Лудвиг Минкус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 07:00:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лудвиг Минкус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvedba-na-baletskata-pretstava-don-kihot-od-ludvig-minkus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvedba-na-baletskata-pretstava-don-kihot-od-ludvig-minkus/#respond Wed, 15 Feb 2023 07:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=800634

Со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи (Унгарија). Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Симона Колиштркоска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. „Дон Кихот“ е волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена и вистинската љубов. Балетското дело е поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатото „Дон Кихот Па де де“, кој дава акцент на целата претстава. Kомпозиторот и виолинист Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес Како што наведуваат од Националната опера и балет, приходот од продадените билети за балетската претстава ќе бидат донирани како помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvedba-na-baletskata-pretstava-don-kihot-od-ludvig-minkus/feed/ 0