локална власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 May 2021 11:54:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png локална власт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ристески: Развојот на манастирскиот туризам беше приоритет на претходната локална самоуправа и Владата на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-razvojot-na-manastirskiot-turizam-beshe-prioritet-na-prethodnata-lokalna-samouprava-i-vladata-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-razvojot-na-manastirskiot-turizam-beshe-prioritet-na-prethodnata-lokalna-samouprava-i-vladata-na-vmro-dpmne/#respond Tue, 25 May 2021 11:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=514869

Развојот на манастирскиот туризам беше приоритет на претходната локална самоуправа и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се надевам дека идната ЛС од ВМРО ДПМНЕ, ќе ја продолжи традицијата за изградба на достапни патишта до нашите манастири и културно-историски и природни реткости, а еден од приоритетите ќе биде и асфалтен пат до преубавиот манастир во с.Дрен, пишува во својата Фејсбук објава поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава на Ристески: МАНАСТИРИТЕ-ЧУВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА ДУХОВНА РИЗНИЦА И РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО ПРИЛЕП Развојот на манастирскиот туризам беше приоритет на претходната локална самоуправа и Владата на ВМРО-ДПМНЕ од неколку причини: 🔸️преубавите стари и вредни манастири во околината на Прилеп; 🔸️живописните места на кои се изградени овие манастири; 🔸️интересот и подемот на овој вид туризам; 🔸️финансискиот бенефит од посетите, за манастирите... и за градот; ➡️Но, за реализација на оваа цел имаше два важни проблеми кои требаше да се решат: ▪️немањето соодветни патишта (тешко, скоро и невозможно достапни одредени манастири, за посетителите посебно за болни и повозрани лица); ▪️ немањето соодветна инфраструктура и уреденост на самите манастири; ✔За таа цел, приоритет беше изградба на локални патишта до манастирите кои чинеа повеќе милиони евра и уредување на конаците, црквите, дворовите и околината на манастирите... ☑Со самата изградба на достапните патишта повеќекратно се зголеми посетата и атрактивноста на манастирите, а Прилеп со овој и фестивалскиот туризам кој го развиваше, стана трет град по посетеност во Македонија (после Скопје и Охрид). За бенефитот од овој вид туризам најдобро можи да кажат: угостителите, хотелиерите, дуќанџиите, чаршијата, таксистите..целиот град! ➡️Прв пат во историјата Прилеп почувствува посета на туристи од целиот свет, но и нашинци-иселеници кои секогаш го ставаа во приоритетите за посета... Со достапните патишта многу Прилепчани ги обновија и своите навики за посета на манастирските комплекси, кои беа и подзаборавени во минатото (комунизмот). ➡️Да потсетиме, на општо задоволство се изградија достапни локални патишта до следните манастири: 🔸️Манастирот во с.Зрзе, XIV век (6 км асфалтиран пат); 🔸️Манастирот Трескавец, XIII век (7.5 км асфалтиран пат); 🔸️Манастирот "Св.Никола" во с.Манастир-Мариово, XI-XIII век (7 км асфалтиран пат); 🔸️Пешачка - туристичка патека "Крал Марко" до манастирот "Св. Архангел Михаил"-Варош, XII век(2 км камена патека и осветлување); ➡️ Покрај до овие повеќевековни манастири, се изградија асфалтирани патишта и станаа достапни и другите преубави манастири во околината: 🔸️"Св. Петка" во Лениште (1.5 км); 🔸"️Св. Димитрија" во с.Селце (3.5 км); 🔸️половина од патот до манастирот во Прилепец (до црквата с.Волково околу 5 км) и се остави готов проект до самиот манастир во Прилепец кој беше реализиран претходната година... ☑Со изградбата на овие патишта резултатите се очигледни и секојдневни за Прилепчани, кои навистина ги наполнија манастирите со посета и му дадоа уште поголема душа и живот на истите! ‼Полни манастири - полни души со историја,традиција, култура и православие... П.С. Се надевам дека идната ЛС од ВМРО ДПМНЕ, ќе ја продолжи традицијата за изградба на достапни патишта до нашите манастири и културно-историски и природни реткости, а еден од приоритетите ќе биде и асфалтен пат до преубавиот манастир во с.