лото – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 08:14:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лото – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Татко и син 10 години мамеле на лото, заработиле над 20 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tatko-i-sin-10-godini-mamele-na-loto-zarabotile-nad-20-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tatko-i-sin-10-godini-mamele-na-loto-zarabotile-nad-20-milioni-dolari/#respond Thu, 25 May 2023 08:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=838461

Американскиот Сојузен суд неделава осуди татко и син од сојузната држава Масачусетс за незаконско стекнување на повеќе од 20 милиони долари од добивки на лотарија и лажни даночни пријави за да избегнат плаќање од над шест милиони долари во даноци. Али Џафар (63) е осуден на пет години затвор, а неговиот 29-годишен син Јусеф Џафар е осуден на 50 месеци затвор. А, вториот син, Мохамед Џафар ќе биде осуден во јули. Валери С. Картер, адвокатка на Али и Јусеф Џафар, изјави дека нејзините клиенти имаат намера да поднесат жалба до Апелациониот суд. „Најдоцна од 2011 година до најрано во јуни 2020 година, обвинетите заговарале со други познати и непознати лица, заради „перење“ на приходите од добивките на туѓа добивка од државната лотарија во Масачусетс. Овие мажи купувале добитни лото ливчиња од луѓе ширум земјата кои сакале да го продадат својот билет за готовина и попуст наместо да ја побараат наградата“, се вели во обвинението на американското Обвинителство. Ова значи дека вистинските добитници избегнувале идентификација од Државната комисија за лотарија. Откако ќе ги купат добитните ливчиња, обвинетите ги бараат парите од наградата како нивна добивка. Така, со манипулации потоа, семејството Џафар незаконски заработиле од над 14.000 „поситни“ добивки, во вкупна вредност од над 20 милиони долари, во „разработена шема“ наречена „десет насто“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/tatko-i-sin-10-godini-mamele-na-loto-zarabotile-nad-20-milioni-dolari/feed/ 0
После долго време падна 7-ца на Лото! Среќниот добитник од Кичево освои вртоглава сума на пари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/posle-dolgo-vreme-padna-7-ca-na-loto-srekjniot-dobitnik-od-kichevo-osvoi-vrtoglava-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/posle-dolgo-vreme-padna-7-ca-na-loto-srekjniot-dobitnik-od-kichevo-osvoi-vrtoglava-suma-na-pari/#respond Wed, 30 Nov 2022 21:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=769111

Вечерва се падна голема Лото добивка од 32.921.304 денари или над 500.000 евра на извлекувањето на среќните броеви. Добитната комбинација е 2, 10, 11, 12, 24, 36, 37, а лото ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/posle-dolgo-vreme-padna-7-ca-na-loto-srekjniot-dobitnik-od-kichevo-osvoi-vrtoglava-suma-na-pari/feed/ 0
Освоил речиси 10 милиони евра на лото и не сака да остане анонимен: „Сите треба да знаат колку сум богат“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/osvoil-rechisi-10-milioni-evra-na-loto-i-ne-saka-da-ostane-anonimen-site-treba-da-znaat-kolku-sum-bogat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/osvoil-rechisi-10-milioni-evra-na-loto-i-ne-saka-da-ostane-anonimen-site-treba-da-znaat-kolku-sum-bogat/#respond Mon, 07 Nov 2022 14:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=756963

Во извлекувањето на лотаријата на 24-ти септември, 41-годишниот Курсат Ј. од Дортмунд освоил џекпот во износ од речиси 10 милиони евра. Добитното лото ливче го уплатил во квартот Нордштад на 22-ри септември. Чико, како што го нарекуваат пријателите, изјавил за медиумите дека заборавил на ливчето и го побарал откако во весниците прочитал дека е извлечен џекпот во износ од 9.927.511 евра. Добитните броеви ги споредил неговиот најдобар пријател, а потоа му се јавил и му кажал: „Вдиши длабоко. Ти не си милионер, ти си мултимилионер“. „Веднаш отидов кај родителите и им кажав за неверојатната добивка. Едвај дишев, врескав од среќа додека трчав по улиците. Сите мислеа дека сум луд. Дома плачев. Ѝ кажав на мајка ми: ‘Мамо, ние сме богати’“. Курсат изјавил дека на 12 години ја напуштил Турција со родителите и дошол во Германија. Кога пораснал, го изучувал занаетот во „ThyssenKrupp AG“, германски конгломерат познат по производството на автомобилски делови. „Во еден момент се оттргнав од вистинскиот пат, западнав во долгови и со години играв лотарија. Добивав, но и губев илјадници евра. Бев црна овца во семејството“, изјавил Курсат. Кога ги добил парите од лотаријата, си дал отказ на работа и купил „Ferrari“, „Porsche“, скапоцен часовник и станал сопственик на своето омилено кафуле. Лотаријата редовно ги предупредува добитниците да не зборуваат за своите добивки, но Курсат не се грижи за тоа. „Сите треба да знаат колку сум богат“, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/osvoil-rechisi-10-milioni-evra-na-loto-i-ne-saka-da-ostane-anonimen-site-treba-da-znaat-kolku-sum-bogat/feed/ 0
Американец освои 1,28 милијарда долари на лото, но веднаш може да добие само третина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-osvoi-1-28-milijarda-dolari-na-loto-no-vednash-moze-da-dobie-samo-tretina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-osvoi-1-28-milijarda-dolari-na-loto-no-vednash-moze-da-dobie-samo-tretina/#respond Thu, 04 Aug 2022 08:50:47 +0000 https://kurir.mk/?p=713904

