Љубовна рапсодија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Jun 2021 10:13:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Љубовна рапсодија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Боса нова е ритамот што возбудува во новиот спот на Павле Камилоски (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bosa-nova-e-ritamot-shto-vozbuduva-vo-noviot-spot-na-pavle-kamiloski-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bosa-nova-e-ritamot-shto-vozbuduva-vo-noviot-spot-na-pavle-kamiloski-video/#respond Fri, 04 Jun 2021 10:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=518931

Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски ја објави својата најнова песна и спот „Љубовна рапсодија“. Неговиот префинет стил и боемски шарм се одлика на спотот кој несомнено ќе ви украде воздишка и ќе ви ги разбуди сите сетила. Ритамот што возбудува го аранжираше Сашко Николовски, а текстот кој умее да комуницира со публиката го напиша Сара Пројковска, која воедно ја слушаме и како придружен вокал. Целата елеганција во оваа филмска видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц, како режисер и видео продуцент, а постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“. Мелодијата за „Љубовна рапсодија“ ја изведува извонреден тим од музичари на саксофон, флејта, труба, гитара, клавијатури, тромбон, контрабас, тапани и перкусии кои создаваат хармоничен музички баланс во боса нова стил, стилот по кој е препознатлив Камилоски. Павле лани во декември на неговиот предновогодишен концерт го промовираше својот прв авторски сингл „Такт по такт“. Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, тој се истакнува како изведувач на безвременските Џез песни кои се дел од неговиот музички печат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/bosa-nova-e-ritamot-shto-vozbuduva-vo-noviot-spot-na-pavle-kamiloski-video/feed/ 0