ловци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 07:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ловци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американски ловци пресретнале 6 руски бомбардери близу Алјаска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/#respond Mon, 15 May 2023 07:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=834225

Група американски борбени авиони пресретнале шест руски бомбардери во близина на Алјаска, каде што во тек се американски воени вежби за обука, соопшти во неделата Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД). НОРАД соопшти дека во четвртокот откриле, следеле, позитивно идентификувале и пресретнале шест руски авиони кои оперирале во и во близина на зоната за идентификација на воздушната одбрана (АДИЗ) на Алјаска. Меѓу руските авиони имало бомбардери Ту-95, танкери ИЛ-78 и борбени авиони Су-35, пренесуваат медиумите. Заедничката американско-канадска одбранбена команда додаде дека руските летови се случиле во време кога на Алјаска се одвиваат неколку планирани големи воени вежби на САД. Тимот за пресретнување на НОРАД вклучувал ловци F-16, F-22, KC-135 „стратотанкер“ и E-3 „авакс“ авиони. Од НОРАД соопштија дека руските авиони останал во меѓународниот воздушен простор и не навлегле во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор. Во нивното соопштение се додава дека руската активност во северноамериканската АДИЗ се случува редовно и на неа не се гледа како на закана. Според проценките на НОРАД секоја година во АДИЗ се случуваат просечно по шест до седум упади на руски авиони. Инцидентот се случува во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Москва остануваат високи откако американското воено надгледувачко беспилотно летало (MQ-9 Reaper) падна во Црното Море на 14 март по средба со руските борбени авиони Су-27 во меѓународниот воздушен простор во близина на територијата за која Русија тврди дека ја анектирала од Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/feed/ 0
Два ловци „Тајфун“ пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-lovtsi-tajfun-presretnale-ruski-avion-vo-blizina-na-vozdushniot-prostor-na-estonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-lovtsi-tajfun-presretnale-ruski-avion-vo-blizina-na-vozdushniot-prostor-na-estonija/#respond Wed, 15 Mar 2023 10:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=812156

Два ловци „Тајфун“ на Велика Британија и Германија пресретнале руски авион во близина на воздушниот простор на Естонија. Борбените авиони беа подигнати за да го пресретнат „летечкиот танкер“ Ил-78 Мидас, кој леташе меѓу Санкт Петербург и Калининград. Споменатиот авион не воспоставил контакт со контролата на летање во Естонија, пишува Би-Би-Си Њуз. Британските и германските воздушни сили во моментов вршат планирани заеднички патроли во регионот во рамките на НАТО. Самото пресретнување на рускиот авион било рутинско, но претставува прва заедничка операција од ваков тип за споменатите земји. Откако го „испратиле“ Мидас, двата авиони биле пренасочени за да го пресретнат авионот Ан-148, кој исто така минувал блиску до воздушниот простор на Естонија. Инаку, инцидентот се случи во време на зголемени тензии меѓу НАТО и Русија поради руската инвазија на Украина, но нема докази дека инцидентот е поврзан со судирот на руски борбен авион и американски беспилотно летало над Црното Море што се случи истиот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-lovtsi-tajfun-presretnale-ruski-avion-vo-blizina-na-vozdushniot-prostor-na-estonija/feed/ 0
Ловците гневни, Владата го продолжи ловот на диви свињи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lovcite-gnevni-vladata-go-prodolzi-lovot-na-divi-svinji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lovcite-gnevni-vladata-go-prodolzi-lovot-na-divi-svinji/#respond Fri, 04 Feb 2022 20:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=627252

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска на социјалните мрежи информираше дека ловот само за диви свињи е продолжен до 31 март, иако ловната сезона заврши на 31 јануари.

„Оваа одлука е согласно мерките преземени од страна на Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство, а со цел спречување и ширење на африканска чума кај свињите која е присутна во две одгледувалишта во нашата држава“, стои во објавата на Николовски.

Оваа одлука наиде на низа негативни реакции од ловците низ Македонија и според нив, овој потег го нарекоа катастрофален.

