Ловеч – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jul 2022 12:44:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ловеч – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изложба на македонски и бугарски уметници во https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izlozba-na-makedonski-i-bugarski-umetnici-vo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izlozba-na-makedonski-i-bugarski-umetnici-vo/#respond Fri, 15 Jul 2022 12:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=705729

Во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија во соработка со уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“, синоќа во бугарскиот град Ловеч беше отворена изложба под наслов: „Слобода?!“, на која се претставени дела на 15 современи македонски и бугарски уметници, јави дописникот на МИА од Софија. Како што информира Втората програма на Бугарското национално радио „Христо Ботев“ изложбата е организирана во рамки на проектот наречен „Поврзување“. Изложбата опфаќа дела на македонски уметници кои живеат и работат во Софија од неформалната група „Конекција“, Перица Георгиев – Пепси од Скопје, Маријана Иванова од Виница, Зоран Мише од Охрид, Иво Пецов од Виница, Павел Целкоски од Охрид и Марјан Ѕингаров од Струмица, како и на професори и наставници од факултетите за ликовни уметности од земјава. Заедно со македонските колеги, свои дела на настанот изложуваат и бугарски уметници, професори и наставници од Националната уметничка галерија, меѓу кои и Георги Јанков, Свилен Стефанов и Нина Русева. На изложбата главно се застапени акварели и графики, но можат да се сретнат и други техники и авторски творби на поставената тематска насока – „Слобода?!“ Изложбата, која е поддржана од нашето Министерство за култура, има за цел да ги прикаже новосоздадените дела на најактивните современи уметници од оваа област, како и да ги поврзе уметничките сцени на двете земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izlozba-na-makedonski-i-bugarski-umetnici-vo/feed/ 0