лов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 08:35:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од први февруари забранет лов на дива свиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prvi-fevruari-zabranet-lov-na-diva-svina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prvi-fevruari-zabranet-lov-na-diva-svina/#respond Thu, 02 Feb 2023 08:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=794987

Покрај основните дејности, Јавното претпријатие врши и други дејности, кои се во врска со основните, а кои придонесуваат за подобро искористување на капацитетите, а тоа се лов и ловен туризам, одгледување на дивеч, собирање и доработка на други шумски производи. Според Законот за ловство, 31-ви јануари беше последниот ден за лов на дива свиња, информира Ловечката Федерација. Ловот на дива свиња е завршен, бидејќи влегуваат во период кога на дивечот му треба мир, за неговата природна репродукција. -Во меѓувреме, ќе се организираат хајки за штетен дивеч, за да се заштити популацијата на младенчињата на полезниот дивеч. Потоа, следува редовното пролетно пребројување и повторно подготовки за новата ловна година, во двете ловишта за крупен дивеч со кои располага Јавното претпријатие „Национални шуми“, на вкупна површина од 23.330ха.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-prvi-fevruari-zabranet-lov-na-diva-svina/feed/ 0
Крвава драма во Љуботен: Две лица си го пронашле пријателот во соба со рана во стомакот откако претходно биле заедно на лов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krvava-drama-vo-ljuboten-dve-lica-si-go-pronashle-prijatelot-vo-soba-so-rana-vo-stomakot-otkako-prethodno-bile-zaedno-na-lov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krvava-drama-vo-ljuboten-dve-lica-si-go-pronashle-prijatelot-vo-soba-so-rana-vo-stomakot-otkako-prethodno-bile-zaedno-na-lov/#respond Sun, 27 Nov 2022 16:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=767236

Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.11.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Од полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и било утврдено дека станува збор за М.Љ.(31) од село Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, Р.А. и М.А., биле заедно на лов во с.Љуботен. Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, Р.А. и М.А. слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во пределот на стомакот. Се работи на расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krvava-drama-vo-ljuboten-dve-lica-si-go-pronashle-prijatelot-vo-soba-so-rana-vo-stomakot-otkako-prethodno-bile-zaedno-na-lov/feed/ 0
Ловџија по грешка застрелал и убил човек во Горна Матка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-po-greshka-zastrelal-i-ubil-chovek-vo-gorna-matka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-po-greshka-zastrelal-i-ubil-chovek-vo-gorna-matka/#respond Fri, 17 Dec 2021 17:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=609954

Шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с. Горна Матка. Тој го пријавил делото во Полициската станица Сарај со објаснување дека мислел оти е дива свиња. Полицијата го уапсила Р. К. Во 21.40 часот на полициски службеници им ги покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итната медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С. Ј. (46) од с. Матка, Скопско. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-po-greshka-zastrelal-i-ubil-chovek-vo-gorna-matka/feed/ 0
Ловџија од Липково повреден со пушка при лов од друг ловџија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-od-lipkovo-povreden-so-pushka-pri-lov-od-drug-lovdzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-od-lipkovo-povreden-so-pushka-pri-lov-od-drug-lovdzija/#respond Mon, 29 Nov 2021 11:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=601428

Четириесет и петгодишен ловџија од Липково бил повреден при лов, соопшти денеска СВР Куманово. Тој вчера ловел со друг ловџија од Матејче кој го повредил со пушка. – Вчера во 14:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В. (37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45) од Липково, информираше полицијата. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-od-lipkovo-povreden-so-pushka-pri-lov-od-drug-lovdzija/feed/ 0
Италијанец починал додека бил на лов кај Попова Шапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/italijanec-pochinal-dodeka-bil-na-lov-kaj-popova-shapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/italijanec-pochinal-dodeka-bil-na-lov-kaj-popova-shapka/#respond Tue, 12 Oct 2021 10:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=577610

Вчера ( 11 октомври) околу 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Ловиште Јеловјане-3“, во атар на Попова Шапка, починал Р.Б.(64) од Италија, кој бил на лов преку ловечко друштво од с.Боговиње, Tетовско, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на семејството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/italijanec-pochinal-dodeka-bil-na-lov-kaj-popova-shapka/feed/ 0
Две лица си заработија кривична за незаконит лов: Без дозвола, со ловечка пушка на друго лице ловеле дивеч https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-si-zarabotija-krivichna-za-nezakonit-lov-bez-dozvola-so-lovechka-pushka-na-drugo-lice-lovele-divech/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-si-zarabotija-krivichna-za-nezakonit-lov-bez-dozvola-so-lovechka-pushka-na-drugo-lice-lovele-divech/#respond Tue, 16 Mar 2021 15:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=483302

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Д.П.(51) и Г.Д.(42) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 05.02.2021 во атар на с.Крушица, светиниколско, пријавените без издадена дозвола од ловно друштво со ловечка пушка, сопственост на трето лице, ловеле дивеч. При извршена контрола, полициски службеници од ОВР Свети Николе во патничко возило „фолксваген шаран“, сопственост на Г.Д., била пронајдена ловечката пушка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-si-zarabotija-krivichna-za-nezakonit-lov-bez-dozvola-so-lovechka-pushka-na-drugo-lice-lovele-divech/feed/ 0
Успешен лов на ловното друштво Острец, Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uspeshen-lov-na-lovnoto-drushtvo-ostrec-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uspeshen-lov-na-lovnoto-drushtvo-ostrec-delchevo/#respond Sun, 06 Dec 2020 14:30:12 +0000 https://kurir.mk/?p=439636

