното обвинителство при користење на инструментот за спогодување на вина. Претседателот на Здружението Елвин Вели го истакна значењето на ваквите форуми кои придонесуваат за поефикасна примена на Законот за кривичната постапка и на овластувањата што тој му ги дава на јавниот обвинител. Кол Радович, правен советник при Амбасадата на САД во Скопје го презентираше американското искуство во процесот на спогодување, наведувајќи дека во САД најголем дел од предметите на национално ниво завршуваат со спогодување на вина што ги намалува трошоците и придонесува за значително скратување на постапките. Токму како резултат на спогодувањето, бројот на предмети кои завршуваат со судска постапка во САД е намален за 60%. Иако спогодувањето е брз и ефикасен начин на решавање на предметите, неговата примена во земјава во последниот период е со променлив тренд – во 2020 година на ниво на сите јавни обвинителства во државава биле склучени 179 предлог-спогодби, во 2021 година тој број се зголемил на 258, додека во 2022 година повторно се бележи пад и на ниво на целата држава минатата година се склучени вкупно 124 предлог-спогодби. Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески најави дека ќе иницира измена на подзаконските акти со кои се регулира постапката на спогодување со цел да се зајакне системот на контрола, но и да се демонстрира институционалната принципиелност во процесот на спогодување и да се воедначи казнената политика. Во иднина, одлуките за спогодување ќе мора да бидат колку што е можно подетално и попрецизно образложени, а транспарентноста при носењето на такви одлуки ќе биде задолжителна. Јавните обвинители кои учествуваа на форумот организиран од Здружението, изложувајќи ги своите практични искуства и проблемите со кои се соочуваат, дадоа конкретни предлози за подобрување на подзаконските прописи. Институтот на спогодување претставува една од најзначајните новини воведени последниот Закон за кривичната постапка. Согласно тој закон, до поднесување на обвинение јавниот обвинител и осомничениот можат да преговараат и да се спогодуваат за признавање на вина, а начинот и условите за спогодување се законски одредени. Склучената предлог-спогодба се доставува до надлежниот суд кој може да ја прифати или да ја одбие.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javniot-obvinitel-joveski-na-diskusija-za-podobruvane-na-protsedurite-za-spogoduvane-organizirana-od-zdruzhenieto-na-javnite-obviniteli/feed/ 0
Предметот за трагедијата во која имаше 40 жртви е пред конечна одлука, Јовески објасни што се чека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-za-tragedijata-vo-koja-imashe-40-zhrtvi-e-pred-konechna-odluka-joveski-objasni-shto-se-cheka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-za-tragedijata-vo-koja-imashe-40-zhrtvi-e-pred-konechna-odluka-joveski-objasni-shto-se-cheka/#respond Fri, 07 Apr 2023 19:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=821664

Државниот обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ и имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството. Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука. Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Мислам дека овој предмет е пред конечна одлука на Обвинителството. Сите дејства се привршени, единствено се чека само известување, вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи и ќе има одлука. Не прејудицирам никаква одлука, одлуката ќе ја донесе јавниот обвинител кој постапува по предметот. Предистрагата да не ја отвораме со оглед дека е во таа фаза. Мислам дека не е добро да се спомнуваат имиња, истакна Јовески. Тој напомена дека до денес, ниту еден доказ и ниту едно вештачење не упатуваат на техничка неисправност на автобусот. -Станува збор за извршен инспекциски надзор во станицата за технички преглед при кој е констатирано дека само сообраќајното решение - влегувањето и излегувањето во станицата има некои проблеми, а не внатре во делот каде се вршат техничките прегледи – дали станицата не е доволно опремена или нема доволно вработени. Значи, станува збор само за проблеми на сообраќајното решение. Тоа е едниот аспект. Вториот е дека од првиот момент на трагедијата, бугарските надлежни органи во ниту едно вештачење, ниту еден доказ и околност не упатуваа на техничка неисправност на автобусот. И до ден денеска бугарските власти не рекоа дека проблем на таа трагедија е неисправноста на автобусот. Обвинителството спрема оваа фирма, превозникот, отвори предмет, но во Основното обвинителство, бидејќи тоа беше надлежно. Доколку обивнителката во овој предмет била совесна и постапувала совесно, требаше да го достави да се спои во Основното обвинителство во Скопје. Не гледам апсолутно никаква надлежност на Специјалното јавно обвинителство, објасни Јовески. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predmetot-za-tragedijata-vo-koja-imashe-40-zhrtvi-e-pred-konechna-odluka-joveski-objasni-shto-se-cheka/feed/ 0