Љупчо Коцарев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Oct 2023 10:37:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Коцарев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на МАНУ: Дали раскинување на Договорот со Бугарија е единствено решение за Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-dali-raskinuvane-na-dogovorot-so-bugarija-e-edinstveno-reshenie-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-dali-raskinuvane-na-dogovorot-so-bugarija-e-edinstveno-reshenie-za-makedonija/#respond Wed, 11 Oct 2023 10:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=887713

Во 2017-тата и во 2018-тата година, три настани ја одредија иднината на Македонија, потенцира претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во интервју на ТВ Алфа во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски. „Првиот, потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на 1 август 2017 г., од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев, во Скопје. Вториот, потпишувањето на Договорот со Грција (или Договорот од Преспа), на 17 јуни 2018 година, во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро, од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц. Третиот, Референдумот за Договорот со Грција, одржан на 29 и 30 септември 2018 година. Од вкупниот број гласачи, на Референдумот гласале 36,91 процент, додека 33,76 проценти од населението гласала „ЗА““ цени академик Коцарев. Според него, ако се зборува за спроведување на Договорот со Бугарија и обврските во протоколите, тогаш неопходно е да се има предвид и Рамковната позиција на Бугарија во однос на процесот за стабилизација и асоцијација на Македонија и на Албанија – документ усвоен во Собранието на Република Бугарија, на денешен ден пред 4 години, поточно, на 10 октомври 2019 година, документ во кој се вели: „Треба да биде јасно дека јазичната норма прогласена за уставен јазик во Република С. Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешната југословенска република, по нивната кодификација во 1944 година. Ниту еден документ/изјава во процесот на пристапување не може да се смета за признавање од страна на бугарската страна на постоењето на т.н. ’македонски јазик‘, одвоен од бугарскиот“. „Ненаучниот став на Владата на Република Бугарија во однос на македонскиот јазик е јасен и непроменет од 1949 година (по раскинувањето на Бледскиот договор) дека: на територијата на денешна Република Македонија, до 1944 година, се зборувало бугарски јазик, којшто потоа се нарекол македонски јазик, тогаш голем дел од жителите на Македонија, според овој став, до 1944 година, биле Бугари, за потоа, по 1944 година, да се преименуваат во Македонци?!“ посочува претседателот на МАНУ. Во овој контекст, наведува академик Коцарев, треба да се посочи и на Соопштението на Бугарската академија на науките, со кое таа ги поддржува напорите на бугарската влада да ја интегрира Република Македонија во вредностите на Европската Унија и во кое се изразува нејзиниот став за неприфаќање на тековно предложената рамка за преговори за Република Македонија пред Европската комисија, изразувајќи го својот цврст став за одбрана на историската вистина за минатото на историско-географскиот регион на Македонија, вклучително и на бугарската национална и културна припадност на мнозинството од нејзините жители. „Оттука, ако другата страна, во овој случај Бугарија, не ги признава македонскиот јазик, историја и идентитет, независно од постоењето на бугарскиот јазик, историја и идентитет, тогаш прашањата: дали треба воопшто да се водат преговори со таа страна, дали треба да се потпишуваат договори за пријателство, добрососедство и соработка или дали треба да се менува Уставот на Македонија по нивно барање, зар не ви се чини дека се бесмислени, нелогични и неправедни? Зар тоа е пријателство, добрососедство и соработка? Дали, можеби, во таков случај, единствено решение за Македонија е раскинување на Договорот со Бугарија?“ јавно прашува првиот човек на МАНУ во интервјуто за „За или против“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-dali-raskinuvane-na-dogovorot-so-bugarija-e-edinstveno-reshenie-za-makedonija/feed/ 0
Академик Коцарев: 11 Октомври е востание против ропството на Македонците од фашистичка Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kotsarev-11-oktomvri-e-vostanie-protiv-ropstvoto-na-makedontsite-od-fashistichka-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kotsarev-11-oktomvri-e-vostanie-protiv-ropstvoto-na-makedontsite-od-fashistichka-bugarija/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=887704

