ловец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 16:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ловец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ловец повреден со ловечка пушка, приведен човекот со кого ловеле заедно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovec-povreden-so-lovechka-pushka-priveden-chovekot-so-kogo-lovele-zaedno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovec-povreden-so-lovechka-pushka-priveden-chovekot-so-kogo-lovele-zaedno/#respond Fri, 09 Dec 2022 16:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=773301

На 08.12.2022, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Г.И.(37) од с.Злетово, пробиштипско, затоа што околу 13:30 часот во атар на с.Лесново, пробиштипско, на место викано Голак, додека биле на лов со Ј.К.(56) од с.Злетово, го повредил со ловечка пушка. Пушката била одземена за понатамошна постапка, а повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lovec-povreden-so-lovechka-pushka-priveden-chovekot-so-kogo-lovele-zaedno/feed/ 0
ФОТО: Најмоќниот борбен авион во светот слета во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-najmokjniot-borben-avion-vo-svetot-sleta-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-najmokjniot-borben-avion-vo-svetot-sleta-vo-skopje/#respond Fri, 17 Jun 2022 14:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=692249

Во Македонија, денеска за прв пат можеше да се видат авионите од типот „Ф-35“, кои претставуваат најнапредната технологија што може да постои. Според министерката за одбрана Славјанка Петровска тоа е уште еден доказ за нераскинливата врска која постои меѓу сите земји на НАТО Алијансата. „Слетувањето на авионите ‘Ф-35’ на македонска територија е непобитен доказ дека Република Северна Македонија е дел од нешто што е поголемо од сите нас, и зад нашата безбедност стојат сите сојузници“, рече Петровска. Македоонскиот воздушен простор повеќе од една година е дел за патролирање на авионите од НАТО. „Овој елемент за интеграција на нашиот воздушен простор е најважниот“, додаде Петровска. Нашите аеродроми се способни да примат слетување на авиони од типот на „Ф-35“. Овие напредни воени авиони од типот „Ф-35“ се дел од 134. ескадрила на Националната ескадрила на Вермонт. „Многу сме среќни што сме тука со нашите ‘Ф-35’ во овој момент кога прославувате 30-годишнината од формирањето на Армијата на Македонија и Воздухопловниот винг. Следниот јули ќе прославиме 30 години партнерство меѓу себе, меѓу Северна Македонија и Вермонт, во рамките на програмата за државно партнерство“, рече полковникот Џон Мекреј. Според Мекреј, сами како одделни нации и земји ниту една од нас ги нема ресурсите за да се справи со сите безбедносни предизвици што би можеле да се појават. Но, како што рече, нашите доверливи партнерства ни ја даваат колективната сила и мудрост што ни се потребни за да ги идентификуваме најопасните закани по нашата безбедност, а потоа и да ги здружиме нашите сили и да ги надминеме сите закани заедно. „Северна Македонија обезбедува обука и ресурси за воздухопловните сили на НАТО преку воениот аеродром Петровец и полигонот за обука Криволак, кои ни се потребни за да ја одржиме нашата подготвеност“, додаде Мекреј. Тој напомена дека воздухопловните сили на НАТО имаат шанси да тренираат заедно со нашиот воздухопловен винг и Армијата, за да ја гарантираат нашата сегашна и идна безбедност, на Балканскиот регион и на Европа како целина. Министерката Петровска, во име на одличната соработка, на полковникот му го подари македонското знаме. Најнапредниот борбен авион во светот „Ф-35“ ја зајакнува националната безбедност, ги подобрува глобалните партнерства и го поттикнува економскиот раст. Тоа е најсмртоносниот, најопстојниот и најповрзан борбен авион во светот, кој им дава предност на пилотите против секој противник и им овозможува да ја извршат својата мисија и безбедно да се вратат дома. Семејството „Ф-35“ вклучува три варијанти – сите авиони со едно седиште. Конвенционална варијанта за полетување и слетување „Ф-35A“, варијанта за кратко полетување/вертикално слетување „Ф-35Б“ и варијанта на носач на авион „Ф-35Ц“. Сите три варијанти имаат слични карактеристики на изведба и точно иста напредна авионика. Варијацијата помеѓу моделите им овозможува на воените сили да постигнат способност за мисии специфична за услугата, додека сè уште ги користат предностите на економиите на обем што произлегуваат од деловите и процесите кои се заеднички за сите три варијанти. Авионот е дизајниран и изграден под раководство на Lockheed Martin заедно со Northrop Grumman и BAE Systems како главни партнери во проектот. Прототипот го имаше својот прв лет во 2000 година, додека серискиот модел првпат полета на 15 декември 2006 година. Воздухопловните сили на САД планираат да вклучат 1.763 авиони во својата флота за постепено да ја заменат флотата „Ф-16“. Програмата JSF беше создадена за постепено да ги замени постоечките авиони за различни намени, а истовремено да ги намали трошоците за развој, производство и работа. Ова беше постигнато со изработка на три верзии на авионот кои имаат 80% заеднички делови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-najmokjniot-borben-avion-vo-svetot-sleta-vo-skopje/feed/ 0
Авион на НАТО следел српски цивилен авион на лет од Русија, Вучиќ бара објаснување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avion-na-nato-sledel-srpski-civilen-avion-na-let-od-rusija-vuchikj-bara-objasnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avion-na-nato-sledel-srpski-civilen-avion-na-let-od-rusija-vuchikj-bara-objasnuvanje/#respond Fri, 08 Apr 2022 07:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=660102

