љупчо цветановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 17:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png љупчо цветановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Битката за Прозор, 2023-та… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bitkata-za-prozor-2023-ta/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bitkata-za-prozor-2023-ta/#respond Tue, 31 Oct 2023 10:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894821

Во 1943-та година се води легендарната битка за Прозор. Ја водат партизаните контра италијанските фашисти во рамки на Четвртата непријателска офанзива. Позната е по командата на Тито: „Прозор вечерва мора да падне!“ ("Prozor noćas mora pasti!’) 80 години потоа, во 2023-та година во Македонија се води битката за еден друг ПРОЗОР. Ја водат Македонците контра одродите и новокомпонирани заштитници на некогашните бугарски фашисти во рамки на сто и четвртата бугарска офанзива за уништување на македонштината и јуриш на Бугарите во уставот, силно потпомогната од армијата бриселски апаратчици. Позната е по изјавата на Лајен: „ПРОЗОРЕЦОТ на можности е отворен, зависи од вас!“ Арно ама, офанзивата со најновиот горчлив морков на Урсула, наречен ПРОЗОРЕЦ условен со понижувачки уставни измени, наишла на силен потсмев и многу забелешки кај домицилното, напатено и сеирџиско македонско население, кое по 30-на години лаги, условувања и перфидни барања, почнало од пуста мака да се шегачи и да тера шенгеле со неинвентивноста на „олеснувачите“ при носењето антимакедонски одлуки. Ефектот на посетата и пораките бил НУЛА, море минус 5... Проблемот бил што прозорецот бил саде подотворен. Уште поголем проблем било што Брисел секогаш, абе нон-стоп го подотварал само кога Македонецот требало да се понижи. Најголем проблем бил што отворениот прозорец бил на 36-от спрат... Сепак, ова не им пречело на Тачевци и Артановци, кои кубеле коси, лелелкале и пискале за смена на македонската света книга наречена Устав. Корисните идиоти и тендераши од северната тајфа, кои немале проблем да ја продадат и сопствената мајка за да бидат на власт, и натаму по навика дејствувале по урнекот на дејанијата во „Глупавиот и поглупавиот“, каде на прашањето од Глупавиот до девојката за процентот на можности таа да биде со него, кога таа на „Еден наспрема милион?“ одговара со „ДА“,  тој скока од среќа, игра и вриска „Јееееее, има шанса!!!“ И во македонските „евроинтеграции“, нашите ќелепури скокале од среќа и врискале од радост на секое подотворање на џамот, па со голем ќеф и елан менувале исконско име на држава, носеле двојазичност, кроеле деловници, менувале Устав, ништеле историја, палеле учебници, каљале светци, продавале револуционери, плукале по своето и сонувале за некаков  помпезен и триумфален влез во ЕУ. Во состојба на некаков северен делириум халуцинирале дека ѓоамити овенчани со некаква светска слава и со фанфари во позадина на сокак послан со рози влегуваат низ самозамислена ЕУ триумфална порта во Брисел, а околу нив сите аплаудираат и корнат коси од уживанција што Македонија по сите маки и искушенија влегува, оксиморонски носена на безрбетните плеќи на Таче, Љупче Путер, Обиџуко и Маринаринчиќ. Оти, суртуците инфантилни ги водела една ступидна девиза, која гласела: „Ако не можеш да трчаш, оди! Ако не можеш да одиш, ползи! Направи се, само никогаш немој да се откажуваш од целта!“ Та ползеле, целивале нозе, коленичеле, па пак ползеле. Се’ за северната тендер-кауза. Затоа, сервилните Тачевци немале проблем да дадат се’ за еден „подотворен прозорец на можности“, па макар тој бил и на 36-от спрат. Немале гајле што не биле Спајдермени или Бетмени за да се искачат до него, нејсе што така ползејќи на секој кат оставале по некоја голема македонска жртва на бриселскиот олтар. Итале орно нагоре кон „светла“ иднина. Угоре високо, удоле длабоко... Другиот дел од Македонците, оние со ’рбет, вистинските Македонци, стоеле под прозорецот и зачудено и со неверување гледале на „фантастичната“ понуда со подотворено вц-џамче на 36-ти кат и со голема доза на презир и потсмев гледале како премиерот, министрите, директорчињата и другите функционерски дилајли прштат од среќа, та кмичат, коленичат и со голем елан, насмејани до уши ползат и пеат, гризејќи, гребејќи и грабајќи кон непристојниот предлог. 90 проценти од Македонците и скоро 70 проценти од сите македонски граѓани имале сосема поинаква идеја и визија од оваа на субмисивните СДСССССС-овци, веројатно поради тоа што не биле безрбетници. Истите, буквално ги „убила“ промаја од отворениот прозорец на децениските лажни, неисполнети и евтини ветувања на ЕУ-бирократите. Тие, не сакале отворени прозорци, макар биле и на приземје, не па ко дотичниот на 36-ти кат. Пустите, каде и да е, така ги учеле од дома, сакале ко секој нормален човек, народ и држава да си влезат секаде достоинствено, чесно, со чист образ и душа. Не сакале преку некаков си ПРОЗОРЕЦ ко крадци, арамии и други белосветски пробисвети. Македонците сакале и сакаат да влезат низ ВРАТА... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bitkata-za-prozor-2023-ta/feed/ 0
Патолошки лажговци со уплав од избори https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/#respond Sun, 22 Oct 2023 10:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893343

Престолонаследник или лажгонаследник? Или, поверојатно, двете. Во фазонот на  „добивме датум за преговори“, лажга кажана со дигнатите прстиња во авиончето далечниот 28 јули 2018-та, Таче катаднево ја продолжува невозможната патолошка мисија на Заев&компанија. Така, дознавме дека, само замислете  - сме биле најдобри на Балканот, па затоа и први требало да влеземе во ЕУ? Ццццц. Да, нема, нема, па ќе тресне пустиот никогаш избран премиер за да го обели ѓон-образот и да не потсети на својот идол и монарх Црпко. Оти, крвта може и да биде вода, ама престолонаследникот Ќуран мора да биде продложувач на ликот и неделото на оној кој го намести. Новокомпонираната народна поговорка вели „ Кој лаже, тој краде, пари врие и на Бихаќка/Мала Речица спие.