Востанието на 11 октомври, со кое почнува ослободувањето на македонскиот народ од фашистичката окупација, претставува камен-темелник, меѓа во борбата за самобитност и за самостојност на Македонците, вели претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во интервју на ТВ Алфа за емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски. Денес, за жал, сме сведоци на негирање на овој настан, на негирање на постоењето на македонскиот народ, негирање на ослободителниот и антифашистичкиот карактер на востанието, потенцира првиот човек на врвната научна институција. „Два непобитни факти се поврзани со овој настан. Првиот факт е дека државата Бугарија, а не бугарската нација, во определен период била фашистичка држава. Историски факт е дека Бугарија била фашистичка држава во периодот од април 1941 година до септември 1944 година. Според Хашкиот правилник од 1907 година, член 42, една територија се смета за окупирана кога ефективно се наоѓа под власт на некоја непријателска армија. Од друга страна, во светските речници, под окупација се подразбира запоседнување, освојување на една држава, или на дел од нејзината територија, од страна на војската на некоја туѓа држава. Така, во 1941 година, делот од Кралството Југославија, територијата што се нарекувала Вардарска Бановина, била освоена, окупирана од фашистичка Бугарија. Вториот факт е дека, прво, современата македонска држава е помлада од македонскиот народ, и, второ, дека најголемиот дел од населението на Вардарска Бановина, на денот на окупацијата од фашистичка Бугарија, се чувствувале како Македонци. Така, 11 Октомври е востание против ропството на Македонците од фашистичка Бугарија“, потенцира академик Коцарев. „Иако, ова се непобитни и познати работи за кои и други пишувале, честитајќи им го празникот на сите граѓани на Република Македонија, би сакал уште еднаш да подвлечам дека оддавајќи им почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание, ние треба да ја чуваме основната придобивка на востанието – државноста, за што многумина го дадоа својот живот“, вели претседателот на МАНУ во интервју за „За или против“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kotsarev-11-oktomvri-e-vostanie-protiv-ropstvoto-na-makedontsite-od-fashistichka-bugarija/feed/ 0
Претседателот на МАНУ: ДА за ЕУ, но не со понизноста, сервилноста и недостоинственоста на актуелната Влада! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-da-za-eu-no-ne-so-poniznosta-servilnosta-i-nedostoinstvenosta-na-aktuelnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-da-za-eu-no-ne-so-poniznosta-servilnosta-i-nedostoinstvenosta-na-aktuelnata-vlada/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=887691

Предлагам и се залагам Македонија да биде дел од Европската Унија, но пристапот во кој доминираат понизноста, сервилноста, недостоинственоста, па дури и нечовечноста, што тековната Влада го избрала како единствен пат за пристапување во ЕУ, е грешен и срамен, па затоа треба веднаш да се напушти, вели претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во интервју на ТВ Алфа во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски. „Ќе упатам неколку прашања до македонски политичари од која било провениенција: леви, во центарот, десни, сегашни и идни властодршци. Дали во Република Бугарија и во Република Грција живееле и денес живеат Македонци? Постојат голем број сведоштва, искази, документи и научни аргументи, кои покажуваат дека одговорот на ова прашање е афирмативен, па, оттука, сите договори со кои се негира постоењето на Македонците во Пирин и во Егеј се невалидни, неправедни и нечовечни. Дали знаете кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ? И на ова прашање одговорот го знаат сите, меѓутоа манипулациите на власта и на нивните апологети, во врска со ова прашање, се грандиозни: Не тогаш кога ќе почнат преговорите, не тогаш кога ќе се потпише Договорот за пристапување во ЕУ, туку тогаш кога потпишаниот Договор ќе биде ратификуван во собранијата на сите ЕУ-членки, па, така, и во Собранието на Бугарија. Имајќи ја предвид Декларацијата усвоена во Бугарското народно собрание, во 2019 година, Македонија ќе биде дел од ЕУ само тогаш кога ние ќе признаеме дека не сме Македонци, поточно, дека до 1945 година, Македонците биле Бугари, што значи дека Македонија и Македонците се производ, конструкција, комунистичка (или Титова) творба. Меѓутоа, Македонците ниту биле ниту ќе бидат Бугари, па затоа, прво што треба оваа Влада, и сите идни влади, да го стори, односно да го сторат, е: да се раскине Билатералниот договор со Бугарија. Треба гласно и јасно да се каже НЕ: светите браќа Кирил и Методиј не се бугарски просветители, туку сесловенски; Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, а ревидирање на историјата по урнек на нашите соседи, условено со ништовни договори, нема никогаш да дозволиме; додека, пак, македонскиот јазик има просторен и милениумски континуитет и се разликува од бугарскиот“ посочува академик Коцарев. Македонија сѐ уште не е подготвена да стане полноправна членка на ЕУ, но, за жал, и Унијата нема демократски капацитет да ја прими Македонија во нејзините редови, цени претседателот на МАНУ, кој потенцира и дека ЕУ направи премногу преседани токму кон Македонија, креирајќи и измислувајќи голем број нелогични, недостоинствени и недемократски предлози, така што ние со право можеме да се прашаме дали проблемите што ги има ЕУ се, всушност, поголеми од сите проблеми што Македонија ги има како држава и општество. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-da-za-eu-no-ne-so-poniznosta-servilnosta-i-nedostoinstvenosta-na-aktuelnata-vlada/feed/ 0
