Лондон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 05:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лондон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт на македонскиот пијанист Дино Имери во Лондон https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/#respond Wed, 25 Oct 2023 05:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=892766

По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу РС Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music). На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london/feed/ 0
Околу 100.000 демонстранти на пропалестински марш во Лондон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-100-000-demonstranti-na-propalestinski-marsh-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-100-000-demonstranti-na-propalestinski-marsh-vo-london/#respond Sat, 21 Oct 2023 16:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=891679

Околу 100.000 луѓе се приклучија на денешните пропалестински протести во центарот на Лондон, марширајќи низ британската престолнина и барајќи итен прекин на огнот во Газа по нападот на Хамас врз Израел пред две недели. Извикувајќи „Слободна Палестина“, со транспаренти и веејќи палестински знамиња, демонстрантите маршираа низ Лондон пред да се соберат пред Даунинг стрит, официјалната резиденција и канцеларија на британскиот премиер Риши Сунак. Полицијата проценува дека 100.000 луѓе учествувале на демонстрациите „Национален марш за Палестина“, организиран од палестинската Кампања за солидарност. Полицијата пред маршот предупреди дека секој што ќе покаже поддршка за Хамас, терористичка организација забранета во Велика Британија, ќе се соочи со апсење, а каков било случај на злосторство од омраза нема да биде толериран. Протестот мина мирно и нема извештаи за апсења. Бројките објавени вчера покажаа зголемување од 1.353 отсто на антисемитските инциденти овој месец во споредба со истиот период минатата година, додека исламофобичните инциденти се зголемија за 140 отсто. (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-100-000-demonstranti-na-propalestinski-marsh-vo-london/feed/ 0
Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Вестминстер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petminata-bugari-obvineti-od-london-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-se-pojavija-pred-sud-vo-vestminster/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petminata-bugari-obvineti-od-london-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-se-pojavija-pred-sud-vo-vestminster/#respond Tue, 26 Sep 2023 12:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=881852

Петмина Бугари осомничени дека се шпиони за Русија се појавија пред суд во Велика Британија кон кои има обвинение за „заговор за собирање информации што би биле корисни за непријателот“. На тројцата мажи и две жени - сите Бугари - им беше одреден притвор во судот на Вестминстер. Орлин Русев, 45; Бизер Џамбазов, 41; Катрин Иванова, 31; Иван Стојанов, 31; Вања Габерова (29) приведени во различни затвори, се појавија денеска кусо пред судот преку видео врска. Сите тие се обвинети за заговор за собирање информации „наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателот со цел што е штетна за безбедноста и интересите на државата помеѓу 30 август 2020 година и 8 февруари оваа година“. Следното рочиште е закажано за 13 октомври. Ако бидат прогласни за виновни – казната е од 10 до 14 години затвор. Во обвинението пишува дека приведените вршеле набљудување на лица и места за кои добиле информации од Русија. „Таквото набљудување очигледно имало за цел да и помогне на Русија да спроведе непријателски дејствија против цели, вклучително и потенцијални киднапирања“. Обвинителката Кетрин Селби рече дека „оперативниот центар во оваа земја за кривично дело шпионажа“ бил во сопственост на Русев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petminata-bugari-obvineti-od-london-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-se-pojavija-pred-sud-vo-vestminster/feed/ 0
Tепачка во продавница во Лондон поради производи за коса! Жена тепала продавач со корпа, тој почнал да ја дави https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tepachka-vo-prodavnitsa-vo-london-poradi-proizvodi-za-kosa-zhena-tepala-prodavach-so-korpa-toj-pochnal-da-ja-davi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tepachka-vo-prodavnitsa-vo-london-poradi-proizvodi-za-kosa-zhena-tepala-prodavach-so-korpa-toj-pochnal-da-ja-davi/#respond Wed, 13 Sep 2023 12:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=877715

