Лудовик Орбан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jul 2020 09:43:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лудовик Орбан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Романија ќе воведува вонредна состојба секаде каде расте бројот на новозаразени со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-kje-voveduva-vonredna-sostojba-sekade-kade-raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-kje-voveduva-vonredna-sostojba-sekade-kade-raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirusot/#respond Tue, 21 Jul 2020 09:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=379086

Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека вонредна состојба ќе биде вратена на сите места во земјата каде дневно ќе бидат регистрирани илјада или повеќе новозаразени со Ковид-19. Орбан објасни дека загрозените рурални и урбани населби можат да бидат вратени во карантински услови, во зависност од ситуацијата. – Не смееме да чекаме некој од нашите најблиски да страда од коронавирусот за да се разбудиме и да почнеме да дејствуваме, туку мора да го прифатиме фактот дека опасниот вирус е тука, меѓу нас, дека убива и дека луѓето многу лесно се разболуваат од него, предупреди тој. Во Романија до сега има повеќе од 38.000 заразени, и повеќе од 2.000 починато од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanija-kje-voveduva-vonredna-sostojba-sekade-kade-raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirusot/feed/ 0
Романскиот премиер и четворица министри парично казнети за неносење маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-i-chetvorica-ministri-parichno-kazneti-za-nenosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-i-chetvorica-ministri-parichno-kazneti-za-nenosenje-maski/#respond Tue, 02 Jun 2020 08:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=352678

Романскиот премиер Лудовик Орбан и четворица министри се парично казнети поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот. Според романската агенција Медијафакс, тие морале да платат казна затоа што на роденденската забава на премиерот во неговиот кабинет не носеле заштитни маски. Поради тоа, Орбан платил казна од 2.500 леи (околу 500 евра) бидејќи не носел заштитна маска и пушел во својот кабинет. Казна со иста вредност треба да плати и шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску, кој исто така пушел. Во Романија е забрането пушење во јавни простории, а поради вирусот Ковид-19 предвидено е и задолжително носење маски. Министрите за економија и за транспорт, Виргил Попеску и Лучијан Боде добиле помали парични казни само за неносење маска. Вицепремиерот Ралука Туркан доби најмала парична казна, „само“ 1.000 леи, бидејќи на прославата имал маска, но не околу устата и носот, туку околу вратот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-i-chetvorica-ministri-parichno-kazneti-za-nenosenje-maski/feed/ 0
Романскиот министер за здравство поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-minister-za-zdravstvo-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-minister-za-zdravstvo-podnese-ostavka/#respond Thu, 26 Mar 2020 10:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=322452

Романскиот министер за здравство Виктор Костаке поднесе оставка во екот на епидемијата на новиот коронавирус, од кој досега во Романија починаа 17 лица, објави новинската агенција Аџерпрес. За поднесената оставка соопшти денеска романскиот премиер Лудовик Орбан, кој потврди дека таквата одлука е донесена од „лични и професионални причини“. Орбан ќе го предложи за нов министер за здравство досегашниот државен секретар во ресорното Министерство, Нелу Татару. Романскиот премиер изрази жалење поради оставката, додавајќи дека има разбирање и му заблагодари на Костаке за добрата соработка во изминатите пет месеци додека бил на таа функција. Костаке вчера истакна дека подготвил протокол за иновативна програма, преку која ќе бидат тестирани за коронавирус сите жители на Букурешт преку мобилни екипи по методот од врата на врата. неговата иницијатива предизвика многубројни критики. Според последните податоци, бројот на починати од Ковид-19 во Романија е 17 лица, а 906 се зарзени. Земјата на 16 март воведе вонредна состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-minister-za-zdravstvo-podnese-ostavka/feed/ 0
Романскиот премиер заминува во самоизолација, имал контакт со заразен сенатор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-zaminuva-vo-samoizolacija-imal-kontakt-so-zarazen-senator/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-zaminuva-vo-samoizolacija-imal-kontakt-so-zarazen-senator/#respond Fri, 13 Mar 2020 11:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=316068

Вршителот на должноста романски премиер Лудовик Орбан денеска соопшти дека заминува во самоизолација бидејќи бил во контакт со сенаторот Вергил Читаку, кој бил позитивен на коронавирус. Двајцата вчера учествувале на состанокот на Постојаното национално биро на Национално-либералната партија, пренесе агенцијата Аџерпрес. Орбан кажа дека ќе биде во самоизолација и дека нема да учествува на консултациите со претседателот Клаус Јоханес за именување на нов мандатар за премиер. Орбан додаде дека сите членови на Постојаното национално биро на Национално-либералната партија ќе  бидат во самоизолација во своите домови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-premier-zaminuva-vo-samoizolacija-imal-kontakt-so-zarazen-senator/feed/ 0
Романскиот Парламент ќе гласа за доверба на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-parlament-kje-glasa-za-doverba-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-parlament-kje-glasa-za-doverba-na-vladata/#respond Mon, 04 Nov 2019 10:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=259868

Романскиот Парламент денеска треба да гласа за доверба на Владата на премиерот Лудовик Орбан, само неколку дена пред претседателските избори, закажани за 10 и 24 ноември. Владата на социјалдемократите на Виорика Данчила падна минатиот месец, откако и беше изгласана недоверба во Парламентот. По паѓањето на владата, романскиот претседател Клаус Јоханис го номинира Орбан за премиер за да формира влада. Но, Орбан заедно со кабинетот, сега треба да се соочи со гласање доверба во Парламентот, пред да стапи на должност. Лудвиг Орбан (56) е поранешен министер за транспорт. Тој е брат на првиот романски еврокомесар, но не е поврзан со унгарскиот премиер Виктор Орбан, иако неговиот татко е од унгарска етничка припадност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-parlament-kje-glasa-za-doverba-na-vladata/feed/ 0