лошење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Aug 2020 11:27:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лошење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не мора да пиете таблети: Постои и природен лек да го спречите гадењето додека патувате https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-mora-da-piete-tableti-postoi-i-priroden-lek-da-go-sprechite-gadenjeto-dodeka-patuvate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-mora-da-piete-tableti-postoi-i-priroden-lek-da-go-sprechite-gadenjeto-dodeka-patuvate/#respond Fri, 14 Aug 2020 11:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=390721

Најранливи се децата до 12 години и жените, додека мажите поретко го имаат овој проблем. Одење на подолго патување за оние склони кон гадење во текот на возењето може да биде стресно и непријатно искуство. Иако не можеме да отпатуваме на море, сепак и патот до нашите езера трае неколку часа. Нервоза, вртоглавица, повраќање, мачнина во желудникот може да го уништат секое патување, но благодарение на природните и други препарати овие несакани ефекти можат да се спречат. Многу родители не сакаат најмладите да бидат изложени на непотребни лекови уште од рана возраст, па затоа се свртуваат кон алтернативни методи, а кога станува збор за гадењето најдобро е да се посегне за ѓумбир. Исечете малку свеж корен од ѓумбир и изедете еден грам, околу половина кафена лажичка, три часа пред патување. Исто така може да ви помогне ако капнете две капки етерично масло или еукалиптус на марамче и повремено вдишувајте за време на возењето. Држете ги очите затворени и ставете очила за сонце, задолжително избегнувајте читање и седете во правец на движење на возилото. Ќе ви помогне и да гледате во една точка, поточно, да бидете фокусирани и да не правите ненадејни движења со главата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-mora-da-piete-tableti-postoi-i-priroden-lek-da-go-sprechite-gadenjeto-dodeka-patuvate/feed/ 0
Прекинато рочиштето за нападот врз Села, му се слоши на еден од обвинетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinato-rochishteto-za-napadot-vrz-sela-mu-se-sloshi-na-eden-od-obvinetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinato-rochishteto-za-napadot-vrz-sela-mu-se-sloshi-na-eden-od-obvinetite/#respond Wed, 18 Apr 2018 11:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=42456

Денешното судско рочиште за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Македонија на 27 април, е прекинато откако му се слоши на Никола Војневски, еден од десетината обвинети во овој предмет. На Војневски му се слоши и изгуби свест за време на сведочењето на новинарот Горан Трпеновски, по што беше повикана итна медицинска помош. Трпеноски, како втор сведок на обвинителството, рече дека критичниот ден известувал од пленарната седница во Собранието, по што се упатил во прес-центарот каде требало да се оддржи прес-конференција по изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот. Трпенски рече дека се сеќава оти Села бил удрен со метален предмет (шипка) по што се наведнал и потоа Села веќе не му бил во фокусот. - Одев низ салата да сликам и известувам. Пратениците беа крвави, а врз нив се фрлаа фотелји, шпипки и сталаци, рече Трпеноски, и посочи дека од присутните обвинети во судницата го препознал само Александар Јаневски-Тошта, кој, како што рече, стоел во живиот ѕид пред пратениците и бранел. Трпенски кажа и дека не видел и не слушнал како Села е извлечен од групата пратеници од прес центарот. Претходно, исказ даде Александар Стојкоски, поранешен пратеник, а сега доктор на Клиниката за радиологија во Скопје, кој е сведок на Обвинителството. Тој кажа дека на критичниот ден бил во клубот на пратеници во Собранието. Кога излегол од клубот на пратеници го видел Зијадин Села како лежи на земја пред скалите, а околу него имало група луѓе кои се движеле како стампедо. Во првиот момент сведокот рече дека бил шокиран и се повлекол, но кога го видел Ацо Јаневски - Тошта како ги раздвојува луѓето околу Села, а тоа го охрабрило и тој да пристапи и да помогне во раздвојувањето. Села бил во бесознание без движења. Стојкоски рече дека се сеќава оти го тргнал и се обидел да го смири обвинетиот Кире Ѓорѓиевски. Рече дека не може да каже дека Кире го напаѓал Села, затоа што не видел директен напад. Сведокот кажа и дека дека не видел никој од обвинетите дека врши директен напад врз Села. Стојкоски додаде дека помогнал Села да биде внесен во клубот на пратениците каде во моментот било најбезбедно. Таму му пружил прва помош, а потоа со обвинетиот Ацо Јаневски Тошта и други лица вработени во Собранието го однеле прво до бифето, а потоа и надвор од собраниската заграда. За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinato-rochishteto-za-napadot-vrz-sela-mu-se-sloshi-na-eden-od-obvinetite/feed/ 0