лозје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Sep 2020 08:45:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лозје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски: Поради неспособноста на Заев милиони тони грозје скапува, ВМРО-ДПМНЕ бара организиран државен откуп на истото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-poradi-nesposobnosta-na-zaev-milioni-toni-grozje-skapuva-po-nivite-vmro-dpmne-bara-organiziran-drzaven-otkup-na-istoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-poradi-nesposobnosta-na-zaev-milioni-toni-grozje-skapuva-po-nivite-vmro-dpmne-bara-organiziran-drzaven-otkup-na-istoto/#respond Fri, 25 Sep 2020 07:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=408261

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа во Сопот оствари средба со лозарите кои имаа проблем со откупот на грозјето. -Ние сме една поразлична опозиција. Но, опозиција која што е цело време со луѓето, и со маките на луѓето. Ја слушнавме маката на лозарите, и на земјоделците од целиот Тиквешки регион. И затоа вечерва дојдовме да поразговараме со нив. Маките се огромни, маките кои што ги слушаме од луѓето навистина се болни и навистина е жално да се види и да се слушне дека целиот род останува неоткупен. Зелената мафија царува и во откупот на грозјето, за ова зборувавме пред изборите и бевме јасни дека ова ќе се случи доколку СДСМ остане на власт. За жал коалицијата на СДСМ и ДУИ остана на власт. И имаме огромен проблем со откупот на грозје. Само во Сопот каде што сме вечерва остануваат неоткупени помеѓу 9 и 12 милиони тони грозје, што значи скоро целокупниот род, истакна Николоски. Тој рече дека владата на чело со Зоран Заев се што вети излажа. -Ветија гарантирани откупни цени над 9 со 11 денари, а во моментов откупните цени за тие што имаа среќа да го предадат грозјето се сведени на 2 со 4 денари. И тука субвенциите не помагаат ништо. Затоа што производната цена на грозјето е 15 денари, а се откупува со 2 со 4 денари, таму каде што имаат среќа лозарите да го предадат. Најголем дел воопшто не можат да го предадат затоа што воопшто нема откуп. Заради овие причини, две работи предлагаме. Прво, Комисијата за земјоделие во рамки на Собранието предводена од Љупчо Димовски кој што е вечерва со нас, побара во поддршка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата организирање на надзорна расправа во Собранието, за состојбата во лозарството и откупот на грозјето. Таа надзорна расправа ќе се случи следната недела и на неа очекуваме сите надлежни од Владата да дојдат и да се соочат со земјоделците, да се соочат со нивниот гнев и мака. И заеднички да се најде решение доколку е тоа возможно. И второ, основното барање кое што го има ВМРО-ДПМНЕ до владата е да се направи организиран државен откуп на целокупното грозје кое што не е откупено. Државата има можност, има сили и има простор во буџетот. Да не се купуваат 50 луксузни автомобили, туку да се откупи целокупниот род на грозје кое што останува по нивите оваа година во Тиквешко и цела Македонија, затоа што немаат слух за маката на земјоделците. Значи бараме организиран државен откуп, државата да го откупи грозјето кое што останува неоткупено. Ќе продолжиме со овие активности и со средби луѓето. Револтот е голем ќе не има секаде во Тиквешијата, ќе не има на улиците заедно со луѓето, ќе не има и по нивите, ќе не има пред винариите, ќе не има пред надлежните институции. Заедно со луѓето да најдеме решение за оваа мака која што ги задеси, а за која што е виновна старо – новата крими коалиција СДСМ/ДУИ, нагласи Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-poradi-nesposobnosta-na-zaev-milioni-toni-grozje-skapuva-po-nivite-vmro-dpmne-bara-organiziran-drzaven-otkup-na-istoto/feed/ 0
Јованчев: Лозарите се изманипулирани и излажани, лозјето скапува по нивите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-lozarite-se-izmanipulirani-i-izlazani-lozjeto-skapuva-po-nivite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-lozarite-se-izmanipulirani-i-izlazani-lozjeto-skapuva-po-nivite/#respond Fri, 18 Sep 2020 10:14:52 +0000 https://kurir.mk/?p=405028

Владата на СДСМ и Зоран Заев ги опустошија лозарите. Иако ветуваа дека целото грозје во Тиквешијата ќе се откупи по минимум лански цени, во овој момент можеме да заклучиме дека лозарите се целосно изманипулирани, излажани и оставени на цедило од оваа ненародна и мафијашка власт, истакна на денешната прес-конференција Зоран Јованчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочува дека милиони килограми на грозје од сортата вранец кои се наоѓаат на стотици хектари лозови насади во моментов се необрани и скапуваат по нивите. -Лозарите се оштетени со илјадници евра по домаќинство. Оваа година им се случува целосен економски колапс. Има фамилии на кои главната егзистенција им е лозарството. Во наредниот период стотици фамилии нема да имаат средства за да егзистираат воопшто, а најверојатно нема да можат да ги подмират и долговите кои ги имаат направено спрема земјоделските аптеки и водостопанство во оваа реколта. Пред дваесет дена кога се гласаше за избор на новата влада, на новото собраниско мнозинство му предложив под итно да се закажи собраниска седница на која ќе разговараме за проблемите во лозарството, меѓутоа нивниот шеф Зоран Заев во реплика ме убедуваше дека целото грозје ќе се откупи по лански цени, но Зоран Заев не би бил тој доколку тоа што го вети го реализира. Не знам веќе по кој пат ги излажа, па малку му беше што ги излажа на собраниска говорница, туку минатата недела дојде во Кавадарци и гледајќи ги во очи лозарите ги излажа, ги изманипулира и со своите постапки целосно ги уништува измачените и напатени лозари, нагласува Јованчев. Во една од винариите блиска до власта грозјето од сортата вранец се откупува за седум и пол денари, а Смедеревката за шест и пол денари. Тоа е животот за сите кои им го ветуваа на лозарите во предизборието, а сега го реализираат на дело. Затоа почитувани граѓани, оваа ненародна власт мора да си замине што поскоро за да повторно лозарите се чувствуваат сигурно и кога ќе дојде бербата на грозјето да биде празник за сите, а не да не знаат кој пат да го фатат. На лозарите и сите земјоделци главна обврска треба да им биде да направат добро произвоство, а на Владата треба да им биде обврска да им овозможат услови на сите земјоделци без проблем со пристојни цени да го продадат својот род. Со оваа ненародна власт, пристојните цени и сигурниот пласман се само утопија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-lozarite-se-izmanipulirani-i-izlazani-lozjeto-skapuva-po-nivite/feed/ 0
Пожар во објект на лозје во Неготино, има и жртва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-objekt-na-lozje-vo-negotino-ima-i-zrtva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-objekt-na-lozje-vo-negotino-ima-i-zrtva/#respond Sun, 19 Jul 2020 10:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=378319

