локална самоуправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Aug 2022 11:45:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png локална самоуправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Локалната самоуправа ќе ја продолжи поддршката на Ракометниот клуб Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokalnata-samouprava-kje-ja-prodolzi-poddrshkata-na-rakometniot-klub-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokalnata-samouprava-kje-ja-prodolzi-poddrshkata-na-rakometniot-klub-ohrid/#respond Mon, 22 Aug 2022 11:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=722012

Локалната самоуправа ќе продлжи да го поддржува ракометниот клуб Охрид, потврди на денешната средба со играчите и стручниот штаб градоначалникот Кирил Пецаков. – На средбата градоначачникот им посака успех во претстојната сезона, да продолжат да бидат една убава слика на градот. Претседателот на клубот изрзи благодарност за поддршката што Општина Охрид ја дава на клубот и во знак на благодарност капитенот на клубот Крсте Андоноски му врачи дрес на Пецаков, соопшти општинската прес-служба. На крајот од средбата, како што е наведено, заедно посакале повторно да се сретнат во овој состав за да прослават успех во натпреварувачката сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokalnata-samouprava-kje-ja-prodolzi-poddrshkata-na-rakometniot-klub-ohrid/feed/ 0
Локалната самоуправа преку стартапи ќе ги задржува младите во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokalnata-samouprava-preku-startapi-kje-gi-zadrzuva-mladite-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokalnata-samouprava-preku-startapi-kje-gi-zadrzuva-mladite-vo-ohrid/#respond Fri, 04 Mar 2022 14:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=640992

Просторот кај поранешната касарна во Охрид има потенцијал за млади луѓе, кои ќе воспостават нови стартапи, со нови иновативни идеи, заклучи професорот Мајкл Мизрахи основач на Старт ап центар во Ерусалим. По денешната посета на објектот, како дел од проектот „Охрид ГО“, сподели дел од своето искуство за преадаптација на просторот во стартап центар. – Голем дел од нашите девелопери се вклучени во вакви стартапи и тука има огромен потенцијал. Зошто и вие како место со ваков потенцијал од областа на ИТ, да не бидете следните што ќе работат на такви идеи и иновации, со кои ќе се поддржи локалната економија, рече Мизрахи. Нагласи дека 25 отсто од економијата му припаѓа токму на овој сектор, посочувајќи дека доколку се изреализира проектот ќе придонесе многу за локалната економија. – Луѓето кои работат во ИТ секторот придонесуваат и за локалните бизниси, плаќаат даноци, посетуваат ресторани, ја промовираат заедницата, изјави Мизрахи. Ѓоко Апостолов од Секторот за локален и скономски развој при Општина Охрид смета дека е значајно искуството од експерти во оваа област во целиот свет. – Целта ни е да ги задржиме младите луѓе тука, да ги вклучиме, односно мобилизираме со тоа што ќе им овозможиме одлични услови за работа во Старт ап центарот или во Иновативниот Хаб, изјави Апостолов. Општината, посочи, сака да овозможи услови за нивна работа и да придонесе за поврзување преку гостување на експерти, насочени кон обуки за оние кои сакаат да творат да ја искористат креативноста и желбата за работа, но и да се вмрежат за натамошно надградување на нивните идеи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/lokalnata-samouprava-preku-startapi-kje-gi-zadrzuva-mladite-vo-ohrid/feed/ 0
Четвртоодделенци учеа за локалната самоуправа од градоначалникот Муцунски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetvrtooddelenci-uchea-za-lokalnata-samouprava-od-gradonachalnikot-mucunski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetvrtooddelenci-uchea-za-lokalnata-samouprava-od-gradonachalnikot-mucunski/#respond Thu, 11 Nov 2021 09:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=594011

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, во својот кабинет ги прими четвртоодделенците од основното училиште „Љубен Лапе“. -Учениците заинтересирани околу тоа какви надлежности има Општината и како функционира локалната самоуправа, го прашуваа градоначалникот како се решаваат конкретни проблеми како што се бездомните кучиња, игралиштата за деца, хигиената и парковите. Не постои подобар начин да се научи како функционира локалната самоуправа и која е нејзината важност преку непосредна средба и изворно од првиот човек на Општината, информираат од Општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chetvrtooddelenci-uchea-za-lokalnata-samouprava-od-gradonachalnikot-mucunski/feed/ 0
Час за локална самоуправа заедно со градоначалникот Ѓорѓиевски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chas-za-lokalna-samouprava-zaedno-so-gradonachalnikot-gjorgjievski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chas-za-lokalna-samouprava-zaedno-so-gradonachalnikot-gjorgjievski/#respond Fri, 05 Nov 2021 13:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=591370