Дрен❗, пишува Ристески во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-razvojot-na-manastirskiot-turizam-beshe-prioritet-na-prethodnata-lokalna-samouprava-i-vladata-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Ок на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Три години поминаа откако СДСМ ја превзема локалната власт, нема ништо од најавуваниот ,,Живот за сите во Гази Баба,, https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ok-na-vmro-dpmne-gazi-baba-tri-godini-pominaa-otkako-sdsm-ja-prevzema-lokalnata-vlast-nema-nishto-od-najavuvaniot-zivot-za-site-vo-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ok-na-vmro-dpmne-gazi-baba-tri-godini-pominaa-otkako-sdsm-ja-prevzema-lokalnata-vlast-nema-nishto-od-najavuvaniot-zivot-za-site-vo-gazi-baba/#respond Sun, 01 Nov 2020 16:38:15 +0000 https://kurir.mk/?p=423355

Со денешното соопштение сакаме уште еднаш ја разобличиме најголемата измама која им се случила на граѓаните од општина Гази Баба наречена „Живот во Гази Баба! За сите“. Во предизборната програма на Борче Георгиевски од 2017 година тој напиша, цитирам: „Да не дозволиме стрелките на часовникот да продолжат да вртат назад! После 3 години негов мандат како градоначалник времето во нашата општина се врати назад, Гази Баба повеќе не личи на скопска општина. Туку на зафрлена касаба препуштена на негрижа, стои во соопштението на Ок на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба. За време на локалните избори во 2017 година, неговиот лидер Зоран Заев ветуваше одговорна и домаќинска власт свртена кон потребата на граѓаните. Фактите говорат нешто сосем спротивно. Граѓаните беа прелажани и изманипулирани како никогаш до сега откако постои локална самоуправа во Гази Баба. Да почнеме со една од најколосалните лаги а тоа гасификацијата која амбициозно ја вети. Слушнал ли денес некој градоначалникот да ја спомене? Понатака ги нема ветените булевари за поврзување на општина Гази Баба со општина Бутел, велосипедистите и рекретивците беа излажани дека ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од мостот „Близнаци“ до населено мето Идризово. Борче Георгиевски толку се внесе во своите лаги што дури вети дека Скопска Црна Гора ќе биде прогласена за национален парк, до денес од тоа нема ништо. Граѓаните прашуваат што се случи со субвенционирањето на енерго-енергетските фасади за кој рокот за реализација истекува. Георгиевски пред 3 години одеше од врата на врата во урбаните и месните заедници и ветуваше низа проекти. Па така во населба Ќерамидница на жителите им ветуваше неколку клучни проекти: автобуска линија, училиште и градинка, изградба на атмосферска и фекална канализација. Откако ја превзеде локалната власт тој нема реализирано ниту еден од овие проекти. Слично беа прелажани и граѓаните од урбана заедница Железара со ветувања за изградба на фекална и атмосферска канализација, уредување на паркот, уредување на кружниот тек со нови содржини. Доволно е само да минете во тој крај и ќе забележите дека нема никакви активности. Пензионерите од оваа населба останаа разочарани бидејќи не го добија новиот ветен клуб - просторија за дружење. Ситуацијата во големата урбана населба Автокоманда е скандалозна по последните обиди на градоначалникот да го донесе ДУП во интерес на тесен круг на соработници и бизнис партнери. Најавената изградба на поликлиника остана мртво слово на хартија а наместо нови зелени површини и паркови, постоечките се уништуваат. Алармантно во оваа населба е бучавата и сообраќајниот метеж кои очигледно се невидливи за локалните власти на СДСМ. Борче Георгиевски и неговата партија беа казнети на последните изборни циклуси во Стајковци со право бидејќи ги измами своите сограѓани со многу ветувања кои не се ни почнати како: изградба на спортско-рекреативен центар, изградба на одводен канал од 1200 метри на една од улиците и многу други. Урбаната заедница Крсте Мисирков како и другите средини пак е целосно е избришана од приоритетите на СДСМ во Гази Баба. Георгиевски многу пати го потенцира соживотот но прашуваме што тој