Пожарот, кој денеска избувнал во објект на лозје во Неготино, однесе една жртва. Информацијата за пожарот за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој рече дека во моментов се врши увид на самото место. Таму се пожарникари, полициска увидна екипа и јавен обвинител. Не можел да даде повеќе детали. Од Обвинителство потврдија за МИА дека има една жртва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-objekt-na-lozje-vo-negotino-ima-i-zrtva/feed/ 0
Јанчев: Ланскиот денар за килограм грозје лозарите ќе го добијат до четврток https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-lanskiot-denar-za-kilogram-grozje-lozarite-kje-go-dobijat-do-chetvrtok/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-lanskiot-denar-za-kilogram-grozje-lozarite-kje-go-dobijat-do-chetvrtok/#respond Wed, 04 Sep 2019 12:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=236941

Ланскиот денар интервентна поддршка за килограм грозје од државата на лозарите ќе им биде пуштен до четврток, најави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. -Успеавме да се избориме едниот денар субвенции од ланската година за интервентна мерка по килограм откупено грозје, да биде пуштен до четврток.  Успеавме во соработка со премиерот и министерот за земјоделство, со целата Влада и добра волја од нивна страна поради лошата година и сушата која надвладеа во лозарскиот крај, да успее владата да даде поголема интервентна мерка од ланската година. Наше залагање и претчуство е дека ќе биде двојно поголема субвенцијата од лани, за откупен килограм грозје, истакна тој. Јанчев истакна дека според првичните информации, има потфрлување на количините грозје. Затоа, рече, се очекува откупот да помине во подобра атмосфера и да нема вишок. -Околу 80 отсто од винариите поради добрата економска ситуација, своја и кај банките, плаќањето го вршат веднаш или за неколку денови. Ова нека биде почеток на подобро ниво на состојбата во лозаровинарството, додаде Јанчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/janchev-lanskiot-denar-za-kilogram-grozje-lozarite-kje-go-dobijat-do-chetvrtok/feed/ 0
Плодна година во лозарството, се најавува голем интерес за откуп на грозјето https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/plodna-godina-vo-lozarstvoto-se-najavuva-golem-interes-za-otkup-na-grozjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/plodna-godina-vo-lozarstvoto-se-najavuva-golem-interes-za-otkup-na-grozjeto/#respond Mon, 04 Jun 2018 15:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=62283

Годинава за лозарството ќе биде плодна. Грозје има многу, а се најавуваат и доста побарувања, истакнаа градоначалниците на Кавадарци, Росоман и Неготино по денешната средба со инистерот за земјоделство Љупчо Николовски. Според нив, се работи на утврдување на производствената цена. На средбата било нагласено и дека „Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до 15 јуни. - Разговаравме околу годинашниот откуп на грозјето, како и околу измените и дополнувањата на законските одредби со цел лозарите да имаат гаранции при откупот, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев по средбата. Градоначалникот на Неготино Тони Делков соопшти дека било разговарано и околу годинашниот род на лозјата и состојбата со вино во винарниците. - Генерално оваа година има доста грозје, станува збор за плодна година. Ќе има доста побарувања за грозје. На наредниот состанок ќе разговараме околу откупот и цените, изјави Делков. Росоманскиот градоначалник Бранко Јанев рече дека се работи на утврдување на производствената цена за килограм грозје, врз основа на што ќе се утврдуваат и цените за родот оваа година. Иако се разговарало само за грозјето, на новинарско прашање Јанев додаде дека се разговарало и за родот на праските. - Ова е добра година за производителите на праски. Одговараат климатските, но и условите на пазарот. Во моментов има добра цена, а квалитетот е исто така добар. Се надевам дека и во иднина нема да има проблем со праските, нагласи Јанев. Од преговорите се задоволни и лозарите. Тиквешко е најголем производител на грозје во државата, а во Росоманско се произведуваат најголеми количини на праски. Денешната средба со Николовски е продолжение на состаноците кои почнаа во Министерството заедно со претставници на винарската визба „Повардарие”, земјоделци и пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/plodna-godina-vo-lozarstvoto-se-najavuva-golem-interes-za-otkup-na-grozjeto/feed/ 0