Љупчо Николовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 08:48:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Николовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Едначење по глупост https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=890648

Најнеспособната влада во светот и пошироко го реши проблемот со мечките. Се прашувате како, нели? Епа, остроумните Тачевци викнаа „ЕУРЕКА“ и испланираа за една година од сега да испланираат како ќе ги раселат мечкиштата во западна Македонија. Да, заблескаа по навика и смислија да си дадат рок од година дена за да направат план како да се справат со напаста мечкина и како да ги раселат на други локации. Ви се верува во нивната „промуќурност“? Секако, та ова е чиста класика, би било чудно да беше нешто нормално, умно и логично. Оти, вака функционира суријата северни генијалци, а условот да влезеш во бандата очебијно е да имаш IQ под 33 за да не си над гуру Црпко, да ти лепат рачињата, да немаш проблем со продажба на национални интереси, да си природно агресивен и ступидно арогантен, амбицијата и инстант-кариера без никаква основа и поткованост да ти бидат основна мантра, а многу пожелно е да немаш скрупули и да си дудук за се’, со најповршни познавања на кое било поле. Сеопфатен и широкопојасен дунстер, во кратки црти. Затоа, небулозната „одлука“ за мечките е толку природна и нормална. Им прилега, им „стои“ ко „саливена“. Гарант, и оваа мерка е за побрз влез во ЕУ, не знам како не се сетија да го споменат тоа. Тешка, голема мечкина реформа. Украсете ја со европско знаменце. Иако, пиратско многу повеќе ви личи. А, зошто, воопшто и се мачите, таленти? Та додека вие реагирате сите од таму ќе се иселат, па загрозениот вид „луѓе“ ќе стане проблем за мнозинството мечки. Додека вие, според планот, ги иселите и раселите мечките, она малку преостанати луѓе во Маврово и Ростуше ќе фати џенем од Македонија. Ко што тргнало, ако останете на власт, ќе треба да доселуваме луѓе, а не да раселуваме мечки... Туку,  како не ви текна да ги излажете мечките дека дошла зимата, па да си легнат пак пустите, ко суртуците ваши со бесплатно здравство во ЕУ што ги лажевте за името. Тоа ви стои и во описот на работното место, патолошки лажговци. Може и нон-стоп да ги лажете, та штом урсусите станат и се рассонат,  пак да си легнат и нон-стоп да хибернираат. Истото што им го правите на Македонците со ЕУ - името, па уставот, па јазикот, па Бугарите во него, па историјата... Да, така и мечките ќе испоумираат сами, а богами и Македонците ќе ги снема. Сите останати среќни и задоволни. Или, муљајте ги животинките дека ќе им донесете датум за пролетно будење, исто ко што оној за преговори со ЕУ го носите веќе шестта година по ред, неспособњаковиќи трагикомични. А, од Маврово и Ростуша и околијата сардисана со мечки, исто како и сите нормални Македонци би ви рекле „мечки да ве јадат“... Ве јале или не, оваа ступидна „мечкина услуга“  за мештаните и „брза“ акција  на Ќурка и компанија ме потсети и на пораката на Фон Дер Лајен, која ни порача дека историјата се менува?!?! Душичка научнофантастична. И додека очекувате да чуете дека Урсула измислила временска машина, релативизаторката од Брисел ви се врти и ви вели „Зграпчете го моментот!“. Небаре, мигот со војни насекаде е жива посластица за кандидатите за членство.  И, госпожа со огледалца за домородците во чантата, таа не, не се менува. Историјата е нешто што минало, нема враќање назад, не се правете недоветни. И, да, звучиш ко Заев. А, околу она патетично, евтино и демек мотивациско - „зграпчете го моментот,“ си спомнувам дека „Зграпчи го денот“ беше една страница во весникот „Вест“. „Најчитаната“, затоа што беше со голотии. Кај нас, пак, многу одамна, 7-ма година по ред царот/премиерот и претседателот се голи, башка боси. На страна и приглупи, сервилни и субмисивни. Олабавете не’, финтиве ви се ветви ко ланскиот снег, а корисните идиоти кои глумат влада во Македонија одамна не ви се ни корисни. Саде идиоти останаа. Дарба си е дарба. И додека Урсула менуваше историја и штелуваше колективна меморија на цел народ, Цаци упорно стануваше за да ја види сала, Таче понизниот се караше со новинари и ламентираше за непокор, Османи бараше да им купиме нов авион, Владата раселуваше мечки, Маричиќ меѓу два бифтека во бифето бладаше за избеганиот воз, Стево се самодемантираше на две минути, Груби леткаше орлиња, црна Бисера се шеткаше по танга по цркви, Обиџуко феминизираше нов светец, Љупче смишљаше како да фати нова пратка путер и пак да стане славен, а низ македонскиот етер провејуваше сенката на најновата политичка појава која ја краси владејачката сцена. Една од карактеристиките и особеностите на македонскиот јазик е едначење по звучност. Има и исклучоци. Една од карактеристиките и особеностите на актуелната влада, доминантна, е ЕДНАЧЕЊЕ ПО ГЛУПОСТ. Потценување на интелигенцијата на сопствениот народ. И не, тука нема исклучоци... Македонската анамнеза за северниот феномен „едначење по глупост“ е јасна. Болеста се лечи само и единствено со една терапија. Иљачот се вика ИЗБОРИ, повеќе дози ОДГОВОРНОСТ, па долга масажа во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/feed/ 0
Министерот Николовски на средба со млади земјоделци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-nikolovski-na-sredba-so-mladi-zemjodeltsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-nikolovski-na-sredba-so-mladi-zemjodeltsi/#respond Wed, 20 Sep 2023 06:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=879698

Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе одржи средба со млади земјоделци. Ќе се разговара, како што информира Министерството за замјоделство, за можностите што ги нуди Повикот за млад земјоделец кој е во тек. На средбата ќе стане збор и за можностите за младите земјоделци што ги нудат мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата кои, исто така, се во тек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-nikolovski-na-sredba-so-mladi-zemjodeltsi/feed/ 0
Николовски: Значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-znachaen-e-dogovorot-so-ukraina-so-koj-ke-imame-bestsarinski-izvoz-na-nashite-zemjodelski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-znachaen-e-dogovorot-so-ukraina-so-koj-ke-imame-bestsarinski-izvoz-na-nashite-zemjodelski-proizvodi/#respond Mon, 19 Jun 2023 11:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=847396

За нас значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи, ратификуван од двете страни, како и Програмата за откуп на овошје, при што за првпат ќе се откупува праска, кајсии и многу други домашни македонски производи, а во следните 28 недели секое дете ќе добива по 1 килограм здрав македонски домашен појадок овошје и зеленчук, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој денеска по увидот на санација на систем за наводнување „Макарија“ кај Росоман, во одговор на новинарско прашање како државата ги штити земјоделците по поплавите, посочи дека државата во секој поглед им помага на земјоделците, а општините се тие кои ги активираат механизмите согласно Законот за заштита и спасување. Надлежност на општините е да формираат Комисии. -Комисиите излегуваат на терен и одговараат на барањата на земјоделците. Се прават елаборати, се докажува штетата од поплавите и согласно постапката, се утврдуваат елаборати. Советот откако ќе ги усвои, ги доставува до Владата. Ние постапуваме во секој поглед, се исплаќаат штети по однос на сите општини и посебно во овој регион сме покажале исплати на штети кон Росоман, кои одат експресно брзо веднаш штом ќе бидат извршени постапките, рече Николовски. Тој исто така информираше дека Владата ја усвои интервентната програма, односно интервентниот фонд. -Минатата година до овој момент имавме драстично поголем број на мерки кои што беа усвоени и кои се кои што беше побарано интервентно да реагираме дали е тоа за зголемената цена на вештачкото ѓубриво, дали е дополнителна поддршка за млеко и за откуп на други земјоделски производи. Оваа 2023 година до сега имаме утврдено само една мерка. Тоа говори дека највисоките откупни цени кои се постигнаа кај тутунот, кај лозјето, кај житните култури особено минатата година и кај оризот кој доживеа историски највисока цена, се рефлектираа токму оваа година, каде немаме потреба, а имаме средства, додаде Николовски. Тој информираше дека со Украина е потпишан договорот за слободна трговија во делот на земјоделството, кој што е ратификуван во македонското Собрание, но и во Украина. -Ова значи дека наскоро ќе имаме без царински извоз на сите оние приоритетни наши култури, кои сме ги определиле, сите оние кои се извозно ориентирани, а се дел од овој договор, а тоа е потрвда дека не седиме, туку отвораме нови можности особено пазари кои се огромни, додаде Николовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-znachaen-e-dogovorot-so-ukraina-so-koj-ke-imame-bestsarinski-izvoz-na-nashite-zemjodelski-proizvodi/feed/ 0
Трипуновски: Додека земјоделците едвај врзуваат крај со крај, Николовски во шопинг на златен накит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-dodeka-zemjodeltsite-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj-nikolovski-vo-shoping-na-zlaten-nakit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-dodeka-zemjodeltsite-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj-nikolovski-vo-shoping-na-zlaten-nakit/#respond Fri, 12 May 2023 15:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=833544