“ Оваа безобразна и евтина лудорија  за „најдобри на Балканот“ е смислена и срочена во време кога фактите јасно велат и вриштат дека имаме најлош економски перформанс во регионот во комбинација со највисока инфлација, најслаб раст и мега задолжување?! Мислеше ли Таче на перформансот на Владата за празнење на народната каса, на корупцијата или парализираното судство, крш здравство и нула образование? Тука, дефинитивно, се најдобри. Од позади... За жал, сведочиме време на владеење на патолошки лажговци. Има и разлика, ова се специфични, уникатни, северни патолошки лажговци. Лажат нон-стоп, лагата им е природна средина, но разликата е што, барем во светот, патолошките лажговци лажат само колку да лажат. Патолошкото лажење се дефинира како состојба во која одредена личност лаже постојано и тоа без одредена причина. Арно ама, нашите патолошки лажговци лажат и со причина и со цел, за разлика од светските им побратими и носители на истата дијагноза. „Нашите“ лажат за да бидат на власт и за да крадат, лажат-корнат затоа што имаат уплав од избори кои ќе означат крај на нивната антимакедонска авантура. Патолошките лаги се различни од оние „обичните“. Се работи за лаги кои се постојани и се кажуваат секогаш. Велат дека честопати ова се поврзува со емоционални нарушувања, а според некои истражувања патолошкото лажење се поврзува со специфичен невролошки шаблон кој вклучува мал дефицит на меморија, како и негативен начин на кој одредена индивидуа евалуира информација. Пак ви доаѓа сликата на Цаци, Таче, Артан, Љупче, Маричиќ, нели... А, како ќе познаете патолошки лажго? Науката вели дека нивните лаги се елаборирани и неоригинални, преполни со евтини фрази и флоскули, изгледаат и премногу опуштено, бидејќи се убедени во тоа што го кажуваат, а нивната насмевка е неискрена. Живеат во свој свет, не се во допир со реалноста. И оваа реченица е краток опис на актелниот премиер и бандата околу него. Приспомнете си само на нивниот вокабулар, на реакциите кон новинарите, на фацијалната им експресија и тресењето зелени како да не се одовде... Си имаме работа со банда која не може да определи датум за избори, не па да донесе датум за преговори со ЕУ, подобар живот или да направат нешто за Македонија и Македонците. Науката понатаму вели дека за да се излечат, единствен начин за патолошките лажговци е интензивна, постојана терапија која тие најверојатно цврсто ќе ја одбиваат и за која треба да бидете многу упорни за да ги натерате да ја применат. Така и со северните патолошки лажговци, кои по 7 години лаги, кражби и уништување национални светии, конечно, ќе мораат да ја применат терапијата наречена избори. Овојпат, нема бегање, кога и да бидат, во прашање се само месеци. Само, се’ се плашам дека по изборите, ќе лажат уште повеќе. Арно ама, за промена, тогаш ќе лажат-сушат во опозиција, на суд или во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/feed/ 0
Едначење по глупост https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=890648

Најнеспособната влада во светот и пошироко го реши проблемот со мечките. Се прашувате како, нели? Епа, остроумните Тачевци викнаа „ЕУРЕКА“ и испланираа за една година од сега да испланираат како ќе ги раселат мечкиштата во западна Македонија. Да, заблескаа по навика и смислија да си дадат рок од година дена за да направат план како да се справат со напаста мечкина и како да ги раселат на други локации. Ви се верува во нивната „промуќурност“? Секако, та ова е чиста класика, би било чудно да беше нешто нормално, умно и логично. Оти, вака функционира суријата северни генијалци, а условот да влезеш во бандата очебијно е да имаш IQ под 33 за да не си над гуру Црпко, да ти лепат рачињата, да немаш проблем со продажба на национални интереси, да си природно агресивен и ступидно арогантен, амбицијата и инстант-кариера без никаква основа и поткованост да ти бидат основна мантра, а многу пожелно е да немаш скрупули и да си дудук за се’, со најповршни познавања на кое било поле. Сеопфатен и широкопојасен дунстер, во кратки црти. Затоа, небулозната „одлука“ за мечките е толку природна и нормална. Им прилега, им „стои“ ко „саливена“. Гарант, и оваа мерка е за побрз влез во ЕУ, не знам како не се сетија да го споменат тоа. Тешка, голема мечкина реформа. Украсете ја со европско знаменце. Иако, пиратско многу повеќе ви личи. А, зошто, воопшто и се мачите, таленти? Та додека вие реагирате сите од таму ќе се иселат, па загрозениот вид „луѓе“ ќе стане проблем за мнозинството мечки. Додека вие, според планот, ги иселите и раселите мечките, она малку преостанати луѓе во Маврово и Ростуше ќе фати џенем од Македонија. Ко што тргнало, ако останете на власт, ќе треба да доселуваме луѓе, а не да раселуваме мечки... Туку,  како не ви текна да ги излажете мечките дека дошла зимата, па да си легнат пак пустите, ко суртуците ваши со бесплатно здравство во ЕУ што ги лажевте за името. Тоа ви стои и во описот на работното место, патолошки лажговци. Може и нон-стоп да ги лажете, та штом урсусите станат и се рассонат,  пак да си легнат и нон-стоп да хибернираат. Истото што им го правите на Македонците со ЕУ - името, па уставот, па јазикот, па Бугарите во него, па историјата... Да, така и мечките ќе испоумираат сами, а богами и Македонците ќе ги снема. Сите останати среќни и задоволни. Или, муљајте ги животинките дека ќе им донесете датум за пролетно будење, исто ко што оној за преговори со ЕУ го носите веќе шестта година по ред, неспособњаковиќи трагикомични. А, од Маврово и Ростуша и околијата сардисана со мечки, исто како и сите нормални Македонци би ви рекле „мечки да ве јадат“... Ве јале или не, оваа ступидна „мечкина услуга“  за мештаните и „брза“ акција  на Ќурка и компанија ме потсети и на пораката на Фон Дер Лајен, која ни порача дека историјата се менува?!?! Душичка научнофантастична. И додека очекувате да чуете дека Урсула измислила временска машина, релативизаторката од Брисел ви се врти и ви вели „Зграпчете го моментот!“. Небаре, мигот со војни насекаде е жива посластица за кандидатите за членство.  И, госпожа со огледалца за домородците во чантата, таа не, не се менува. Историјата е нешто што минало, нема враќање назад, не се правете недоветни. И, да, звучиш ко Заев. А, околу она патетично, евтино и демек мотивациско - „зграпчете го моментот,“ си спомнувам дека „Зграпчи го денот“ беше една страница во весникот „Вест“. „Најчитаната“, затоа што беше со голотии. Кај нас, пак, многу одамна, 7-ма година по ред царот/премиерот и претседателот се голи, башка боси. На страна и приглупи, сервилни и субмисивни. Олабавете не’, финтиве ви се ветви ко ланскиот снег, а корисните идиоти кои глумат влада во Македонија одамна не ви се ни корисни. Саде идиоти останаа. Дарба си е дарба. И додека Урсула менуваше историја и штелуваше колективна меморија на цел народ, Цаци упорно стануваше за да ја види сала, Таче понизниот се караше со новинари и ламентираше за непокор, Османи бараше да им купиме нов авион, Владата раселуваше мечки, Маричиќ меѓу два бифтека во бифето бладаше за избеганиот воз, Стево се самодемантираше на две минути, Груби леткаше орлиња, црна Бисера се шеткаше по танга по цркви, Обиџуко феминизираше нов светец, Љупче смишљаше како да фати нова пратка путер и пак да стане славен, а низ македонскиот етер провејуваше сенката на најновата политичка појава која ја краси владејачката сцена. Една од карактеристиките и особеностите на македонскиот јазик е едначење по звучност. Има и исклучоци. Една од карактеристиките и особеностите на актуелната влада, доминантна, е ЕДНАЧЕЊЕ ПО ГЛУПОСТ. Потценување на интелигенцијата на сопствениот народ. И не, тука нема исклучоци... Македонската анамнеза за северниот феномен „едначење по глупост“ е јасна. Болеста се лечи само и единствено со една терапија. Иљачот се вика ИЗБОРИ, повеќе дози ОДГОВОРНОСТ, па долга масажа во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/feed/ 0
Тро-двоински лажговци и 104% плачковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887698