Ловното друштво Острец од Делчево оствари успешен лов на диви свињи. Ловот се одвивал на планината Голак, во месноста Стара река при што отстрелани биле седум диви свињи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uspeshen-lov-na-lovnoto-drushtvo-ostrec-delchevo/feed/ 0
Принцот Хари се откажал од лов поради Меган https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-hari-se-otkazal-od-lov-poradi-megan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-hari-se-otkazal-od-lov-poradi-megan/#respond Tue, 14 Apr 2020 07:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=331766

Познатиот зоолог Џејн Гудал, пријателка на принцот Хари и Меган Маркл, во една прилика неодамна изјави дека тој се откажал од лов, оти на сопругата не ѝ се допаѓа тој „спорт“, пренесува „Гардијан“. И двајцата синови на британскиот престолонаследник – принцот Чарлс, до пред неколку години беа познати со својата љубов кон ловот. Во медиумите во 2014 година, се појави стара слика на Хари, како гордо стои над бивол што тој го убил во Африка. Во тој миг, сите знаеја оти браќата Вилијам и Хари се на лов на елени и диви свињи во Шпанија. Оттогаш принцовите си го променија имиџот и сега за многумина важат за заштитници на дивата природа и животните во неа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princot-hari-se-otkazal-od-lov-poradi-megan/feed/ 0
Мицевски: Лов во матно или незавршени ветувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-lov-vo-matno-ili-nezavrsheni-vetuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-lov-vo-matno-ili-nezavrsheni-vetuvanja/#respond Sun, 05 Apr 2020 16:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=327717

Власта врши класична злоупотреба на вонредната состојба за задоволување на личните и теснопартсиките интереси. Во услови на криза кога во буџетот на државата нема средства за редовни исплати и нормално функционирање на системот, Владата носи Уредба со која ќе обезбеди дополнителни средства и ќе ги вдоми своите партиски војници од СЈО во некое од редовните обвинителства, надвор од сите законски процедури. Со оваа Уредба се заобиколува Законот за јавно обвинителство и државниот обвинител добива ингеренции кои што не му следуваат, а се поврзани со вработените во СЈО. Содржината на уредбите со законска сила мора да соодветствуваат и да бидат во насока на надминување на вонредната состојба, а како злоупотреба на моќ ќе се смета секое отстапување од пропишаните уставни норми. Владата во никој случај не смее да ја пречекори својата надлежност и користејќи ги специфичните овластувања да се впушти во редефинирање на правниот поредок во државата од едноставна причина, за лични партиски интереси да доведува до правна несигурност. Уредбите за време на вонредна состојба покрај тоа што мора да се во рамките на законите кои се во сила, може да уредуваат само прашања непосредно поврзани со надминувањето на вонредната состојба и за нивното непочитување се предвидуваат и казнени дела и санкции за нив. Лани во декември, во Собранието се обидоа со измени на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка да ги обезбедат нивните партиски војници во СЈО и да ги вдомат во обвинителствата низ државата, но не успеаа таквиот закон да го донесат и истиот застана во комисиска процедура. Тогашната Влада се правдаше дека законот е предлог на пратениците и дека нема никаква врска со тој закон, но сега е јасно дека владата сакала да го протурка овој против уставен закон преку пратениците. Ги повикувам претседателот на државава Стево Пендаровски и Уставниот суд на Република Македонија да преземат мерки што е можно побрзо, со цел да се спречи злоупотребата на вонредната состојба, прогласена од страна на Претседателот на државата, а ваквите Уредби кои што немаат никаква врска со вонредната состојба во државава веднаш да бидат поништени од страна на Уставниот суд. Од една страна сакаа да им скратат плати на административците, со образложение дека требало да бидат солидарни бидејќи нема пари во Буџетот, а од друга страна наоѓаат пари за нивните партиски војници во СЈО, кои земаа илјадници евра од буџетот спротивно на закон и за кои сеуште нема истрага од страна на институциите. Ниту пак беше дозволено формирање анкетна комисија, предложена од ПГ на ВМРО-ДПМНЕ, како би се разгледало работењето на оваа институција од оние кој што согласно Закон и Устав се повикани да го прават тоа. Дополнителни, во изминатите неколку години во ЈОРМ, со договори на дело на една година, беа ангажирани околу 80-100 лица( како дактилографи и друг персонал), нивните договори секоја година беа продолжувани. Оваа година нивните договори не беа продолжени со образложение дека “Огласот е поништен” поради почеток на предизборните постапки и тие луѓе не се ангажирани во ЈОРМ. Се поставува прашањето, дали некој намерно не им го реализирал конкурсот, со надеж дека ке остнат непополнети овие места, како би се вдомиле партиските кадри од испоставата на Сдсм-СЈО. Ова е таа дволичност и лицемерие на оваа ненародна власт. Во време на пандемија да се занимаваат со тривијални работи за граѓаните, но примарни во нивната профитерска агенда. Ако не Судот, за ова ќе ви пресудат граѓаните на избори. Никола Мицевски Координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-lov-vo-matno-ili-nezavrsheni-vetuvanja/feed/ 0
Ловџија повреден од експлозивна направа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-povreden-od-eksplozivna-naprava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-povreden-od-eksplozivna-naprava/#respond Mon, 02 Dec 2019 09:45:33 +0000 https://kurir.mk/?p=272042

С.Б.(65) од с.Обршани вчера бил донесен во повреди во Градската општа болница Прилеп. Од болницата случајот го пријавиле во полиција. -Според пријавеното од страна на Ж.П. од с.Обршани и Д.Ш. од Прилеп, околу 12.00 часот, додека биле на лов покрај брегот на Црна Река, С.Б. бил повреден од експлозивна направа, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovdzija-povreden-od-eksplozivna-naprava/feed/ 0