лозари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 09 Sep 2023 15:58:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лозари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски од Кавадарци: Им посакувам успешна берба на лозарите, и повикувам на што поголема посетеност на „Гроздоберот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-od-kavadartsi-im-posakuvam-uspeshna-berba-na-lozarite-i-povikuvam-na-shto-pogolema-posetenost-na-grozdoberot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-od-kavadartsi-im-posakuvam-uspeshna-berba-na-lozarite-i-povikuvam-na-shto-pogolema-posetenost-na-grozdoberot/#respond Sat, 09 Sep 2023 15:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=876384

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Кавадарци од каде истакна дека претставува за него чест и задоволство да е на „Тиквешки гроздобер“. -Навистина прекрасна организација и мислам целиот викенд ако не се лажам, од петокот, од вчера почна и ќе трае и утре. Како што слушнавте, како што кажа Митко очекуваме да дојдат овде во Кавадарци и одговорно да конзумираат вино, повеќе десетици илјади македонски граѓани. Но, зошто не и од странство, има луѓе кои што сакаат да го посетат овој настан. Ете и официјалниот почеток на гроздоберот е нели денеска, иако јас ја користам и оваа прилика и да им посакам успешна берба на лозарите нели во периодот кој што следи. Нормално, тие кои што својот труд го вложиле изминатиов период соодветно да биде и плате тој истиот труд од страна на откупувачите. Знаете дека тоа години наназад претставува голем предизвик за оваа Влада бидејќи секогаш мора со лаги и манипулации да се служи кога станува збор за откупот на трудот на лозарите. Но, како и да е, јас ги повикувам сите граѓани во Македонија, но и сите оние кои што не следат надвор од Македонија, овој викенд денеска, утре да бидат тука во Кавадарци, да бидат дел од овој спектакуларен настан и да уживаат во добро расположение, со убава енергија. Затоа што убава енергија ни е потребна, убаво расположение ни е потребно. Впрочем да се чувствуваме убаво во денешно време претставува предизвик, а зашто ние денеска и утре да не се чувствуваме убаво. Бидејќи овој карневалски настан нас сите ќе не прави да се чувствуваме убаво, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-od-kavadartsi-im-posakuvam-uspeshna-berba-na-lozarite-i-povikuvam-na-shto-pogolema-posetenost-na-grozdoberot/feed/ 0
Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарските визби им ги нудат ланските откупни цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-pogolema-poddrshka-od-drzhavata-velat-deka-vinarskite-vizbi-im-gi-nudat-lanskite-otkupni-tseni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-pogolema-poddrshka-od-drzhavata-velat-deka-vinarskite-vizbi-im-gi-nudat-lanskite-otkupni-tseni/#respond Tue, 05 Sep 2023 10:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=874753

Сојузот на здруженија на лозари бара поголема поддршка од државата, по пет денари за килограм гројзе. Вели дека винарските визби ги нудат ланските откупни цени, 16,5 денари за „вранец" и 14,50 денари за „смедеревка“. Според Сојузот, ако лозарите ги добиваат реалните производствени цени од винарите, нема ни да бараат државна поддршка. -Винарите ни ги нудат ланските постигнати цени за грозјето, затоа бараме од државата поголема поддршка оваа година, по пет денари за килограм, а од следната, ќе инсистираме откупувачите повеќе да ни го ценат трудот и да платат повеќе, изјава за МИА претседателот на Сојузот, Јован Златевски. Како што нагласи Златевски, поголема поддршка е неопходна за да се покријат производните трошоци и за лозарите да не бидат во „минус". - Овој гроздобер винарите ги откупуваат најзастапените црна и бела сорта грозје за 18,50 и 16,50 денари. Всушност, ова се ланските цени. Минатата година добивме по 16,50 денари за „вранец" и 14,50 за „смедеревка“ од откупувачите, а на овие цени, плус по два денара од килограм поддршка од државата. Годинава бараме поголема поддршка од државата, за да ги покриеме трошоците за производство и лозарите да не бидат во „минус" оваа производствена сезона. Да бидеме на чисто, ако ги добиваме реалните производствени цени од винарите, ние нема да бараме поддршка од државата, дециден е Златевски. Тој информира дека родот е намален поради болести, климатски промени и проблеми со наводнувањето како последица на дефект.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-pogolema-poddrshka-od-drzhavata-velat-deka-vinarskite-vizbi-im-gi-nudat-lanskite-otkupni-tseni/feed/ 0
Јованчев: Власта си поигрува со лозарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-vlasta-si-poigruva-so-lozarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-vlasta-si-poigruva-so-lozarite/#respond Thu, 29 Jun 2023 12:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=850842