Пискотници се слушаат од Бихаќка до Мала Река (чица). Што мака октомвриска ги збра Таче и Али та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? А, ништо страшно, тоа СДССС и ДУИ пак ко попарени запискаа дека не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори. Ни под разно. Оти многу биле јаки, абе топ не ги биел. Ако не верувате, прашајте ги оние патолошките од Стратум&лажум. Проверено, 104 насто ќе „тепаат“ на избори. Во 2524 година... Ок. Никој не се изненади од пискотот и тажната ека, оти дотичните се 104% плачковци. Докажано, емпириски. Доказите се по амбасадите и кај хохштаплерите од „анкетната“ партијска агенција која вол не може да убоде и која и претходно „погоди“ силна победа на СДСССС, на локалните избори... И, ај што по тоа не се скрија во некоја зајачка дупка, туку та-даааам, еве ги пак бесрамниците, тресат зелени, лажат-сушат, муљаааат ко навиени. Ве потсетија на афинитетите на идолот им Црпко, оној новокомпонираниот, инфантилен „умоделач“ со фондациите, нели? Крвта не е вода... А, зошто премиерот „никад гласан“ и вечниот командант Алија воопшто и би сакале да има избори во едно? Да заштедат, да превенират уставна криза ли? Па тие се родени за трошење, арамилак и за сооздавање уставни кризи и негова измена, чуму ајваните би се откажале од она што најдобро го знаат, зошто би го криеле талентот непрокопсан? На северните плачковци не им стиска парламентарните да бидат во ист ден со претседателските, затоа што хохштаплерите чија партија ја ничкоса Македонија немаат проблем со трошење на плус ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА народни пари. А, и чуму да имаат, па не се нивни да ги боли, нели? И така, Стокиќ и Алија му помагаат на Ќурка да си купи шанса од „цели“ месец ипол фора за да ги испорача уставните измени заради кои и го поставија мисирот кој ветувал многу, ама на пустиот слабо му оделе исполнувањето и математиката... А, кој ќе биде начинот во натамошниот поход кон уставен дебакл, ново предавство во обид и внос на државоразорни Бугари како државотворен народ во македонската света книга? Епа, онака како што само знаат и умејат ајваните. Ќе тужакаат и кукаат по амбасади, ќе молат, колат, ќе целиваат рачиња и ноџиња, ќе лелекаат за ЕУ, та како тоа ќе ни избегал возот, та како лошите вмровчишта го срушиле перонот, та снемувало јаглен за пустиот „брз“ воз со парна локомотива од 1825-та година... И додека на сите им е преку глава од сервилноста, безрбетништвото, лигавлукот, субмисивноста и патетиката на Тачевци, тие без мака и со голем елан и натаму ќе ја тркалаат и клацкаат насила северната утопија, на мускули, глумејќи дека ступидниот воз се движи, а тој стои во место седма година по ред и одвреме-навреме си вози во рикверц. Од мака... Затоа, кога Битиќи лаже дека имаат дво-третинско мнозинство за Уставните измени, молејќи  без срам и перде за поделба на ВМРО и за антимакедонско обединување со оддродите во конечната девастација на Македонија, притоа патетично лажејќи за некакви измислени „мажи“ и жени кои ќе ја оформеле сонуваната им 80-ка во Парламентот, исто е како да рече дека имаат тро-двоинско мнозинство во Собранието, нема разлика. Лага си е лага, била голема или мала. 3/2 е барем трагикомична лага... Да, живееме во паралелни универзуми. Во имагинарниот, утопијски северен свет на патолошките лажговци од Бихаќка тие имаат тро-двоинско мнозинство гласови за Уставни измени, таму Бугарите веќе не не’ условуваат за ЕУ и се ослободители во 2-та светска војна,  максималниот број е 104% испитаници во анкета, Преспанскиот договор е победа, Референдумот за името е триумф, Ќуран „тепа“ десет : нула на парламентарни, а државата им е со она ступидното на „С“. Во „нивната“ земја, сверџганистанците се срамат да кажат македонски и Македонија. Во реалноста и за сите останати во државата, СДСССС нема ни дво-третинско, туку бедни 70 пратеници за уставни, Бугарија аздисува без исав и мерка до сто и едно и е фашистички окупатор во војната, во нашиот универзум максимумот е 100% испитаници на јавното мислење, Преспанскиот е капитулација, а Референдумот значеше крик за суверенизам и НЕ! за промена на името. Таму, Таче на парламентарни избори (30 пратеници се плафон) губи ко Груби ставен на детектор за лага, а државата ни се вика МАКЕДОНИЈА. Во нашиот свет е чест и гордост да се каже МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА и е најголема чест, обврска и аманет да се биде МАКЕДОНЕЦ. Честит нека ни е 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР!!! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/feed/ 0
Амнестија на гласачкото тело по скратена постапка https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/#respond Tue, 03 Oct 2023 13:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884651

Таче и Алија се разбудиле среде ноќ, облеани во ладна пот. Не им било лесно на пустите, ги фаќал силен уплав затоа што добро знаеле дека наскоро ќа траснат од власт. Без меко атерирање. А тоа болело. Абе, многу. Многу повеќе од болката во мешето на Ќуран кога ги распродавал македонските идентитетски одредници. Веќе подолг период, сон не ги фаќал пустите, а и кога ќе успееле, се буделе со врискање од силниот кошмар. Се викал МАКЕДОНИЈА. За некого најубав сон, за некого ноќна мора. Кој, што си заслужил... Па така ненаспани и со подочњаци до колена, владините „капо ди тути каповци“ утрото ќе свикале по своите гавази, советничиња, експерти и новинарчиња – аман, чаре да се бара, гласачко тело северџганистанско да се анимира, спас да се најде, дојдеа е нож до северну коску. Сламка ли беше... И така, ајваните драматично ќе почнеле да си ги траскаат од ѕид празните главички, глумејќи дека нешто работат, па се туфкале, пуфкале, лелекале, пискале  и куделе, ама чаре не се наоѓало. Од празните главички излегувала само природната реакција и супстанца. Ништо. Празнотија... И наеднаш, некој во Мала Речица свикал „Еурека“!!! Му го текнувало дека ќе му го игруваат на стара карта. Еден бајат, ама проверен рецепт. Ќе играат со и за криминалците. Веднаш им дојавиле на Бихаќка, каде со елан заиграле и направиле мега-журка, како онаа за НАТО влезот де. Седокосиот Алија ја прифатил идејата со акламација и инстант орле со рачињата направил, аберот го рашириле Груби и Бујар пафтајќи со прстињата омрсени од власт, а Таче, кој по Али немал право на глас, морал пресреќен само да заигра некое влашко оро на фотоволтаичното поле на жена му, нива дарена од државата. Љупче Путерот, Маричиќ и Обиџуко не ни сфатиле за што се работи, ама ко секогаш орно завикале „Браво шефе, секоја чест шефе, љубим ноге шефе!!!