„Над 90 отсто од свињите носат малечки. Што ќе ловиме наредната сезона? Подобро е да се пушти лов таму каде што африканската чума е застапена, а не на цела територија. Покрај дивата свиња, ќе страда и друг дивеч“, реагираат тие.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги задолжи концесионерите на ловиштата да се засили отстрелот на овој дивеч.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lovcite-gnevni-vladata-go-prodolzi-lovot-na-divi-svinji/feed/ 0
Американските бомбардери што летаа над Скопје биле пресретнати од руски сухои над Балтикот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskite-bombarderi-shto-letaa-nad-skopje-bile-presretnati-od-ruski-suhoi-nad-baltikot-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskite-bombarderi-shto-letaa-nad-skopje-bile-presretnati-od-ruski-suhoi-nad-baltikot-video/#respond Fri, 29 May 2020 20:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=351542

Двата американски бомбардери што денеска прелетаа над Скопје во знак на поддршка и добредојде за земјава во НАТО биле пресретнати од руски ловци над Балтичко Море, објави на Твитер руската амбасада во земјава. „Двата американски Б-1 лансери од Воздухопловната база Елсворт, во Јужна Дакота, кои беа упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денес беа пресретнати од два руски ловци сухои“, објави руската амбасада пренесувајќи го во прилог твитот на американската амбасада во Скопје во кој се вели дека прелетот е израз на трајната поддршка за Македонија. Двата авиона на американското воено воздухопловство придружувани од четири авиони на грчката воена авијација денеска извршија прелет над територијата на Македонија во чест на нашето членство во НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskite-bombarderi-shto-letaa-nad-skopje-bile-presretnati-od-ruski-suhoi-nad-baltikot-video/feed/ 0
ФОТО: Италијански ловци со недозволени средства за лов ловеле прелетен дивеч во Миравци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-italijanski-lovci-so-nedozvoleni-sredstva-za-lov-lovele-preleten-divech-vo-miravci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-italijanski-lovci-so-nedozvoleni-sredstva-za-lov-lovele-preleten-divech-vo-miravci/#respond Tue, 29 Oct 2019 21:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=257630

Утрово група совесни ловци од село Миравци, членови на ловното друштво „Орел“ Гевгелија, во близина на нивното село покрај реката Вардар, затекнаа група на италијански ловци како ловат прелетен дивеч, препелици, користејќи недозволени средства за лов. Имено тие користеа електронски вабилки, еден вид магнетофони со снимено пеење на птици, за намамување на птиците. Овие средства се забранети со Законот за ловство како средства за масовно уништување на дивечот, член 54 од Законот за ловство. Да биде случајот потрагичен, италијанските ловци беа придружувани од официјални лица од ловното друштво „Орел“ Гевгелија. Исто така, освен прелетен дивеч дозволен за лов, ловците противзаконски отстрелувале и други мали птици како што е дроздот (гроздобер), мала птица слична на врабец, кој е заштитен со закон и има трајна забрана за негов острел. Отстреланите мали дроздови беа отстрелани и фрлени! Ловците случајот го пријавија во државниот ловен инспекторат, известен беше инспекторот за ловство во Гевгелија, шумска и гранична полиција како и СВР Гевгелија од каде на терен беше испратена патрола и направен беше записник за случајот. Ловците кои се обратија до нашата редакција упатија и благодарност до СВР Гевгелија за брзата интервенција и доприносот во спречувањето на противзаконското ловење. -За овие незаконски активности ќе следи и соодветна пријава до надлежните институции. Групата ловци која интервенираше за спречување на недозволениот лов направи слики и видеа од местото на настанот. Дел од нив, неволно,поради графичката содржина ви ги презентираме овде, а дел веќе се предадени во полицијата и се доказен материјал. Во оваа прилика е соодветно мотото на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ која се бори за подобра животна средина, стои во нивниот пост испратен до нашата редакција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-italijanski-lovci-so-nedozvoleni-sredstva-za-lov-lovele-preleten-divech-vo-miravci/feed/ 0
Американски ловци пресретнале руски бомбардери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovci-presretnale-ruski-bombarderi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovci-presretnale-ruski-bombarderi/#respond Fri, 07 Sep 2018 09:58:04 +0000 https://kurir.mk/?p=97591

Руски стратешки авиони Тупољев- 95 прелетале над Артичкиот Океан, Беринговото и Охотското Море, а во некои фази ги следеле американски борбени авиони Ф-22, потврди денеска руското Министерство за одбрана. Портпаролот на американската Северна команда и североамериканската воздушна одбрана (НОРАД) претходно соопшти дека американските Ф-22 во саботата пресретнале два руски Ту-95. Руското министерство наведе дека летовите на Ту-95 биле рутински над неутралните води на Артикот, Црното Море, Атлантикот и Пацификот и во согласност со меѓународното право.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovci-presretnale-ruski-bombarderi/feed/ 0