Коцарев: Насушно ни треба трет Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotsarev-nasushno-ni-treba-tret-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotsarev-nasushno-ni-treba-tret-ilinden/#respond Tue, 01 Aug 2023 15:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=862415

Македонската државност почива на темелите на Илинденската револуција. Почива на двата Илиндена, а македонскиот народ има своја историја и содржина во двете востанија – 1903-тата и 1944-тата. Секој обид за минимизирање, е негирање на македонството, беше истакнато на денешната прва научна конференција организирана од Матицата на иселениците од Македонија во Крушево, во пресрет на големиот празник Илинден. Научната конференција е насловена „120 години од Илинденското востание“. - Се знае, македонската државност почива на темелите на Илинденското востание, на Илинденската револуција, и ако сакате прецизно-на двата Илиндена, од 1903-тата и од 1944-тата година. Конференцијата е во чест на 120 години национална меморија за Илинденското востание и ние им се оддолжуваме на сите оние кои нас не задолжија ние да имаме слободна држава. Темелот е, буквално овде, во Крушево. Илинденското востание и АСНОМ-ските решенија на идните генерации им го даваат чувството на припадност и ние им пркосиме на сите кои сакаат тоа да го избришат. Македонија не е и нема да биде држава за поткусурување, изјави Катерина Тодороска, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје. Илинденското востание има свое значење во сите периоди: и во 1903-тата, во 1944-тата и во поново време кога ја оствариме македонската државност.-Востанието е темелот на македонската државност. Ако ги анализираме Илинден 1903-тата и Илинден 1944-тата кога на АСНОМ се донесени државотворните акти, тоа значи дека македонскиот народ има своја историја, своја содржина во двете востанија, во двата Илиндена. Тоа е врвен чин, не само на слободарските пориви на македонскиот народ, бидејќи Вапцаров е прв кој вели дека со Илинденското востание внесовме народна содржина, со крвта на народот. Тоа значи дека македонскиот народ создава своја историја кога е дел од македонската колективна меморија. Обидот да не се прослават или одбележат овие два моменти, значајни од македонската историја, да се негираат научноста или македонската меморија, одат во насока да се опонира или избрише македонството. Македонскиот народ создаваше своја историја. Народот ја создаде целокупната меморија за двата Илиндена, рече Наташа Котлар Трајкова, научен советник во Институтот за национална историја од Скопје. Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев смета дека е потребен трет Илинден. -Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд. А за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години поддржувајќи лукративни, сервилни и недостоинствени форми на владеење, поточно би рекол дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја. Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци, рече Коцарев. Македонското малцинство во Бугарија ги продолжува своите настојувања за признавање. - Ние бараме поддршка од македонската влада да застане зад нас и во Бугарија да нè признаат како Македонци. И покрај сите одговори од Судот за човекови права од Стразбур, ништо не е променето, вели Стојан Герасимов, Македонец од Бугарија. Илинденско Крушево сака да ги зацврсти врските со дијаспората, но и да го реши најголемиот проблем на денешното време – иселувањето. - Општина Крушево како општествено одговорна институција, а и јас, како претседател на Научно културните средби „10 дена Крушевска република“, се грижиме за своите иселеници. Ги негуваме традицијата, историјата, културата. Токму Крушево е град на традиција, историја и на култура. Сме во насока на унапредување на врските со дијаспората. Општина Крушево секогаш е отворена за соработка и да ги засилиме врските со дијаспората и татковината. А во ова време, да ја запреме најголемата болка, иселувањето, рече крушевскиот градоначалник Томе Христоски. На конференцијата е промовиран и зборникот на трудови на 11 еминентни научници и историчари за прашањето за значењето на Илинденското востание. Поддржувачи на научната конференција за Илинден се општините на Крушево, Карпош, Куманово, Прилеп и Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kotsarev-nasushno-ni-treba-tret-ilinden/feed/ 0
Коцарев: Мала е веројатноста во следните 30 години да станеме рамноправна членка на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-mala-e-verojatnosta-vo-slednite-30-godini-da-staneme-ramnopravna-chlenka-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-mala-e-verojatnosta-vo-slednite-30-godini-da-staneme-ramnopravna-chlenka-na-eu/#respond Fri, 07 Oct 2022 13:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=742503

