Лос Анџелес Тајмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 May 2021 10:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лос Анџелес Тајмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Том Круз ги врати освоените Златни глобуси, ова е причината! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tom-kruz-gi-vrati-osvoenite-zlatni-globusi-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tom-kruz-gi-vrati-osvoenite-zlatni-globusi-ova-e-prichinata/#respond Tue, 11 May 2021 10:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=508908

„Лос Анџелес тајмс“ неодамна објави обемен извештај за Здружението на странски новинари во Холивуд (ХФПА), организацијата која стои зад доделувањето на наградите Златен глобус. Оваа организација се состои од 86 новинари и во последните години се споменува во негативен контекст, од фактот дека членовите се склони кон примање мито во замена за номинации за наградите па пошироко. Овој пат, „Лос Анџелес тајмс“ објави, меѓу другото, дека нема ниту еден новинар со темна кожа меѓу членовите на ХФПА и дека е очигледно дека таму не се внимава на етничката разновидност, но ниту на етичките правила на играта во врска со сомнежот во подмитувањето на членовите. Наскоро Холивуд се крена на нозе. Прво, актерката Скарлет Јохансон, која досега беше номинирана за Златен гобус четири пати, побара од Холивуд да се оддалечи од ХФПА сè додека не се спроведат потребните реформи во таа организација, а слично барање изнесе и актерот Марк Руфало. Во понеделникот се огласија раководните лица на компанијата „Нетфликс“ и „Амазон“ кои рекоа дека ги прекинуваат врските со ХФПА сè додека не ги спроведат потребните реформи, додека Ен-би-си објави дека нема да ги емитува наградите Златен глобус следната година. Ен-би-си ги плаќа правата за емитување на церемонијата на доделување награди околу 60 милиони долари годишно. По сето ова, реагираше и холивуската ѕвезда Том Круз, кој, како што објави „Холивуд репортер“, ги вратил своите три освоени Златни глобуси, во знак на протест за настаните околу ХФПА. Првата награда Златен глобус за најдобра машка улога ја доби во 1990 година за улогата во „Роден на 4 јули“, потоа во 1997 година за улогата во „Џери Мегваер“, додека во 2000 година освои Златен глобус за споредна улога во „Магнолија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tom-kruz-gi-vrati-osvoenite-zlatni-globusi-ova-e-prichinata/feed/ 0
Лејкерси ги сопираат преговорите за Дејвис https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkersi-gi-sopiraat-pregovorite-za-dejvis/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkersi-gi-sopiraat-pregovorite-za-dejvis/#respond Wed, 06 Feb 2019 07:04:05 +0000 https://kurir.mk/?p=160686

Л.А. Лејкерс ги прекинуваат преговорите со Њу Орлеанс за трансфер на Ентони Дејвис, соопштува „Лос Анџелес тајмс“. „Езерџиите“ се лути на нереалните барања на Пеликанс за својата суперѕвезда и како резултат на тоа, ги запираат разговорите, барем во оваа фаза. Според информациите, последниот предлог на тимот од Калифорнија бил Лонзо Бол, Кајл Кузма, Брендон Инграм, Џош Харт, Ивица Зубац, Кентавиус Колдвел-Поуп и два избора од првиот круг на Драфтот за „веѓата“ и Соломон Хил, кој е со голем договор. Се тврди дека, сепак, Њу Орлеанс побарале меѓу 6 и 8 идни избори од Драфтот, што веќе било премногу и засега разговорите се прекинати, бидејќи Меџик Џонсон и Роб Пелинка не мислат дека цената е оправдана. Тие можат да бидат обновени ако Пеликанс покажат поголема желба за постигнат договор и излезат со контра-предлог. Се смета дека организацијата на „пеликаните“ е склона да почека до летото, а потоа повторно да започне преговори со различни тимови за кошаркарот, а тогаш и Бостон ќе може да се вклучи, и покрај гласините дека самиот Дејвис не сака да оди кај Селтикс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkersi-gi-sopiraat-pregovorite-za-dejvis/feed/ 0
Најбогатиот лекар во САД го купи „Лос Анџелес Тајмс“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-lekar-vo-sad-go-kupi-los-andzeles-tajms/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-lekar-vo-sad-go-kupi-los-andzeles-tajms/#respond Thu, 08 Feb 2018 09:49:30 +0000 http://kurir.mk/?p=19498

Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ ќе помине во рацете на локалниот милијардер Патрик Сон- Шионг за цена од 500 милиони долари и така ќе заврши тензичниот период во сопствеништво на „Чикаго Трибјун“. Патрик Сон- Шионг е еден од најбогатите луѓе во Лос Анџелес и според податоците на „Форбс“ најбогат лекар во САД со имот од 7,8 милијарди долари. Сон-Шионг има удел и во кошаркарскиот клуб Лос Анџелес лејкерс. Пред него, основачот на Амазон Џеф Безос го купи „Вашингтон пост“ за 250 милиони долари, а сопственикот на безбол клубот Бостон Ред Сокс, Џон Хенри го презеде „Бостон глоуб“ за 70 милиони долари. Лос Анџелес Тајмс првпат по 18 години ќе биде во локално сопственишто. Весникот неодамна го смени главниот уредник, третпат во последните шест месеци, а новинарите првпат во 136 години се организираа во синдикат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najbogatiot-lekar-vo-sad-go-kupi-los-andzeles-tajms/feed/ 0