“ Што било чарето? Па, забеганата и неинвентивна владина банда се „сетила“ да ги амнестира криминалците. По скратена постапка, разбира се. Нивните најдобри и најлојални другарчиња, дилери и шарени празноглавци. Оти крвта не била вода, а грижата за своите била обврска, нели. Нова екипа за полнење на гласачки кутии, закани врз гласачи, новокомпонирана партијска мафија за избори. Јуууууууу, свикал Ќурка и насмејан до уши „одма„ се јавил во Фондот за иновации, да му дадат грант од макар три милиони евра на оној од Мала Речица на кој му текнала оваа толку ветва, нова идеја и „иновација“... Не ги интересирало каков пример даваат. Пораката била јасна: Лажи, кради, манипулирај, тепај, мами, клевети, боди, сечи  - и судијката партијска ќе те осуди на помала казна, па оп - Таче и Алија ќе те ослободат/амнестираат. Криминалци за криминалци, фамилија е светиња, нема тука лабаво. И така, во земјата која некогаш беше и држава се подготвувала амнестија на гласачкото владино тело. По скратена постапка, нормално. Ова било јадрото на СДСС и ДУИ, криминалците, останатите од болументата гласачка биле тендераши, нововработени, како и оние со желба за унапредување и вработување, кој од кој понеспособен. И тука завршувале... Прво, власта се самоамнестирала со измени на Кривичниот законик, а сега ги амнестирала и своите најверни поданици. Криминална влада? Не, криминогена, арамиска, апашка и ред други зборови кои се само галовни за ова качачка банда. Седма година агонија, а амнестија саде неколку дена по петгодишнината од референдумскиот бунт, победа и бојкот, суверенистички чин кој Заевци заштитени од странските мецени го извитоперија, укашкаа, укакаа и укаљааа... На 30-ти септември годинава, минатата сабота, нашата Македонија наврши 5 години од најголемата Пирова победа во историјата. Но ова не е 2018-та, колку Заевци, Тачевци и Алиевци да посакуваат, минаа тие црни времиња. Овие 5, „една рака“ лета, поради сопствената грижа на совеста  се престоривме во темирани бомби, не спиеме навечер од гнев, а парадоксално - повторно не сме доволно будни. Сепак, теши што крајот наближува. Со него и крајот на насилната зомбификација на македонското национално ткиво, епизода која остана во обид и која не им успеја на овие вуду северџани кои ги ситнат последните денови од својата неуспешна вештерска кариера. По 7 години јад, сега веќе се месеци, наскоро ќе бидат денови, а гневот само ќе расте. Се обидоа од петни жили да не разединат, раскараат, заплашат и ништат, секојдневните понижувања требаше да донесат нов бран апатија и рамнодушност и да го доразорат она малкуто останато здраво ткиво, ама не успејаа. Пирејот ќе го возврати ударот. Македонија исто. Светлото на крајот на македонскиот тунел, разрушен од гнилите северни тули, веќе се гледа, наѕира и блешти. Се’ што треба е да издржиме уште малку, па да гледаме реприза на антологискиот северџганистански сеир, новокомпонирани плачки, та будење на ненадминливите НВО бапчорки, па заштитничките пресови на амбасадорските маќеи и очуви со Тачевци во скутот, непреповиени и со пелени полни со антимакедонски истресок кои се цедат на сите страни, лелек на „новинарските“ им здруженија, лажните вести на неизживеаните, патетични Џабировци и садизмот на Тричковци, плачките на сороспиите и останата багра. Ми фалат будалчињата непрокопсани и толку „промуќурно“ приглупи. Ајде, уште малку, па пак ќе си ги имаме во маало, по интернет, на ТВ, во весници. Кампови, фарбања, патетични протести, агресивни изливи, абе цепки. Многу, премногу ќефови во најава, забава до бессвест... Амнестирајте, самопомилувајте се, крадете ко улави, тендерисувајте, продавајте, аздисувајте, џабе ви е. Раката на Македонија можеби е спора, оти е човечна, исто како и Македонецот. Арно ама, не простуваат, никогаш...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/feed/ 0
Македонската мака или доходовноста на професијата есдеесовец… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonskata-maka-ili-dohodovnosta-na-profesijata-esdeesovets/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonskata-maka-ili-dohodovnosta-na-profesijata-esdeesovets/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=882714

Во целата македонска папазјанија со луцидни амнестии, тендери, убиства, безрбетништво и политиканство, како гром од ведро небо одекна повикот за „обединување“ на СДССС. Од каде сега па овој вапај, лелек и пискот наваса? Од Бихаќка... Аууу, уште побитно, а на која база ќе биде тоа „обединување“ се запрашаа сите нормални во Македонија? Околу што би можело да се обединат комуњарите? Околу пари, беше првата мисла. И остана. И толку... Патетичен, „цепки“ апел испратен од нивно чедо, кое пиша, па се скапа од плачење и негирање за напишаното. Во манир на претседателот им Стево. За два часа, истиот калпазанин тврдеше дека напишал нешто сосема друго. Не, не го разбрале, лоша перцепција. Небаре кој знае какво литературно мега-дело ил класик напиша па требало да се толкува... А, што срочи инстант-самодемантирачкиот пратеник, за чие име јавноста сефте и првпат слушна  токму по плачката за „обединување“? Епа, пиша вака, воедно и јасно и гласно залелека: „Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг… Време е за помирување и обединување. Вака, есдеесовската бапчорка, уплашена од изборите кои следуваат и детронизацијата на партијата која никогаш и не требаше, не победи, ниту смееше да биде на власт, записка и заплака. Арно, ама не сфати дека екс партијците и активисти незадоволни му „живеат“ на ФБ, особено оние шарените и неуранетите, невдомените и оние кои не добија проектче, тендерче или каков и да е советнички ангажман. А толку многу се “бореа“ за тоа пустите, та пискаа, врискаа, фарбаа, пиеја, шмркаа, пафкаа, кампуваа, пееа „Бела чао“, гушкаа ГТЦ, кондури оставаа, лажеа за починати деца, момчиња и новинари, ламентираа дека немало ни правда ни мир, ја рушеа Македонија... И истите тие, напатените и ненаградени душички, му се сипаа ко оси на ајванот пратенички, кој замисли само, се дрзна по 6 години на власт да ги повика пак да се „обединат“ за да не потонеле, односно пак да гласаат за нив и да ги поддржат јавно во конечната и идиотска бугаризација на Македонија со прифаќањето на инфантилните уставни измени. Пази само, вдомено пратениче со жива мера плус 15кг од претходната состојба и полн новчаник, сега ги бара шарените содругари за да не потонеле заедно?! А него, мешето со сало ќе го држело на површина, прокоментираа шарените глупандери на ФБ, чеда напатени кои не добија шанса да чалабрцнат од медот, па му се сипаа и си кажаа се’ што треба. И се’ како што е... Во лутината, сите си признаа, ама јавно, зошто ги правеле сите тие глупости. За ПАРИ, за ПОЗИЦИЈА, за РАБОТА, за УНАПРЕДУВАЊЕ, за ПРОЕКТИ и ред други лукративни лижавчиња, моркови и подмачкувачки и алатки. Индолентниот апел на северниот хохштаплер, несакајќи ги извади на виделина лубрикантските мотиви на учесниците во шарената дееволуција, движење кое од учесниците – луѓе, направи апла мајмуни, а државата ја дееволуираше во беден протекторат. На прашањето „Околу што ќе се обединат СДССС?