Денес од оваа говорница сакаме да ја информираме македонската јавност и лозарите за најновото скандалозно и небулозно однесување на нелегитимната Влада на СДС и ДУИ, а особено на недораснатиот министер за земјоделство со неразумното одбивање на дополнувањето на законот за вино, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ. -Имено, на денешната 22ра седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство како единствена точка на дневен ред беше Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното, по скратена постапка – предложен од пратениците од мнозинството, повторувам ПРЕДЛОЖЕН од колегите од мнозинството.  Нагласуваме дека пратениците од опозициската Коалиција „Обнова на Македонија“, од ВМРО-ДПМНЕ и СПМ во целост застанавме зад предложеното законско решение и изразивме цврста поддршка со единствена цел да им излеземе во пресрет на лозарите и да го заштитиме нивниот интерес. Но, очигледно Владата на ДУИ и СДС и таканаречениот министер за земјоделство Љупчо Николовски си играат со судбината и маката на лозарите.  Прво го предложуваат законот, ја закажуваат Комисијата за земјоделство, па потоа ја одложуваат и го повлекуваат законот.  Со отфрлањето на предложеното Дополнување на законот за вино денес повторно е згазено достоинството на пратениците од мнозинството токму од нивната Влада и Љупчо Николовски, повремено министер за земјоделство, создавајќи незадоволство, збунетост разногласие во нивните редови и по ова прашање.  Непримереното директно писмено обраќање до Собранието, односно матичната Комисија од страна на ресорното министерство и со дополнително препратениот Допис со слична соддржина од Генералниот секретаријат, зборува за хаосот во кој се наоѓаат државните институции и самоволието и немањето елементарен однос на кадрите на СДС во комуникацијата со претставниците на законодавниот дом, вели Јованчев. Тој додава дека денешното отфрлање на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за виното најдиректно претставува удар врз лозарите затоа што Владата, Министерството и Љупчо Николовски не прифатија да се донесе Методологијата за пресметка на производната цена на винското грозје, како основа за формирање на откупната цена што е од суштинско значење за лозарите. -Владата не внимава на интересите на лозарите и таа работи на нивна штета затоа што на овој начин застанува на страна на откупувачите и винарските визби. Со одбивањето на Предлог законот за вино оваа криминална Влада на тесни групи во СДС и ДУИ повторно си го покажа вистинското лице и отворено и директно застана против лозарите.  Лозарите треба да знаат дека денес оваа ненародна Влада најдиректно ја собори откупната цена на винското грозје и со својата некомпетентност во прашање го доведе откупот на овогодишната реколта. Воедно, ги потсетуваме лозарите дека единствениот поддржувач и сојузник, кој во целост ги разбира нивните проблеми со кои секојдневно се соочуваат, се опозициските пратеници од Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.  Тие треба да бидат сигурни дека наскоро новата демократска и народна Влада отворено ќе застане во заштита на нивниот труд и заеднички ќе ги поправиме сите штети и неправди кои ги трпат од нелеигитимната и однародена власт, вели Јованчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-vlasta-si-poigruva-so-lozarite/feed/ 0
Мицкоски: На лозарите од Тиквешијата им посакувам добар, квалитетен и богат род, тие се најзаслужни што Македонија може да се пофали со квалитетно производство на грозје и вино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-lozarite-od-tikveshijata-im-posakuvam-dobar-kvaliteten-i-bogat-rod-tie-se-najzasluzhni-shto-makedonija-mozhe-da-se-pofali-so-kvalitetno-proizvodstvo-na-grozje-i-vino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-lozarite-od-tikveshijata-im-posakuvam-dobar-kvaliteten-i-bogat-rod-tie-se-najzasluzhni-shto-makedonija-mozhe-da-se-pofali-so-kvalitetno-proizvodstvo-na-grozje-i-vino/#respond Tue, 14 Feb 2023 12:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=800379