Четвртоодделенците од ПОУ “Кузман Јосифовски Питу” денес имаа едукативна посета. На часот по Општество, каде се изучува темата локална самоуправа, им гостуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој на учениците им објасни како практично функционира една локална самоуправа и кои се нејзините надлежности. Основците беа заинтересирани и добија одговори за тоа како се бира градоначалник, кои се органите на Општината, како функционира Советот на локалната самоуправа и слични други прашања за кои учат по овој наставен предмет, но не им е сосема јасно како тоа практично изгледа и функционира. Покрај учениците од ПОУ “Кузман Јосифовски Питу”, средба со градоначалникот денес имаа и основците од ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Тие со своите наставници дојдоа во дворот на Општина Кисела Вода, каде имаа можност да прашаат она што ги интересира. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со задоволство им одговараше, со нив сподели детали од своето детство, но и побара да му кажат што ним, како најмлади жители на општина Кисела Вода, им е потребно во близина на нивниот дом и училиште. Од него добија ветување дека нивните интереси и потреби секогаш ќе бидат во неговите приоритети на работење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/chas-za-lokalna-samouprava-zaedno-so-gradonachalnikot-gjorgjievski/feed/ 0
Трајановски: Македонија со СДСМ е во застој, затоа да се избориме за победа на ВМРО-ДПМНЕ да се подобрат условите за живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-makedonija-so-sdsm-e-vo-zastoj-zatoa-da-se-izborime-za-pobeda-na-vmro-dpmne-da-se-podobrat-uslovite-za-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-makedonija-so-sdsm-e-vo-zastoj-zatoa-da-se-izborime-za-pobeda-na-vmro-dpmne-da-se-podobrat-uslovite-za-zivot/#respond Wed, 08 Sep 2021 11:28:18 +0000 https://kurir.mk/?p=560965

Локалната самоуправа е многу значајна во развојот на една држава, Европа се темели на локален и регионален развој, за жал кај нас не е така, изјави поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеник и градоначалник, Коце Трајановски на настанот организиран од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“ што се одржува во Битола. Трајановски посочи дека секогаш кога е СДСМ на власт, па така и сега локалниот развој е во застој, општините стагнираат и тонат во долгови, а парите завршуваат на непрофитабилни работи, само не кај граѓаните и за развој на општините. - Во 90-тите се укинаа сите ингеренции на општините, Македонија стана една од најцентрализираните држави, општините станаа месни заедници, им се земаа урбанизам, финансии, се она што значеше развој и добиваа минимална дотација од државата. Со новиот закон за територијални организации од 2005 година кога СДСМ беше на власт се прекрши Европската повелба за локална самоуправа и ги измени границите на општините без согласност од самите општини и граѓани, но со минималните приходи за општините јасно дадоа до знаење дека СДСМ не сакаше да има локална самоуправа и развој во Македонија, рече Трајановски. Тој истакна дека во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде централната власт, го намали ДДВ-то на општините, се простија каматите, а долговите на јавните претпријатија се даде да се отплаќаат со грејс период од 3 години и уште 10 отплата со што тие почнаа нормално да функционираат. - Се вратија сите долгови на училиштата, се вратија долговите на општините и почнавме нормално да функционираме. Се донесоа закони со кои се зголемија изворните приходи на општините, како на пример продажбата на градежно земјиште 80% од парите да одат кај општините, закон за минерални суровини, закон за закуп на земјоделско земјиште, грантови и тоа беше знак дека ВМРО-ДПМНЕ размислува за локалната самоуправа и да се подобрат условите на општините, изјави Трајановски. Трајановски нагласи дека сето тоа траеше до 2017 година кога СДСМ и за овие 4 години ништо не направија за подобрување на локалната самоуправа, немаат ниту еден закон за да ги зголемат приходите на општините за тие да бидат постабилни,. - Општините сега се во долгови, а парите одат кај невладини, манифестации, непрофитабилни и несоодветни инвестиции, од кои граѓаните не гледаат корист. Единствено вработуваат партиски луѓе. Македонија со СДСМ огромен застој во локалната самоуправа и затоа мора да се избориме да победи ВМРО-ДПМНЕ за да почнеме да работиме локалната власт да добие значење и да се подобрат условите за живот во секое населено место и општина, рече Трајановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-makedonija-so-sdsm-e-vo-zastoj-zatoa-da-se-izborime-za-pobeda-na-vmro-dpmne-da-se-podobrat-uslovite-za-zivot/feed/ 0
„Локалната самоуправа пред колапс, продолжуваат да растат долговите на општините“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnata-samouprava-pred-kolaps-prodolzuvaat-da-rastat-dolgovite-na-opshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnata-samouprava-pred-kolaps-prodolzuvaat-da-rastat-dolgovite-na-opshtinite/#respond Thu, 03 Jun 2021 08:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=518459