“, одговорот е многу јасен. Кауза ни за лек, статива. За Европа лажат затоа што крадат како да се од планетата Ференги. Македонија не ги интересира ни на сон, освен за пазар со неа. Обединети против Македонија ДА, видовме на дело, за неа јок. Заедништвото и Македонците им се мисловна именка – би си ја продале и ја продаваат со песна и сопствената мајка и татковина за пари, не па сопартиец. Заеднички идеи и планови немаат, муљаат со утопии како ЕУ за да правдаат кражби со неа и со нивни знаменциња. Ги обединува и поврзува и идиотската и навредлива за секој нормален човек северна придавка. А северна за нив значи владеење кое, инаку, никогаш не би го доживеале. Следствено на  тоа, власта ја гледааат како начин и средство за полнење на џебовите. Значи, пари, пари и само ПАРИ ќе да се заедничкиот именител, НЗС за секоја комуњара. Затоа, повикот на анонимното пратениче е да се обединат околу парите, околу крадењето на Македонија, пари без кои „браќата и сестри по пари“ од СДССС ќе потонат, како што сликовито објаснува ненародниот неизбраник. А ќе потонат, ама длабоко. Да, премногу ќе беше да каже и дека ако не се сплотат и обединат, голем дел ќе завршат и по затвори. Оти, по избори следува одговорност. Новиот НЗС на СДССС - ќорка и пругасти оделца. Ќе беше фер да ја каже и вистината за обединувањето, но тогаш тој не би бил од СДСССС. Таму вистината е забранета и неподобна за професијата есдеесовец. Затоа што, цели 32 години, да бидеш дел од СДССС е професија. Без ниедна вера и нација. Партијата од Бихаќка не е партија, ниту движење, нема друга цел, кауза никаква, тоа е обична компанија за вработување и лажна кариера. Токму затоа, што и да им кажат да направат, амбициозните опортунисти оком-скоком го прават, ко арогантни пит-були агресивно џапаат, гризаат и не пуштаат, макар цената била Македонија, историја, светци, револуционери, нација, знаме, име... Затоа пратеничињата опсипани со Данинг-Кругеров ефект гласат ли гласаат, со две раце ако треба, не треба ни да ги уценат, ни да им се заканат со затвори или деца, едноставно така рекол Бранко, Црпко или Таче. Така треба. Така наредил работодавецот без кој тие би биле на улица, без пари, неспособни исто како и компанијата СДСССС секогаш водена на ланец од некој газда од „страна“. Во моментот, во Македонија две професии се најдоходовни и се води битка меѓу нив. Не, тоа не се ИТ-секторот или контрола на летање. Во овој миг битката за тоа кој прави најмногу пари се води меѓу две занимања, толку слични меѓу себе, две занимања толку блиски до првата професија на светот. Професија ЕСДЕЕСОВЕЦ против професија Бугарин. И двете занимања ги спојува она на „С“, се натпреваруваат кој повеќе ќе го вергла како расипана плоча. Кој повеќе ќе ја урниса Македонија. Наједноставниот репер и испит дали си или не си Македонец. П.С. И, крајно време е да го извадите светото „М“ од СДСМ и да си станете СДС „социјалдемократи од северна“, Македонија и онака не ви прилега. Ниту вие на неа...    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/makedonskata-maka-ili-dohodovnosta-na-profesijata-esdeesovets/feed/ 0
Удбашки методи https://arhiva.kurir.mk/kolumni/udbashki-metodi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/udbashki-metodi/#respond Wed, 20 Sep 2023 14:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=879928

Соочени со давењето во уставната каша која сами си ја смесија, неинвентивните северни владини давеници се свртија кон она што најдобро го знаат и се фатија за веќе истенчената и излижана од користење сламка. А, генот си е ген, нели? За наша жал, во генот на денешните северџганистанци и довчерашни комуњари и нај-Југословени, екс бугараши, уште поекс јаничари, евнуси и кодоши од Турско, еден ген од поблиското минато е доминантен, штрчи од многу далеку. Не, не генот на партизаните чиј спомен го укаљаа со смената на преамбулата при Преспанската капитулација, а го дооцрнија со Уставните измени со кои сакаат оној кој беше фашистички окупатор и против кој партизаните се бореа и гинеа, бугарските фашисти кои стрелаа деца во Ваташа, кои и ја исекоа главата на Дуња, заедно со сите ѕверски зулуми и садистички злодејанија сега да ги вградат во устав и да ги промовираат како државотворен народ?!?! Кај насадените властодршци доминирал, доминира и ќе доминира генот на УДБА, на нивните предци удбаши, на кодошите и службите. Најдобро објаснување зошто и ден-денеска без срам и перде ги прават и со садистичка насмевка ги одработуваат овие антимакедонски дела кои се косат со сечија човечка и македонска логика, акти без трошка чест, гордост и достоинство во нив. Прво, она што е најприродно за удбашите е „позови пријатеља“, не бадијала на српски. По Белград, сега така свикаа и по Брисел, по пуста навика. Ама, тонч и статива. Бадијала, „пријателот“ уморен од виткање раце и самиот свесен за забеганоста на недемократски бугарскиот аздис не можеше да им ја заврши работата. Што е следно? Па, второ е она за што удбашите се створени. Најавата за „пријателски“ и  убедувачки тет-а-тет разговори во подрум... Затоа, сликата како Обиџуко и бандата еден по еден со ламба насочена во очите и со корнење нокти ги преслушуваат опозициските пратеници убедувајќи ги „пријателски“ да  гласаат за уставни измени и внос на Бугари во светата македонска книга и не е така чудна, нели? Толку логичен чин за наследниците на УДБА, кои меѓу другото и ден денеска треба да објаснат како тоа го „лапнаа“ недвижниот и движен имот, прогласувајќи се за неприкосновени наследници на Комунистите. Старт-ап милионски бизнис за чедата кои потоа украдоа милијарди... Туку, ај, на Таче, Обиџуко и бандата им личи да бидат удбаши, тоа си е факт. Им стои ко „саливено“. Арно ама, на Али не му стои, ама ич. Командантот кој направи кариера плукајќи по екс Ју системот, лик кој постојано се претставува како дисидент и чевече со досие, репресиран и гонет  токму од УДБА, сега да применува удбашки методи? Не му „стои“, или? Јок, забораваме дека тој беше дел од удбашката прикаска во 2018-2019-та при преспанско мотивираната промена на уставот. Значи, жртвата на УДБА да ти била удбаш? Стара вистина за двојните агенти од минатото, кои секогаш ја одбираат подоходовната страна... Трета шема на удбашите е ширење невистини за противникот, во овој случај опозицијата. Онаа стара навика со пропагандата пуштена на најјако, порано преку сокаците, весниците, разгласот и кодошите, денес преку медиумските и „експертски“ апологети. Онаа прастара „раздели па владеј“  игра на чедата возљубени во девалвација, релативизација и оцрнување на спротивниот табор. Четврта „лоша навика“ на удбашите е прислушувањето на неподобните за нив политичари, дејци и на граѓаните, тогаш преку соседи, фиксни телефонски линии и клучалки, сега преку малициозни системи, мобиљки и смарт телевизори. Се’ е исто, само него го нема. Не Заев, Тито. Црпко е на Халкидики, проверено... Атавизмите од минатото испливуваат на виделина во моменти кога Македонија повторно е исправена  пред сериозни предизвици, опасност скриена во владината офанзива за протнување на НЕуставните измени и исполнување на бугарскиот диктат, ама „дословце“. Не така случајна намера на крајно корумпираната и криминогена влада, чиј единствен начин за опстојба на власт со раширени раце за нови кражби и арамилак е само и само преку немо исполнување на соседските антимакедонски планови. За нивна жал и наша среќа, сега имаме опозиција која не е обременета со багажот на крадени народни пари и какви не криминалии ко онаа пред 5-6 години. Не можат ни да ги наместат како