луан старова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 05:58:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png луан старова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Софија промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-sofija-promotsija-na-knigite-tsarigradski-emigrant-i-granitsa-od-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-sofija-promotsija-na-knigite-tsarigradski-emigrant-i-granitsa-od-luan-starova/#respond Thu, 07 Sep 2023 05:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=875493

Во Културно-информативниот центар во Софија денеска, во пресрет на Денот на независноста – 8-ми септември ќе се одржи промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова. За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот. Двете книги, во превод на бугарски јазик, излегоа од печат оваа година како изданија на издавачките куќи „Персеј“ и „Изида“, соопштија од КИЦ во Софија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-sofija-promotsija-na-knigite-tsarigradski-emigrant-i-granitsa-od-luan-starova/feed/ 0
Комеморативна седница во МАНУ за академик Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-manu-za-akademik-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-manu-za-akademik-luan-starova/#respond Wed, 02 Mar 2022 06:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=639051

Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во МАНУ денеска ќе одржат заедничка комеморативна седница по повод смртта на академик Луан Старова. Академик Старова, редовен член на МАНУ, почина на 24 февруари 2022 година, на 81-годишна возраст. Роден е на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 година со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Основното образование завршува училиштето „Гоце Делчев“ во Скопје, во учебната 1955/1956, на македонски јазик, со што ја одбележува својата билингвална предодреденост – албанскиот како мајчин јазик и македонскиот како јазик на кој се образува. Матурира во гимназијата „Јосип Броз Тито“, во учебната 1960/1961 г. Во текот на студирањето се вработува како новинар, а потоа и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад Борец“. По дипломирањето во 1967 година, во Радио Скопје работи како новинар. Во 1968 г. станува главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје и истата година започнува да ги следи постдипломските студии по теорија на книжевноста, со специјалност од француската литература на Сечилиштето во Загреб. Под менторство на проф. д-р Антун Поланшчак го брани магистерскиот труд на тема „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“, а во текот на 1972/1973 г., како стипендист на француската Влада престојува во Париз, на специјалистички студии на Универзитетот Нова Сорбона. Во 1974 г. е избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за француски јазик и книжевност, по предметот француска книжевност. Повторно, како стипендист на француската влада, во текот на 1975 г, престојува во Париз, каде што работи на својата докторска дисертација. Во 1979 година е избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство на Македонија. Бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, член на редакцијата на меѓународното списание ,,Балкан –Форум’’, Во 1985 г. е именуван за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФР Југославија во Република Тунис. Именуван е и за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. За овие свои дипломатски мисии, од претседателот на Република Тунис, го добива високото одликување Голем офицер од редот на Републиката и посебно признание од Јасер Арафат како прв амбасадор во државата Палестина. Во 1990 г. е избран за редовен професор по предметот француската книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Избран е и за шеф на Катедрата за романски јазици и книжевности. Во 1994 г. е именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Франција, како прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Во 1997 г. е избран за член на Академијата на амбасадорите, односно Prix des Ambassadeurs при Француската академија. Во 1998 г. е избран и за редовен член на Медитеранската академија, со седиште во Неапол. По завршувањето на својата дипломатска мисија, се враќа во земјата и продолжува да работи како професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Избран е како визитинг професор на Универзитетот за источни студии во Неапол, а предава француска книжевност и на Универзитетот на Источна Европа „Ван дер Штул“ крај Тетово. Бил потпретседател на Друштвото на писателите на Македонија и на Советот на Струшките вечери на поезијата. Старова е автор на обемно научно дело од областа на романистиката, поспецијално на француската книжевност, албанската и македонската, како и компаративната книжевност. Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни, научни трудови и студии објавувани во земјата и странство. За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија. Во 2022 од страна на Академијата за науки и уметности во Албанија предложен е за Нобелова награда. Почесен член на Академијата на науките на Албанија е од 2006 година, на Медитеранската Академија во Неапол е член од 2011 година, а од 2014 г. е член на Европската академија на науките во Салцбург, член е на научното друштво ,,Лајбниц’’ од Берлин од 2016 г. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003 г. Бил секретар на Одделението за уметност, а во периодот 2016-2019 беше потпретседател на МАНУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-manu-za-akademik-luan-starova/feed/ 0
Почина академик Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-luan-starova/#respond Thu, 24 Feb 2022 18:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=636212