Задоволство и чест е на покана на градоначалникот, на покана на Митко да сум денеска овде со кавадарчани. Да го одбележиме овој голем ден за кавадарчани, за луѓето од Тиквешијата, големиот празник, пресветиот великомаченик Трифун и да посакаме богат род, добар род, квалитетен род и да нормално земјоделците односно луѓето кои што се најзаслужни би рекол што Македонија може да се пофали со вака квалитетно производство на грозје, на вино, да добијат заслужена цена за тоа што ќе го сработат и за тоа што ќе го продадат. А како што еве веќе вие споменавте субвенциите да бидат само како би кажал додадената вредност на сето тоа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски -Апел и до откупувачите да ги поддржат земјоделците, да ги поддржат лозарите, да ја почитуваат маката кое што тие ја вложуваат за да може денеска Тиквешијата да биде еден од најбогатите со грозја вина региони на Балканот, а зошто да не така да биде во Европа во иднина. Така што уште еднашка би сакал да им го честитам овој голем ден на лозарите и да посакам добар, богат и квалитетен род.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-lozarite-od-tikveshijata-im-posakuvam-dobar-kvaliteten-i-bogat-rod-tie-se-najzasluzhni-shto-makedonija-mozhe-da-se-pofali-so-kvalitetno-proizvodstvo-na-grozje-i-vino/feed/ 0
Лозари протестираат во Неготино, бараат повисоки цени за грозјето и подобри услови за лозаропроизводство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozari-protestiraat-vo-negotino-baraat-povisoki-ceni-za-grozjeto-i-podobri-uslovi-za-lozaroproizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozari-protestiraat-vo-negotino-baraat-povisoki-ceni-za-grozjeto-i-podobri-uslovi-za-lozaroproizvodstvo/#respond Sat, 20 Aug 2022 10:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=721394

Лозари протестираат денеска во Неготино, бараат повисоки цени за грозјето и подобри услови за лозаропроизводство. Незадоволните производители на грозје велат дека е ова e предупредувачки протест и очекуваат да им бидат понудени подобри услови за откуп на годинашниов род. -Протестот трае од 10 до 15 часот денеска и утре. На ваков начин го изразуваме својот револт од незадоволителните цени кои пред претстојниот гроздобер ги нудат најголемиот дел од винарските визби. Очекуваме нашиот глас да го слушнат откупувачите на грозје и надлежните во државата кои се посредници помеѓу лозарите и винариите. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека првично објавените цени ќе се корегираат, рекоа организаторите на протестот. Тие појаснуваат дека најголем дел од винариите повторно манипулирале и со тоа што нуделе помалку пари за килограм грозје, доколку исплатата ја извршат веднаш по откупот. Стефан Стојчев од кавадаречкото село Сопот е млад лозар кој стопанисува со 30 хектари лозје и верува дека со протестот ќе го привлечат вниманието на јавноста за проблемите на лозаропроизводителите. -Со години наназад се соочуваме со винарска мафија. Најголем дел од винарските визби манипулираат кога се во прашање откупот, цените, шеќерноста, мерењето на килограмите, плаќањето. Редно е да се стави крај на сите овие лозарски маки и конечно лозарите и винарите со посредство на надлежните служби да работат во интерес на двете страни и промоција на македонското грозје и вино, дециден е Стојчев во изјава за МИА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozari-protestiraat-vo-negotino-baraat-povisoki-ceni-za-grozjeto-i-podobri-uslovi-za-lozaroproizvodstvo/feed/ 0
Лозари од Тиквешко најавуваат протест, незадоволни се од откупните цени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozari-od-tikveshko-najavuvaat-protest-nezadovolni-se-od-otkupnite-ceni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozari-od-tikveshko-najavuvaat-protest-nezadovolni-se-od-otkupnite-ceni/#respond Wed, 17 Aug 2022 14:43:03 +0000 https://kurir.mk/?p=720037