дел од претходниците. Затоа и коленичат за помош за да повторно го прескокнат народот. Истиот тој народ кој во десетина анкети им кажа недвосмислено и громогласно НЕ! за уставни екскурзии, суеверенот на оваа држава кој во дузина испитувања на јавното мислење со огромно мнозинство од над 80 проценти им порача да не гибаат онаму каде што не смеат ни на сон да пипнат. И, пак, и покрај неверојатните бројки на народ кој е против, дилајлите политикантски со цел ум и без срам и перде одат против суверенот кому во ниту една изборна програма не му ветиле промена на устав, партии тотално делегитимирани уште во 2021-та со дебаклот на локалните избори, апаратчици кои во моментот губат два наспрема еден во однос на политичките противници??? Опозицијата година и половина покажа унитарност и силна отпорност кон надворешните влијанија и притисоци во кои оксиморонските атеисти од власта се крстеа. Не им помогна ниту ступидната смена на генерации, Ќуран и Артан на местото на Заев и Алија. Никој нормален веќе не верува во добрите намери на овие две крајно забегани партии и обожаватели на богот Мамон, а резултатите од нивните идиотски договори и потпишување на слепо без прашање на се’ што ќе им се подметне испаднаа „килаво дете“, покилаво здравје. Ова копрцање на власта фатена во сопствената стапица доаѓа на само неколку месеци пред нивната „гудбај парти“ која одамна им ја подготвува понижениот македонски народ кој со години врие од злодејанијата на Муртинци, Тачевци, Алиевци, Грубиевци, Царовци, Спасовци, Маричичиња и цела она друга банда недостојни репрезенти на власта која се дрзна да ја менува дури и историјата на овој напатен, крајно налутен и горд народ. Опозицијата и народот треба, во најмала, рака, да се луди на неколку месеци пред заминување на најнеспособната влада во историјата да и’ гласаат шалабајзерски и непромислени уставни измени и да им одобрат самоубиствени и идиотски чекори за кои сите им велеа да не ги прават, особено знаејќи дека огромно мнозинство од народот стои зад нив. Влогот е голем, преголем. Влогот е Македонија, да не се лажеме. Ако се изгласаат уставни измени во оваа антимакедонска форма, ова ќе биде последното понижување, конечниот чин на самоуништување на македонското национално ткиво, финале и крај на прикаската. По неа, ќе може само да ставиме клуч и да го изгасиме светлото. Со или без Чом. Затоа, опозицијата ќе опстои. Заради Македонија. Туку, „шу прајме“ после со удбашите, избори се ближат? Тик-так, тик-так, тик-так...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/udbashki-metodi/feed/ 0
Див северен запад https://arhiva.kurir.mk/kolumni/div-severen-zapad/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/div-severen-zapad/#respond Fri, 15 Sep 2023 09:28:03 +0000 https://kurir.mk/?p=879444

Америка во 19-от, а Македонија во 21-от век го живее времето на разузданиот див северен запад. Оксиморонска направија во која ништо нема никаква логика, земја во која најнеспособните политиканти владејат, садисти се директори на  болници, најтупави аналфабети го кројат образованието, ненаситни арамии и ајварџии го водат бизнисот, а академски комарџии меѓу две партии покер ја редат историјата и ги распродаваат хероите и светците во „Ол ин“ рака, држава на народ-Трнорушка кој се’ уште го чека имагинарниот принц за да ги разбуди од седумгодишниот сон. Во храбриот кукавичлук  на овој див северен запад суртуците не се извинуваат кога возат на тротоар со џиповите, туку застануваат и ги бодат оние кои ги кудат, а полицајките мазохостички се самоудираат и самоказнуваат лупајќи се по пајаци. Во болното здравство и луцидниот хорор на дивиот северен запад, мизантропската власт во спрега со директорчиња и по некој брат и сестра грозоморно ги убива пациентите со физиолошки раствори, гледајќи како пред нив полека ја испуштаат душата додека тие насмејани си ги полнат џебовите. Индикативно е што во остроумната глупост на антимакедонскиот див северен запад, забеганата власт не ја тангира мислењето на 90 насто Македонци кои се против идиотскиот Бугаро-фанцуски предлог и внос на уривачи на државата во Уставот како државотворен народ. Во дивиот северен запад виновник за се’ се несреќните кабли, а правдата како ѓавол од темјан бега од оваа затутулена-замумулена земја која некогаш беше држава. Дивиот северен запад уште малку ќе стане земја на старци кои гушнати ќе се греат на ладното огниште, затоа што младите во редици фаќат усвета во потрага по систем кој функционира, не по пари и аздис, туку по место на земјината топка каде ќе најдат мир, каде нема да бидат граѓани од 63-ти ред и ќе обезбедат иднина за своите деца, стабилност и иднина кои во се’ посветлиот мрак на Македонија со овие бандити на власт изгледаат како недостижен сон. Во грдата убавина на дивиот северен запад каде „кадија брани и кадија суди“, во затворите гнијат луѓе кои имале несреќа да бидат патриоти, вистинските криминалци ја водат и крадат државата, а кога ќе претераат со апашлукот и незаситноста и ќе ги фатат со рачињата во медот, имаат две опции. Или ќе ги судат некои 36 години за да делото застари, или глумат лудило и демек доблесно аболирани се повлекуваат од високата функција и одат на грчките плажи, од каде делат ум, фондации и продолжуваат, по навика, да тресат зелени. За понискорангираните партиски војници и арамии, пак, на 5-6 години следува закон за амнестија и промена на кривичниот законик... Во црниот блесок на дивиот северен запад свето и исконско име на држава се менува со уцени и фаќање за малите тестиси на уште поситни криминалци и вратари, а  гласот на народот се исмејува и не вреди затоа што знаат дека тој народ и онака ќе замолчи по ступидната дефетистичка логика „Што да правиш, што ќе правиш, тоа ти е!“  Оти, така им било пишано, нели... Во живата смрт на дивиот северен запад стана многу полесно да најдеш дилер на марихуана и кокаин отколку граѓанин кој може да си приушти две вреќи пипер за да направи ајвар, територија каде дињата стана луксуз, а сирењето сон. На ова прекрасно парче земја, кое мнозинството не знае да си го цени, децата на почетокот на годината сонуваат за учебници, а на крајот на истата за недостижниот луксуз на свидетелство в рака, антидржавна направија во која - внуците за да имаат платен школски доручек и ручек значи дека бабата ќе нема половина пензија. Можеби и повеќе... И додека на дивиот запад си ги мереле со пиштоли и скратени двоцевки, на дивиот северен запад мерката за успешност на чесните крадци од власта се вика тендер, единица мерка за квалитетот на еден политичар од ДУИ и СДССС. Колку повеќе тендери имаш, толку повеќе вредиш за лидерот и си повисоко на владејачката северна скала. Во скромниот раскош на дивиот северен запад владее апартхејд, таму малцинството му се има качено на глава на мнозинството, се срами да пее државни химни, мафта со други знамиња, слави други историски ликови и има тотална сопственост врз проекти, тендери, рушвети, Бехтели и други местЕНКИ... Таму, во проѕирната темница на дивиот северен запад,  малициозната власт која насила дојде на Илинденска ББ преку идиотски прикаски за жолти комбиња и со секаде во белиот свет незаконски снимени разговори, и натаму по навика и без срам ја прислушува опозицијата и пучанството преку уште помалициозни системи кои со цел ум си ги купува од народни пари... Да, дивиот северен запад е оксиморонска направија слично на шарената „револуција“, која беше само една шарена дееволуција која од учесниците направи мајмуни, а од државата протекторат.  