Треба да се соочиме со реалноста дека веројатноста нашата држава да стане рамноправна членка на Европската Унија во следните 30 години, е многу мала, смета претседателот на Македонската академија на наука и уметностите (МАНУ), академикот Љупчо Коцарев. Како причини за тоа, Коцарев во своето обраќање по повод Денот на Академијата, ги наведе бавното темпо на интегративните процеси во ЕУ во однос на земјите на Балканот, што се уште не се дел од Унијата, се до противењето на некои нејзини членки, во блокот да се вклучат нови земји со право на вето. Тој исто така ги повтори своите ставови во однос на општествената состојба во државата при што рече дека со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија „се одвива културен геноцид врз Македонците“. Пред воопшто да се пристапи кон потпишување на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, вели првиот човек на МАНУ. Коцарев смета дека стремежот за помирување на различните гледишта за историјата на Балканот е клучен фактор на актуелниот преговарачки пристап за влезот во ЕУ, но како што потенцираше, процесот постојано наидува на нови пречки, кога „отсуствува искреното покајување како чин на хуманост“. – Со склучувањето и исполнувањето на договорите со Грција и со Бугарија се одвива културен геноцид врз Македонците во нивната држава Македонија, како и врз Македонците во соседните држави, но и насекаде каде што живеат и опстојуваат како народ, рече Коцарев. Коцарев смета дека пред воопшто да се пристапи кон пишување, па потоа и потпишувањето на какви било договори, нашата држава мораше и требаше да бара некаков облик на покајание од сите договорени страни, кои, како што рече, „многу години, па и децении вршеа геноцид на Македонците и не го признаваа постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик“. Според академикот Коцарев, Академијата треба да очекува јавно покајание од сите оние институции кои со години промовираат радикални и неправедни ставови што го загрозуваат и го негираат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, што претставува основен услов за натамошна плодна и конструктивна меѓуакадемска соработка. Тој напомена дека во време кога не очекува висока инфлација, висока задолженост на приватниот и јавниот сектор, нарушени синџири на снабдување и енергетска криза, потребна е Стратегија за национален развој и договор за економски реформи, политики и мерки, кои треба да се спроведуваат во следните најмалку 20-тина години. Ова, како што рече, треба да биде остварено во соработка со МАНУ, универзитетите, коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, а притоа, потенцираше, „надминувајќи ја клиентелистичката и партиска агенда на дејствување во општествените сфери“. Коцарев информираше дека МАНУ во 2023 година, во соработка со сите други општествени фактори, ќе пристапи кон изработка на Националната стратегија за развој на Македонија во следните 20 години. Во однос на состојбата со Академијата, Коцарев рече дека МАНУ денес е само слика на она што се случува во образованието, науката и уметноста, па затоа е целосно маргинализирана институција, доведена до работ на опстојувањето, со недоволно вработени на клучни места, неопходни за непречено институционално дејствување во делот на административната дејност и со вработени кои имаат најниски плати во однос на сите други вработени во јавните институции во државата. Сепак, како што напомена, без разлика на негрижата за „храмот на науката и уметноста“, бројот на научноистражувачки и уметнички проекти, финансиски поддржани од меѓународни институции, според индикаторот, поделен со вкупниот број академици и вработени во МАНУ, Академијата е меѓу водечките научни и образовни институции во светот. – Едноставно кажано, МАНУ, иако мала и целосно маргинализирана од владејачките елити во државата, и по квалитетот и по квантитетот, е светски препознатлива институција, додаде Коцарев. По повод денот на Академијата, по обраќањето на академикот Коцарев, денеска на академиците Павол Жиго и Каролин Снајвели им беше доделено меѓународното признание „Блаже Конески“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-mala-e-verojatnosta-vo-slednite-30-godini-da-staneme-ramnopravna-chlenka-na-eu/feed/ 0
Академик Коцарев го обвини Заев за предавство на татковината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-go-obvini-zaev-za-predavstvo-na-tatkovinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-go-obvini-zaev-za-predavstvo-na-tatkovinata/#respond Wed, 29 Dec 2021 20:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=614669

Дали се сеќавате на зборовите: „Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Устав заради промена на уставното име“? Овие зборови на екс премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа, ги цитираше , академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ. Академик Коцарев, кој е еден од 2 насто највлијателни научници на светот, обвини за предавство. „Тие зборови искажани од државник останаа во меморијата како надеж за достоинствена иднина, но тоа што се случи потоа, промената на Уставот, промената на уставното име, зар не е предавство на татковината, предавство на пријателите, па дури и предавство на Бога и на Исус?“ потенцира академик Коцарев во интервјуто со Љупчо Цветановски на ТВ Алфа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akademik-kocarev-go-obvini-zaev-za-predavstvo-na-tatkovinata/feed/ 0