Продолжува колапсот на системот на локална самоуправа во Македонија поради некомпетентност и корупцијата на двоецот СДСМ и ДУИ, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Пред неколку месеци излезе извештајот за финансиската состојба на локалната самоуправа на Министерството за финансии, кои само ја потврдија катастрофалната финансиска состојба во која се наоѓаат општините. Согласно истиот, на крајот на 2020 година, општините во Македонија должеа неверојатни 60 милиони евра, што беше за 13 милиони евра повеќе од 2019 година, за сега, по првите три месеци на 2021 година истиот да порасне за дополнителни 2,3 милиони евра. По ваквите катастрофални показатели, секој рационален човек би помислил дека градоначалниците и Владата би пристапиле кон рационализација на нивната работа, намалување на луксузирањата и непотребните трошења, се со цел да ја подобрат финансиската слика. Но, наместо одговорни општини и општински комунални јавни претпријатија, СДСМ и ДУИ решија на начин кои е целосно спротивен на начелата на пазарната економија, преку две големи мерки да се обидат да ја затскријат неспособноста на општините и јавните комунални претпријатија. Првиот пат во преку „простувањето“ на долговите на општините во 2018 година кога тие добија неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски или околу 50 милини евра, додека втората во најава за опростување на камати на долговите на општинските комунални претпријатија. За жал, сите овие мерки беа само залуден обид за спасување на општините, бидејќи наместо одговорност и отчетност, добивме само поголема забеганост на СДСМ, каде секојдневно сме сведоци на нерационални трошења, криминални тендери и незапаметено полнење на општинските администрации и јавните комунални претпријатија со партиски кадри. Сите овие мерки резултираа со зголемување на долгот на општините за фантастични 2,3 милиони евра за само 3 месеци! Така, според извештајот на министерството за финансии, согласно крајот на март 2021 година, како најголеми 10 должници, кои се со долгови над 1,5 милиони евра се Тетово (11,2 милиони евра), Охрид (7), Карпош (4,9), Гостивар (4), Струга (2,9), а за првпат во групата на „елитни должници“ се приклучува и Град Скопје 2,8 милиони евра, кој го зголеми долгот за само 3 месеци за фантастични 2,5 милиони евра!!! Пропаста на општините мора да престане! По победата на претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на домаќинско работење и креирање на ефикасни општински сервиси кои ќе бидат во интерес на граѓаните, се вели во соопштението на партиската Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnata-samouprava-pred-kolaps-prodolzuvaat-da-rastat-dolgovite-na-opshtinite/feed/ 0
Глобал и пожарникарите, локалната самоуправа и останатите институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-i-pozarnikarite-lokalnata-samouprava-i-ostanatite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-i-pozarnikarite-lokalnata-samouprava-i-ostanatite-institucii/#respond Tue, 05 Jan 2021 12:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=452181