Снимка од драматична тепачка во која продавач од лондонското предградие Пекам Сохаил Синдо тепа и дави жена се проширила на социјалните мрежи, но уследил пресврт кога продавачот почнал да тврди дека намерата не му била да ја повреди, туку да ја смири. Како што наведува Синдо, тепачката започнала кога жената се обидела да врати препарати за коса и да ги добие назад парите, што тој одбил, по што уследила расправија. Жената наводно тогаш земала производи од рафтовите и се обидела да излезе. Лондонската полиција соопштила дека таа е уапсена поради сомнеж дека извршила напад, но подоцна била пуштена на слобода. Полицијата соопштила дека работникот во продавницата не е уапсен. Помал дел демонстранти вчера го блокирале патот во југоисточен Лондон, а активисти протестирале против тоа што тврделе дека е пример за секојдневно машко насилство над жени. Во текот на демонстрациите исто така на продавницата лепеле известувања во кои го критикуваат однесувањето на сопственикот на продавницата. Видеото, објавено на „Instagram“, почнува така што Синдо стои зад жената додека се влечат, а лицето зад камерата се заканува дека повика полиција. Жената потоа го удира по глава со пластична корпа, по што тој и ги ставил рацете околу вратот. Таа тогаш бара луѓето да повикаат полиција, но Синдо одбил да ја пушти. По објавувањето на снимката, на социјалните мрежи се појавиле повици на жителите на таа област да ја бојкотираат продавницата, како и повик на нови протести пред продавницата денеска во 14 часот, пишува „Daily Mail“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tepachka-vo-prodavnitsa-vo-london-poradi-proizvodi-za-kosa-zhena-tepala-prodavach-so-korpa-toj-pochnal-da-ja-davi/feed/ 0
На охридскиот аеродром ТАВ ги пречека првите летови од Манчестер и Лондон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/#respond Wed, 31 May 2023 13:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=840888

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, денеска на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници од Манчестер и од Лондон (Гетвик), со што го означи отворањето на овие две нови сезонски авиолинии на британски ТУИ. Почнувајќи од денес, 31-ви мај, охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе служи како врска за редовни сезонски летови меѓу Манчестер и Лондон (Гетвик), и прекрасниот град Охрид. На летовите ќе лета британската компанија TUI UK. Директните воздушни врски што ги обезбедуваат овие чартер-летови ја елиминираат потребата за повеќекратни чекања меѓу транзитни или трансфери летови кои одземаат многу време, нудејќи им на британските патници беспрекорно и практично искуство на патување покрај волшебното Охридско Езеро. -Возбудени сме што можеме да го објавиме почетокот на новите сезонски летови, што ги поврзуваат Манчестер и Лондон со аеродромот во Охрид, а на кои лета TUI UK. Како ТАВ, среќни сме што им посакуваме добредојде на патниците на овие нови рути. Со двете нови дестинации од Велика Британија до Охрид ќе се подобрат опциите за патување и ќе отворат можности за странските туристи да ја истражуваат неверојатната убавина и богатото културно наследство на живописниот Охрид. Охрид долго време се смета за скриен скапоцен камен, кој нуди волшебен спој на природни чуда и историски знаменитости. Со воведувањето на овие чартер-летови од Манчестер и Лондон, имаме за цел да ја направиме оваа извонредна дестинација лесно достапна, давајќи им можност на нашите гости да го откријат Стариот град кој што е на листата на УНЕСКО, да ги посетат античките манастири и цркви и да се нурнат во локалната традиција и топлото гостопримство. Ги покануваме патниците од Манчестер и Лондон, и пошироко, да тргнат на незаборавно патување во Охрид, градот кој нуди по нешто посебно за секого. Со посветеност да обезбеди одлични аеродромски услуги, ТАВ Македонија преку Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, се стреми да ги подобри искуствата од патувањето, да го промовира туризмот и да го поддржи регионалниот развој.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Новововедените сезонски летови од Манчестер и Лондон ќе сообраќаат со по 1 неделен лет, во периодот од 31-ви мај до 20-ти септември, а TUI UK ќе лета со Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта. Како што велат од ТАВ Македонија, околу 6.000 британски патници се очекува да пристигнат во Охрид од овие две нови дестинации во текот на летната сезона. -Северна Македонија е помалку позната дестинација за туристите во Обединетото Кралство, но тоа почнува да се менува, а TUI се уверени дека штом нашите клиенти ќе се вратат дома, ќе се прошири и распространи информацијата на пријателите и семејството за и самите да ја искусат оваа единствена дестинација. Ќе испраќаме два лета неделно до охридскиот аеродром за време на летната сезона, и од Манчестер и од Лондон Гетвик, давајќи им одличен избор на клиентите во северниот и јужниот дел на Обединетото Кралство, изјави Крис Логан, Извршен директор на ТУИ Велика Британија за скијање, езера и планини. Патниците можат да ги резервираат своите авиобилети за овие возбудливи нови чартер летови преку веб-страницата на TUI и ќе имаат можност да го приспособат своето патување според нивните преференции и да го искористат максимумот од нивната посета на Охрид. ТАВ Македонија го заврши првиот квартал од 2023 година (јануари-април) со 753.377 патници на двата аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е за 44% зголемување во однос на истиот период од 2022 година и зголемување од 9% во однос на 2019 година. која се смета за референтна година во воздухопловството, со оглед на кризата со Ковид-19. Во истиот период, јануари-април 2023 година, бројот на летови на двата македонски аеродрома изнесува 6.010 со годишен пораст од 35% и 4% зголемување во однос на 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/feed/ 0
Лондон ги забрзува плановите за заштита од поплави поради климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-zabrzuva-planovite-za-zashtita-od-poplavi-poradi-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-zabrzuva-planovite-za-zashtita-od-poplavi-poradi-klimatskite-promeni/#respond Wed, 17 May 2023 06:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=835047