Претседателот на МАНУ, Коцарев: Владата е партиско-етничка, некомпетентна, коруптивна и нефункционална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-kocarev-vladata-e-partisko-etnichka-nekompetentna-koruptivna-i-nefunkcionalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-kocarev-vladata-e-partisko-etnichka-nekompetentna-koruptivna-i-nefunkcionalna/#respond Wed, 29 Dec 2021 20:24:51 +0000 https://kurir.mk/?p=614658

Македонските влади, главно, но посебно во изминатите неколку години, не се ниту политички, ни експертски, ниту компетентни, посочи академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, во интервјуто за „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа. Тој цени дека спротивно на тоа, владите се резултат на пазарења и уцени, тие се партиско-етнички, некомпетентни, коруптивни и нефункционални, што ја прави подредена улогата на парламентот, институциите, администрацијата и правосудниот систем. „Во изминатиов период Владата е блокирана дури и за определени економски реформи кои поминале неколку фази од собраниската процедура... Станува пракса принципот на условувања и на замена на експертско и стручно знаење, со некакво си 'политичко договарање' и ‘политичко пазарење’. Со тоа се стеснуваат можностите за ефикасно работење на Владата и за носење на квалитетни законски решенија од системски карактер за кои расправа и одлучува Собранието на Република Македонија“ потенцира академик Коцарев. „Таквото однесување достигна кулминација во 2021 година. Наместо доследна примена на начелото на поделба на власта и создавање на цврста институционална рамка за владеење на правото, во изминатите три децении бевме сведоци на сѐ поголемо јакнење на позицијата на извршната власт, спротивно на уставните определби, и создавање услови за партизација, како и неодговорно, неконтролирано и коруптивно остварување на нејзините функции“, посочи претседателот на МАНУ во интервјуто со Љупчо Цветановски за ТВ Алфа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-kocarev-vladata-e-partisko-etnichka-nekompetentna-koruptivna-i-nefunkcionalna/feed/ 0
МАНУ: Македонија од 2017-та година е понижена држава, со политиките во последниот период се удира врз македонската историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-makedonija-od-2017-ta-godina-e-ponizena-drzava-so-politikite-vo-posledniot-period-se-udira-vrz-makedonskata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-makedonija-od-2017-ta-godina-e-ponizena-drzava-so-politikite-vo-posledniot-period-se-udira-vrz-makedonskata-istorija/#respond Fri, 08 Oct 2021 16:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=575614

Периодот на владеење од 2017-та година до денес, најдобро се карактеризира според мое мислење, со синтагмата понижена држава. Вака првиот човек на највисоката научна установа во Македонија, ја оценува состојбата во државата минативе четири години. Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, вели со политиките последниов период директно се удира врз македонските национални интереси и македонската историја, која што се менува по барање на други. Коцарев порачува дека доколку ја изгубиме нацијата, воопшто нема да има ентитет кој би се интегрирал во Европската унија. -Понижувањето се предизвикани и од домашни и од надворешни потреби, а сите имаат заеднички атрибут владеење. Ова е време кога владејачките елити се впуштија во друга крајност, национален инженеринг преку бришење на сите одлики на современата македонска нација, со образложение дека тоа е услов за европска интеграција, изјави Коцарев. Првиот човек на МАНУ оценува дека македонската политичка елита го има хибрис синдромот. Кој претставува прикажување на лице како месија, односно тенденција кон величење кај самиот себе, идентификација на сопствената личност со државата, како и претерана верба во себе и во личните можни постигнувања, често се граничи со чувството на семоќност. -Властодршците, не само во Македонија, без јавна контрола, многу брзо пројавуваат симптоми на синдромот хибрис, стекнато нарушување на личноста. Лицата со овој синдром ги имаат следните одлики: нарцисоидност, ароганција, некомпетентност за носење геострашки одлуки и за креирање политики, изјави Коцарев. Академик Катица Ќулавкова е на ставот дека мора да се поставиме со поцврст став кон источниот сосед. Според неа јасно е што Бугарија бара, односно да признаеме дека македонскиот јазик и историја се бугарски, нешто што не можеме да го прифатиме. Порачува дека е против внесувањето на Бугарите во македонскиот устав, а доколку бидат внесени, би требало да се бара реципроцитет. -Плус во Бугарија знаеме дека има над 2 и пол милиони македонска имиграција, која се иселувала од Македонија во 17-ти, 18-ти, 19-ти век, па и во 20-ти век. Значи де факто имаме по квантитет огромна македонско население во Бугарија и Бугарија одбива да го признае, оти не сака да го менува Уставот. Доколку би имало некаков реципроцитет, тоа би требало да биде предмет на договор, изјави Ќулавкова. Коцарев упати критики до сите владејачки гарнитури кои досега ја воделе државата. Додека сегашната според него ја направила Македонија понижена држава, претходната ја направила заробена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-makedonija-od-2017-ta-godina-e-ponizena-drzava-so-politikite-vo-posledniot-period-se-udira-vrz-makedonskata-istorija/feed/ 0
