лос анџелес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 07:20:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лос анџелес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Убиецот од Лос Анџелес изврши самоубиство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubietsot-od-los-andheles-izvrshi-samoubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubietsot-od-los-andheles-izvrshi-samoubistvo/#respond Mon, 23 Jan 2023 07:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=790490

Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство. Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат. Убиецот си го одзел животот вчера во градот Торанс, град на околу 30 километри од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала. Тран откако уби десет луѓе во паркот Монтереј, со пиштол упадна на прославата на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеа да го неутрализира. Монтереј Парк е град кој се наоѓа на околу единаесет километри од центарот на Лос Анџелес. Околу две третини од жителите се Азијци, според податоците од американскиот попис. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubietsot-od-los-andheles-izvrshi-samoubistvo/feed/ 0
Деветмина убиени во пукотница во Лос Анџелес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-ubieni-vo-pukotnitsa-vo-los-andheles/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-ubieni-vo-pukotnitsa-vo-los-andheles/#respond Sun, 22 Jan 2023 12:30:41 +0000 https://kurir.mk/?p=790325

Девет лица загинаа, а повеќе се ранети во пукање за време на прославата на Лунарната Нова Година во паркот Монтереј, во Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти полицијата во тој град. Лос Анџелес Тајмс пишува дека пукањето се случило доцна синоќа во паркот Монтереј, на околу 11 километри од центарот на Лос Анџелес, каде што десетици илјади луѓе ја прославувале Лунарната Нова година. Инсертите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека полицијата и противпожарните екипи се упатуваат кон авенијата Гарвеј за да ги згрижат повредените. Паркот Монтереј има население од околу 60.000 жители, од кои повеќето се со азиско потекло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devetmina-ubieni-vo-pukotnitsa-vo-los-andheles/feed/ 0
Лос Анџелес ја избра првата жена градоначалник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-ja-izbra-prvata-zena-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-ja-izbra-prvata-zena-gradonachalnik/#respond Thu, 17 Nov 2022 06:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=762077

Градот Лос Анџелес ќе ја има својата прва жена градоначалник, по изборот на Карен Бас, предвидуваа синоќа американските медиуми. Бас го победи Рик Карузо, милијардер во областа на недвижнини, во трката за наследник на Ерик Гарсети, објавија Ен-Би-Си и Си-Ен-Е. – Ова е мојот дом, и со целото мое срце јас сум подготвена да служам, напиша Бас на Твитер ветувајќи дека од првиот ден ќе почне со напорна работа. Кога Бас ја најави својата градоначалничка кампања во септември минатата година, таа рече дека главен приоритет ќе биде справувањето со кризата со бездомниците во Лос Анџелес, вториот најнаселен град во САД. Бас, која беше претседател на државното собрание пред да биде избрана во американскиот Конгрес, беше ко-основач на Коалицијата на заедницата, непрофитна организација во Јужен Лос Анџелес, фокусирана на социјални и економски прашања. Таа беше и во потесниот избор на американскиот претседател Џо Бајден за потпретседател во 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-ja-izbra-prvata-zena-gradonachalnik/feed/ 0
Олимписките игри во Лос Анџелес од 14. до 30. јули 2028 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskite-igri-vo-los-andzeles-od-14-do-30-juli-2028/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskite-igri-vo-los-andzeles-od-14-do-30-juli-2028/#respond Tue, 19 Jul 2022 13:54:58 +0000 https://kurir.mk/?p=707444

Организаторите на летните Олимписки игри 2028 во Лос Анџелес го одредија датумот за одржување на најголемиот спортски настан, објавувајќи дека американскиот град ќе им биде домаќин на светските спортисти од 14 до 30 јули. Церемонијата на свеченото отворање ќе се одржи на 14 јули на „SoFi“ стадионот во Лос Анџелес, а градот ќе биде домаќин и на Параолимписките игри 2028, чие отворање е закажано за 15 август. – Утврдувањето на датумот на одржување на Игрите сега на Лос Анџелес му дава цврст рок до кој ќе мора да биде подготвен за најголемиот спортски настан, изјави на прес-конференција извршната директорка на Меѓународниот олимписки комитет, Никол Ховертц Лос Анџелес претходно два пати беше домаќин на Летните Олимписки игри, во 1932 и 1984 година. Следната летната Олимпијада ќе се одржи во 2024 година во Париз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskite-igri-vo-los-andzeles-od-14-do-30-juli-2028/feed/ 0
Кјелини продолжува во Лос Анџелес https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kjelini-prodolzuva-vo-los-andzeles/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kjelini-prodolzuva-vo-los-andzeles/#respond Thu, 02 Jun 2022 05:48:18 +0000 https://kurir.mk/?p=685285

Откако минатиот месец го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус и објави дека по 18 години ја напушта Старата дама, 37-годишниот Џорџо Кјелини одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига и да потпише договор со Лос Анџелес, јави телевизијата ЕСПН. Според истиот извор, се очекува во следните неколку денови Кјелини официјално да стави потпис на соработката со американскиот прволигаш, а подоцна во текот на јуни да ѝ се приклучи на екипата, која во моментов е водечка во Западната конференција во МЛС лигата со пет бодови предност пред второпласираниот Далас. Кјелини го носеше дресот на Јувентус од 2004 година и со торинскиот клуб освои девет италијански титули и пет трофеи во националниот куп. Според бројот на настапи за Јувентус е трет на вечната листа зад Алесандро Дел Пјеро и Џанлуиџи Буфон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kjelini-prodolzuva-vo-los-andzeles/feed/ 0
Лос Анџелес ги затвора изворите за нафта во градот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-gi-zatvora-izvorite-za-nafta-vo-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-gi-zatvora-izvorite-za-nafta-vo-gradot/#respond Thu, 27 Jan 2022 09:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=623477