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави фотографија од министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. -Накитот во кеш или преку картичка го купува министерот Љупчо Николовски Путерот⁉️ Додека земјоделците едвај врзуваат крај со крај и се мачат да преживуваат и си ги бараат субвенциите , министерчето во шопинг на златен накит. Образ ѓон, пишува Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-dodeka-zemjodeltsite-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj-nikolovski-vo-shoping-na-zlaten-nakit/feed/ 0
Николовски не знае колкаво покачување добил, во Брисел ги изгубил платежните картички! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-ne-znae-kolkavo-pokachuvane-dobil-vo-brisel-gi-izgubil-platezhnite-kartichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-ne-znae-kolkavo-pokachuvane-dobil-vo-brisel-gi-izgubil-platezhnite-kartichki/#respond Wed, 10 May 2023 20:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=832880

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Брисел ги изгубил платежните картички и сега не знае колку пари му дошле на сметката по покачувањето на платата. Тој, како што пренесе Експрес, не кажа на што ќе го троши новото покачување, зашто како што рече, и кога ќе го добиел, ќе донирал. Министерот Николовски е само еден од добитниците на новото зголемување на функционерските плати за 78 отсто, кое предизвика многу реакции во јавноста. Пресметките покажуваат дека само за нето плати плус придонесите за 20-те членови на Владата, ќе бидат исплатени речиси 750.000 евра, а само за премиерот државата ќе плаќа околу 47.000 евра годишно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-ne-znae-kolkavo-pokachuvane-dobil-vo-brisel-gi-izgubil-platezhnite-kartichki/feed/ 0
Николовски: Со замрзнатата цена на лебот ги штитиме граѓаните, не може некој да се богати, а друг да осиромашува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-so-zamrznatata-tsena-na-lebot-gi-shtitime-graganite-ne-mozhe-nekoj-da-se-bogati-a-drug-da-osiromashuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-so-zamrznatata-tsena-na-lebot-gi-shtitime-graganite-ne-mozhe-nekoj-da-se-bogati-a-drug-da-osiromashuva/#respond Wed, 01 Mar 2023 13:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=806635

Не може мерки да се носат за некој да се богати, а друг да осиромашува. Владата е на и за граѓаните. Одлуката за замрзнување на цената на брашното беше донесена на база на сите информации што ги има Министерството за економија, а Државниот пазарен инспекторат ги направи сите пресметки и контроли. Граѓаните мора да се заштитат. Станува збор за само два продукта што ги произведуваат пекраниците во време кога е намалена цената на електричната енергија и брашното, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Како што напомена Николовски, граѓаните очекуваа пониски цени на основните прехранбени производи, односно резултат од државната поддршка што ја добија компаниите преку субвенционираната струја. -Министерствата ги следат ефектите од антикризните мерки. Тие вчера беа презентирани од министерот за економија во делот дали се намалени цените. Моите изјави во изминатиот период беа константни - дека граѓаните очекуваат резултат од поддршката што ја добија компаниите, да има поевтини прехранбени производи. Со месеци сите ние плаќаме за голем дел од компаниите да добиваат повластена електрична енергија која во последниот период е со намалена цена, а со намалена цена е и брашното. Се тоа доведе до одлуката која ги штити граѓаните, изјави Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан за твининг проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“. Тој потсети дека конкретно, улогата на МЗШВ е да креира мерки кои го поддржуваат производството и тоа, рече, дава резултати. -Годинава ќе имаме близу 77 00 хекатри пченица што е зголемување за повеќе од 1 000 хектари од лани, а зголемено е и производство на јачмен, како и на сончоглед. Нашата заложба проодлжува во тој правец, да ги поддржуваме земјоделците за да имаме поголемо производство, потенцира министерот Николовски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-so-zamrznatata-tsena-na-lebot-gi-shtitime-graganite-ne-mozhe-nekoj-da-se-bogati-a-drug-da-osiromashuva/feed/ 0
Платеното отсуство за мајчинство тема на денешната средба на министерот Николовски со жени земјоделки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platenoto-otsustvo-za-majchinstvo-tema-na-deneshnata-sredba-na-ministerot-nikolovski-so-zheni-zemjodelki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platenoto-otsustvo-za-majchinstvo-tema-na-deneshnata-sredba-na-ministerot-nikolovski-so-zheni-zemjodelki/#respond Thu, 09 Feb 2023 12:08:07 +0000 https://kurir.mk/?p=798398