Велика Британија ги забрзува плановите за заштита на Лондон од поплави предизвикани од глобалното затоплување и зголемувањето на нивото на морето, со тоа што својот работен план за заштита на центарот на градот го забрза за 15 години. Лондон, кој се наоѓа на плимниот дел на реката Темза, на околу 80 километри од морето, моментално е заштитен од бранови со подвижна бариера за поплави широка 520 метри, која се наоѓа на исток од градот и се подига неколку пати годишно. Британската Влада сега ја забрзува постоечката програма за адаптација на климата со цел зголемување на заштитата на градот до 2050 година, наместо до 2065 година, како што првично беше наведено во документ од 2012 година. - Нивото на морето се зголемува со забрзано темпо во целото устие на Темза и затоа е од суштинско значење да дејствуваме сега за да одговориме на климата која се менува, изјави Џули Фоли, портпарол на државната Агенција за животна средина, која ги разви плановите. Во соопштението на британската влада се вели дека промената е заснована на подобрени модели за климатски промени кои покажуваат „зголемен ризик од поплави поради затоплување на климата и зголемување на нивото на морето“. Светската метеоролошка организација минатиот месец соопшти дека нивоата на океаните се зголемуваат повеќе од двојно побрзо отколку во првата деценија од мерењата во 1993-2002 година, и оти достигнале нов рекорд минатата година. Целосниот план на Велика Британија ќе биде објавен подоцна денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-zabrzuva-planovite-za-zashtita-od-poplavi-poradi-klimatskite-promeni/feed/ 0
Најскапиот дворец во светот се наоѓа во Лондон, чини 285 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najskapiot-dvorets-vo-svetot-se-naoga-vo-london-chini-285-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najskapiot-dvorets-vo-svetot-se-naoga-vo-london-chini-285-milioni-evra/#respond Wed, 22 Mar 2023 09:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=814849

Замокот „Холм“ во Лондон, Велика Британија, е ставен на продажба. Се нуди за 250 милиони фунти, т.е. речиси 285 милиони евра, што го прави најскапиот имот во светот. Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк - еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина. Ако замокот се продаде по оваа цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот договор за имот во историјата на градот (рекордот во мигов изнесува 210 милиони фунти - 240 милиони евра). Тој, исто така, е и најскапиот дом во светот, надминувајќи го апартманот од 250 милиони долари што сѐ уште е на продажба, а се наоѓа на врвот на кулата „Централ Парк“ во Њујорк. Вилата „Холм“ е дизајнирана од архитектот Децимус Бартон во 1818 година. Досега била сопственост на членови на саудиското кралско семејство, а се продава како дел од отплата на заемот. Има 40 спални соби, се наоѓа на 1,6 хектари земјиште и вклучува и осум гаражи, тениско игралиште, сауна и библиотека. Замокот со 45 соби, познат како „Рутланд гејт 2-8а“, претходно беше најскапата куќа за продажба во Лондон. Имотот со поглед на Хајд Парк, беше на пазарот за 205 милиони евра во октомври лани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najskapiot-dvorets-vo-svetot-se-naoga-vo-london-chini-285-milioni-evra/feed/ 0
Во Лондон меѓународна конференција за воени злосторства во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-megunarodna-konferentsija-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-megunarodna-konferentsija-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/#respond Mon, 20 Mar 2023 06:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=813968