Првиот човек на МАНУ: Македонија е поделена земја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-manu-makedonija-e-podelena-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-manu-makedonija-e-podelena-zemja/#respond Tue, 21 Sep 2021 17:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=566591

Историјата нѐ учи дека империите се раѓаат и пропаѓаат. Нема подобар извор за дефиниција на империјализмот од енциклопедијата „Британика“, првпат отпечатена во 1768 година, во земја којашто беше голема империја во 19 век и првата половина на 20 век. Според енциклопедијата, „империјализмот“ означува „државна политика, практика или застапување за проширување на моќта и доминацијата, особено со директно територијално преземање или со стекнување политичка и економска контрола врз други области“. Понатаму, империјализмот „секогаш вклучува употреба на моќ, без разлика дали е воена, економска или некоја посуптилна форма“. Во периодот по Втората светска војна, американските вооружени сили учествуваа во четири големи војни (Кореја, Виетнам, Ирак и Авганистан) и беа распоредени, заради конфликти или потенцијални конфликти, повеќе од 200 пати во скоро 70 земји. Иако Америка има малку вистински колонии: Порторико, Американските Девствени Острови, Гуам, Самоа и неколку други помали острови, военото присуство на Америка во светот е сеприсутно – околу 200 илјади лица се распоредени во околу 800 прекуокеански воени бази, во над 150 држави. Но стекнувањето и одржувањето на глобалната хегемонија чини многу, па затоа Америка почна да ги намалуваат своите обврски во странство, напуштајќи го Ирак (во времето на Барак Обама) и повлекувајќи се од Авганистан (во времето на Џо Бајден). Првенствено тоа, но и многу други индикатори, за коишто можете да прочитате во списанија и книги напишани од еминентни мислители и професори на врвни универзитети во САД, се работи/факти што укажуваат дека „Американската империја се распаѓа пред нашите очи“ (наслов на текстот на професорката Ребека Гордон објавен во списанието „Нацијата“ во јануари 2021 г.). Според многумина, распаѓањето на американската империја ќе биде болно, а некои дури предвидуваат дека „Крајот на американската империја нема да биде мирољубив“ (наслов на текстот на професорот Ниал Фергусон објавен во списанието „Економист“, во август 2021 г.). Но дали, кога и како ќе се распадне американската империја и какви ќе бидат последиците по светската геополитика не е предмет на овој текст и за тоа ќе пишувам на друго место. Од друга страна, повеќе индикатори покажуваат дека веќе подолго време Западен Балкан не е меѓу приоритетите на ЕУ. Така, Македонија се соочува со круцијален предизвик: како понатаму? Пред да одговорам на прашањето, би сакал, сепак, да укажам на досегашната неконзистентна политика на ЕУ за проширување на европското семејство преку два примера. Првиот пример се однесува на Република Кипар, којашто во 2004 година стана членка на ЕУ со нерешен воен конфликт и без 40 проценти од својата номинална територија. Имено, на северната половина од нејзината територија од 1974 г. постои самопрогласена друга независна држава – турската република Северен Кипар којашто е делумно меѓународно признаена (единствено од Турција), при што помеѓу овие два ентитета постои состојба на војна со примирје, односно прекин на огнот, а линијата на разграничување меѓу двете кипарски републики моментално ја чуваат мировници на ОН. Вториот пример се однесува на Британските Острови. Во 1973 г. и Велика Британија и Република Ирска стануваат полноправни членки на ЕУ (тогаш уште ЕЕЗ). Меѓутоа, Република Ирска експлицитно во сопствениот устав има поставено територијални претензии кон Велика Британија, поточно таа не го признава британскиот суверенитет врз областа Северна Ирска, сметајќи ја како дел од сопствената национална територија. Овие два примера покажуваат дека сериозни нерешени проблеми од типот на замрзнати воени конфликти, официјални територијални претензии и негирања на национален суверенитет постоеле и постојат, а ЕУ не им поставувала никаков услов за нивно претходно решавање на државите што овие проблеми ги внеле во ЕУ. Наспроти тоа, сведоци сме дека денес Македонија се соочува со небулозни уцени поврзани со македонскиот јазик и нејзиното историско минато. Така, ако американската империја постепено ослабнува, односно според многумина и се распаѓа, а ЕУ не само што нема праведен и конзистентен пристап кон нејзиното евентуално проширување туку и не покажува интерес за Западен Балкан: Како понатаму? Што треба Македонија да направи? Во неодамнешниот извештај за стратегиските предвидувања, објавен во септември 2021 година од страна на Европската комисија, се идентификуваат четири главни глобални трендови: (1) климатските промени и другите