Лозари од Тиквешко најавуваат дека претстојниов викенд ќе одржат предупредувачки протест зашто не се задоволни од откупните цени. Протестот, велат, ќе се одржи на влезот во Неготино од страната на автопатот Скопје – Гевгелија. -Протестот ќе трае од 10 до 15 часот во сабота и недела. Со тоа ќе го изразиме својот револт од незадоволителните цени кои пред претстојниот гроздобер ги нудат најголемиот дел од винарските визби. Очекуваме нашиот глас да го слушнат откупувачите и надлежните во државата кои се посредници помеѓу лозарите и винариите. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и дека првично објавените цени ќе се корегираат, рекоа организаторите на протестот. Според нив, најголем дел од винариите повторно манипулирале со тоа што нуделе помалку пари за килограм грозје, доколку исплатата ја извршат веднаш по откупот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozari-od-tikveshko-najavuvaat-protest-nezadovolni-se-od-otkupnite-ceni/feed/ 0
Лозарите со поддршка за протестот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-so-poddrshka-za-protestot-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-so-poddrshka-za-protestot-na-vmro-dpmne/#respond Thu, 16 Jun 2022 12:33:08 +0000 https://kurir.mk/?p=691692

Лозарите од Кавадарци и Неготино, на прес конференција дадоа поддршка за протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој оваа сабота ќе се одржи пред владата во 20 часот. Велат дека причините за поддршка на овој протест е незадоволството од оваа влада и незнаењето да се справи со земјоделието, неформирањето цени за грозјето за 2022 година, неисплаќањето на субвенции во целост, проблемите со наводнувањето кои постојат веќе 4 години, неисплаќањето на зелената нафта итн. - Не се исплатени ниту штетите од мраз за реколтата од 2021 година, штетите од суша за реколта 2021 година а кривицата беше во водостопанството што не обезбеди вода, како и тоа што не се исплатени ниту уште две винарии за откупеното грозје од ланската реколта затоа што требаше до 30 април да го исплатат, а еве до ден денес нема ништо. Токму овие проблеми се причина за незадоволство од лозарите и овоштарите и затоа ја даваме поддршката за протестот што ќе биде пред владата во Скопје. Бидејќи, обврска е и на опозицијата и позицијата да се грижат за лозарите и за земјоделците, рекоа лозарите во своето обраќање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-so-poddrshka-za-protestot-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Лозарите бараат повисока откупна цена на грозјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-povisoka-otkupna-cena-na-grozjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-povisoka-otkupna-cena-na-grozjeto/#respond Mon, 30 May 2022 13:20:44 +0000 https://kurir.mk/?p=683615

Претседателот на здружението „Лозаро овоштари“ - Кавадарци Дано Јошев како претставник на лозарите денеска побара повисока откупна цена на грозјето. -Ние како здружение предлагаме 20 денари за „Вранецот“ со 18 шеќ. единици плус за секоја шек. единица и 16 денари за „Смедеревката“, плус за секоја шеќерна единица, побараа денеска од здружението на лозари „Лозаро овоштари“ - Кавадарци. Во продолжение прослетеја прес-конференцијата на претседателот на здружението на лозарите: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-baraat-povisoka-otkupna-cena-na-grozjeto/feed/ 0
Лозарите со апел до власта: Ако не се исполнат нашите барања, со сите здруженија ќе ги блокираме сите патишта во Македонија, гласот на земјоделецот мора да се слушне! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-so-apel-do-vlasta-ako-ne-se-ispolnat-nashite-baranja-so-site-zdruzenija-kje-gi-blokirame-site-patishta-vo-makedonija-glasot-na-zemjodelecot-mora-da-se-slushne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-so-apel-do-vlasta-ako-ne-se-ispolnat-nashite-baranja-so-site-zdruzenija-kje-gi-blokirame-site-patishta-vo-makedonija-glasot-na-zemjodelecot-mora-da-se-slushne/#respond Sun, 15 May 2022 13:52:19 +0000 https://kurir.mk/?p=676994