Лос Анџелес ќе го забрани дупчењето за нафта во градот, т.е. во населените места. Советниците на Градот вчера ја изгласаа забраната на изградба на нови бунари и престанок на работа за постоечките. Според западните медиуми, илјадници активни извори се наоѓаат во густо населени населби (најчесто, каде што луѓето се со ниски приходи), веднаш до училиштата, домовите, паркови, трговски центри или гробишта. Жителите и еколошките активисти долго време водат кампања за нивно отстранување, велејќи дека тие претставуваат опасност по здравјето. -Копањето нафта во Лос Анџелес можеби имаше смисла на почетокот на 20 век, но сигурно нема многу смисла сега кога станавме мегалополис, во 21 век, рече Пол Крекоријан, претседател на Градскиот буџетски комитет. Според Одделот за урбанизам, во Лос Анџелес има 26 полиња за нафта и гас и над 5.000 бунари. Ешли Хернандез, која се залагала за затворање на бунарите, вели дека како дете се разболела, имала крвавење од носот и инфекција на очите. – Цел живот живеам во наајизложените делови на населбите кај нафтените извори и не можам да почнам да изразувам како се чувствувам додека сум овде во мигов!, рече таа по гласањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-gi-zatvora-izvorite-za-nafta-vo-gradot/feed/ 0
Лејкерс конечно победија: Кармело Ентони како во најдобрите денови (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkers-konechno-pobedija-karmelo-entoni-kako-vo-najdobrite-denovi-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkers-konechno-pobedija-karmelo-entoni-kako-vo-najdobrite-denovi-video/#respond Mon, 25 Oct 2021 08:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=584926

Лос Анџелес Лејкерс го запиша првиот сезонски триумф во НБА-лигата и тоа на третиот натпревар откако утринава во „Стејплс центарот“ славеше против Мемфис со 121-118. Кармело Ентони одигра фантастичен натпревар и потсети на старата форма со 28 поени, од кои шест тројки. Тој сега се искачи на 9.место на вечната листа со најмногу поени во историјата на НБА минувајќи го Мозес Малоун. Ентони Дејвис постигна 22 поени, Леброн Џејмс имаше 19 поени, додека Расел Вестбрук заврши со 13 поени и 13 асистенции. Џа Морант блескаше кај Гризлис со 40 поени и 10 асистенции. Голден Стејт го задржа максималниот ефект од три натпревари и го совлада Сакраменто со 119-107 на гостински паркет. Стев Кари имаше 27 поени и 10 асистенции. На останатите натпревари Хјустон - Бостон 97-107 Њујорк - Орландо 104-110 Оклахома - Филаделфија 103-115 Бруклин - Шарлот 95-111]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/lejkers-konechno-pobedija-karmelo-entoni-kako-vo-najdobrite-denovi-video/feed/ 0
Лос Анџелес: Ресторани, фризери и спортски натпревари само за вакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-restorani-frizeri-i-sportski-natprevari-samo-za-vakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-restorani-frizeri-i-sportski-natprevari-samo-za-vakcinirani/#respond Thu, 07 Oct 2021 06:16:08 +0000 https://kurir.mk/?p=574404

Градскиот совет на Лос Анџелес гласаше со 11 наспроти два за да се воведат најстрогите анти-епидемиски мерки во САД, јавија американските медиуми. Од 4 ноември, секој кој оди во ресторан, салон за маникир, фитнес или на натпревар на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Лејкерс ќе треба да приложи потврда за вакцинација. Негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, при влегувањето во тие места, ќе биде потребен за лица со верски или медицински исклучоци за вакцинација. Вториот најнаселен град во САД доживеа огромен скок на инфекции и хоспитализации минатата зима. Градоначалникот Ерик Гарсети се очекува да го потпише документот, по што ќе стапи во сила. Околу 78 проценти од 10 милиони луѓе во округот примиле барем една доза од вакцината, а 69 проценти се целосно вакцинирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/los-andzeles-restorani-frizeri-i-sportski-natprevari-samo-za-vakcinirani/feed/ 0
Земјотрес го погоди Лос Анџелес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-go-pogodi-los-andzeles/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-go-pogodi-los-andzeles/#respond Sat, 18 Sep 2021 09:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=565135

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди синоќа јужниот дел на Калифорнија, соопшти американскиот Геолошки институт. Потресот бил почувствуван во реонот на Лос Анџелес и околните градови, вклучувајќи ги Карсон, Ломита и Торанс. Според извештајот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 14 километри под површината на земјата. Противпожарни возила и хеликоптери патролирале во погодените области во потрага по оштетени објекти или итни повици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-go-pogodi-los-andzeles/feed/ 0
Олимпијадата во Лос Анџелес ќе чини 6,9 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpijadata-vo-los-andzeles-kje-chini-6-9-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpijadata-vo-los-andzeles-kje-chini-6-9-milijardi-dolari/#respond Fri, 17 Sep 2021 14:22:28 +0000 https://kurir.mk/?p=564895

Организацијата на Летните олимписки и параолимписки игри, чии домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе чини 6,9 милијарди долари, најави денеска извршната директорка на Организацискиот комитет Кети Картер.
-ОИ и ПОИ ќе бидат финансиски здрави и ќе остават трајно влијание на градот домаќин, -изјави Картер. -Пред сè, ние ќе бидеме домаќини на Игри, кои ќе се одржат во предвидениот термин и во рамки на предвидениот буџет, додаде Картер, наведувајќи оти Игрите ќе користат широк спектар на постоечки спортски објекти, а потрошувачката ќе се надомести со приходи од спонзорства, продажба на влезници и други извори. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpijadata-vo-los-andzeles-kje-chini-6-9-milijardi-dolari/feed/ 0