љубомир младеновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 12:31:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љубомир младеновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Младеновски: Можеме рамноправно да се бориме со сите https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mladenovski-mozheme-ramnopravno-da-se-borime-so-site/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mladenovski-mozheme-ramnopravno-da-se-borime-so-site/#respond Wed, 26 Jul 2023 12:31:44 +0000 https://kurir.mk/?p=860237

Центарот на македонската кошаркарска репрезентација, Љубомир Младеновски верува во успешни настапи на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин. Младеновски смета дека националниот тим има квалитет да се „носи“ со сите ривали. - Најпрво сакам да им се заблагодарам на луѓето од федерацијата, и на стручниот штаб кој ме повика на репрезентативен собир по пауза од една година условена поради тоа што имав тешка повреда на рачниот зглоб. Што се однесува до квалитетот на натпреварувањето, со самите имиња кои што се на турнирот и против кои ќе се натпреваруваме, само по себе говори за тоа колку силен ќе биде тој турнир. На нас ни останува ништо друго освен да го дадеме својот максимум. Да видиме прво во кој состав ќе отидеме таму. Во однос на она мое последно учество во националниот тим, евидентно е дека е доста променет. И дека со овој квалитет со кој располагаме мислам дека можеме рамноправно да се бориме, и да се надеваме дека би поминале во следната фаза, изјави Младеновски за КФСМ. Тој се враќа во репрезентацијата по пауза од цела една година, која ја предизвика посериозна повреда на раката. Претквалификацискиот олимписки турнир ќе се одржи од 12 до 15 август. Противници на македонската репрезентација ќе бидат Естонија, Чешка и Израел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mladenovski-mozheme-ramnopravno-da-se-borime-so-site/feed/ 0
Проблеми за селекторот Тодоров: Младеновски позитивен, неизвесни Трајковски и Вајли https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/problemi-za-selektorot-todorov-mladenovski-pozitiven-neizvesni-trajkovski-i-vajli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/problemi-za-selektorot-todorov-mladenovski-pozitiven-neizvesni-trajkovski-i-vajli/#respond Sat, 28 Nov 2020 13:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=435684

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде сериозно ослабена за денешниот дуел против селекцијата на Италија. Од Талин доаѓа информација дека центарот Љубомир Младеновски има позитивен тест на коронавирус, додека неизвесно е дали селекторот Александар Тодоров ќе може да смета на услугите на Бојан Трајковски и на Џејкоб Вајли. -И покрај сите преземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, „PCR тестирањето“ покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен од докторот Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник, стои во соопштението на КФМ. Натпреварот е закажан за денес во 15 часот во Арената „Саку Сурхал“ во Талин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/problemi-za-selektorot-todorov-mladenovski-pozitiven-neizvesni-trajkovski-i-vajli/feed/ 0
Работнички се засили со репрезентативец кој летово раскина со МЗТ! https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-se-zasili-so-reprezentativec-koj-letovo-raskina-so-mzt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-se-zasili-so-reprezentativec-koj-letovo-raskina-so-mzt/#respond Thu, 17 Oct 2019 11:35:48 +0000 https://kurir.mk/?p=252927

Македонскиот репрезентативец, Љубомир Младеновски, е нов член на Работнички, и покрај тоа што центарот инсистираше за за трансфер во странство. Ова за Младеновски е враќање во својот дом по пауза од шест години, откако беше дел од Работнички во сезоната 2002-2003. После тоа играше за МЗТ и Илирија, а минатата сезона ја мина во шампионскиот тим од Аеродром. Во овој потег, Работнички се засили на центарската позиција, а своето деби се очекува да го има во второто коло од ПМКЛ, каде Работнички во недела на домашен терен ќе го пречека Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-se-zasili-so-reprezentativec-koj-letovo-raskina-so-mzt/feed/ 0
Македонија без Хендрикс и Младеновски против Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-bez-hendriks-i-mladenovski-protiv-shvajcarija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-bez-hendriks-i-mladenovski-protiv-shvajcarija/#respond Fri, 27 Apr 2018 11:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=46989

Македонската кошаркарска репрезентација последниот натпревар од првата рунда претквалификации за ЕП 2021 против Швајцарија на гостински терен ќе биде ослабена во рекетот. На последниот натпревар од оваа прва фаза, во која „црвено-жолтите“ имаат максимален учинок од три победи на три натпревари, нема да настапат Љубомир Младеновски и Ричард Хендрикс. Младеновски заработи скршеница и ќе отсуствува подолго од кошаркарските терени, додека Хендрикс поради приватни причини нема да биде во можност да и се приклучи на репрезентацијата во претстојниот период. - Се надеваме дека позитивната страна на оваа незавидна ситуација ќе биде шансата на младите таленти на Македонија да се истакнат и да дојде до израз нивниот талент. Остануваме со позитивни мисли насочени кон последниот натпревар на кој се надеваме дека ќе го завериме првото место на табелата во групата А и ќе прејдеме во втората фаза од претквалификациите за Европското првенство закажано за 2021 година, соопштија денеска од МКФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-bez-hendriks-i-mladenovski-protiv-shvajcarija/feed/ 0