Денеска здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“ организираше протест, при што се блокираше патот Кавадарци - Неготино. Протестот го организираа лозарите поради нерешените проблеми со водата за наводнување во лозарството и неисполнетите ветувања од страна на власта. „Овој протест по барање на лозарите и овоштарите од Тиквешијата го свикавме заедно со здружението од Неготино, за да си ги искажеме нашите маки. Зошто? Заради тоа што и вие самите телевизии знаете дека пред една недела имавме проблем со водата, која што требаше да се пушти во април месец, но ден денеска се уште не е пуштена. Каналите не се во добра состојба. И за тоа рековме дека за десетина дена порадикално ќе настапиме. И поради тоа денеска се собравме, бидејќи на терен се уште нема вода. Затоа се решивме да вршиме притисок преку јавноста за да се среди состојбата“, истакна член на Здружение „Тиквешко лозаро – овоштари“. Членот на „Тиквешко лозаро – овоштари“ посочи дека цела Тиквешија нема вода за наводнување. „Имаме уште едно посериозно барање, тоа е неисплатеното грозје од „Сковин груп“, пред четири дена разговарав со Зоран Шаприќ, директорот на инспекторатот во Скопје и тој ми кажа да за поднесок. Јас за тоа сега јавно ќе го информирам преку телевизии дека за поднесок е доцна, луѓето веќе немаат пари зедено ос „Сковин“ и од „Аневски“ и други винарии, и за тоа Шапуриќ да ги пушти инспекторите во винариите што имаат пари за давање, да го пломбираат виното и цистерните и по еден инспектор да има секој ден дежурен. И во најскоро време директорот на иснпекторатот да си ги викне винариите кои што должат, да се види што должат, што планираат бидејќи некои луѓе почнаа да пуштаат опомени, а некои тужби“, појасни член на здружението. Тој исто така во изјава за медиуми додаде дека уште од јануари месец барале министерот да ги свика винариите и лозарите на заедничка средба за да се договори околу откупот на грозјето, која количина на грозје се планира да се откупи, по која шекерност, по која цена. Но, за жал до ден денеска таа средба не се случи. „Најдоцна до недела ако не се преземе ништо по однос на нашите барања, ако водата не се пушти за наводнување, ако Зоран Шапуриќ со министерот не дојдат во Кавадарци за да ги решиме најбрзите и најпотребните работи, ако не се решат тогаш ќе мора порадикално да дејствуваме, да ги блокираме патиштата или заеднички со сите здруженија на цела Македонија сите да излеземе во ист ден и да блокираме. Да направиме парализа, така можеби од власта ќе го слушнат нашиот глас на сите земјоделци“, појасни членот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lozarite-so-apel-do-vlasta-ako-ne-se-ispolnat-nashite-baranja-so-site-zdruzenija-kje-gi-blokirame-site-patishta-vo-makedonija-glasot-na-zemjodelecot-mora-da-se-slushne/feed/ 0
СЕ СООЧУВААТ СО НИЗА ПРОБЛЕМИ: Лозарите протестираат https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-soochuvaat-so-niza-problemi-lozarite-protestiraat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-soochuvaat-so-niza-problemi-lozarite-protestiraat/#respond Sun, 15 May 2022 10:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=676902

Група лозари од Тиквешко денеска протестираат на патот Кавадарци – Неготино, барајќи решавање на неколку долгогодишни проблеми во лозарството. Организаторите на протестот изјавија дека се соочуваатме со проблеми при наводнувањето на лозовите насади и со неисплатено грозје од одделни винарници. -Бараме субвенции и за обезбедување на ѓубриво за ѓубрење на лозовите насади. Бараме исто така средба помеѓу претставници на лозарите и винариите со посредство на Министерството за земјоделство за да се утврдат количини на грозје што винарите планираат да ги откупат оваа година, по која шеќерност и цена за килограм, додаваат организаторите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-soochuvaat-so-niza-problemi-lozarite-protestiraat/feed/ 0