локалитет Кула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 May 2022 08:39:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png локалитет Кула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнаа археолошките истражувања на локалитетот Кула https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kula/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kula/#respond Mon, 30 May 2022 08:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=683361

Почнаа археолошките истражувања на локалитетот од доцноантичкиот период Кула во близина на селото Калузлија во општина Карбинци. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов, вели дека локалитетот Кула претставува населба и утврдување од доцноантичкиот период. Се наоѓа на два километра југозападно од село Калаузлија, на издаден гребен кој на западниот крај стрмо се издига над коритото на десната страна на Козјачка Река. -На врвот има зарамнето јазичесто плато опкружено со остатоци од темели на бедем. На пониските коти под овој бедем е регистриран градежен материјал од објекти и остатоци од уште еден бедем што укажува на двојно утврдување.Северно од бедемот е лоцирано уште едно зарамнето плато со остатоци од бедемско утврдување видливо од северната и источната страна. Двете платоа ги дели длабок преслап – ров, вештачки проширен за одбранбенската намена на тврдината, изјави Штерјов. Посочува дека населбата и тврдината се меѓу бројните одбранбени пунктови распоредени околу доцноантичкиот град Баргала. Пронајдена е и голема цистерна за вода, простории, стаклени пасти за ѕидни мозаици и голем број гробови. -Со археолошките истражувања во 2005 година, на северното платао е откриена црква – датирана од 4 до 6 век. Црквата со своето карактеристично архитектонско решение (необични широки ѕидови, однадвор украсени со бројни пиластри) претставува единствен примерок на ранохристијанска црковна градба од четврти до шести век, не само во Брегалничкиот регион и на територијата на цела РСМ и на Балканот, додаде Штерјов. Археолошките истражувања на локалитетот Кула ќе се одвиваат околу еден месец, а Министерството за култура за нив има издвоено 200.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-na-lokalitetot-kula/feed/ 0