Српскиот претседател, Александар Вучиќ синоќа на РТС изјави дека авион на НАТО во рускиот воздушен простор следел цивилен лет на српски авион кој летал од Москва за Белград. Наводниот инцидент се случил завчера, а Вучиќ најави дека ќе побара информации од Русија и НАТО. Тој синоќа на РТС, како што пренесува Телеграф, го прочитал официјалниот извештај од завчерашниот лет. „Тој доцнеше три часа и 20 минути. Недалеку од руската граница со Латвија, бевме предупредени да се обидеме визуелно да го идентификуваме авионот до нашиот. Имаше воен ловец до него. Очигледно имаше авион на НАТО во рускиот воздушен простор. Се движеше од лево кон десно, но без да ја загрози безбедноста на нашиот авион. Потоа брзо исчезна од видното поле“, изјави Вучиќ. Ќе побара објаснување од НАТО Вучиќ рече дека се работи за воен ловец и дека авионот наликува на Phantom 15 или Eurofighter. „Утре ќе побараме дополнителни информации од Русите, но ќе побараме и информации од НАТО и да видиме кој се прави паметен, со кои ловци ја загрозува цивилната авијација и ги загрозува цивилите на лет. Зошто се прават паметни, или тоа е случајност, но би било убаво да ни го каже некој тоа“, изјави тој за Српската радио-телевизија (РТС), пренесува Ал Џезира Балканс. Тој рече дека Србија ги има точните координати на местото каде што се појавил авионот. „Ова ви го кажувам за да го разберете обемот на притисокот со кој се соочуваме бидејќи Србија е единствената земја која има летови со Москва и Санкт Петербург на исто ниво како што имаше. Тие рекоа дека во нашите авиони има украинска крв. Не се сеќавам на запрени летови Киев – Лондон, Киев – Будимпешта и Киев – Виена кога НАТО ја бомбардираше Србија“, рече Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avion-na-nato-sledel-srpski-civilen-avion-na-let-od-rusija-vuchikj-bara-objasnuvanje/feed/ 0
Американски ловец се урна во Северното море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovec-se-urna-vo-severnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovec-se-urna-vo-severnoto-more/#respond Mon, 15 Jun 2020 11:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=358124

Американски ловец Ф-15 се урна во Северното море крај брегот на Велика Британија. Пилотот сè уште не е пронајден, јавуваат британските медиуми. Во тек е операција за спасување на локацијата каде што се урнал авионот. Авионот бил дел од базата во Сафолк. Американските воздухопловни сили соопштија дека авионот се урнал изутрината за време на обука на пилот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovec-se-urna-vo-severnoto-more/feed/ 0
„Убив цело семејство“: Ловџија се пофали со својот плен, па стана мета на жестоки осуди https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ubiv-celo-semejstvo-lovdzija-se-pofali-so-svojot-plen-pa-stana-meta-na-zestoki-osudi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ubiv-celo-semejstvo-lovdzija-se-pofali-so-svojot-plen-pa-stana-meta-na-zestoki-osudi/#respond Mon, 15 Oct 2018 19:54:36 +0000 https://kurir.mk/?p=115345

