лозарство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 08:14:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лозарство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Висококвалитетните вина на малите винарии се перспективата на македонското лозарство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokokvalitetnite-vina-na-malite-vinarii-se-perspektivata-na-makedonskoto-lozarstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokokvalitetnite-vina-na-malite-vinarii-se-perspektivata-na-makedonskoto-lozarstvo/#respond Fri, 16 Dec 2022 08:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=776403

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение Тиквешки семејни винарии Кавадарци потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на малите винарии, нивно позиционирање на извозните пазари и промоција. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение Тиквешки семејни винарии  Горан Јаковлевски.

Ангелоски истакна дека малите семејни винарии произведуваат вино со врвен квалитет од одбрани сорти на грозје што нивниот краен производ го прави уникатен и посебен.

„Поддршката на малите и микро компании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи тие се оние кои вработуваат голем број на луѓе и ја движат економијата. Малите семејни винарии треба да имаат посебно место на пазарот кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите кои ги создаваат. Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивна застапување, промоција, вмрежување и различни други форми на активности кои ќе се наметнат како потребни“, изјави Ангелоски.

Меморандумот предвидува соработка за лобирање и застапување на интересите на малите семејни винарии пред сите домашни и меѓународни организации и институции; поддршка во развојот на вина од македонски автохтони сорти и унапредување на извозот на вино во шишиња; заеднички настап на извозните пазари; поддршка во градење препознатливост на вината на малите семејни винарии на регионалните и меѓународните пазари, активности за промоција и развој на вински туризам.

Во рамките на соработката оваа година Сојузот се јавува како поддржувач на настанот „Тиквешки вински салон“ кој ќе се одржи на 17-ти декември во Ангро Палас во Кавадарци. На манифестацијата ќе се претстават 35 мали семејни винарии, над 200 етикети на вино и 5 дестилерии со вињак и ракија.

Во земјава има регистрирано 76 мали семејни винарии кои годишно произведуваат околу 500 илјади литри виноВо Здружението на Тиквешки семејни винарии иднината на лозарството и винарството ја гледаат во отворање на стотици мали винарски визби, но и во развој на винскиот туризам за кој има голем интерес, не само кај домашните, туку и кај странските гости.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokokvalitetnite-vina-na-malite-vinarii-se-perspektivata-na-makedonskoto-lozarstvo/feed/ 0
Истражување: Лошите временски услови предизвикаа елементарна катастрофа кај голем дел од лозовите насади во Тиквешкиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-loshite-vremenski-uslovi-predizvikaa-elementarna-katastrofa-kaj-golem-del-od-lozovite-nasadi-vo-tikveshkiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-loshite-vremenski-uslovi-predizvikaa-elementarna-katastrofa-kaj-golem-del-od-lozovite-nasadi-vo-tikveshkiot-region/#respond Fri, 18 Sep 2020 08:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=404939