предизвици за животната средина, (2) дигиталната хиперповрзаност и технолошката трансформација, (3) притисоците врз демократијата и европските вредности и (4) промените во глобалниот поредок и во демографијата. Одговорот на погоре поставените прашања треба да се обидеме да ги најдеме имајќи го предвид овој извештај. Секој од четирите глобални трендови заслужува посебен осврт земајќи ги предвид спецификите на Македонија. Просторот не дозволува опсежно да се задржам на сите нив, па така, денеска нема воопшто да зборувам на првиот, за многу аналитичари најголемиот предизвик, но интегралниот текст ќе содржи подетални информации за сите четири трендови/предизвици. Глобализација не е нова појава, а нејзините корени можат да се трасираат во 1817 година, кога британскиот економист Дејвид Рикардо објасни како една земја може да има корист и од увоз и од извоз. Последната, четврта фаза на глобализација, забрзана од пандемијата на заразата ковид-19 и водена од движењето на битови и бајти, а не стоки, го преобликува нашиот свет. Оттука, важноста на вториот тренд/предизвик, па затоа државите без силна дигитална хиперповрзаност и технолошки способна работна сила имаат мала веројатност за економски успех. Овој тренд/предизвик уште еднаш укажува на важната улога на науката за развојот на државите. Меѓутоа, за жал, во изминатите 30 години би можел само да издвојам етапи на уништување на македонската наука. Заради иднината на Македонија и благосостојба на нејзините жители, се надевам дека конечно ќе најдеме сили наместо партиските и личните интереси, науката да биде „вистинскиот водич“ за нашата иднина. Затоа, уште еднаш, инсистирам засекогаш да ги напуштиме небулозните тековни реформи во образованието и да пристапиме кон вистински развој на науката и образованието. Што се однесува до третиот тренд/предизвик – притисоците врз демократијата и европските вредности, Македонија се соочува со енормно големи проблеми во однос на владеењето на правото и демократизацијата на институциите. Меѓутоа, по мое мислење, круцијален проблем во Македонија е односот на дел од македонските властодршци спрема граѓаните. Тој однос се карактеризира, за што сум говорел и пишувал многупати, со ароганција, неразумност, бескрупулозност, безобѕирност, неморалност, алчност и властољубие, што резултираше во: „Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино“ („Диво месо“). Бугарскиот договор (2017), Преспанската спогодба (2018) и промената на Уставот (2019), заедно претставуваат извор на нестабилност во регионот од едноставна причина: секоја држава што својата иднина ја гради врз нелегални и недостоинствени документи, а такви се трите документи наметнати од геополитичките игри на големите сили, е осудена на пропаст. На Македонија не ѝ е потребна ЕУ по секоја цена, туку реформи, што ќе донесат стабилно општество со европски вредности. Ќе повторам, нам ни се потребни европските вредности, не ЕУ. Денес, геополитичкиот поредок е мултиполарен и се обликува, главно, од меѓусебните односи на трите империи (наведени по азбучен редослед) Кина, Русија и САД. Така, во однос на четвртиот предизвик – промените во глобалниот поредок и во демографијата, Македонија, по мое мислење, треба да има принципиелен став спрема големите империи. Сервилноста на дел од македонските политичари спрема САД е непродуктивна и затоа треба јасно да се каже, „подлизурковците никој не ги почитува, најмалку оние, на кои им се подлизуваат“, што, за жал, катадневно го гледаме во Македонија. Наспроти денешнава сервилност, сетете се, не беше толку одамна, Југославија ги критикуваше двете воени интервенции, и американската во Виетнам и советската во Чехословачка, па затоа, токму поради ваквиот принципиелен став таа беше почитувана и од САД и од СССР. Имајќи го предвид сето ова, синтагмата „ЕУ е единствено решение“ е бесмислена. Можеби, во моментов, на прв поглед, ЕУ е подобро решение, но сигурно не е единствено. Токму сонот за ЕУ, наместо кон ЕУ, всушност, нѐ доведе до безизлезност и нам ни треба мудрост полека да излеземе од бездната. Сите сонуваме. Иако „сонувањето не е само чин на комуникација; тоа е исто така естетска активност, игра на имагинацијата, игра што е вредност сама по себе“ (Милан Кундера), сепак, „фактите се подобри од соништата“ (Винстон Черчил). Македонските лидери, за жал, последниве две-три години безрезервно се потпреа на соништа, посебно сонот кон ЕУ, што доведе Македонија да стане марионета на големите империи, коишто ја определуваат нејзината судбина. Време е тоа да се смени. Во 1858 година, две години пред да започне граѓанската војна, Абрахам Линколн ќе каже: „Куќа поделена против самата себе не може да издржи… Не очекувам дека Унијата ќе се распадне, не очекувам дека куќата ќе падне, но очекувам дека куќата ќе престане да се дели“. Повеќе од 160 години подоцна, Соединетите Американски Држави уште опстојуваат, но се сѐ повеќе поделени. Денес, 30 години по независноста, Македонија е поделена како никогаш досега. Не сум сигурен дали и до кога ќе опстои, но за да опстои, поделбите треба да престанат веднаш. Во името на ова – поделбите да престанат, се надевам дека сите ќе придонесеме Македонија да ја гради својата иднина достоинствено и гордо, а времињата на заробена и понижена држава ќе останат засекогаш зад нас. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ за Нова Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-manu-makedonija-e-podelena-zemja/feed/ 0