Членот на Комисијата за рибарство и дивеч во американската држава Ајдахо, Блејк Фишер, предизвика ужас на социјалните мрежи и во јавноста со објавените фотографии од ловот во Африка. Фишер се фали на социјалните мрежи со богатиот улов, како на пример со десетина мајмуни, павијани, со кои позира. Тој и неговата сопруга се фалат дека убиле најмалку 14 животни во Намибија. Тие биле толку горди што убивале животни, па фотографиите ги пратиле на над 100 меилови. Меѓу убиените се жирафа, леопард и антилопи. Фишер на жестоките критики одговори дека не направил ништо неморално или неетички. Сепак, реакциите на јавноста во САД отидоа дотаму што членовите на неговата комисија побараа оставка од Фишер. Најстрашна од сите фотографии, која предизвика згрозеност и меѓу ловџиите е онаа со убиените павијани, каде малото мајмунче е погодено со лак и стрела, а Фишер се смее меѓу мртвите тела на животните. -Убив цело семејство, се пофали Фишер на фотографијата објавена на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ubiv-celo-semejstvo-lovdzija-se-pofali-so-svojot-plen-pa-stana-meta-na-zestoki-osudi/feed/ 0
Трагедија во Алпите: Застрелан млад велосипедист, мислеле дека е дивеч https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-alpite-zastrelan-mlad-velosipedist-mislele-deka-e-divech/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-alpite-zastrelan-mlad-velosipedist-mislele-deka-e-divech/#respond Mon, 15 Oct 2018 17:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=115295

Вистинска трагедија се случи на  француските Алпи, кога беше застрелан 34-годишниот велосипедист, Марк Сатон. Сопственикот на ресторан во Британија, Сатон во саботата вечерта возел велосипед низ Алпите, кога бил застрелан од ловџии. 22- годишниот ловец, кога сфатил што направил, се онесвестил и му била пружена болничка помош. -Британецот загина веднаш откако беше погоден. Несреќата се случи во густа шума во близина на скијачкиот центар Монтрионд. Ловецот падна во длабок шок, кога сфатил што направил. Сега го чека судење и затвор, потврдуваат полициски извори за британските медиуми. Ова е последен трагичен случај на застрелан човек за време на ловната сезона во Франција. Лани загина 59-годишен планинар во кого пукал ловец на диви свињи, а кон крајот на сезоната на лов лани беше убиено и 13-годишно момче во кого по грешка пукал неговиот дедо. Лани беше убиена и една жена, која седела во својот двор, кога ја погоди заскитан куршум на ловџија. Во 2016-та се забележани дури 18 смртни случаи во ловечки несреќи во Франција, како и голем број повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-vo-alpite-zastrelan-mlad-velosipedist-mislele-deka-e-divech/feed/ 0
Куршум усмрти ловец, ќе се шокирате од тоа кој е виновен за убиството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurshum-usmrti-lovec-kje-se-shokirate-od-toa-koj-e-vinoven-za-ubistvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurshum-usmrti-lovec-kje-se-shokirate-od-toa-koj-e-vinoven-za-ubistvoto/#respond Thu, 25 Jan 2018 10:36:32 +0000 http://kurir.mk/?p=14588

Куче е осомничено за убиство на 64-годишен маж. Миленикот е виновен за застрелување на ловецот во јужната руска покраина Саратов. Несреќниот маж пристигнал на ловиште со својот брат во неделата наутро и додека ја држел пушката во раце, ја отворил вратата од автомобилот за кучето да излезе надвор. -Кучето скокнало врз ловецот и тогаш пушката испукала куршум, велат руските истражувачи. Мажот се здобил со сериозни повреди во стомакот од кои почина на пат до болница.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurshum-usmrti-lovec-kje-se-shokirate-od-toa-koj-e-vinoven-za-ubistvoto/feed/ 0