Американец од сојузната држава Илиноис, освои 1,28 милијарда долари на лотаријата „Мега милиони“, погодувајќи шест бројки, но одеднаш може да добие само третина од сумата, објави „Блумберг“. Победникот, кој претпочита да остане анонимен, може да ја добие целата сума на наградата само доколку се согласи на годишна рата – за 29 години. Според правилата на лотаријата, само дел од добивките се издаваат во готово и веднаш, во овој случај – 780,5 милиони долари. Оваа сума исто така подлежи на данок, така што конечната исплата на победникот е само 433,7 милиони долари. Според наводите, ова е втора по големина премија од основањето на лотаријата во 1996 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-osvoi-1-28-milijarda-dolari-na-loto-no-vednash-moze-da-dobie-samo-tretina/feed/ 0
Американец на лото доби над 1,3 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/#respond Sun, 31 Jul 2022 14:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=712241

Шесте магични бројки на лотото „Мега милиионс“ овојпат, за разлика од претходните извлекувања, беа погодени, со една од најголемите награди во историјата на САД во висина од 1,3 милијарди долари. Синоќа се дозна дека добитното ливче е извлечено во сојузната држава Илионис, идентитетот на среќникот не е утврден. Добитникот може да ќари неколку стотици милиони долари во готовина за погодените шест бројки – 13, 36, 45, 57, 67 и 14 што беа извлечени во петокот доцна навечер. Сумата од 1,3 милијарди долари е вкупната сума доколку победникот избере да ја добива на рати еднаш годишно во текот на 30 години. Според пресметките на „Мега Милиоинс“ ако добитникот одлучи да ја земе сумата во готовина, тогаш паушалот би изнесувал 780 милиони долари, при што голем дел од средствата ќе бидат исплатени за даноци. Ова е трета по големина награда во историјата на лотото во САД. Првата беше извлечена во 2016 година во друга национална лотарија – „Пауер бал“, кога 1,8 милијарди долари беа поделени меѓу тројца добитници. Втората по големина, повторно кај „Мега милионс“, беше извлечена во 2018 година, со само еден победник кој тогаш ќари 1.5 милијарди долари. Во последното извлекување имаше и неколку погодоци на пет бројки, сопствениците на тие ливчиња добиваат по еден или два милиони долари за секој, зависно од тоа каква игра избрале. Интересно е тоа што околу половина милион долари добива и продавницата каде се продало главното ливче, овојпат тоа бензинска станица во Дес Плејн, Илионис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanec-na-loto-dobi-nad-1-3-milijardi-dolari/feed/ 0
Добила 33 милиони евра и сосема случајно дознала после неколку недели https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobila-33-milioni-evra-i-sosema-sluchajno-doznala-posle-nekolku-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobila-33-milioni-evra-i-sosema-sluchajno-doznala-posle-nekolku-nedeli/#respond Thu, 29 Jul 2021 07:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=543337

Жена го погодила џекпотот на „Баварската лотарија“, во Германија, но дознала за добивката дури неколку недели подоцна. И тоа – сосем случајно. Добивката вреди 33 милиони евра. Единствената добитничка, чие име не се споменува, купила лоз за 1,20 евра со претходно пополнети броеви. Но, го заборавила добитното ливче во својата чанта, како што пренесува „Скајњуз“. Бројките биле извлечени на 9 јуни, според „Лото Баерн“. Среќната жена потоа споделила дека билетот го пронашла сосема случајно и кога дознала дека ги погодила седумте броеви, почувствувала вртоглавица. – Парите се повеќе од доволно за мене, мојот сопруг и ќерка ми да се чувствуваат добро и да не се грижат за ништо повеќе, рече таа. Сега среќничката ветува дека никогаш повеќе нема да купи лото-ливче, ќе води мирен живот и ќе се обиде да направи повеќе за природата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobila-33-milioni-evra-i-sosema-sluchajno-doznala-posle-nekolku-nedeli/feed/ 0
Добил 24 милиони евра на лото, го испуштил рокот за подигнување и останал со празни раце! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobil-24-milioni-evra-na-loto-go-ispushtil-rokot-za-podignuvanje-i-ostanal-so-prazni-race/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobil-24-milioni-evra-na-loto-go-ispushtil-rokot-za-podignuvanje-i-ostanal-so-prazni-race/#respond Fri, 02 Apr 2021 08:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=491167