Заради гаснење на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии, укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации, како и извршување на други работи при несреќи и непогоди, се формираат противпожарни единици. Многу малкумина од јавноста знаат кои се надлежности и улога имаат пожарникарите во секојдневниот живот на граѓаните .Затоа Македонски народе бидете горди на пожарникарите имајќи во предвид со колку проблеми се соочуваат(стари дотраени возила и опрема ) ...тие даваат надчовечки сили за да ве заштитат . Состојбата е катастрофална и поразителна за земја која влезе во НАТО и е кандидат за членка во ЕУ. На власта побитни им се сите други процеси освен безбедноста на граѓаните и нивните имоти. Одиме понатака,граѓаните прашуваат за следново, а се однесува за пожарот Глобал: 1. Зошто 1(едно) возило интервенира во првиот 1 час од дојавата за пожарот? 2. Дали за време на пожарот во противпожарната единица во Струмица имало само 1 возач и ако имало зошто? – да нема обид да ги менуваат книгите за дневна состојба бидејќи праваат кривично дело 3. Дали командирот на Територијалната противпожарна единица од Струмица се има стекнато со лиценца за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, согласно со Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот, пред Комисија формирана од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување? 4. Дали командирот на Територијалната противпожарна единица од Струмица се има стекнато со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование ,ако нема како се има вработено согласно законски одредби за пожарникарство? –или можеби како што велат граѓаните доволна била роднинската врска со поранешниот кмет ,а сега премиер 5. Колку од пожарникарите во Територијалната противпожарна единица од Струмица имаа сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и доколку го имаат како го имаат стекнато ? – доколку го немаат и нивниот живот е загрозен 6. Кој ја контролира исправноста на хидранската мрежа и пп апаратите во Глобал? 7. Дали Дирекцијата за заштита и спасување ја имаат потребната документација за мерките за заштита од пожари и доколку ја имаат кој ја одобрил и контролирал понатака? Заклучок: Доколку се констатира дека командирот на Територијалната противпожарна единица во Струмица не поседува сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и се нема стекнато со лиценца за раководител на акција за гаснење на пожар и спасување на луѓе и имот, согласно со Програмата за оспособување на раководител на акција за гаснење на пожари и спасување на луѓе и имот ,ги охрабруваме граѓаните да ја тужаат локалната самоуправа и останатите институции заради нестручно извршување на работните задачи,бидејќи со таквиот чин ја загрозиле безбедноста на граѓаните и нивните имоти. Во следниот период ,Македонската јавност ќе биде запознаена за вистината на ПОЖАРНИКАРИТЕ за нивната голгота и скандали со материјални докази од Скопје, Прилеп,Битола,Штип, Куманово, Струга, Охрид, Тетово итн.Време е да се отвори пандорината кутија и институциите да постапуваат секаде каде што се кршат законите и има судир на интереси. Пожарникарите се нашите херои ,тие се грижат за безбедноста на граѓаните и имотите од повеќе видови на закани , граѓаните ги плаќаат и ја заслужуваат вистина за нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/global-i-pozarnikarite-lokalnata-samouprava-i-ostanatite-institucii/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Штипјани разочарани од лагите на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-shtipjani-razocharani-od-lagite-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-shtipjani-razocharani-od-lagite-na-sdsm/#respond Thu, 09 Jul 2020 11:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=372456

На претходните избори Штип, како еден од најголемите градови во третата изборна единица, беше предмет на многу ветувања за проекти и мерки кои требаше да го подобрат животот на граѓаните на оваа општина. За жал, ветувањата останаа само на хартија, а во реалноста немаме никакво остварување на ветеното, стои во објават на Фејсбук страницат на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувањата за подобар економски развој беа тема за која СДСМ пред граѓаните на Штип дадоа многу ветувања, но не испорачаа ништо. Најголемото ветување за Штип беше секако проектот за спроведување на целосна гасификација, каде СДСМ ветуваа изградба и поврзување на гасоводната мрежа до секој дом. Од сите ветувања, секако во Штип нема ама баш ништо, а граѓаните се сведоци на разните трагикомични изговори на градоначалникот Бочварски, кој со ветувањата „кај и да е ќе почнеме“ само ја докажува неговата неспособност и таа на Владата на СДСМ . СДСМ многу ветуваа и во областа на комуналната инфраструктура, а како најекспониран беше проектот за изградба на брана на реката Отиња и прераснување на оваа локација во голем туристички капацитет. Штипјани повторно се изнаслушаа ветувања од Заев и Бочварски за изградбата на браната, каде со тек на време ветувањата се трансформираа во изговори, за денес да нема никаква реализација на ова ветување. Во нивните програми се ветуваа и инвестиции за подобрување на водоснабдувањето на приградските населби во Штип, но и ова ветување остана нереализирано. За развој на туризмот, СДСМ ветуваа изградба на грандиозен спортски центар „Сутлак“ кој во себе требаше да содржи бројни содржини како отворен и затворен базен, авка-парк, спортски сали, фитнес центри, мултимедијален центар и многу други содржини, како и целосна реконструкција на Исарот со изградба на жичара. Жителите на Штип се сведоци дека до денес ништо од ова не е реализирано. На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-shtipjani-razocharani-od-lagite-na-sdsm/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Се обврзуваме да креираме еколошки и здрави општини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-se-obvrzuvame-da-kreirame-ekoloshki-i-zdravi-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-se-obvrzuvame-da-kreirame-ekoloshki-i-zdravi-opshtini/#respond Thu, 09 Jul 2020 10:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=372440