направи за урбаната заедница Ченто и селото Синѓелиќ каде што живеат граѓани од повеќе националности. Господине градоначалник каде ви е новата детска градинка, зошто не им го организирате превозот на децата од Камник до училиштето „25 мај“? Урбаните заедници Маџари 1 и Маџари 2 се конкуренти за едни од најзапоставените населби во општината. Ветените катни гаражи, тротоари и катни гаражи ќе останат само еден спомен како се манипулираат гласачите. Незадоволството на младите од урбаните заедници Хиподром и Јане Сандански е големо поради неисполнетото ветување за изградба на базен и доуредување на две спортски игралишта. Најавениот водоснабдителен објект во Страчинци не е ниту отпочнат. Нема цевководен систем од м.в. Калеш Мара и изградба на нов резервоар од 150 м3 во руралната заедница Раштак. Планираната изградба на индустриска зона во Инџиково беше адут за време на локалните избори на Борче Георгиевски а воедно и голема лага. Фекалните и атмосферските канализации во руралните средини не се започнати, нешто е незамисливо за времето во кое живееме. Со еден збор Општина Гази Баба 3 години стагнира и не превзема ништо конкретно за населените места и подобар живот на граѓаните. Долг е списокот на убави фрази и нереализирани проекти од програмата на СДСМ и нивниот градоначалник. Ова не се ставови и мислења на опозицијата во Гази Баба туку факти во кои секој граѓанин може да се увери ако ја погледне програмата „Живот за сите“. Очекуваме дека и овојпат градоначалникот нема да не демантира бидејќи знае дека тоа е целосно бесмислено. Им порачуваме на граѓаните да истраат уште една година кога локалната власт во Гази Баба ќе биде превземена од ВМРО-ДПМНЕ која сериозно ќе се зафати со нивните потреби, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ok-na-vmro-dpmne-gazi-baba-tri-godini-pominaa-otkako-sdsm-ja-prevzema-lokalnata-vlast-nema-nishto-od-najavuvaniot-zivot-za-site-vo-gazi-baba/feed/ 0
Миленковски: Граѓаните на Пробиштип не видоа ништо од ветувањата на оваа власт https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-gragjanite-na-probishtip-ne-vidoa-nishto-od-vetuvanjata-na-ovaa-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-gragjanite-na-probishtip-ne-vidoa-nishto-od-vetuvanjata-na-ovaa-vlast/#respond Fri, 31 Aug 2018 10:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=94657

Очекувано е за време на празници да се зборуваат убави работи, да се слушаат фалби и пофалби. Сепак ние знаеме, граѓаните паметат, но за да ги освестиме локалните власти, ќе ги запрашаме. Кој ја изгради градската капела? Кој го доби и започна проектот за реконструкција на Домот на културата?, прашува Марјан Миленковски, од ВМРО-ДПМНЕ Општински Комитет Пробиштип. Тој кажа дека во оваа прилика нема да зборува за анексот на договорот во вредност од 50.000 евра за измислени неизвршени работи. -Кој ги направи сите подготовки за реконструкција на улицата во Старо Калниште? Кој го изготви проектот за ново осветлување на градскиот плоштад? Кој го изготви проектот и ја обезбеди донацијата од словенечката влада за реконструкција и автоматизација на постојните водоснабдителни системи?, праша Миленковски. Тој запраша и која влада во 2017 година со ребаланс ги тргна парите наменети за завршниот слој на улицата Миро Барага, за сега да се фали со истиот. -Кога конечно ќе биде тендерот за реконструкција на патот до Крупиште? Помина пролетта, помина месец јуни, јули, ајде сега ќе почекаме и до 5-ти септември. Дали оваа локална власт во периодот од речиси една година исполни барем едно ветување од многуте дадени пред изборите. Досега баш и ништо не видовме, ништо на терен, ама затоа ги гледаме на манифестации, партиски прослави и прошетки, изјави Миленковски. Тој на власта и порача да престанат со бедните изговори за нивното неработење, да престанат да се китат со туѓи перја. -Засукајте ги ракавите и работете како што сте им ветиле на граѓаните. Тие ве избраа и тие ќе ве казнат и тоа многу брзо, порача Миленковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/milenkovski-gragjanite-na-probishtip-ne-vidoa-nishto-od-vetuvanjata-na-ovaa-vlast/feed/ 0