Лозарството и винарството во земјава се едни од најпогодените гранки со кризата, но и со лошите временски услови. Винарниците се полни заради намалената продажба, додека состојбите со бербата 2020 не се ништо подобри. Лозовите насади во Тиквешкиот регион се во лоша здравствена состојба, а кај голем дел од нив, на повеќе локации, констатирано е присуство на болеста ботритис, што негативно влијае на квалитетот на грозјето. Ова се наодите од истражувањето, што по иницијатива на Стопанската комора на Македонија го направи Земјоделскиот институт од Скопје за состојбата на лозовите насади на неколку локации со винови насади во тиквешкиот регион како најголем вински регион во земјата. Истражувањето, како што соопшти Стопанската комора, е спроведено на локалитетит Рибарци, Манастирец, Краиште, Црвени Брегови, Дисан – Дуброво, Дисан- Салиев Брест, Дисан – Вешје, Сопот – Смолник, Сопот- Кошариште, Сопот – Курија, Ило Виларов, Белград, каде има лозови насади од сортите вранец и смедеревка. – Лошиот квалитет на грозјето на овие лозови насади во тиквешкиот регион, во кој се сместени 45 проценти од вкупната површина на лозови насади во земјава, според наодите од истражувањето на Земјоделскиот институт од Скопје, се должи на обилните дождови во вториот дел од вегетацијата, како и грешки во заштитата на лозовите насади. Во одредени локалитети е утврдено оштетување на зрната од над 90 отсто, како резултат на големото присуство на вода, се наведува во соопштението. Покрај овие неповолни состојби и присуство на болеста ботритис, стручните лица од Институтот кои ја вршеле анализата утврдиле присуство на гроздов молец што дополнително негативно влијае на квалитетот на грозјето на овие локалитети. – Ваквата ситуација резултира со висок принос на грозје со намалена содржина на шеќер во гроздовиот сок кај двете сорти – вранец и смедеревка. Високата инфицираност на грозјето со ботритис доведува и до голема содржина на глукани и глуконска киселина која негативно влијае на квалитетот на виното доколку ова грозје се употреби во производство во ваква состојба, се наведува во заклучоците од анализата на состојбата на терен која ја спроведе Земјоделскиот институт. Болеста ботритис, како што посочуваат од Стопанската комора, е опасна и заразна и може да предизвика контаминација како на здравото грозје, така и на винарските визби ако примаат вакво болно грозје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-loshite-vremenski-uslovi-predizvikaa-elementarna-katastrofa-kaj-golem-del-od-lozovite-nasadi-vo-tikveshkiot-region/feed/ 0
Винската индустрија пред колапс, бара поддршка од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vinskata-industrija-pred-kolaps-bara-poddrshka-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vinskata-industrija-pred-kolaps-bara-poddrshka-od-drzavata/#respond Thu, 13 Aug 2020 10:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=390166

Доколку не се размислува рационално и не се дејствува брзо и одлучно, постои реална опасност од целосен колапс на македонската винска индустрија која обезбедува годишен извоз од околу 50 милиони евра и обезбедува работа и социјална сигурност за околу 30.000 индивидуални земјоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 вработени во 74 регистрирани домашни винарски визби, предупредува здружението „Вина од Македонија“ (ВОМ). ВОМ укажува дека за да се откупи грозјето од годинашната берба по дефинирани цени, ќе биде неопходна директна финансиска поддршка од државата. Според ВОМ, во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјата, падот на продажбата на вино на домашниот пазар е до 80 проценти, пред сѐ поради намалениот промет во угостителскиот и туристичкиот сектор каде се остварува најголем дел од потрошувачката на флаширано вино. Обидите, пак, на големите производители на вино од Италија, Шпанија и Франција да се ослободат од големите залихи, предизвикаа намалување на цените на виното на клучните извозни пазари, особено на наливното, за повеќе од 40 отсто, што креира дополнителен притисок за намалување на цената на македонското вино кое се пласира на странските пазари и намалување на вкупниот девизен прилив од извозот на вино. – Драстичното намалување на продажбата на вино на домашниот пазар и намалувањето на цените на виното на главните извозни пазари сериозно ја влошија финансиската стабилност и ликвидност на македонските винарници, што го доведоа во прашање редовното производството на вино и реализацијата на годинешниот откуп на грозје и претставува потенцијален проблем и за лозарите и за државата. Во вакви крајно отежнати околности, македонските производители и извозници на вино се приморани да ги прилагодат своите деловни планови, вклучувајќи ја и ценовната политика за откуп на грозјето спрема условите што ги диктира пазарот и ситуацијата предизвикана од КОВИД-19. Производителите, а особено извозниците на наливно вино се соочуваат со големи ценовни притисоци на светско ниво, што ја прави откупната цена нереална и невозможна без интервенција од државата. Дополнително, намалената побарувачка, како на домашно, така и на светско ниво, влијае и на потребите од количини грозје со што се става под знак прашање откупот на целата реколта, наведува ВОМ. За да се избегне целосниот колапс на македонската винска индустрија и лозарство, Здружението од март до јули 2020 иницираше повеќе средби со претставниците на надлежните институции на кои беа презентирани конкретен сет мерки кои требаше да обезбедат поддршка и поттик за целокупниот македонски вински сектор, по примерот на мерките за поддршка кои ги применуваат владите во другите земји – големи производители на вино. Но, и покрај презентираните аргументи, Владата, според ВОМ, досега не донесе одлука за ова прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vinskata-industrija-pred-kolaps-bara-poddrshka-od-drzavata/feed/ 0