Инфантилна држава во која лик кој дошол на власт преку „пад на систем“ при броење гласови на избори, а потоа траснал на земја на локални, верувале или не – си мести свој уште посервилен и крајно анонимен престолонаследник кој без срам и перде си владее веќе две години и не’ срами кај ќе стигне... Дивиот северен запад е оксиморон исто колку кованицата „северна“ (бљак) Македонија. Разликата  е што оксиморонот како стилска фигура и според дефиниција само на прв поглед изгледа глупаво и лудо, за да потоа сфатите што се потенцира со контрастот и противречностите на чесниот крадец, црниот блесок и грдата убавина. Кај Македонија, оксиморонот со лепенката и противречноста на додатокот со она на „С“ звучел и ќе звучи глупаво и лудо и на прв поглед, и на втор, на милионити и на 1.998.888.9999.777.645-ти пат. Евтин, хохштаплерски идиотизам, оти не можете да бидете на С кога нема друга држава Македонија. Била и ќе остане една и само МАКЕДОНИЈА. Нејсе што некои политиканти и кретени таму се согласиле на суртучки и крајно забеган чин само за да бидат на власт за да несанкционирано и без исав крадат. За утеха или не, но Македонија е една и вечна, а на дивиот северен запад полека, но сигурно, му доаѓа крајот...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/div-severen-zapad/feed/ 0
Трст ВИА Скопје, ЕУро-ВИА Мала Речица https://arhiva.kurir.mk/kolumni/trst-via-skopje-euro-via-mala-rechitsa/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/trst-via-skopje-euro-via-mala-rechitsa/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=877910

Додека Груби по навика минираше се’ што е македонско, а Стево и Обиџуко даруваа крв откако му ја испија истата на народот, четвртата марионета на заминување, Ќуран, амнестираше нова тура криминогени гласачи и забега во филмот на „Војна на ѕвездите“, несвесно правејќи Фројдовски и инфантилни паралели со Дарт Вејдер. Луцидни, морничави и трагикомични акти од последната сцена на владините северни патрдии . Реалноста е, сепак, дека нам не ни се случува Џорџ Лукас, најмалку „Војна на ѕвездите“, туку еден бааги помизерен, побалкански и помакедонски филм. Во тој филм, репликата до Ќуран би гласела: „Ало, кај кај џа (каде одиш) со умот бе Таче?“ Се сеќавате на култниот „Трст виа Скопје“, македонска ТВ серија со незаборавните ликови на Ванчо Петрушевски, Ѓорги Колозов, Ненад Стојановски, Мето Јовановски и цела една плејада доајени од актерската и режисерска сцена? А, кој не би се сеќавал на прикаската за шверцот на напатените деца кои преку/виа Скопје крадеа во Трст... Арно ама, сега шверцот и грдото сиже со години ни се повторува во реалноста, директно преку дилетантите од политичката сцена. Новото македонско реално шоу се вика „ЕУро-виа Мала Речица.“ И ниту една поврзаност со реалните ликови од Мала Речица и Бихаќка не е случајна, за жал. ЕУРОВИА е фирмата која најпрво доби 1.8 милиони евра од Бугар Османи за „преадаптација“ на СЦ Борис Трасковски, за да сега бидне и главен подизведувач на „Бехтел и Енка“, „дил“ од кој Македонија ќе стенка и кука следнава деценија... Во ова девастирачко реално шоу, главните улоги ги играт Димитар Ќуран Ковачевски звани Таче, Артан на кој не му треба прекар затоа што, како и да гледаш е ГРУБи, сиров и недоделкан, Стево наречен Стока, Оливер Обиџуко Спасовски, Цаци Салата, Љупче Путер, Чмаричиќ, Бугар Османов и армија други апаши и арамии желни за лесна пара, сите диригирани и контролирани од седокосиот командант Ахмети. И додека во „Трст виа Скопје“ Рамче со Шина шверцаше деца продадени од сопствените родители за да крадат во Италија, во „ЕУро виа Мала Речица“ статистите Таче и Црпко ги продаваа сопствените предци и прошверцуваа дузина закони, договори, тендери, рушвети и редица други северни злодејанија. Проблемот е што преку овој „пат“,  преку/виа Мала Речица - ЕУ/Брисел ќе ги видиме на „свети никад“, факт. И пишан и непишан. „Мало сутра“, што би рекол ајвароносецот Црпко Први. Гревовите од ликови во „Трст виа Скопје“ трагаа по подобар живот и се самозаглавуваа во начинот на кој тоа го правеа и го „бараа“. Ние исто. Црковци уште повеќе. ЕУ виа Мала Речица е невозможна мисија, излажирана утопија за пролонгирање на македонската мака и за опстанок на Црпко, Таче, Алија, Груби, Османов и болументата околу нив. Во ЕУ не се оди со „балкански методи“, тој муабет Хан знае каде може да си го набие. Кога ќе не’ посакаат, ќе не’ земат, без пардон. Никој нема ни да не’ праша дали сакаме или не, ќе не тутнат таму сосе партали. А, добро знаеме и уште подобро гледаме каде не доведе лагата за подобар живот. Се’ во животот и светот се заработува со работа, идеи, визија, пот, крв и мака. Ништо не се заработува со смена и продажба на знаме, устав, име и историја. Тоа е чиста, глупандерска, евтина македонотопија. Со северен ветер во едра, бродот ќе ни стои во место, оти никој не сака неспособни, инфантилни и сервилни медиокритети во друштво, тоа се евтини прикаски за мали деца и за големи северџани. Едноставно, ве тера да се запрашате, што е полошо? Рамчевиот шверц на деца или учеството на Филипче и Анѓушев во Модуларната трагедија, насилието на Шина и трговијата со младите или трговијата со биолошки цитостатици на директорите и министрите на СДС, молкот  и амнестијата за донаторите на ДУИ во трагедијата во Ласкарци, Бочварскиот удел во нелиценцираниот автобуски скандал во несреќата во Бугарија, но и улогата на сите корисни идиоти во шверцот на Преспанскиот договор, забеганоста на виткањето раце и вратчиња за уставните измени во насилната северизација и идиотска смена на името, неаргументираната двојазичност, лажираниот попис, влада со гласање со две раце во 2017-та, невини патриоти кои со години на Божја правдина чмаат по зандани, ултра-забегани договори за НЕпријателство, па Француски договори без Ф во нив, та неуставни измени, СЈО идиотштини, рекети, комисии за историска продажба, лицитации со револуционери, херои, светци и што ли не. Списокот е долг, предолг... И, додека сега јавно ве шамараат и силно дигаат на клоци менторите од ЕУ поради глупоста со суртучката само-амнестија со измените на Кривичниот законик, на сиот тој блесок нека ви „светне“ барем малку, запрашајте се дали сето тоа вредеше, аман? Дали сето газење на македонското достоинство сите овие години ви донесе среќа, полни ли ви се душичките празни и спиете ли мирно со полните џебови, а? Дали полињата со марихуана и со фотоволтаици ви се доволна компензација за изгубената чест, достоинство, име и образ? Или, никогаш не ги ни имавте за да ги изгубите, криминогени, неспособни дудуци... Кога ќе размислите, ликот на Рамче е СТОПАТИ подоблесен од