Луан Старова, писател, есеист и дипломат, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), почина денеска на 81 година, објави семејството. Погребот ќе биде утре, на градските гробишта Бутел во Скопје од 13 часот. Старова е роден на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 семејството се преселило во Струга, во Тетово и од 1945во Скопје. По дипломирањето, во 1967 се вработил во Радио Скопје како новинар, а наредната година станал главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје. Постдипломски студии учел во Загреб, каде ја одбранил магистерскиот труд „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“. На специјалистички студии бил во Париз. Во 1974 бил избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата француски јазик и книжевност. Во 1978 во Загреб ја одбранил докторската дисертација. Во 1979 бил избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, и член на редакцијата на меѓународното списание „Балкан – Форум“. Во 1985 бил избран за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Тунис. Бил именуван за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. Во 1990 бил избран за редовен професор по предметот француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а подоцна и за шеф на Катедрата на романски јазици и книжевности. Во 1994 бил именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Франција, прв постојан претставник во УНЕСКО, и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Редовен член е на МАНУ од 2003. Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. Добитник е на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, како и на наградите „Крсте Мисирков“ за публицистика, „13 ноември“ на Град Скопје, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, Рациновото признание во 2007 за „Потрага по еден Лејбовиц“ и други. На 19 јуни 2003 година бил прогласен за почесен граѓанин на Подгорец, а од 2006 е почесен член на Албанската академија на науките. Добитник е на највисокото француско признание за достигнување во уметноста и книжевноста „Командант на Орденoт за уметност и писмо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akademik-luan-starova/feed/ 0
Од печат излезе новиот роман „Баба“ на Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-pechat-izleze-noviot-roman-baba-na-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-pechat-izleze-noviot-roman-baba-na-luan-starova/#respond Mon, 12 Jul 2021 10:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=535424

Во издание на „Паблишер“, од печат излезе новиот роман „Баба“ на Луан Старова. Романот е инспириран од ликот на баба му Хазбије, и во него тој ја дешифрира невидливата и нераскинлива врска помеѓу навидум раздвоените и напати антагонистички колективни социјални ентитети. Притоа, како централен лик во романот кој го следи нејзиниот живот од најраните младешки години до самиот крај, Хазбије прераснува во апотеоза на Жената – единствениот и пресуден фактор кој овозможува поврзување на луѓето, и тоа на сите нивоа, од семејството како интимна заедница до соработка и поврзување на големите светски култури и цивилизации. Авторот на поговорот, Ферид Мухиќ, нагласува дека ова е роман за „феноменот на вечната човекова подвоеност, условно кажано – помеѓу небото и земјата. Не нужно распнатост, не секогаш растргнатост, туку едноставно подвоеност како реална ситуација, како еден вид агрегатна состојба во која се манифестира животот на секој човек“. Луан Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на XX век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: наградата „Крсте Мисирков“ за публицистика, наградата „11 ноември“ на Скопје, републичката награда „11 Октомври“, двапати е награден со наградата „Стале Попов“ за роман на годината, Рациновото признание во 2007 година за „Потрага по еден Лејбовиц“, а добитник е и на државната награда „Св. Климент Охридски“, и други. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-pechat-izleze-noviot-roman-baba-na-luan-starova/feed/ 0
МАНУ ќе промовира книга за Омер Калеши од академик Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manu-kje-promovira-kniga-za-omer-kaleshi-od-akademik-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manu-kje-promovira-kniga-za-omer-kaleshi-od-akademik-luan-starova/#respond Mon, 14 May 2018 06:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=53770

Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе го промовира изданието „Разговори со Омер Калеши, Скопје - Истанбул - Париз“ од академик Луан Старова. Промотор на книгата ќе биде акад. Ферид Мухиќ, со поздравно обраќање промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а ќе се обратат и уметникот Калеши и авторот на книгата Старова. МАНУ лани во април отвори изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши, кој пред четири години доби и Медал за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов. Омер Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932 година. Матурирал во средното техничко училиште во Скопје, а во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1965 завршил студии на Ликовната академија во Истанбул. Се преселил во Париз каде што и денес живее и работи. Имал голем број изложби во Македонија и низ светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manu-kje-promovira-kniga-za-omer-kaleshi-od-akademik-luan-starova/feed/ 0
Промоција на романот „Граница“ на академик Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-granica-na-akademik-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-granica-na-akademik-luan-starova/#respond Wed, 28 Mar 2018 05:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=33744

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе биде промовиран романот „Граница“ од академик Луан Старова. - .„Граница“ е шеснаесетта книга од неговата балканска сага, значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето и таа, со својата интимна текстура, сведочи за балканскиот трагизам, соопшти Библиотеката во најавата за промоцијата. Луан Старова (1941) е автор на 16 романи кои ја опфаќаат цикличната сага која од авторот е именувана „Балканска сага“. Неговте романи се преведени на голем број јазици, а за своето книжевно дело е добитник на повеќе престижни домашни и светски награди. Добитник е и на престижното француско признание Командант од редот на уметностите и книжевностите и на францускиот орден - Офицер на националниот ред на легија на честа. Пишува на македонски, на својот мајчин албански јазик и на француски јазик. Најновиот роман на Луан Старова денеска ќе го промовира проф. д-р Елизабета Шелева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-romanot-granica-na-akademik-luan-starova/feed/ 0