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски се сретна со рурални жени членки на НФФ. На денешната средба министерот ја објасни програмата за мајчиниство со која е уредена мерката за жените земјоделки кои ќе можат да користат платено отсустсво за мајчинство. За прв пат во историјата на државава, жените земјоделки ќе можат да користат платено отсустсво за мајчинство. Целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои жени законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос поради што не можат да остварат платено породилно отсуство. Министерот Николовски ги информираше дека со програма за мајчинство ќе се овозможи еднократен надоместок за мајчинство во износ од 81.000 денари наменети за жени кои родиле дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 и при тоа ги исполнила условите пропишани во програмата. Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејно земјоделско стопанство во кое членува да остварило финансиска поддршка согласно програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари и да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето. Освен програмата за породилно отсуство, министерот Николовски ги информираше жените земјоделки за сите можности кои ги нуди Министерството со новите мерки и програми. Тој потсети дека веќе неколку години успешно се реализира мерката „Рурална жена“. Успехот на мерката и интересот кој го покажаа жените земјоделки, а со тоа искажаа огромна доверба кон Министерството, беше мотив да ja зголемиме поддршката двојно повеќе, односно од 3000 на 6000 евра. Ваква поддршка со грант од 6000 евра, минатата година добија 70 жени земјоделки за набавка на опрема. Од оваа година за прв пат се воведува Програма за финансиска поддршка на мали производители на храна, со тоа се отвара уште една нова можност за жените земјоделки да аплицираат за грант до 600.000 денари за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг. Исто така со Програма за финасиска поддршка на мали семејни винарии и поддршка за мали дестилерии, се отвара можност жените земјоделки да може да аплицираат за грант до 600.000 денари за набавка на опрема за производство и пакување за мали семјени винарии со капацитет до 50.000 литри и за мали дестилерии со која обезбедуваме поддршка до 300.000 денари по корисник за поддршка при набавка на опрема за производство на жесток алкохолен пијалок. Во 2023 година жените земјоделки исто така ќе имаат можност на повик отворен во текот на целата година сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицираат, се што треба да направат е да подготват бизнис план и со него да аплицираат за грант до 600.000 денари. Жените земјоделки имаат многу нови можности за развој на производството, кои очекуваме успешно да се реализираат во текот на годинава.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/platenoto-otsustvo-za-majchinstvo-tema-na-deneshnata-sredba-na-ministerot-nikolovski-so-zheni-zemjodelki/feed/ 0
Николовски: Не можам да ги коментирам цените, но очекувам храната да поевтини откако обезбедивме поевтина струја за производителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-ne-mozham-da-gi-komentiram-tsenite-no-ochekuvam-hranata-da-poevtini-otkako-obezbedivme-poevtina-struja-za-proizvoditelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-ne-mozham-da-gi-komentiram-tsenite-no-ochekuvam-hranata-da-poevtini-otkako-obezbedivme-poevtina-struja-za-proizvoditelite/#respond Wed, 08 Feb 2023 16:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=797988