вас, северните властодршци. Тој е сиромашен, неук, несреќен човек, физички и психички малтретиран лик кој се фаќа за сламката наречена криминал за да направи „нешто“ во животот. Вие копуци, вие сте (голем дел, нејсе купени дипломички) и доктори на науки, деца од богати фамилии (најголем дел), блефери за чесност и правда (сите без исклучок). Рамче,барем, не се преправаше како вас. На страна што Рамче, таков сиров, недоделкан и дете на улицата,  кој на крајот се покаја и утехата/казната за делата ја најде во алкохолот, тој барем се’ направил сам, макар и криминално, забегано и вон законот. Вие ни тоа, истото злодело ко Рамче и „пута“ десет повеќе, североидни хохштаплери низаедни, немавте доблест ни сами да го направите, туку го изведовте благодарение на некој друг како подизведувачи. Друг, кој се надеваме, конечно сфати со каква криминогена и забегана банда си има работа... Време е да си одите, крајно. Следната адреса е позната. Превентивно, бидете „ин“ и нарачајте си реновирање на ќелиите. А, ако не биде така, тогаш, ништо никогаш и нема да има смисла. Аирлија оделца со пруги или аир да не видиме...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/trst-via-skopje-euro-via-mala-rechitsa/feed/ 0
МОНСТРУМИ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/monstrumi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/monstrumi/#respond Mon, 04 Sep 2023 11:39:11 +0000 https://kurir.mk/?p=874364

Основната мантра на еден одрод претполага три основни дејности: релативизација, девалвација и ароганција. Она што Тачевци го прават во моментот за и со монструозниот случај на онкологија. Та бил мултиетнички, пази и мултипартиски, а мултикултурен не ли е? Заборавија и раси и џендери да  измешат во прикаската забегана. И така, Таче и тајфата новинарска и експертска ќе ве убедуваат во таа „вистина“. Ова било од памтивек, демек, тие „хероите“ го окриле?! Јок, го открија новинарите, вие ќе си ќутевте до смрт за да не ве окаља. Та правдата ќе била иста за сите?! Никој не ви верува со оваа 0.2 насто доверба во судство и обвинителство. Те истрагата ќе била со сите нишани?! Како за модуларната во Тетово, Дурмо, Беса и останатите ли? Прво, Ќуране,  не постои мултиетнички и мултипартиски криминал, има само еден и единствен КРИМИНАЛ. Не релативизирај. Второ, криминалот според информациите и наводите се случува не веќе 20 години туку од 2017-та година, лето Господово од кога вие КРИМИНАЛЦИТЕ на сила сте на власт. Не извитоперувај. Трето, не само Сали, Филипче да го видиме, оној „моторџијата“ новопечен кој скоро 5 од 6-те години на власт беше прв човек во здравството и палеше и гасеше. Рибата смрди од главата. Упс, тоа значи и од Заев и од тебе, Таче, од Стево. Од сите. А, и Обиџуко Спасовски да не паламуди, 6 години нему ова му се случувало пред нос. Да не објавеа новинарите, ќе си бркаше авто-тендерчиња и денеска. Не лажете, никој не ви верува, одамна... Четврто, не ви веруваме бидејќи и Алија и ДУИ побараа целосна одговорност, аууууу! Тоа е просто невозможно кога тие го бараат, видовме до сега, не сме ајвани. Правда со вас немало нити ќе има... Можеме вака до сто и едно, ама, за жал,  зборот МОНСТРУМИ ви стои и прилега ко измислен, на секое можно поле, било тоа здравство, не образование, на национално поле и да не зборуваме. Во текот на годините велат дека станавте вистинско легло на социопати и психопати, податна роба за монструми. Дијагноза која што ме потсети на еден мој неодамнешен текст. Се’ се менува, само монструмите си се едни те исти. ...Според науката, соцопатите и психопатите се чеда со сериозна фалинка и наводно да ти биле шармантни, манипулативни, бесчувствителни и агресивни. Дали описот ве потсетува на едни опортунистички ликови од македонската политичка сцена? Сурија која направи стотици забеганости, ама и покрај се’ многумина сериозно не им замераат за дејанијата? Оти, па на будалата не можеш да му се лутиш, нели? Да, веднаш се сетивте на едни фацки, нели? Разбирливо... Уште подобро, за да описот биде подетален, она што им е заедничко на двете крајно забегани категории е недостиг на емпатија, непочитување на правила (почесто и закони) и самобендисано однесување без чувство на вина. Вина? Ова, повторно го вели науката. Аха, без одговорност во нив??!?! И тука, првото на што ви текнува е на една тотално негативна плејада владини ликови, кои за да ги наброме, искрено, ни требат мноооогу страници. Тоа е за формат на Толстој, цела банда се... И што велат психолозите? Епа, иако немаат емпатија, наводно,  често се многу шармантни луѓе и вешти манипулатори. Кх, кх, кх, веројатно, нудат оставки,  а другарчето не ги прифаќа и чека резултати од истраги, а? Уште пострашно, тешки фолиранти се глумциве. Социопатите и психопатите, замисли, учат да ги имитираат чувствата на „нормалните“ луѓе (читај „на Македонците“), и покрај нивната неспособност да ги почувствуваат. Затоа, веројатно и не им ни стои кога глуматараат дека жалат за загинатите во пожарот во Тетово, кога демек нудат оставки, или кога така фејк жалат за починатите од ковид-19. А насмевката под мустаќ, вришти ли вришти... Велат, дека некои психопати се толку добри во манипулирањето што нивната околина никогаш не се ни сомнева во нивната вистинска природа. Нашиве се демистифицират кога ќе дојдат на валст. Башка, кога вршат кривично дело, вели теоријата, тие внимателно го планираат секој детаљ и често имаат резервен план. Е сега, за разлика од социопатите, психопатите да ти биле ладни, мирни и фокусирани. Од полициска перспектива, ова ги правело многу ефикасни криминалци. Во превод, очебијно, нашиве владејачи се комбинација на двете категории. Некој хибрид меѓу врхушката на СДССССССС и ДУИИИИИ, грифон ли, сфинга, што ли е... Ги дели и дијагнозата. Причината за психопатија се разликува од социопатијата. Претпоставка е дека психопатија е резултат на наследство, пуста генетика, а социопатија е резултат на надворешните фактори (читај меѓународна заедница). Фер, ги препознавте ликовите, од авион се гледа кои се и што се. Декларирани и докажани на дело политикантски психопати и социопати, за кои ќе требаат повеќе ревизии. Не психијатриски, законски. Што на пописот, што на одговорност, што на име, што на предавства, што на укинат „фашизам“,што на тендери, што на бугарски злодоговори, што на криминални дејанија, што на историја, што на плантажи, што на образовни дигитализации, што на преспански капитулации, што на Француски договори и неуставни измени. Ме интересира само како ќе ги налеат кутлешите на избрусените шахти... Ај, да им ја растуриме дружбата, време е. Ама, крајно. Во име и на чедата Божји мачени и садистички убивани на онкологија, во име на жртвите од модуларната болница, на оние загинати кај Ласкарци, за оние во нелиценцираниот автобус, во име и на браќата кои лежат невини по затворите, во име на правдата, достоинството и честа. Во име на ИМЕТО и историјата кои сакаат да ни ги сменат. И да, секоја сличност со вистинските ликови и настани е тотално неслучајна...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/monstrumi/feed/ 0