Со проект Обнова, во областа на локалните самоуправи се обврзуваме да креираме еколошки и здрави општини, се вели во објавата на Фејсбук страницата на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во наредните 4 години ќе работи на поддршка на општините при изградба на современи центри за рециклирање и намалување на количините на отпад кои се депонираат. Планираме изградба на регионални депонии по највисоки европски стандарди и претворање на отпадот во суровина. Од наредната година ќе работиме на целосен третман на отпадните води, при што секоја поголема општина ќе добие модерна пречистителна станица. Со проектот Зелена архитектура предвидуваме стимулации за инвеститори-компании кои ќе реализираат зелени покриви и фасади на изградените објекти или објектите во изградба. Се предвидува изградба на нова велосипедска инфраструктура во обем од 50 до 100 km за населените места над 20.000 жители, односно од 20 до 50 km за населени места до 20.000 жители. Предвидуваме модернизација или адаптација на јавниот и училишниот превоз кон еколошки превозни средства кои ќе користат метан или природен гас како погонско гориво. А со цел намалување на урбаната бучава, предвидуваме изработка на стратешки карти на бучава за цела територија на државата. Со тоа гарантираме заштита од ноќна бучава и нарушување на спокојот со гласна музика од локалите, гласни машини, мотори, автомобили и др. Нашата програма предвидува сериозни и издржливи мерки, со кои општините ќе станат еколошки зони. Затоа што секој граѓанин заслужува Обнова!,велат од коисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-se-obvrzuvame-da-kreirame-ekoloshki-i-zdravi-opshtini/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме оставка од градоначалникот на Гази Баба – Борче Георгиевски и советникот на СДС – Берат Весел! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-barame-ostavka-od-gradonachalnikot-na-gazi-baba-borche-georgievski-i-sovetnikot-na-sds-berat-vesel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-barame-ostavka-od-gradonachalnikot-na-gazi-baba-borche-georgievski-i-sovetnikot-na-sds-berat-vesel/#respond Thu, 16 Apr 2020 17:28:25 +0000 https://kurir.mk/?p=333316

Почекавме да поминат неколку дена од грубото прекршување на сè што значи правна држава и морална одговорност. Страстите можеби се смирија, но последиците од настанот во с. Сингелиќ остануваат да бидат пример за тоа како оваа власт практикува правна држава!, региораат преку соопштение објавено на Фејсбук од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМЕ. Бидејќи градоначалникот на Гази Баба - Борче Георгиевски и советникот Берат Весел немаат ни трошка морална одговорност, ги повикуваме да си поднесат ОСТАВКА! Доколку неможете да се сетите зошто, ќе ви направиме мал рекапитулар што се случи во Сингелиќ за време на полициски час. Што ни покажа Сингелиќ? 1.Видовме како се толерира уништување на урбана опрема поставена со парите на граѓаните само заради тоа што на некому не му се допаѓа. Да биде куриозитетот поголем, еден од тие што уништуваа е советник во општина Гази Баба. Истиот тој, на вараварски начин и за време на полициски час отстранува легнат полицаец поставен заради безбедност на учесниците во сообраќајот. Зошто го поставиле за советник, ако неможе на легален начин, преку делување во советот да отстрани барем еден легнат полицаец, е прашањето кое веројатно сите си го поставуваме. 2.Истиот советник во општина Гази Баба не го почитува полицискиот час и собира толпа луѓе, кога полицијата ги приведува заради прекршување на истиот. 3.Толпа луѓе се собира и се заканува (како што слушаме од снимките) со оружје доколку приведените не се ослободат. 4.Градоначалникот Борче Георгиевски, како што вели, самоиницијативно го прекршува полицискиот час и излегува за да го извади советникот и неговите другари од полициската станица. 5.Епилогот е: советникот е изнесен од полициска станица и донесен во Сингелиќ. Почитуван Градоначалник и советник од општина Гази Баба - вие ја поништивте правната држава. Вие сте пример за тоа: - како оваа власт го уништи системот на одговорност пред институциите; - како СДС владее со сите инстуции; - како не си ја почитувате сопствената влада; - дека не функционира правниот систем во државата; - дека вас не ви е битно здравјето на граѓаните, туку вашиот личен интерес; - дека Македонија е див запад кој го водат Шерифи како Борче Георгиевски и Берат Весел! Веројатно и овој повик ќе го игнорирате, но сепак би требало да знате дека правда и правна држава ќе има, а тогаш - ќе одговарате!, стои во соопштението на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. https://www.facebook.com/KomisijaZaLokalnaSamoupravaVMRODPMNE/posts/241089083937665]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-barame-ostavka-od-gradonachalnikot-na-gazi-baba-borche-georgievski-i-sovetnikot-na-sds-berat-vesel/feed/ 0