Не можам да ги коментирам поскапувањата на основните прехрамбени производи, но очекувам да поевтинат поради поевтината индустриска струја што ја добија фирмите од прехрамбената индустрија, изјави денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. – Не можам да ги коментирам цените, но очекувам нивното намалување по целокупната поддршка за струјата што ја добиваат компаниите од прехранбената индустрија да не е осум или десет проценти. Сите како граѓани очекуваме намалување на цените. Преработувачката индустрија доби дополнителни привилегии во делот на цената на електричната енергија и јас, како и сите граѓани, очекувам дека тоа на крајот ќе се види во маркетите, особено кај основните продукти чии цени граѓаните навистина очекуваат да бидат намалени, рече Николовски. Според министерот, надлежните институции и инспекторати таа работа треба да си ја завршат, да има соодветни контроли. – Македонските премиум производи имаат врвен квалитет, немаат проблем со пласманот и се нешто со кое навистина треба да се гордееме. Но, ако тие се спакувани соодветно, со етикети и доколку имаат сериозен маркетинг, ќе добијат подобри цени на светските маркети, рече денеска министерот Љупчо Николовски. Пред средбата со малите производители на храна, членови на „Алијанса Премиум“, Николовски апелира Собранието поскоро да ги ратификува договорите за пласман со Украина, Јордан и многу други земји кои се склучени минатата година. Во следните неколку месеци, тој го очекува, како што напомена, и догхранаоворот за обезбедување пласман и слободна трговија со Турција.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-ne-mozham-da-gi-komentiram-tsenite-no-ochekuvam-hranata-da-poevtini-otkako-obezbedivme-poevtina-struja-za-proizvoditelite/feed/ 0
Петрушевски за Николовски: Или си политички неписмен или работиш на штета на македонските интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-za-nikolovski-ili-si-politichki-nepismen-ili-rabotish-na-shteta-na-makedonskite-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-za-nikolovski-ili-si-politichki-nepismen-ili-rabotish-na-shteta-na-makedonskite-interesi/#respond Sun, 05 Feb 2023 15:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=796378

Пендаровски и Ковачевски да кажат, дали Љупчо Николовски е дел од структурите кои шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија. Неколку часа по јавно објавената понуда од страна на претставник на бугарско здружение, за награда за секој еден кој ќе го каже името на еден од полицајците кој вчера си ја вршеа работата на граничниот премин Деве Баир, Љупчо Николовски напиша фејсбук статус со кој го обелодени неговото име, и го стави на мета на бугарските шовинисти, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: Дали Љупчо Николовски е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот кој на 4 ти февруари работел на ГП Деве Баир? Доколку е неписмен, тој треба да си замине од политиката, доколку пак свесно го објавил, исто така треба да си замине зошто работи на штета на сопствената држава. Николовски за да ја прикрие неговата намера може да каже дека службеникот му е другар, и да вади фотографии или да побара да се фотографира со службеникот, кој достојно си ја вршеше работата, но тоа нема да ја смени реалноста дека или е политички неписмен или работи против македонските интереси.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-za-nikolovski-ili-si-politichki-nepismen-ili-rabotish-na-shteta-na-makedonskite-interesi/feed/ 0
Бугарите даваа 200 евра за идентитетот на полицаецот кој ги апсеше – Николовски им го даде за без пари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-davaa-200-evra-za-identitetot-na-politsaetsot-koj-gi-apseshe-nikolovski-im-go-dade-za-bez-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-davaa-200-evra-za-identitetot-na-politsaetsot-koj-gi-apseshe-nikolovski-im-go-dade-za-bez-pari/#respond Sun, 05 Feb 2023 11:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=796333

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил напиша дека ние Македонците сме гостопримлив народ за сите со добра мисла кои сакаат да ја посетат нашата земја. „Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден. Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите. Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко“, пишуватој. Неговиот пост се однесува за професионалноста на полицајците и недоличното однесување на Бугарите кои добија парична казна и три годишна забрана за влез во Македонија. Но, еден од приведените синоќа преку Фејсбук нудеше награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците на граничниот премин Деве Баир, па министерот Николовски на ФБ им го даде името – без пари.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-davaa-200-evra-za-identitetot-na-politsaetsot-koj-gi-apseshe-nikolovski-im-go-dade-za-bez-pari/feed/ 0