Претседателот на МАНУ со факти против Заев: Преспанскиот договор го брише, а не го гарантира македонскиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-so-fakti-protiv-zaev-prespanskiot-dogovor-go-brishe-a-ne-go-garantira-makedonskiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-so-fakti-protiv-zaev-prespanskiot-dogovor-go-brishe-a-ne-go-garantira-makedonskiot-identitet/#respond Wed, 30 Jun 2021 08:41:12 +0000 https://kurir.mk/?p=529729

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев во најновата колумна за „Нова Македонија“ анализирајќи ги членовите од Преспанскиот договор, вели дека истиот го брише, а не го гарантира, македонскиот идентитет. Коцарев вели дека за оваа колумна бил поттикнат од оваа изјава: „Пред Преспанскиот договор, за целиот свет сме биле ФИРОМ, а денес сме Македонци од Република Северна Македонија, кои зборуваат македонски јазик. Јас сум го потпишал тој Договор, сум го преговарал тој Договор и апсолутно целосно ги гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и нашата македонска национална посебност. Апсолутно нема дилема кога се употребува на Северна Македонија, а кога македонско, Македонец, Македонка и така натаму.“ -Во врска со општоприфатеноста на македонскиот идентитет пред и по ПД, би сакал да подвлечам дека тврдењето „пред Преспанскиот договор, за целиот свет сме биле ФИРОМ“ апсолутно не е точно. Имено, а за тоа веќе пишував во „Нова Македонија“, пред ПД за осумдесет проценти од светот, вклучувајќи ги десетте најмногубројни држави во светот и трите суперсили Кина, Русија, САД, нашата држава беше именувана како Република Македонија, а не ФИРОМ. Членот 7 од Преспанскиот договор Како што се изјаснив и претходно, членот 7 од ПД е клучен за идентитетските прашања, па затоа подолу ќе се задржам подетално на него. Но би сакал да укажам дека, во принцип, т.н. „задолжителни норми на меѓународното право“ (Jus cogens), во кои влегуваат и човековите права, што го вклучува и правото на припадност кон национален идентитет, не може да бидат регулирани со меѓународни договори. Пред да пристапам кон толкување на членот 7, би потсетил дека под идентитет се подразбира: „именскиот и колективниот идентитет, културниот идентитет (јазик, литература, музика, уметност, фолклор), религиозниот идентитет, етничкиот и национален идентитет, кои ја чинат посебната – македонската историска содржина“, пишува Коцарев во колумната. Тој вели дека недореченоста остава простор временскиот период да се реши произволно, со апсолутно отворена можност на целосна штета на државата Македонија, или, на пример, со друг договор, но не со државата Грција, туку, на пример, со државата Бугарија. -Тука, пред сѐ, би сакал да истакнам дека оваа колумна нема за цел негирање на правото на Грција да ја гледа историјата така како што сака и ја доживува, бидејќи секој има право на свое минато. Впрочем, според став 2, граѓаните на државата Грција во регионот Македонија може себеси да се нарекуваат Македонци и, според став 3, граѓаните на државата Македонија, исто така, може себеси да се нарекуваат Македонци. Меѓутоа, според став 4, двете држави изјавуваат дека официјалниот јазик и преостанатите одлики на државата Македонија не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на државата Грција. Така, за да направам разлика меѓу Македонците во државата Грција и Македонците во државата Македонија, ќе ги користам термините „елински Македонци“ и „словенски Македонци“, соодветно. Покрај претходно забележаната недореченост на временскиот период во овој член, во продолжение ќе набележам и дополнително толкување, кое покажува дека членот 7 не само што не го гарантира туку, всушност, го брише македонскиот идентитет. Имено, овој член ја определува просторната рамка за употребата на термините „Македонија“ и „македонски“ или, со други зборови кажано, во северниот регион на државата Грција нема словенски Македонци, бидејќи терминот Македонија во државата Грција е веќе резервиран не само за областа и народот во северниот регион на Грција туку и нивните одлики, вклучувајќи ги елинската цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешен ден. Така, спротивно на историските факти, овој договор тврди дека во регионот Македонија во државата Грција од антиката до денес живееле само елински, но не словенски Македонци. Тргнувајќи од фактот дека дејствувањето на словенските Македонци во државата Грција е дел од македонскиот идентитет, произлегува дека ПД, како што претходно истакнав, го брише, а не го гарантира, македонскиот идентитет, забележува Коцарев. целата колумна на Коцарев може да ја почитате ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-manu-so-fakti-protiv-zaev-prespanskiot-dogovor-go-brishe-a-ne-go-garantira-makedonskiot-identitet/feed/ 0