Лоренцо Д’Адарио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Nov 2018 13:38:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лоренцо Д’Адарио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Примопредавање на командата на КФОР, нов заповедник Лоренцо Д’Адарио https://arhiva.kurir.mk/svet/region/primopredavanje-na-komandata-na-kfor-nov-zapovednik-lorenco-d-adario/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/primopredavanje-na-komandata-na-kfor-nov-zapovednik-lorenco-d-adario/#respond Wed, 28 Nov 2018 13:38:24 +0000 https://kurir.mk/?p=133153

Генерал-мајорот Лоренцо Д’Адарио е новиот командант на Меѓународните сили во Косово (КФОР), откако денеска на свечена церемонија ја презеде должноста од генералот Салваторе Куочи, јави дописникот на МИА од Приштина. Во своето обраќање на церемонијата Куочи изрази задоволство од работата на КФОР во Косово за време на неговиот мандат. – Командантите на единиците на КФОР, целиот тим, сите војници и цивилни службеници тука, направија моето време како командант на овие сили да биде едно од најнезаборавните искуства во мојата професионална војничка кариера. Тие придонесоа многу за оваа ротација на КФОР  да биде исклучително успешна, изјави Куочи. Тој рече дека во текот на неговиот едногодишен мандат во Косово имало доста предизвици, со кои КФОР се соочил мошне успешно. – Горди сме што КФОР е најдоверливата меѓународна институција во Косово и убеден сум дека тоа е така затоа што секогаш се трудевме народот на Косово да биде во прв ред, рече Куочи. На церемонијата присуствуваше и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој му се заблагодари на Куочи за неговиот придонес за Косово. – Народот и Владата на Косово се засекогаш благодарни на сите жени и мажи кои служеа и продолжуваат да служат во нашата земја, поддржувајќи го мирот, безбедноста и стабилноста. Присуството на КФОР и НАТО и помогна на нашата земја, на нашиот регион и на нашиот севкупен развој во изминатите две децении, рече Харадинај, нагласувајќи дека времето во кое Куочи беше командант го одбележа продлабочување на односите меѓу Косово и КФОР. Адмиралот на НАТО Џејмс Фого, кој присуствуваше на свеченоста по повод примопредавањето на командата, рече дека генералот Куочи служел со висока одговорност како командант на КФОР во изминатите 12 месеци. – Секој ден и на секој начин командантот Куочи демонстрираше поголемо партнерство со сите партнерски институции и организации. Со постојана одговорност генералот Куочи комуницираше и ја командуваше оваа стабилна и миротворна воена сила, рече Фого. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/primopredavanje-na-komandata-na-kfor-nov-zapovednik-lorenco-d-adario/feed/ 0