Купувачот на добитното лото-ливче од новогодишната томбола во Бразил, не пошол во државната банка „Каикса“ навреме, за да ги подигне своите 160 милиони бразилски реали (скоро 24 милиони евра). Времето во коешто победникот можел да си ја земе наградата истекло вчера, на 1 април, појаснува ТВ-каналот „Глобо“. Според телевизијата, ова е најголемата награда досега, која не ја побарал оној кој успеал да ги погоди сите шест броја на добитна комбинација на државната лотарија. Според правилата на извлекувањето, на победникот му се даваат 90 дена за да се пријави за наградата. Во спротивен случај, парите се пренасочени кон Фондот за финансирање на високото образование. Џекпотот на новогодишната лотарија за 2020 година е најголем во историјата на тоа извлекување – 325,2 милиони реали. Во исто време, ова не е првпат победник „да ја заборави“ својата добивка. Само 2020 година, скоро 312 милиони реала (околу 465 милиони евра) останаа во наградниот фонд. Последниве пет години, добитниците на државната лотарија ѝ обезбедија заработка од 1,62 милијарди реали (околу 240 милиони евра) на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dobil-24-milioni-evra-na-loto-go-ispushtil-rokot-za-podignuvanje-i-ostanal-so-prazni-race/feed/ 0
Американец по шести пат добива на лото, овој пат освоил 250 илјади долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/#respond Mon, 01 Feb 2021 07:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=462457

Брајан Мос од Меридијан, Ајдахо, САД, освои 250.000 американски долари во четвртокот, како што објави лотаријата во таа сојузна држава. Но, ова за него е шестата ваква добивка, и е најголема досега. Мос, кој е сопственик на продавницата „Њуко спорт и исхрана“, нагласи дека редовно игра лото затоа што знае дека тоа е во полза на училиштата во Ајдахо. Имено, дел од уплатата на Лотаријата во Ајдахо, од нејзиното основање оди во Постојаниот фонд за градежништво. Во историјата на оваа лотарија, досега издвоени се 961,5 милиони долари за колеџите и универзитетите во сојузната држава, објави Си-Ен-Ен. – Горд сум што помагам и ги поддржувам јавните училишта во Ајдахо, па искрено, затоа и играм лото, изјави Мос при подигнувањето на чекот. Тој исто така рече дека дел од парите ќе бидат искористени за школување на неговата ќерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanec-po-shesti-pat-dobiva-na-loto-ovoj-pat-osvoil-250-iljadi-dolari/feed/ 0
Оваа добитна лото-комбинација предизвика обвинувања за измама https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovaa-dobitna-loto-kombinacija-predizvika-obvinuvanja-za-izmama/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovaa-dobitna-loto-kombinacija-predizvika-obvinuvanja-za-izmama/#respond Thu, 03 Dec 2020 08:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=437939

Добитната комбинација од последното коло на Играта на лотарија во Јужна Африка, при што беа извлечени броевите 5, 6, 7, 8 и 9, предизвика обвинувања дека станува збор за измама. На националната лотарија Пауербол беше извлечен и џокер-бројот којшто гласи – 10. Според организаторите, комбинацијата ја погодиле 20 лица, од кои секој освоил 5.670.000 јужноафрикански ранди (околу 305.000 евра). Иако организаторите наведуваат дека не е невообичаено извлекувањето ваква комбинација броеви, покрената е истрага за извлекувањето поради сомневања за неправилности. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovaa-dobitna-loto-kombinacija-predizvika-obvinuvanja-za-izmama/feed/ 0
Уплатете лото, ова е ваша година: Хороскопски знаци кои до крајот на 2020-та ќе имаат најголема среќа https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/uplatete-loto-ova-e-vasha-godina-horoskopski-znaci-koi-do-krajot-na-2020-ta-kje-imaat-najgolema-srekja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/uplatete-loto-ova-e-vasha-godina-horoskopski-znaci-koi-do-krajot-na-2020-ta-kje-imaat-najgolema-srekja/#respond Tue, 03 Nov 2020 11:43:51 +0000 https://kurir.mk/?p=424257

2020-та година веројатно само на малкумина ќе им биде најсреќна во животот. Овие три знаци ќе имаат најмногу среќа во следните два месеци и дефинитивно не би им штетело да уплатат лотарија, бидејќи, како што велат ѕвездите, ќе им се насмевне голема среќа. Лав Лавот е еден од најдоминантните знаци во зодијакот, а изгледа дека до крајот на годината ќе доминира и над среќата. Изгледа дека Лавовите нема да доживеат премногу непријатности, а ќе им се насмевнат убави доживувања и пари. Стрелец На Стрелците исто така оваа година ќе им заврши убаво, што се однесува до сè што има врска со среќата. Ќе им оди и со работата и со парите, а љубовниот живот ќе им процвета во оваа грда година. Девица И Девиците ги очекува возбудлив крај на годината. Освен што може да им се насмевне голема љубов, ѕвездите на Девиците до крајот на годината им предвидуваат неочекувано богатство. Не би било лошо да играте лото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/uplatete-loto-ova-e-vasha-godina-horoskopski-znaci-koi-do-krajot-na-2020-ta-kje-imaat-najgolema-srekja/feed/ 0