Министрите за правда од целиот свет ќе се сретнат денеска во Лондон за да разговараат за зголемување на поддршката за Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако минатата недела издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. МКС го обвини Путин за воено злосторство за незаконско депортирање стотици деца од Украина. Москва ги отфрла обвинувањата, нарекувајќи го потегот неприфатлив и нагласува дека тој нема правна сила во Русија, која не е членка на судот. „Се собираме во Лондон обединети со една цел - да ги повикаме воените злосторници одговорни за злосторствата извршени во Украина за време на оваа неправедна, неиспровоцирана и незаконска инвазија“, рече британскиот вицепремиер Доминик Рааб. „Обединетото Кралство, заедно со меѓународната заедница, ќе продолжи да му обезбедува на Меѓународниот кривичен суд ресурси, луѓе и експертиза за правдата да биде задоволена“, додаде тој. Велика Британија вети милион фунти на МКС оваа година, а Министерството за правда соопшти дека се очекува и други земји да ветат финансиска поддршка за време на конференцијата во Лондон, чиј домаќин ќе бидат Велика Британија и Холандија. Средствата ќе бидат искористени за обука на истражители за истрага на наводните воени злосторства, како и психолошка и практична поддршка за жртвите, објави Министерството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-megunarodna-konferentsija-za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina/feed/ 0
Лондон ги означи Кина за предизвик на светскиот поредок, а Русија за акутна закана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-oznachi-kina-za-predizvik-na-svetskiot-poredok-a-rusija-za-akutna-zakana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-oznachi-kina-za-predizvik-na-svetskiot-poredok-a-rusija-za-akutna-zakana/#respond Mon, 13 Mar 2023 17:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=811504

Велика Британија денеска ја означи Кина како предизвик за светскиот поредок што ја дефинира епохата, наведувајќи дека Русија и натаму останува „најакутна закана“. Официјален Лондон во најновата надворешнополитичка рамка наведе дека безбедноста на Обединетото Кралство зависи од исходот на војната во Украина. Британските медиуми наведуваат дека британската Влада во најновиот документ предупредува на продлабочувањето на партнерството меѓу Кина и Русија и зголемената соработка на Москва со Иран по руската инвазија на Украина. Иако во документот се истакнува дека тензиите во индо-пацифичкиот регион може да имаат поголеми последици од конфликтот во Украина, се нагласува дека Русија останува најакутна закана. Ажурираниот британски Интегриран преглед (ИР), првпат објавен пред две години, не ја опишува Кина како закана, што веројатно ќе разочара многумина во владејачката Конзервативна партија, наведуваат британските медиуми. Британскиот премиер Риши Сунак во предговорот за ИР напиша дека во 2021 година, темпото на геополитичките промени и степенот на нивното влијание врз Велика Британија не може целосно да се предвиди. Кога првпат беше објавен во 2021 година, Интегриран преглед ја опиша Кина како „системски конкурент“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-oznachi-kina-za-predizvik-na-svetskiot-poredok-a-rusija-za-akutna-zakana/feed/ 0
Лондон најави пет милијарди фунти нови инвестиции во одбраната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-najavi-pet-milijardi-funti-novi-investitsii-vo-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-najavi-pet-milijardi-funti-novi-investitsii-vo-odbranata/#respond Mon, 13 Mar 2023 07:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=811158

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека во контекст на „новите закани од Русија и Кина“ Обединетото Кралство ќе инвестира дополнителни пет милијарди фунти (5,6 милијарди евра) во својата одбрана. Според владино соопштение, дополнителните пет милијарди фунти ќе му бидат доделени на Министерството за одбрана во следните две години. Идејата е „да се обноват и зголеми резервите на муниција, да се модернизира (основата за) нуклеарните активности на Британија и да се финансира следната фаза од програмата за подморници AUCUS“. Британскиот парламентарен комитет минатата недела предупреди дека залихите на муниција во кралството се опасно ниски, што според него ја загрозува националната безбедност. Секретарот за одбрана Бен Валас изрази слична загриженост во јануари. - Во време кога светот станува понестабилен, а конкуренцијата меѓу земјите е поинтензивна, Обединетото Кралство мора да биде подготвено да се спротивстави, рече Риши Сунак, се вели во соопштението.. „Преку долгорочно инвестирање во нашите вооружени сили, ќе бидеме подготвени да одговориме на денешните и утрешните предизвици“, рече Сунак, кој ја започнува посетата на САД, каде што се очекува да биде потпишан договор за подморниците AUCUS со Австралија и САД. Во коминикето се наведува дека Велика Британија одлучила да го обнови својот „стратешки преглед“ на одбраната „со цел да одговори на новите геополитички закани, нелегалната инвазија на Русија на Украина, економската принуда од Кина и зголемената конкуренција меѓу државите“. Премиерот Сунак, исто така, изрази аспирација „на долг рок да ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-najavi-pet-milijardi-funti-novi-investitsii-vo-odbranata/feed/ 0